Не прочитав понапред што имаш пишувано, па ќе кажам само за овој пост. Ако некого сакаш - вреди да чекаш. Ако тој е во депресија, сака да се потсредат и слично, вреди да му помогнеш и да почекаш извесно време, време до кое ти би можела да чекаш. Но, прашањето е дали тогаш ќе се среди проблемот со проблематичната сестра? Тешко дека ќе се реши. Прашање е дали ти ќе можеш да ја трпиш сестра му, дали вреди да си ја расипите врската заради неа и дали имаш сила да и покажиш каде и е местото????????
не сум тип кој сака да и покажи каде и е местото оти ако го направам тоа не само што ми направи проблем со брат и, туку и способна е да ми го загорчи животот! ја неа не сакам да ја видам....свесна сум дека ќе треба да ја трпам цел живот оти знам дека никогаш нема да се омажи! а неговата депресија....јас целооо време му помагав за неговата депресија...ама знаеш што?....додека јас безрезервно му помагав за неговата депресија..неговите му ја наполниле главата дека јас сум му ја правела депресијата...иако тој тој проблем си го имаше од почеток.... јас секогаш му помагав....и би чекала.....ама проблемот е тоа што....јас си го заебав(со извинување) животов додека се обидував да му ја лечам депресијата! јас нон стоп сум под депресија ради се ради нив и ради се и не само јас туку и моите! тие не се луѓе според мене....па што сака нека биде кој сака нека ме осудува тука....луѓе кои се обидуваат по не знам кој пат да му ја расипат среќата на синот, братот...не се луѓе! луѓе кои сакаат нив да им биде убаво а не на детето! и сега си поврзувам мн раб....сега сваќам зошто човекот бил под депресија дооолго време!!! затоа што немал стабилни луѓе покрај него да му помогнат да преброди мн работи! а додека јас му помагав за тоа....за возврат ни фала не добив туку наполнет одговор дека јас му ја правам таа депресија! не размислив НИШТО повеќе нема да чекам и никого...и никому повеќе нема да правам да му биде убаво.....туку само за себе ќе гледам колку и себично да звучи ова...оти јас толку мала....не дозволувам да останам со изгубено здравје и повредени родители кои дефинитивно не го заслужиле тоа! во секој случај гирл драго ми е што сепак го прочита мојот пост и се обиде да ми помогнеш....Се надевам дека мојата депресија ќе се среди....дека со него или без него конечно и јас ќе видам малку светлина...дека се ќе биди во ред со мене оти повеќе не можам да издржам! па подобро би била сама цел живот отколку со нестабилни луѓе и луѓе кои утре кога би имала дете би ми го загорчувале животот и мене и на целата моја фамилија! НЕ повеќе НЕ па што сака нека биде!!!
Не дека имам некое големо искуство во животот на релација снаа (со дете) - свекрва, но колку што гледам од блиските мои, на dancing-lady можам да и препорачам: Дај и го детето да го чува. Колку што разбрав детето има година и пол - супер. Сега е активно има душата да и ја извади. Ама оставај и го почесто и подолго! Да не може да фати работа по дома, да не може никаде да отиде. Ти за тоа време среди си се по дома, оди си на кафе некаде, барај работа. Јатрва ми така не и го остава детето на свеки, едвај еднаш неделно, демек да ја казни со негледање, а пак за оваа тој ден и е празник (што нема да биде 1 неделно е) + дека само еднаш го гледа, ама баш се‘ му дозволува (го разгали детето, нека е живо и здраво, но разгалено дете е полошо за родителите). Од друга страна на сестра ми свекрва и живее многу далеку, па таа многу често децата ги остава кај мајка ми. И сега, дека децава се во тие години кога се многу пргави и немирни (нека се живи и здрави) ептен ја уморуваат мајка ми, и таа и вели на сестра ми: дојди земи си ги! Е сега не знам јас како би постапила со свеки ако многу ме изнервира кога ќе имам дете, ама мислам дека ако и го оставам детето почесто - нема толку да го разгалува, бидејќи ќе и биде преку носот На Nastjaaa4 сакам да и кажам браво за одлуката, на твое место и јас така би направила. Никој не е толку вреден да си го уништиш животот за него. Штом од сопругот немаш поддршка - бегај од тоа семејство што побргу, барем кога се нема деца е полесно.
Многу правилна одлука. Целосно се сложувам со тебе, а и се потсетив кога имав така еден лош период во животот, кога си имав работа со психопат, колку време ми беше потребно да сфатам, но кога сфатив тоа беше како преку ноќ, вчера едно, а од денес нов лист. Јас успеав, се надевам дека и ти ќе успееш, ти посакувам многу среќа и покрај тебе да имаш прекрасна личност која цел живот ќе те пази и гледа како капка вода на дланка(јас пронајдов таков човек, а ќе најдеш и ти). П.С.Ова ти го кажувам зошто не целосно,ама во одредени делови се пронајдов и будно ја доживеав повторно твојата ситуација.
Јас мислам дека ако навистина се сакате и мислите и двајцата дека ако почекате да се средат работите ке имате подобра иднина да не се откажуваш од љубовта.Да, вистина е дека си млада и дека не вреди да губиш здравје ради вакви работи ама ете и ти како што кажа невработена си ,зашто пред да се омажиш не сакаш тоа животно прашање да си го средиш сама да почнеш да си вадиш леб на маса или планираше од негова плата да живеете?И вистина не е во ред тоа што сестра му нејке да дојдете да живеете со нив ама до негде ја разбирам бидејки сепак несака да и се нарушува мирот несака снајка да и доага дома .Вие мислам дека немате решено основни работи а брзате со свадба.Подруго би било доколку тој би живеел сам со неговите па ти да одиш кај него ама веке кога има и друг станар(брат сестра сеедно) подруго е , никој нејке комфорот да си го нарушува и ограничува. Се надевам нема да ме сфатиш погрешно со ова што ти го кажав и викам навивам пак да бидете заедно штом толку се сакате но да не брзате толку многу ,свадба може и наредна година да се направи тоа нема нигде да ви избега .Поздрав и секое добро се надевам ке биде се како што треба .
не не грешка си не е точно тоа дека јас мсиелв да живеам со негова плата и не е точно дека сакавме да правиме свадба одма!!! јас усште студирам а и барав раб....најдов еднаш ама поради еден инцидент со него морав да ја напуштам! и никако не планирав да живеам со негови пари оти мајка ми и татко ми мене секогаш ми помагаат колку можат така да тука не си во право...не треба да ја разбираш сестра му....затоа што јас не сум ни прва ни последна на која и расипале...со сите негови девојки таква била а и со сите негови другари....на крај краева таа е доволно возрасна да му ја мисли за семејство оти не е и така млада а не да му се меша на братот што да прави и дали ја и сметам или не нека си гледа за себе оти и неа може да ја снајде истото ама се сомневам оти знам дека никогаш нема да се омажи!!! не брзав во никој случај за свадба а и плуст тоа тој живее сам одделен така да комфорот нејзе во никој случај не и беше уништен а и не се ни гледав со некзе јас со месеци...така да...не ни сакам да дискутирам повеќе за некоја невредна особа! јас одлучив...мн го сакам и се тоа...ама знам дека никогаш нема да имам мира таму! а и се ставам во положба брат ми кога би се оженил...јас никогаш ама никогаш не би му се мешала во животот и напротив снајка ќе ја гледам аккао сестра и ќе им помагам во се....ама тоа е се до карактерот на човекот! во секој случај фала ти за забелешките и поддршката...ама јас мислам дека одлучив ... ...тоа е тоа.... ако навистина била толкава љубовта.....тој ќе се борел мене ми се смачи тој нон стоп да се откажува па да се премислува па вака па онака за негови години таква несериозност не е потребна никому а најмалку мене....на која нон стоп и правеше топло ладни ситуации!
Јас мислам да не го чекаш одма да си најдиш друг кој ке знае да те ценит ! имам пример во комшии каде невестата е прекрасна ШКОЛОВАНА со две деца ама мажот и има две сестри немажени кои им ги матат плановите а (нејзината СВЕКРВА е прекрасна ) но за жал таа неможе да застане помегу керките и синот и невестата ги трпи последиците со нервози ! Кога ТОЈ твојот ја слуша сестраму нека ја омажи прво неа па нека те побара тебе ако си некогаш во иднина слободна .Сега засега ЈАСНО кажи му или ЈАС ули сестра ти !
НЕ драги мои!!! јас повеќе со него НИКОЈАШ!!! тој за мене не е е човек....и не ја заслужува мојата љубов! ни мојата добрина која му ја подарив безрезервно!!!!!! не сакам никој од нив да видам и знаете што??? утре вереничкиот прцтен ќе му го вратам по брза пратка и можи да му го подари дома и да иди у 3 пм! е4 така! и девојки ценете се сами оти никој ама никој нема да ве цени! ве сакам!
Абе дали си ти нормална ? Какво враќање веренички прстен,тоа со фрлањето во висока трева беше само стилска фигура. Скапо е сега златото,оди во златара продај го прстенот и со другарките едно здраво частење со тие пари. Прстенот си е твој не е негов,тој со него дава ГАРАНЦИЈА кон тебе дека ке ти биде верен , почитува,сака. Не го исполнил ветувањето,оп кауцијата се наплаќа Собери другарките и да го испиете прстенот
хехеххе......драга моја....јас од гомно ни пијачки не сакам...а тоа е дел од гомно....така да не се замарам....ќе му го вратам за да му го даде на мама на тато и на дада и вечна љубов да му дари! а за славење си прославив јас убаво вчера а и ќе си славам сега сеееекој викенд
Vrati mu go prstenot..i neka ti go dade toj negoviot..jas neznam kako i do sega si izdrzala..i jas ke sum kako tebe za nekoe vreme..si igraat so mene kako sakaat..uf uf uf ...ve sakam site..
Nastjaaa4:Немам прочитано друго што имаш напишано поврзано со ова освен овој пост,па и на него ќе ти одговорам има работи во животот кога треба да се донесат тешки и болни одлики како во твојов случај,нека не те водат емоциите туку здравиот разум,Мој совет уште една мала шанса дајму поточно искрен разговор со него ако се обидува да се вади дека не е подготвен тогаш мила моја подготви се ти да го земеш твојот живот во твои раце,значи ќе мораш да продолжиш понатаму главата горе никој не е вреден за твојте солзи.Знам и можеби кога ова ќе го читаш да си помислиш лесно е да се каже,но верувај ми полесно е да го направиш тој чекор за да продолжиш убаво да живееш.Се ќе си дојде на свое место само треба ти душичке да донесеш одлука бидејќи за секој проблем има решение,па така и за твојот само со нервоза ништо не правиш себе се уништуваш нервоза батали подари им ја ним да уживаат во неа.Настјааа4 биди ми поздравена
мила ричи...јас веќе одлучив! ма никаква шанса повеќе никаква!!!!! јас немам време да се занимавам со незрели луѓе на нивните години.... немам повеќе живци за него! а и не сакам да го видам повеќе да! го сакам да!....ама нека го сакам со време....дај Боже и ќе го заборава оти тој не заслужува ни еден дел од мене и сам е свесен за тоа! и ти биди ми поздравена
Јас сум една од групата на наивни невести кои што не верувале дека свекрвите се менуваат после свадбата... море и тоа како се менуваат... уф.... немам којзнае колкави проблеми (ама ги има), можеби затоа што решив да не се заморувам и да не си создавам тензии во бракот и да не си ги истурам нервозите врз мажот и детето. И мојата се смени... најверојатно психички попушта поради шеќерот со кој долги години си води војна, па почнаа кај неа да се јавуваат некои стравови, завидливост и лицемерие. Се обидувам да ја разберам, па и да преминам преку некои работи, ама некогаш е тешко. Се плашам детето да го оставам само со неа, не дека ќе му направи нешто, скраја да е, туку може да и' се слоши, па да се случи и нешто полошо. Се плашам да отидам некаде на викенд надвор од дома, којзнае што ќе најдам кога ќе се вратам. Решението е навидум лесно, клуч на врата и мирна глава, ама мал технички проблем кој за жал е нерешлив (барем не во скоро време), не ни го дозволува тоа. Се надевам дека допрва нема од неа да дочекаме полоши работи... ама како што тргнало... не ми се допаѓа... ама ич.
Јас сум една од групата на наивни невести кои што не верувале дека свекрвите се менуваат после свадбата... море и тоа како се менуваат... уф.... немам којзнае колкави проблеми (ама ги има), можеби затоа што решив да не се заморувам и да не си создавам тензии во бракот и да не си ги истурам нервозите врз мажот и детето. И мојата се смени... најверојатно психички попушта поради шеќерот со кој долги години си води војна, па почнаа кај неа да се јавуваат некои стравови, завидливост и лицемерие. Се обидувам да ја разберам, па и да преминам преку некои работи, ама некогаш е тешко. Се плашам детето да го оставам само со неа, не дека ќе му направи нешто, скраја да е, туку може да и' се слоши, па да се случи и нешто полошо. Се плашам да отидам некаде на викенд надвор од дома, којзнае што ќе најдам кога ќе се вратам. Решението е навидум лесно, клуч на врата и мирна глава, ама мал технички проблем кој за жал е нерешлив (барем не во скоро време), не ни го дозволува тоа. Се надевам дека допрва нема од неа да дочекаме полоши работи... ама како што тргнало... не ми се допаѓа... ама ич.
Nastjaaa4 ќе бидам навистина радосна да успееш во живот и верувам дека ќе успееш секогаш биди своја една и единствена главата горе и се ќе се среди,а тоа што го сакаш е удар за него когаш тогаш и дебил да е ќе сфати дека вистински си го сакала,батали сега тоа одмори се и уживај да си од мојот град би те поканила сега да ми дојдеш во дуќан на кафе,благце поздрав