Се согласувам се', ама не верувам во ништо непредвидливо, освен болест; се' останато има чаре. Се споредуваме оти муабетот е таков, на пример јас од секогаш знам, од 18 год. сум со дм, дека кога ќе живееме - сами ќе живееме. И трудна да останев или ќе беше кирија, или јас кај моите, тој кај неговите. Што да живеам со мајка му, кога можам со мојата? Со неа на крај некогаш не можам да излезам, а не па со туѓа мајка.
Жива и здрава да си! Кај беше да ми го кажеше ова кога ми беше најтешко? Мислењево треба да стои како одговор на секое мислење тука и сите ќе живееме среќно до крајот на животот.
Кај бев да си кажам ко ми требаше мене... Сега знам... Ама првите неколку години го кркав стапо (сум пишела по темиве). Еднаш си отидов. Набрзо откако се породив.. Баш поради неговите. 3 недели само седев кај моите, ама да видиш како сите после се 'превоспитаа'.
Добар, правилен и храбар чекор си направила. Јас само чутев и трпев и ден денеска ме јаде од внатре и не ми дава мир. Битно ме нема веќе во темава да се жалам, се плашам да не почнам да пишувам во онаа за задоволни. Епа задоволни нормално кога нит сме се виделе нит сме се слушнале. На сите ви посакувам да се одвоите од свекрвите во 2019. А до тогаш само со муабетот од @WildMk .
На сите ви посакувам да се одвоите од свекрвите во 2019. А до тогаш само со муабетот од @WildMk . [/QUOTE] Дај Божеее, во 00:00 тоа ќе ми биде замислената желба! Инаку, за мене лично ова е пуштање вентили малку, пошто нема со кој да рзговарам, не е плукање по форуми. Со моите дома не смеам да разговарам на оваа тема, ќе ја направиме голема, бидејќи мајка ми свашта има трпено од мојата баба нејзина свекрва и ми има речено не смејам да кријам што се случува во куќата на свекрва ми, во смисла на психо понашање, да не се нервирам и да не трпам никакво психичко малтретирање. И пошто стварно нема со кој да си искажам па тука пишувам, од мака. Маж ми не ми е некоја голема помош бидејќи од него ми е кажано дека додека се одделиме ќе мора да ја истрпам и тоа е тоа.
Pa dokolku imal Stan decko mi vo koj zivee Sam I jas bi mu otishla ,ne mi ja sfativte poentata samo mi gi izvrtevte zborovite
Знаеш што... Навистина е најубаво секој да си биде финансиски независен, и секој да има сопствено живеалиште... За тоа се согласувам 100%... Ама можностите не се секогаш такви. Некои ќе останат вечно без партнер, ако чекаат на такво нешто. Пишав иначе: Кој има можност, ич не треба да му се мисли за живеење сами... На свое. п.с. не го заработи маж ми станот... поклон му беше од неговите. Поделени им беа двата стана веднаш, кога и двата со брат му, станале полнолетни.
Да си трпиш И да ти се и*ере на главата, пак да ја трпиш оти така ти има кажано тој! Не дека проблемот е којзае што, ама пак, роварење низ соба кога не си дома и правење газдарица и не е мала работа. Таа нели била млада? Некој друг нели бил газда тогаш во таа куќа? Или поминало тоа. Зборот ми беше, врти суки мажите се за ќотек, не свекрвите. Зошто не и рече на мајка му да те трпи додека не се иселите? Ама не, на мама не може
Џабе е, еднаш голема ја направија до пудење од дома, се виде дека нема разбер со нејзе, и сеа пошто она нема да се смени никат - попаметниот нели попушта- ама во овој случај со живци.
Ништо тогаш. Ќе си чекаш да ти се оствари новогодишната желба во најбрз временски рок. До тогаш вдиши-издиши
Многу сакам да не ме допираат нејзините глупости, ама не можам да ја издржам, ме кине од внатре. Моите родители ич не ги сака, во две години само еднаш имаат дојдено, се они и сметаат. За било што се она била прва мајка ми не требало да се меша во ништо, а се работи за некои настани од мојот живот, а не нејзиниот. Ама се е џабе, како да ви кажам, можеби не се којзнае што, ама секојдневно таков притисок ме погодува.
Еве ти еден совет... за да 'преживееш'. Се' што си намислила, како си намислила, така ќе си правиш. Ако те праша 'зошто' или ако ти дели совети како треба, речи и': 'Не можам, син ти вака ми рече/син ти вака сака' Дури и да не рекол навистина.... За син и', ќе поќути... Пошто тој не е 'глуп' ко снаата... Во нејзините очи...
Дај и идеа да и купат поголем брачен кревет на золвата. Или паааа купете и вие и решен проблем Не се забевам ама кажи и речи к да и купат поголем кревет дека на девојката и е тесно затоа иди горе А може и е некоја помала оти викаш дечко па толку и сече со паметот. За некоја година може и ќе се посрами од постапките. Барем да ве прашала Вака што знам донаса дечко и оп кај вас некако не иде самата постапка Затоа земи конците у твои раце предложи поголем кревет па здравје ако не сакаат купете и вие сетеки ќе се отарасите од проблемот
Хах таман работа таква инвестиција да правам за некој што сака да прави будала од мене . Поради тоа што знаеме дека ќе нема фајде ако зборуваме со нив, решивме да ја заклучиме спалната, во неа ќе ги ставам сите лични работи што не сакам да ми ги чепкаат и клучот ќе си го земам со мене. Дневната ќе ја оставам отклучена за секој случај. Нека се утепаат барајќи го клучот сега
И стави на сред спална, вибратор И да успеат да влезат, прво шо ќе видат, нека биде тој... испрчен .. 'среде соба, високо'