Ако родителите не се должни да помогнат, тогаш и младите немаат никаква должност за нив, секој за себе. Еве да речам свркорот кај мене, не бев работноспособна 7 месеци, терапии, операции, чуда и врагови, не не праша дали имате или немате, камоли да даде, а ние со 1 плата мало дете ,една плата плус и ова претходно што кажав. Е сега он бара од нас, ама доби шипак и никад нема да види никаква помош, нити поддршка. Нит барам, нит давам! Кој ќе ми помогне ке вратам, кој се прави многу паметен, јас уште попаметна и така. Се е тоа взаемно!
Ее тоа е веќе друга тема. Во нашето заостанато општество така останало. Само кај нас нормално е ќерката штом излезе од куќата веќе за неа таму место да нема, туку се останува на синот, само тој има право на се' што спечалиле родителите цел живот. За жал тоа е случај во најголем број од фамилиите кај нас, затоа што родителите не знаат да се чукнат по глава и да размислат дека и тоа им е дете, а не синот чедо а ќерката на патот најдена. Значи ако се две сестри се дели на пола а ако се брат и сестра само на братот.
Потполно се согласувам со тебе, и кај нас е истото. Затоа кога ќе се сврти тркалото, ќе знам како да вратам и јас! Кој не доживеал не знае како е!
Одамна ви немам пишано. Кај мене ситуацијата не се подобри воопшто, напротив сега воопшто и не разговараме. Значи секој совет од типот седни разговарај, почекај ке си легне на брашното и сл, кај мене не беа успешни, веројатно ако си е жената тешка психопатка, како мојата свекрва залудно е се. Од пред 2 дена престана да ми зборува и таа малку комуникација што ја имавме прекина, бев на гости со синчето кај моите, татко ми го чува додека сме на работа, цел јануари, и на госпоѓа веројатно не и одговара нешто. Од петокот не ми возвраќа ни на добар ден. Единствено ми е жал за мм.
Не сметам дека нешто сум "доживеала" или дека нешто допира до мене... Воопшто не го оптеретувам мозокот со тоа, нити па ставам при срце зошто треба некој да ми е на ниво за да придадам значење, во овој случај не, само како пример дадов.... Мислам дека жениве во темава премногу даваат до значење на непотребни работи, дозволуваат животот и бракот да им го водат трети лица кои воопшто не треба да бидат инволвирани во тој сегмент... Не разбирам, имаат се , свекрвата не им зборувала и ќе приумрат од нервози... Па нека не зборува, нејзин проблем.. Зборувала по комшии, нека зборува, нејзин срам и "култура" не мој, интелектуалното ниво ме ми дозволува да помислувам на вакви глупости, не па да се опседнам со тоа и истото да ми го диктира и води животот. Пререкувала, па пререкува зошто самите им придавате значење и тоа допира до вас, кога ќе ставите една бариера во мозокот и кога ќе се научите што може да влезе во него, а што ќе остане надвор од него ќе имате одлични бракови и одлична живеачка. Јас живеам токму вака, едноставно нит барам, нит давам и тоа е тоа, муабети не стигаат до мене , нити па дирекно некој нешто се осмелува да каже, фала богу сега сум здрава, силидно заработувам, сопругот исто така, не дозволувам да допираат до нас лица кои воопшто не се засегнати од мојот брак.
Ги прочитав последните четири страни и на сите ви посакувам да се спасите под свој покрив. Темава е колку да ви биде полесно ама мажот под рака или за нога и под кирија. Тешко ќе е на почетокот, но се ќе се среди со тек на време. Потешко е да се живее со свекрва. Е сега ако мажот не сака без мама, тоа е веќе голем проблем за жената. Треба сама да донесе одлука. Дојдов само да кажам дека животот е краток. Не дозволувајте да се нервирате. Нервозата е причинител на голем број болести. А допрва почнува вашето. Сите сме мечтаеле за пронаоѓањето на вистинската љубов и оп кога ќе ја пронајдеш тоа се претвора во најголемиот кошмар. Борба за свое катче и се ќе биде во ред. Што подалеку тоа подобро.
Се согласувам со повеќето мислења,посебно дека не треба да се обраќа толку внимание на трети лица,но кога сте под ист кров тоа е скоро невозможно,колку и да се трудиш нервози постојат-повеќе или помалку.Сепак во цела таа приказна во заедница,партнерот т.е.сопругот е многу важен фактор и како тој ќе се постави.Колку и да е никаква свекрвата,колку и да прави проблеми,ако имаш разбирање со мажот,ако имате ист став,исти заеднички гледишта и планови за иднината,тогаш сте на иста страна и никој не ви може ништо.Проблем е кога жената е оставена сама на себе да се бори со сите,во новата средина..без да наиде разбирање за целата ситуација.Тогаш веќе има проблем со мажот,а не со другите со кои живее.Секој современ маж треба да има став и да си ја брани својата фамилија.Ако е мамино синче,или како повеќето наши балкански мажи,жената да седи дома и да ќути и гледа деца само,тогаш доаѓа проблемот.За мене таков 'маж' е пи*ка кој не е способен да се избори за својата фамилија
Многу ми е криво што јас не го направив тоа кога бев бремена со малото.Да заминев тогаш пола од проблемите што ги имам немаше сега да ги имам.Пошто мојата свекрва бараше и уште бара послушност од мене.Ситуацијата толку се влоши што дојде до навреди, проба физички да ме нападне и ме избрка од дома.Јас нит сум малоумна нит малолетна за некој да ми го диктира животот.За жал многу луге од таа генерација живеат за комшиите и за таа другите што ќе кажат.Проблемите на време треба да се решаваат а бракот е меѓу мажот и жената и никој друг.Видела не оди и си заминала.Со мажот нека си решава за натака.
Јас бев исто. Но проблемот не беше само свекрвата, тука беше и сестрата на свекрвата, комшиите и кој не други. Екс маж ми многу ја слушаше. Пробав и под кирија и со разговор и џабе све. На крај да дознаам дека го носат по бајачи и гатачи, таа мајка му била швалерка на многу близок член на фамилијата моја. Го оставив кај мајка му и јас си продолжив по мој пат. Се разведовме и тоа е тоа. После разбра јас сум одела швајцарија, аустрија, германија и проба као демек да се смириме ке живееме надвор,нема никој да ни смета незнам што. Му реков ја слушаше мама ти сега седи кај мама ти, ова нека ти биде ум за друга девојка или жена што планираш да ја носиш во тој хаос таму. Единствено ми е жал за девојката што ке ја однесе незнае со какви психопати ке живее..
Ете успеале еден спрат да направат. И? Нека направат и младиве само еден, чисто да видат како се прави. Па и два-три, таман за децата.
Pa togas I starite neka ne baraat od mladite nisto. Ili neka se potprat samo na sinot na koj mu pomognale.
Па за никој од никого ништо да не бара, секој по својот пат. Не знам како е кај вашите родители, ама во куќава на моиве, нивни правила важат, не мои или на сестра ми. Не знам зошто мислите дека е поразлично во домовите во кои се вселувате. Ваши правила кај вас дома само. Се' останато е добра волја од старите. Па уште се дрзнуваат туѓ имот да делат. Свашта.
Jas ne delam tugj imot, si imam svoe napraveno Fala bogu. Ama vidi Sega, majkata na mm mojata kjerka ja nema videno Eden mesec, ne i kupila nisto, a za nas pa da pomogne nesto sacuvaj boze. Ne mi ni treba, ama I ona vo idnina nema da dobie nikakva pomos, ete I gi drugiot sin I snaa
Е добро де. Ама не заборавај дека твојот маж таа го израснала, не ти. Ти можеш до 101 да не ја сакаш и да не и' помагаш, ама не е реално да го очекуваш истото од маж ти.
Кога ме земаа од болница свекрва ми рече,сега ќе ме сватиш како се сака и штити син. И да 100 пати ми спомна дека требало уште од старт да се оделиме. И во право е да си се оделевме немаше да се случуваа триста глупости вака секој со своето.
Како го сакала и штитела син и? Така што ви правеше збрки во бракот и го нервираше истиот? Така ли се сака?
Некој се болно љубоморни и затоа самата си кажа дека требало од старт да се оделиме. По далеку од очи тоа поубаво.
Да, ама знаеш, во војна се познаваат јунаците. Тогаш кога вам ви беше најтешко, таа уште повеќе забиберуваше, наместо да се држи настрана ако не може да помогне. Вака сега на муабет само, многу лесно е. Го штитела син и. Мај ес.