А золвата нема ли спална да спие на вашата? Па и толку многу да сакала да спие на неа да и се допаѓа што год да е требало барем да праша а не ко некој нинџа да улага спие излага па и да остави све нафрлено. Бизок потег, долен, дно дна Јас не знам нели и е срам така да напаѓа у спална соба мене на пр би ми било срам па и да ќути на крај. Што год да е барем да те прашаат да ти кажат вака некако ептен некултурно ми делува. Јас да сум на твое место би ја прашала зошто ми спие на мојата спална и остава расфрлано.. И да, ќе си ја заклучам спалната Кујната нека ја, нека пие чај колку сака.
Совет мој од личен пример.Како мала баба ми ме чуваше дур моите беа на пат или работа.На спратот под нас се.И имаа клуч со дедо ми.Кога ќе отидевме на одмор имаа исто клуч за не дај Боже.Се дур не потпораснав и баба ми не почна без прашање да влага кај нас, да ме буди без причина и ред други работи.Има Алцхајмер и ги изгуби клучевите и од нашата и од нивната влезна врата.Ги сменивме бравите и не и дадовме клуч веќе. Пред да одиме негде ги гасиме сите електрични уреди, вода ова она и не оставаме клуч.Мој совет, бидејќи не живеете таму, изгасете вода и струја и заклучете го спратот.Мене би ми пречело да ми влага некој дома кога јас не сум присутна и да ми тарашка и да ми зима работи.
На почетокот кога се зедовме, девер ми сеуште беше неженет и сегашната жена му беше девојка. Кога и да одевме некаде остававме клуч кај свекрва ми, и му кажував него: Клучот е кај твоите, ако сакаш со девојчето да сте насамо, слободно земи го и терајте кај нас... Другарка една, многу се лутеше дека им дозволувам на спална (која ја купија моите-не знам што менува ова? ) да имаат секс. И си беше така неколку месеци-година... Кога одеше, обавезно ќе ни кажеше дека биле. Ок.. Еден пат, се враќаме дома и гледам дека некои ситници ми се разместени... Викам на маж ми: Изгледа брат ти бил. Го праша, и испадна дека навистина бил... ама не со девојката, ами со друштво цело се собрале кај нас во станот.. Што правеле-како правеле не знам... Ама не ми се бендиса ич шо ми носи секакви дома. Се налутив! Ептен! Му кажав на маж ми, да му речи друг пат така да не прави. Му рече.. арно ама, муабетот се рашири до свекор ми и свекрва ми, и свекрва ми посебно се изналути... До толку, што еден ден, преку маж ми, имаше испратено 100 грама кафе и неклку месни нарезоци... Од целиот муабет, сватиле дека јас сум се налутила за тоа што пиеле кафе и јаделе Нема везе... битно, уште еднаш не донесе никој во станот. Мој совет: Исклучи се', вода струја, плин (како што веќе некоја ти предложи), и клучот кај комшии, ни кај твоите, ни кај неговите. Ама нагласи им на неговите, дека кај комшии оставаш... Срамот има да ги изеди, оти комшиите ќе знаат дека не им веруваш ним
Охоооо... Ќе си ја седнам и ќе и кажам дека таа соба е строго моја и на мм, дека тие се само МОИ работи ... Дека таму и е строго забранет влез, не камоли да ми спие.... Особено на прва брачна ноќќе ја кренам во воздух пак уште и со дечко.... Боже господе..... На денот на свадбата му кажав на мм спалната ќе си ја заклучи откако ќе се спрема.... И прво доаѓање кај мене, ми го дадоа клучот, отклучив ноќта кога си дојдовме дома... Раскрени ја цела постелнина... И заклучи ја спалната.... И ич уво да не те боли.... Сигурно таму немаш плин.... Радијаторот исклучи го ... И минимизирај на тој начин контрола во таа соба а за другите соби ич не му се замарај ...
Абре какви комшии..ако веќе на домашните не може да верува на комшии ли да остави?Дабетер тоа.Јас никогаш не би оставила на комшии клуч, никогаш.
Оти? Во Скопје не се ни моите, ни неговите.. Кога одиме некаде, на комшиите им оставаме клуч.. И обрато - тие нам. Како иначе? Што ако се поплави нешто? И да исклучиш вода, може да пукне цевка или било што.. ? Како ќе влезат? Ќе ни ја обиваат вратата ли?
Те разбирам што сакаш да посочиш. Ама во случајов потегот е битниот. Ќе ги изеде срам снаата што на комшија повеќе доверба и сигурност има отколку на домашните. Иако јас сум за варијантата клуч на свекор ако е тој посовесен или во краен случај на нејзините родители. И така нејзините нема да им седат таму а ако има потреба може да донесат клуч кога и да притреба ако има проблем.
Добро тоа е веќе друго.Ама да имам роднини во околина не би оставила на комшии клуч.На пример клуч од станот во Охрид што ни е има вујкото на мајка ми пошто таму живее, се случило неколку пати да појде да провери или да пушти греење зиме пред да дојдеме. Пишав ние не оставаме веќе клуч никаде и фала Богу досега ништо не се случило.Татко ми е превнимателен, сè проверува пред да одиме некаде.Плус такви работи не се случуваат секој ден.
Не мора секој ден... Еднаш е доволно... И нас 'само еднаш' ни се запали машината за перење.. ама мораше и пожарникари да викаме и се' се исчади и свеста ни ја зеде
Е сеа не знам што да ти кажам хајхахајај ама ако веќе можам да ,,бирам” пре би свекрва и золва да ми влага дома него комшии.И едното и другото ќе ме изнервира да ама тоа е. Ние ден денес зимаме отворена пошта..првин баба ми и дедо ми ја читаат па ние.Се си знаат тие душички, кажано им е ама не се разбираат од збор.
Леле исто и ова со поштава и пратка мора се свекрва ми да отвори прва,дури кога и кажал мм зошто отворила прво вика демек мислела за неа е и она чекала пратка,кога и кажа дека негово име пишувало,она му одговара Се што стигнува во оваа куќа јас морам да знам дека јас сум главна и пак ќе ви отварам се што ќе пристигне.Сега што и да нарачаме ни доставуваат кај моите.Кога ја купивме куќата госпожа си направила копија клуч од нашиот спрат и влегувала и приметивме по отисоците од плакарот имаше останато.Ја сменивме бравата,мм го оставил клучот во автомобил она го видела го зела и пак влегувала.Пак сме менувале брава мм кога отиде странство јас бев на гости кај моите она донела бравар да и отвори колку само работи ни фалат и пак се прави демек не она не влегувала.Навистина срамота без осет и срам.
Мајка ми во лице им кажа дека нема веќе да добијат клуч.Пошто многу ме замараше баба ми.Ме будеше сабајле, фаќаше рингли ова она а не и даваме да готви да не нѐ запали.Ме вадеше од памет, јас се бањам она ми влага во тоалет, јас спиам она доаѓа ме ѕирка.Еднаш срцето ќе ми застанеше.Знам да рокнам музика до даска во соба и некој ако ми влезе може да ни ја дигне куќата, како што играм и пејам се вртам десно, госпожа тивко влегла ја гледам и врескам..шокови
Мој предлог е клучот на твоите да го оставиш и да си траеш. Не се расправај, во странство си немаш што да се нервираш. Крајно безобразно е таквата ситуација, мене ми е незгодно на моите на спалната да спијам или на маж ми кај неговите, спалната ми е крајно интимно место и не смее никој да влегува таму и да спие и лудува без прашање, па и со прашање. Клуч на врата и клуч как твоите или другарка ептен за секој случај.
Золвата не е мажена и има единечен кревет кој им е тесен кога дечкото доаѓа да преспие. И затоа тука е на снаата спалната.
Далеку од убава слика ми е семејството. Утре во животот ни сакам да и бидам измеќарка на свекрва ми, нити таа на мене. Си се знае кој каде живее и каде ке си чисти и јаде, собирање од време на време на ручек е сосема доволно во тој поглед. А и секој маж на место ке сака да си создаде свое катче и свои навики заедно со жената, а не и со мама во пакет.
Каква голгота поминав со живот со свекрва..кавги,тешки навреди,проблеми,нервоза..сега конечно се иселивме и раат сме.Најинтересно е шо сега сите се понашаме најнормално,како никогаш ништо да не било.Тоа што викаат дека кога не си во заедница повеќе си помагаш и почитуваш и има и повеќе слога е точно.Секој си има свој простор и мир,и хармонија која сигурно ја нема кога живееш со уште 2 или 5 души,сите различни карактери.Мајка ми јас некогаш не можам да ја истрпам 1 саат,па и во бракот е нормално да има кавги,но барем на раат си ги решавате проблемите.Секоја чест на исклучоците кои си живеат убаво и во заедница,но мислам дека се мн.ретки ☺️
Аууу па и да е спратот изграден од страна на свекорите, со КОЕ ПРАВО некој смее да ти зема работи?! Без да праша?
Јас уште живеам заедно со свекрва, и таа си влага во мојата соба кога не сум дома, ми ја поместува фотељата и креветот лево десно кај мисли она дека е подобро, ми зима од храна ако сум оставила во соба пример смоки грицки такви работи.... не можам одвај чекам да се иселам... Не можам да и ги слушам муабетите веќе, таа била поглавна од моите родители за се она требало да биде прва не смеело мајка ми да се меша. Уште немам деца, ама мислам дека ќе биде војна кога ќе родам. Многу е своеглава и инат е, што и да правиш колку и да пазиш таа пак е нешто навредена и не и е погодено. Кај ќе им оди душата бе, не знам ќе се преродам кога ќе се иселам.