Ne e nekoe sueverie ama koga me prasa togas se zamisliv za nekolku raboti sto sega mi privlekoa vnimanie .Nie otidovne par a nepar se vrativne ednostavno nemavne kogo da zememe so nas a i ne sme nesto sueverni pa ne obrnavne vnimanie ama sega koga ke razmislam povrzuvam i uste edna slucka.Sinot koga go kupuval prstenot za zaprosuvanje go kupuval pod tocen broj i zlatarot koga go prosiruval go puknal pa povtorno go lepel.Bog da cuva pa jas ne bev nikogas sueverna sega ke pocnat i vakvi misli niz glava kako neoi predznaci za baksuz li bilo?
Можеби се знаци. Животот секогаш ни поставува знаци на патот, но не секогаш ги гледаме. Нешто и свекрва ми гледаше тоа па мораше јас да сум дома, а тие влезат тројца, а да излеземе 4ица, иако од кај нив и јас дојдов за да ме побараат. Ми беше без врска да си одам дома па да дојдат по мене. Нив сигурно не им беше сеедно, така им останало. Ама јас и општо младината не можеме да се замараме до толку. Ќе помине и ова. Друго нешто што ги нервира младите е кога вие велите дека вие не сте правеле свадба и сакате да го остварите животниот сон тие да прават. Ретко се остваруваат тие животни сонови на родителите. Не се замарајте со комшиите и или ич не ми одговарајте или одговарајте им како што ви одговара. Ете, се случува. Човек ќе го дочека тоа што најмалку го очекува.
Одговорот ви лежи во последната реченица од претходниот пост. Девојката не сакала да живее со вас и тоа му го кажала на вашиот син.Но, вашиот син си имал авторитет тука се е зградено и спремено и не сакал да страна. Па видела дека нема циле миле на време се спасила. Крај на муабетот.
@Izi bela Единствено сте во можност да барате да си го видите внучето. Ама и тоа ќе е проблем доколку син ви не се потруди. Дали тој воопшто зборел со девојката? Дали ја побарал тој, ќе се грижи ли за детенцето? Друго не треба да ве интересира. Нигде не пишавте дека син ви пати па да сфатам да пробате да му помогнете.
До каде отидовте до тоа дека внучето нема да си го види. Може ќе абортира, може во дом ќе го даде а може и ќе се смират. И јас би направила вака како неа ако нема разбирачка ако не можеш со убаво да добиеш нешто, може сопругот од љубов ќе попушти и ќе дојдат до некој компромис. Сепак не е однесување на свекрвата да и викаш да не замара, можело да направи нормарен разговор се гледа дека е невоспитана од дома и дека нема почит кон постари.
@Izi bela Добредојдовте на форумов, госпоѓо. Овде пишуваме кирилица, по правило. И живееме во 2019 (не по правило и не сите, ама повеќето). Јас имам чувства и отповеќе, но не и за солзи и дрецкање од главна причина - што ќе кажат комшиите. Кога ги прочитав првите постови за приказната, си реков дека не можеме ништо да процениме од пишаново, бидејќи имаме еднострана и пред сè доста матна и недоречена верзија (не мислевте белки дека некој ќе поверува оти бремена девојка ќе раскине свршувачка и си отиде без никаква причина). Ама кога видов потоа како по неколку страни совети со почит и персирање - успеавте веднаш да нападнате членка оти не била родител и собирала поени тука, па да зборувате за некаковси разврат, суеверија и што уште не... многу појасно. Којзнае како всушност сте се однесувале со девојката, и Вие, и синот воспитан од Вас. Мило ми е за девојката што се спасила од таква конзервативна и назадна средина, во која угледот пред комшилук и тоа што не сте си ги истерале обичаите ко што треба - е неспоредливо побитен од чувствата на младите. Ја читам темава чат-пат и со сите вакви ситуации ми одмилува бракот како институција која би требала да ја бирам во иднина, но ова ептен ми бодеше очи и морав да искоментирам, извинете.
Доколку ова го каже мојата мајка за идната снаа во исти момент ќе си отидам од куќата од мојот татко. Ако сакате свадба,ако не сте имале тогаш можности. Никад није касно.. Како да неможе кога таа е нејзина куќа. Се додека вие свекрвите не си ја гледате вашата работа,синовите ќе ви патат,а покрај нив и снаите. Ова го кажувам како син на една мајка,која еден ден може да раскажува вакви приказни. Поздрав и убава вечер.
Интересно, со само 3 поста од 3 реченици всушност свекрвата долови односно и поатави прашање и даде одговор зошто снаава "избегала" односно си отишла во нејзиниот дом. @Izi bela , не знам дали свати ама ти всушност во првиот пост постави прашање а во вториот и третиот си одговори. Снаата кажала читко и јасно, што од тука верувам сите ја свативме снаавава поента, дека, со прости зборови уствари воглавном воочила каков е нејзиниот сопруг, односно најверојатно си го покажал неговото лице и си заминала, по твоево "мешање" и загриженост свативме и дека и се мешате у штипки а тоа не е во ред. Значи позадинава на проблемот ИМА ПРИЧИНА, причината стои помеѓу нив двајца, а можеби и во самото живеалиште, оти како што согледавме во 1 реченица се ти имала кажано па го спомнала и ова. Се согласувам дека секоја позадина си има две страни, нема и не сакам да кажам дека вие сте крива оти ете можеби и не сте ама со целава ситуација како ја имате опишано се ми се чини дека сте мислиле дека давате се а уствари за возврат нудите се да биде по вашето кажано, јас тоа го сватив.. Мила изи бела, ова искрено ќе ти го кажам, како снаа не само јас туку и тука повеќето дека не мора на снаава се да и допуштите, не мора да мислите дека треба се да и средите и суредите а во замена за тоа да влагате во интима помеѓу нив двајца и ред слични ситуации, како што кажа дека "и дадов се, ама сакав да ми ја исполни желбата за свадба" Мила изибела, не мора да и давате се, не мора до толку да и помагате и думкате и нејзе и син ви, доволно е да им дадете простор на новопечените брачни парови да научат од грешките, да ризикуваат, да живеат заедно во мир.. Тоа е доволно. Вие повозрасните генерации мислите дека со зборување и зборување мешање во штипки и одлуки ваши дека постапувате правилно АМА едно треба са разберете ДЕКА сепак син ви и снаата се возрасни особи и не сакаат туѓи одлуги и мешање ко вегети у манџа, поготово ситуацијата со јавување и прашување што како. А што да ви каже снаата? Можеби имаат свој проблем.. Можеби.. можеби Еве не сакаат очигледно вие да знаете. Вие најдобро ќе направите ако си стоите на страна, ако сте повикана тогаш подржувајте или шта год. А тие може и ќе се смират не се знае ама вие држете си се настрана од нивните проблеми. Во врска со тоа што го спомна на членката пред мене само едно ќе ти кажам. Животот не застанува со бракот па и со раѓањето, животот се живее продолжува да се живее само со малку поразлично темпо, поизменет, со партнер, со фамилија која што посекако е на прво место, но нема да застане за да излезе во бар кафиќ ресторант на кафе, луѓе сме, ни треба и одишка и живот надвор од нашиот комфор, надвор од нашите обврски. Не е убаво сепак да се обраќате така. Нема да ви речам дека снаата не се понесла некултурно малку, да се испонашала, ама и вие овде се испонашавте околу снаава со чкљ и многу долен речник. Ете, најдобро е да си стоите на страна, да баталете роднини и комшии, народот и така и вака и онака ќе зборува а вие гледајте си го вашиот оџак да ви чури, да сте живи и здрави, снаава и синот и така и овака претпоставувам ќе се смират, но ве молам не и се мешајте, не им долевајте масло во оган. Доволно е едно почитување и едно испиено кафе во денот со шала и смеа за слога и добра мисла се друго е излишно. Млади се, неискусни, ама знаете како велат, оставете ги младите да погрешат за да ае научат најдобро од сопствените грешки. Поздрав и секое добро.
Почнал тој да изиграва мамин мачо, нормално дека ќе го остави. Не е будала да остане така да живее, свекрвата да и мери кај била и кога се вратила дома. Па мајка ми не си дозволува такви работи!
Бракот подразбира и рамноправност. Ако на син ви му е дозволено да си оди по седенки, тогаш треба и на снаата да и биде? Зошто да не прошета дур е бремена? Кога ќе дојде бебето и онака повеќе ќе биде дома, посветена на бебето. Ако контактира со бивши и води развратен живот вака трудна, тогаш и нема за што да ви биде криво или мака што си заминала. Вие може сте и дале одврзани раце за се, ама дали син ви и дал право на глас или ја третира како безгласна буква...во бракот сепак треба да има договор помеѓу сопружниците и баланс да се прави на правата и обврските помеѓу нив двајца. Ако цело време е таа обесправена, нормално е да и пукне филм и да си замине. Најубаво вие си знаете како ви е дома...ама ако и син ви без усул си шетка истото погоре што го пишавте кажете му го и нему. Тие се пресно земени и нормално е да имаат потешкотии при прилагодувањето на брачниот живот. Ако сте толку загрижена поразговарајте со мајката на вашата снаа барем да откриете во што е проблемот...како две загрижени мајки направете муабет, па оттука може да си ги посоветувате сопствените деца. А што понатаму, тие нека си решат.
Deka prikaznata ima dve strani toa da. Ama pa i po toa sto vidov od nea mi bese cudno. Sobrani luge na cestitanje taa ne izleze od soba. Barem da se pozdravese. Nebitno. Razlicni luge razlicni ocekuvanja. Odlucila deka ne saka takov zivot, nejzino pravo. Majka i mnogu mu vlijae na zivotot na dvete. Tatko i se obesil, sestra i ne e mazena i ovaa sakala so niv. Ne se bitni ovie raboti vo temata, ama ne se soglasuvam so ova deka mora nesto da imalo da ne bilo ubavo ednostavno taka odlucila deka takov zivot ne e za nea.
Анти - свекрвинска тема Нит е да обвини човек некого, ниту може ум да даде. Но, ...ако снаата одлучила да си замине-нека си оди , подобро сега отколку утре кога ќе се направи свадба и кога ќе се израѓаат деца. Луѓето што зборат, ќе зборат и овака и онака, затоа сврти грб на муабети и оставете ги младите нека си решат сами како е најдобро за нив. @Izi bela тргни се на страна, просто и едноставно.Колку и да е зезната моменталнава ситуација, мора да го издржиш периодот кога сите ќе те прашуваат незгодни прашања.Средината ни е таква и знам што те боли најмногу. Можеби е подобро што се случило сега. Беа младите во долга врска? Знаеше ,,невестата,, каде се мажи? Се знаеш со неа од претходно?
Како свекрва, единственото што во оваа ситуација треба да те интересира е каде е проблемот од страната на син ти. Одбивам да поверувам дека единствената причина е затоа што и' фалел домот и мајка и', затоа што парата има две страни. Вашата грешка како свекор и свекрва е уште од минатото што сте правеле спратови и чуда, сте го обврзале детето да живее во заедница. Нејсе, бидејќи биднало тоа, кога веќе немаат избор треба да се остават на раат. Они вас, вие нив. Исто и моментот со "они се женско дувло, ја избркале снаата со синот не им чинела", за тебе ми дава слика што не ми се допаѓа, ама не сум јас снаата па допаѓало или не. Разговарајте со синот ако сакате одговори, а за тоа што ќе речат комшиите боли ме брига.