Зошто кажувате мислења како треба некој да се однесува со своите синови, колку и како да им дава!? Македонски синдром, сакаме да се мешаме и да расправаме за туѓи дворови...е затоа неможе да не бидне, сељанчана сме тешка.. Кој сака да има нека си створи сам, ако не и се допаѓа, нејзин проблем!
Па кај нас обично така функционира, жената оди кај мажот... ако мажот е кај жената домазет, тогаш мајка и ќе му обезбеди, во секој случај ако гледаме така тоа не е ни од свекрвата бидејќи и таа е нечија жена, туку најверојатно е од свекорот.... Кога би имале две деца би ги делеле? На едниот би му дале тоа што сте замислиле, а другиов кој го мати така? Епа не е во ред, ако немаш средства и ако не знаеш да делиш тогаш роди си едно и дај му се!
Епа синот со целиот спрат сам ли си створил или од мама и тато? Јас не се расправам за туѓи дворови, туку споделувам мислење и на некој начин искуство со вакви "праведни родители"
Епа не сме ние странство државата да ни обезбеди станови, овде кај нас не секој има можност да се оддели, затоа што знаеме како функционира државата. Ни работа асолна , ни плата, па некој не исполнува ни услов за да земи кредит и да се тргни настрана. Епа кога веќе таква ни е државата зошто да не се знае да се напраи асолен муабет и децата да се третираат подеднакво, тоа значи дека едното е позаслужно од другото? Не ве разбирам како можете да правите поделби меѓу децата, но кога би имале деца веројатно нема да размислувате така!
Мажот ти ај што е мирен него така му чини. Проблемот е што ти и свекрва ти не се трпите. Или седи таму со неа и спреми се на огромни компромиси и отстапки бидејќи за маж ти нели нема ништо кај да седите или пресечи и одете под кирија.
Наравоучение: Никој да не прави куќи повеќе, и да очекува да 'дели' спратови, и се' да помине во најдобар ред. Ако некому се инвестира во живеалишта за поколението, само станови.. и на сите деца исто. Или ништо за никој.
Постарите пак ќе прават како им чини. Оставиле куќа не била правилно делена тоа на младите не им чини. Не оставиле ништо, биле немајки и нетатковци Најголемите проблеми се поради немање слога меѓу брат со сестра, сестра со сестра или брат со брат за поделбата па после очи си вадат па снаи и јатрви исправаат криви дрини, собираат и одземаат, делат и множат по некои други правила. Кога ќе има доволно сакање и почит меѓу децата и старите кога ќе ги фати климакс или едноставно старост се со слога и разбирање се решава. Во спротивен случај секој полнолетен кој стапува во брак треба да си има во предвид дека од тој ден споруг и сопруга од 0 почнуваат се заедно, ако им чини бујрум брак ако не нека си седат по дома
Пресеков, да ја трпам нема, дадов опции и краток временски период... Мм има време да размисли што ќе прави, во спротивно јас знам што ќе направам. Повеќе нема да дозволам да бидам мета на понижувања и навреди ама баш од никој.
А зошто снаите од нивните родители не си бараат еднаков дел туку таму оставаат се кај братот, па после сакаат туѓ имот да делат и распределуваат? Ако не им чини кај свекрвата нека си го земат мажот кај нив.
Родители не се само родителите на мажот , се зборува општо и за од кај девојчето и за од кај дечкото. Сите родители ,за да нема караници меѓу децата или обезбедете за двете , или нема ништо за двете и нека си се снаоѓаат сами.
Ако е праведна поделбата подеднакво зошто би се карале меѓу себе децата? Гледаат исто им е дадено колку можеле родителите толку, кој сака повеќе нека си направи купи среди...
Само да се надоврзам на постот. Ме нервира поделба на децата. Без разлика дали тоа е од страна на мажот или на жената. Не е во ред за еден да има, а другиот да се снаоѓа. Некој да си го прчи на готово, а некој да рмба како коњ и пак да не е доволно за да стекне нешто. Од моја страна сме поделени. И двете подеднакво. Од страна на маж ми не е така. Веќе имам пишувано. Браќата негови добија, а он е препуштен самиот на себе. Затоа господата свекор и свекрва ќе си го добијат тоа што го заслужуваат.
Не, не се зборува за родителите од двете страни, барем @S.kiki не зборува, туку се изјасни дека родителите на момчето се должни да помогнат, бидејќи жената одела кај мажот да живее. Јас мислам дека е крајно лицемерно од твоите ништо да не добиеш, ама затоа да оправаш криви дрини кај свекрвата, кој колку земал, зошто тетките на мажот не го давале делот, што ќе им бил,бла бла...нит свекрвата нит па некои си тетки не се должни кров над глава да обезбедат.
И неправилно и правилно поделен имот е сепак поделен и дадено нешто. А тој што бара влакно во јајце и правилно поделено не му чини, малку му е... И да така е ако сака повеќе нека си купи и среди ама зошто да купи кога може да приграби повеќе од другиот кога ќе дојде снаа или јатрвата и ќе почнат да оправаат криви дрини дали било праведно или непрведно делење и што на кого му следува и кој колку добил или не добил или требал овој повеќе оној помалку или нај дно од дното се на братот а на сестрата прстот в уста.
Јас зборувам од аспект на родителите што треба да направат, во однос на поделба меѓу децата, дека не треба да се фаворизира едниот на сметка на другиот, а не кој колку ќе биде задоволен. Јас утре како родител ќе им дадам еднакво на моите деца а тие ако не се задоволни нека се надградуваат ама исто ќе добијат. Родителите се тие што треба да ги постават темелите на однесување меѓу децата, ако самите деца согледаат дека родителите не ги рамнат нормално дека ќе се развие ривалство и ќе сакаат да си зимаат меѓу себе
Е тука е проблемот не , не е нормално. Ако родителите чинат неправда меѓу мене и брат ми или сестра ми не значи дека е нормално да негуваме ривалство брат со сестра, брат со брат, сестра со сестра. Ама ти сметај дека е нормално и со тоа што ќе ги убедуваш во иднина твоите потомци дека е нормално ова и праведно да ги поделиш пак тие има веројатност да се гледаат ко ривали дека нели нормално е(дека нормално е да негуваат ривалство ако тие си замислат ете дека ти ко мајка не си ги поделила правилно иако ти ко мајка сметаш правилно си ги делела) Инаку најголемо ривалство меѓу брат со брат или сестра и правилно и како и да е делено поттикнуваат снаи, се им смета, зошто во ист двор еве и правилно да се делени, зошто вака зошто така, бидејќи нив тоа им е нормално. Тоа нормално не е, ама кој да им каже.
Ако твоите родители и дадат се на твојата сестра, дали сакаш да кажеш дeка ти ќе се однесуваш како ништо да не било? Пример, јас како жена да ми остават се на мене а не и на сестра ми, јас ќе бидам првата што ќе рече, не јас не сум единец имам сестра колку мене толку и на сестра ми...кога велам ривалство не мислам на крволочно ривалство, туку дека прво и основно ќе ти биде криво од самото тоа што никој на мал прст не те става, второ што сестра ти воопшто и не и грижа дали ќе добиеш нешто или не се додека она добива све. На такво ривалство мислам. А пак ќе се повторам дека родителите ги поставуваат темелите на однесување. Ако јас целo време ги третирам исто, без разлика за што не само за имот, нема причина за ривалство, се додека добиваат исто внимание и љубов. Ама еве ти мисли си дека нема врска се што зборувам и слободно вади го од концепт. Поздрав.
Никаде не спомнав дека СЕ ДОЛЖНИ ДА ПОМОГНАТ! Туку да нема подебли меѓу децата! Еве во мојот случај моите ми дадоа кеш. но тие пари не се доволни за стан, треба малце и од кај мм да се потруди некој нели ? Друго моите секој месец ми помагаат финансиски, затоа што имам мало дете и не сум во можност да работам, за разлика од свекрва ми која што користи се што купуваме, а динар скршен не ни дава! Уште и сака да го земе делот што СВЕКОР МИ го правел за син му! Така да не извртувајте нешто што не сум кажала. И добро напоменав кога мажот би пошол домазет, бабата и дедото би се грижеле нели?
И друго, не барам кров ни од свекрва ми , па уште помалце од сестрите нејзини да ми обезбедат. Сакавме да ГО КУПИМЕ ДЕЛОТ ОД ТЕТКИТЕ (има разлика). А свекрва ми нема ништо па да барам од неа!