Точно во право сте штом девојката се осмелуват да носит дома дечковци на секс значи имат многу либерални родители.. Зато нека седнит жената и отворено пред сите нека си кажит дека не сакат никој да имат секс на креветот нејзин освен таа и сопругот
Еве и ја да се јавам у темава. Мојава свекрва има некој чуден каратер од мн малце знае да замети да се лути да не орави муабет а има денови кога е мн фина . Живееме куќи лепенки ни се у исти двор ама за се башка сме за јадење ја сама си спремам се тоа. Од кога останав бремена бидејќи имав ризична бременост уше од сам почеток и поради 2 неуспешни бремности со фатален крај сега за ваа уше од страт сум на мирување. На почетокот она воопшто не ми помагаше ни за чистење ни јадење после почна јадење да прави и така најизменично. Е сега во 7ми месец ми рекоа строго мирување и од тогаш она иде чисти јадење прави се ок беше се до пред некој ден кога наеднаш ми рече ручек прави не правам јас не е тешко да направиш ручек и наеднаш се смени иде само за огинот за дрва да стави и тоа садовите веќе не ми ги мир нишо ни јадење ни нишо. Од мм дознав дека она се налутела зш мајками дошла и зш она ми помогнала. Мајками оди на раб и сеа дека слободна дојде да ме види и вика малце да ја одменам сваќата да не биде на нејзин терет се.инаку не идеше толку често мајками ама дека ваква ситуацијата сеа затоа кога е слободна иде а и башка ми фали друштво сама сум по цел ден и ми треба и помош за чај или било шо кога сум сама само легни стани сум. И шо треба да и речам на мајками да не иде да ме види зш свекрвами наеднаш и телнува да се лути . И бидејќи бев болна и реков на мајками супа да ми направи додека е тука и од тогаш се смени се. Јас нз кај грешам ама приметувам и ако отидам кај мајками ако ме однесе некој со кола зш пешки не движам она некако се лути. Па зар не смееам да отидам или ете мајками да дојде да ме види и она да помогне нз шо има лошо тука за она наеднаш да се налути и да ми вика не било тешко да готвам а знае дека не смеам да стојам мн долго ми рекоа да лежам и на сета мака у бремноста и ова ми фалеше со неа да се замарам и нервирам. Сама си мијам садови ако дојде мајками се лути оти она ми помага а мајками само сакаше да помогне кога е слободна да не биде се на терет на свекрвами. Сварно нз шо да направам се наоѓам измеѓу не ми е ич убаво и уше па да зависам од некој се измаплакав. А ризичниов период ми завршува за две недели уше две недели се и мораше нешо вакво да се деси не сакам да сум терет некому и да не смееам нишо да направам .Извинете за долгиов пост ама мора негде да се истурам мн ми е тешко кај ризична бременост па и болна и на сетоа ова капак ми беше свекрвава и нејзините испади. Нз шо да направам некој совет ?
Вака кога ти прави во ризична бременост,а што ќе биде кога ќе се породиш.Најдобро ако може сопругот да ти помогне колку толку или ако имаш можност барем во една недела да ти дојде жена да зачисти.Налет свекрва ич не ти треба таква.Мене мојата во бременост ниту еднаш ме нема прашано како си,ти треба ли нешто,дури вика како што ми е внукот(од другиот син)такво дете нема да се роди ни да има.Само сака да се меша ова,она едни ѕиври плетени купила розеви со шара некоја и викам ова не му облекувам јас на бебе кога ќе се роди,леле полуде женава кога почна да ми галами демек да не идел на очи розево,мрдната.Кога се породив сака да му изиграва мајка на бебето,моите дојдоа да честитат да го видат не и го дава на мајка ми и пречеле моите им ги зема чашите од маса со сок што се послужени ги истури во садопер.Јас од стрес од пораѓај немав 10 дена млеко,јас седам она ме влече за рака пред моите да сум чистела а раната многу ме болеше едвај одев и станував,па зошто за нас купиле подароци и торта за бебе а за неа нема подарок,украсот од фондан бебе го ставив да го чувам во фрижидер она сакаше да го фрли и реков да не го фрла му ги извади рачињата.Требала она само да го бања јас сум била валкана од пораѓај аха мало морген се сама бебето го бањав,и пречело зошто го носам кај моите,јас секоја прилика одам кај моите нека цркава она.На мало бебе ќе земе да му збори за мртваци Господ да чува,па му збори мама и тато ќе одат да работат јас ќе те чувам.Викам дете нема да мк чува никој способна сум и има градинки одма веќе ја прекинав еве малиот е 9 месеци она 8 месеци го нема пипнато ни видено во ист двор сме,зошто на такво ѓубре лудо не попуштам па да му е и златна мајка на мм.Фала му на Господ се сама од почеток и сум чистела и готвела и бебето заедно со мм го чуваме.Затоа мисли од сега како ќе се поставиш со нејзе,да не си имаш повеќе нервози после кога ќе се породиш.Ти посакувам се најубаво,лесна бременост и пораѓај и не се грижи инстиктот мајчински ќе те води.Не и се замарај дали е лута што и како,одмарај релаксирај се .Ќе знаеш што е најдобро за вас.Само слога и договор со сопругот од почеток
Мм е по цел ден на работа си иде у 6 вечер ми помага он кога е слободен ама сеа дека им сменија време на раб мн поретко е дома.ми рече он ќе правел јадење кога му кажав шо ми рече мајкаму.ми рече и да не се замарам со тоа да си мислам само на бебо. И кога сакам ќе ме однесе кај мајками вика ако сакаш и остани некој ден додека е слободна а он секако на работа.
Штом имаш подршка од маж ти немаш за што да се секираш. Свекрва ти може да се однесува како сака. Може се осетила увредена ама нема причина за тоа. Така да терај си и немој да се нервираш и да си ствараш стрес непотребно. Нејзе ќе и помине сигурно.
Супер си имаш подршка од сопругот и ич не се замарај.Отиди до мајка ти одмори малку,секогаш кога можеш оди.Гледај на тебе и на сопругот и на бебето утре да ви е убаво да сте среќни,сложни.Мојава вештерка ниту живеела со свекрва со свекрот дошле во Скопје женска сама да биде опасница е и сега ајде на некој ќе му уништува брак и живот.И имам кажано јас немам 2 живота па ти да ми црташ како ќе живеам,Жити мајка гледа само свој газ и за другиот син.Ајде таму сиктер
Ако она не е почитувана од мене незнам дали друга би ја трпела омаше период со мм се скараа нешо и тогаш од нихде никаде не ми правеше ни мене муабет со месеци а ја нишо не сум и рекла. И после по моја молба го убедив мм да се смири со неа и мене почна да ми прави муабет. Сеа пак ова за нишо се лути. Мене ми е глупо шо на мајками ли да и речам да не иде ако и кажам ќе ја повредам плус како да не иде па ако нишо друго и ја живеам тука и ми треба помош ама не е само за помош сака и да ме види ме мисли цело време и шо мајками не треба ли да иде за свекравми да не се лути. Мн ми е тешко Па и мојава не живеал со свекор и свекрва цел живот сами жевелее. Понекогаш си викам поарно под кирија да живеев негде настрана раат ќе бев и поупуштена од него ли вака имаш свое ама како да не е се нешо и смета и лути.
Да и ние планираме со мм да се тргнеме дај Боже би сакале странство да заминеме.Не се издржува вака горе на спратот не смее да се качи,ама во дворот изиграва чувар,и многу хистерично зборува се дере без осет,катастрофа.Само да се тргнеме очи да не и видам повеќе.Најлошо е кога жената од култура,воспитување,и поради атер на сопругот преќутува и трпи.Удри клуч на врата и не и се замарај и нека не е исчистено ама живците ќе ти бидат раат.Јас сега гледам кое будалче бев под мустаќ се смее демек добра,а да може ќе те изеде од љубомора.И нејзе и чистев и готвев сервирано како во Ресторан а она демек не сака да јаде,па утре ден исто јадење она го направила и му вика на мм"Нели синко моето јадење е поубаво и повкусно?",а ни приближно со моето јас ставам сосема други зачини и подготовка.Многу е лошо љубомора и завист кога имаат.
Страшни работи срцка незнам како трпиш. Не за џабе рекле колку подалеку толку повеќе ќе те сакаат и вистина.
Пфф а каде ти е мажот ти зошто го дозволува тоа и зошто тој не ти помага туку се мачи мајкати доага за една супа?
Мм е на работа од 6 до 6 навечер додека дојде дома и покасно некогаш го фаќа. Мајками не дојде за супа туку беше кај мене да ме види дека болна сум и јас и реков супа да ми направи додека е тука. Инаку мм ми помага кога е дома
Ц, за што мајка ти да не иде. Не сме у турското веќе па свекрва да команда. Абе човек како да каже се ќе згреши упм. Не се секирајте, они со зависта и љубомората не стасуваат далеку. Терајте си ги вашите работи и не обраќајте пажња на другите. Мојана се понаша бетер од мало дете ама па мене ич око ме ми трепнуе, си терам по мое.
Мајка и се мачи и доаѓа за една супа дека највкусна е од мајка Така @Miiaa ? Да си ја викаш мајка ти да ти помогне кога може, мажот до тебе и уживај. Дали свекрва ти се лутела или не тоа е нејзин проблем не твој.
Хаха тоа да највкусна е од мама. А најкриво ми е што свекрвами што и да донела за јадење и да не го јадам сепак јадев за да не ја навррдам и пак не и е погодено
Мојата свекрва е иста. За Младенци кога правевме се налути зошто мајка ми прашала дали требаат кифлички и месо, нешто да направи....се лутеше со недели не зборуваше, ама тоа е со стари што растеле у комунизам нема разбер. Јас на тешкиот начин сфатив дека нема да се промени ништо кај неа. Колку побрзо прифатиш и и одбиеш на глупости послесно ќе ти биде. Мене уште ме нервира за се што прави а не е во ред ама се трудам да не го зимам на срце....се трудамммм!
И јас се трудам со оглед во каква состојба сум. Цела бременост ми е ризична ама овој период најризичен ми е и морам да лежам и ја со ова се замарам. Само мајками сеќава неколку дена ме прашува јадеше ли шо јадеше и гледа дека ми нема нишо донесднп свекрвами. Не сакам да и кажам за да не се нервира и мисли уше повеќе баш и со мм правевме муабет вика не и кажуј. Плус ако и кажам кога ќе иде ќе се стега уше поеќе не сакам да ме мисли цело време. Како и да е за две недели ми завршува ризичниот период здравје па ќе можам и сама нешо да си спремам. И знам дека кога ќе отидам ќе ме праша па нз шо ќе и кажам. На маки сум се трудам да не се замарам ама џабе е цело време таму ми се мислививе
Знам како ти е, и јас сум на исто не смеам ништо на моите да кажам. Сосема те разбирам, аѓа тоа е нема што да правиме, тие нема да се сменат а ние ќе цркнеме од нервоза, уфф. Само напред белким ќе се справиш некако
Една претплата на Netflix и решен проблем.Уживај и гледај си филмчиња.Свекрва ти неможеш да ја смениш , затоа не и се замарај.Една недела пред свадба дознавам дека сум бремена, ден после неа ризик од спонтан.Нареден ден мм останува без работа, се затвара фирмата.Хаос, пи*ке лудило.3 месеци лежев поради ризчна бременост, примав 3 месеци инекции кои беа скапи а јас без работа, мм без работа.Нервоза секој ден.Згора на се сообракајка на мм, мислев дека ке останам млада вдовица.Фала богу Господ го чувал.Ни мајка ми не ме праша дали ни треба парична помош, а ни пак свеки.Дури ме убедуваше дека нема потреба од лекарства.Она знае повеке од докторите.Е тоа ми беше добра лекција- не очекувај никогаш ништо од никој.Фала богу имавме заштеда + парите од свадба па поминавме периодот. Немавме кола, ја користевме нивната стара без клима, парно, катастрофа.Свеки имаше пари ама не ни позајми ни денар, девер ми сакал Ховерборд и Самсунг S6 тогаш само што излезе.Nevr mind.Земав кредит, купив кола и у 9 месец положив градска.Сега сме во странство и поклон и ја оставив. Ама стресот никогаш нема да ми помине.На 27 год. се борам со преддијабетис.И све од стрес.Еве го печам моменталниот последниот плех кифлички, трудна 6 месец, ке дојде свеки утре на гости.И покрај се бирам да останам човек, и се дур можам не сакам помош од никој.Спремив и колачи и торта, да ја пречекам гостинката со сите адети.Умствено оддамна ми е у фајл Recycle bin ама 2x годишно ја трпам ради мм.Дури и чизми планирав да и земам утре за подарок за Божиќ.Ништо не ми е тешко за неа , не скржавам но за пари , само неможам да ја поднесам кога изиграва Паметњакович.
Низ шо се си поминала аладати е шо си издржала. Биди среќна шо си далеку и шо се замараш со неа два пати у година пишав и пред тоа не за џабе рекле колку си подалеку толку повеќе те сакаат. Некој да ми кажуваше дека вака ќе ми биде со неа немаше да му верувам зш толку мн бев убедена дека со неа ќе се слагам мн убаво пред да се земеме имав такво мислење за неа мислев ќе немам никаков проблем со неа ама сеа сменето ми е мислењето за неа 100% само и понатаму ја почитувам и се правам како нишо да не е се понашам нормално пред неа колку и да ме повредила само ради мм.