1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.384
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    Е така кажи си, и на мечкичка ѝ одговара, па си седи под ист покрив со нив. Сама си има кажано, а ти ја "нападна" исто како што и ние тебе те "напаѓаме". А фамозното бањање од 40 дена, може да се претвори и во фамозна крштевка со свекрвата, и ред други случувања кои допрва доаѓаат. Затоа ти реков, ако го штитела син ѝ, сега го "штити" бебето, оти мајка му "не знае" да го избања. Утре може нема да те пушти на крштевка да одиш, или да го однесеш детето на прв училишен ден, оти нели, го штити од тебе. Тие се тие ситуации кога праша како може да го штити твоето дете од тебе. Таа го штити, а ти пропушташ важни моменти за туѓ атер.
     
    На candy.cane, SV1911, oblace1 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Не дека мене ме заболе патиката кој како си прави, ама тој некој, што различно си ги третира децата, да не се чуди утре ако му се испозаколат!

    Не можи за еден куќа, за друг стап.
    Или за двата/двете, или за никој!

    Тие делбите се најголем извор на кавги... Куќи, па спратови, па пола, па третина, па осмина со јогурт.. Па кој ќе живее со старите, па шо не...
    Поарно за никој ништо да нема, отколку така.
     
    На candy.cane, Skorpija25, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Не ги знам приказните на Моник и мечкичка,но муабетот ми познат..Од искуство и јас може да кажам после години кавги и навреди,се иселивме..сами сме сега,односите се подобрија колку толку,доаѓа свекрва чисто одвреме навреме да си види внуката,поседува малце и толку..Нема никогаш да ја има таа близина после се,а и нема потреба.Здравје за кратко кога ќе се роди второто,се договоривме сами да си го бањаме и се.Нема шанси да дадам на баби да ми се мешаат..Помина тоа,сега моја куќа мои правила.
    Мајка ми е исто слободна,може да помага секако,кога ќе може и има потреба.Не сакам да ја обвинувам Моник за ништо,ниту напаѓам,сепак секој дома си ја знае најдобро ситуацијата,знам како е да си зависен,а помош каква таква си треба.Но чисто да се има став за некои работи да се знае до која граница смеат да одат.
     
    На Anyshka, candy.cane, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.955
    Тебе никој не те нападна, само ми забоде очи тоа што рекла свекрва ти, а ти овде го пишува во стил - така е, сега допрва јас ќе видам. Не, не е така.
    Ете затоа искоментирав.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.384
    Допаѓања:
    183.398
    Пол:
    Женски
    Кој како сака, си мисли и се осеќа, така нека си прави. Негова работа. Ама не е убаво да се исмејуваат членки, а после нив истото кога ќе им се случи, нивното да е правилно и поинакво. И двете поминале хорор со свекрвите, не им се нешто поразлични приказните, ама и двете останале во добри односи од потреба. Исто е.
     
    На Anyshka, candy.cane, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    5.598
    Пол:
    Женски
    Девојки и не е некој проблем за сега но осеќам дека допрва ќе биде поголем...барам ваше мислење и како вие би постапиле,оваа ситуација психички ме уништи..
    Верена сум веќе скоро година сега летово ке правиме свадба,планот е да живееме во иста куќа со сверквата и свекорот тие на први спрат ние на втори,проблемот е тоа што на нив некако не им се слуша да се префрлат долу(веќе е време за некој месец ни е свадбата) тие абер немаат,а најголемиот проблем е што не можам со вереникот да разговарам тој е премногу приврзан со мајкаму,главно проблемот е во тоа што тој е мамино синче еве и сега кога одам кај нив морам мајкаму да ја слушам значи цело време со оние муабети без потребни и вереникот мисли дека тоа е ок он не разбира дека мајкаму е пренапорна значи премногу,во една иста соба седи тука и не мрда жената ,јас реално кога одам домаму сакам да бидам со него да се видиме на раат како млади луѓе нормално,но не она е цело време тука и да останиме на момент сами таа доаѓа не мрда и не , ми е страв за понатака како ке биде... не знам како да му кажам знам дека ќе се навреди премногу :/ но во иднина сметам дека ке имаме мн проблеми поради неа,мора да разбере дека треба сами да сме значи не не остава ни збор два да прозбориме тука е цело време :/ и да обично кога треба да одам домаму пример да преспијам( 1 месечно одам чак и на месец дена еднаш) он мама си ја прашува дали да одам како е она расположена да не е уморна па сака да одмара (facepalm)
     
    Последна измена: 26 јануари 2019
    На candy.cane, mal.ecka, Sandrin4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Нема што да ти е страв,што порано седни разговарај,кажи му искрено,мирно и отворено што ти смета и како го гледаш вашиот однос сега и во иднина..Прво може и да се навреди и да не те разбира за што му зборуваш,но понатаму ќе се свести,само не е поентата да поминете низ пекол за да дојде до тоа.Се надевам ќе се средите уште од старт и ќе расчистите што е најдобро за вас.Good luck:)
     
    На Anyshka, zalosna, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.494
    Допаѓања:
    180.516
    Уште планираш у таа кука снаа да бидиш?
     
    На Luna91, vitamina, oblace1 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    4.651
    Пол:
    Женски
    Како бе мила знаеш дека е мамино синче и го трпиш тоа? Толкава ли љубов осеќаш према тој човек? Каде е љубовта према себе?
    Незамисливо е да се прашува свекрвата за ствари кои ве засегаат само тебе и него. Не дозволувај мајтапи. Не сакам да кажам уште од сега затоа што тоа би значело тие мајтапи да ги оставиш за покасно.. Не! Ни сега, ни после.
    Отворено разговарај со вереникот, нека се лути колку сака, бар ќе знаеш на што си и дали ќе продолжиш со свадбата. Подобро сега, отколку утре задутре со дечиња да се карате, расправате и оставате.
     
    На Anyshka, Skorpija25, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Не сакам ни јас и и' викам само на кревет да ги остави, ама разбирачка нема едно 20 години наназад.
    Па уште не сум ја замразела :)
    Ама мајка ми е, па на нејзините глупости можам да замижам.
    Затоа викам малку објективно, глупостите на свеки може не се толку големи колку што ние ги доживуваме.

    Сама себе сум се фатила, и двете иста работа да ми кажат, мене тоа од свеки кажаното повеќе ме нервира.
    Ама сама на себе си викам - што ќе направеше да беше мама? :)
     
    На macka91, gjoker4e, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Ама па и не живееш со неа.
    Тешко е кога се заедно луѓето, не оти се лоши, туку оти се ете различни.


    Ама со тоа што го кажаа демек на старите што им треба, да се пикнат во едно сопче... не се согласувам ич.
    Напротив.
    Цел живот работат, па барем сега со израснати деца редно е да здивнат. Јас и моите и свеки ги поддржувам максимално и да излегуваат, и да патуваат, и да реновираат и што им душа сака да прават.
     
    На vitamina, Lolipop23, gjoker4e и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Мораш да можеш да разговараш со вереникот за било што! Каква е таа врска и тој иден брак ако неможеш да разговараш за тоа што ти смета со него?
    Него нели му смета што немате време за себе? Никогаш по своја иницијатива не и рекол да ве остави малку сами?
    Разбирам љубов и почит кон мајка, ама се си има свои граници. Ќе му кажеш отворено се што мислиш. Како што разбрав време ви е и да почните да си го местите вашиот спрат а тие не сакаат да слушнат за слегување долу. Па до кога така? Тој и самиот треба да е свесен, без ти да треба да му објаснуваш дека е време да се средите бидејќи се ближи свадбата.

    Искрено, ќе си имаш многу проблеми во иднина ако не разговараш и ако твојот иден сопруг не те поддржува. Денес ќе замижиш за едно, утре за друго, а проблемите ќе се нижат. Незнам ни зошто не си кажала ништо досега, ама време е да превземиш нешто.
     
    На Anyshka, oblace1, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.777
    Допаѓања:
    145.291
    Апсолутно!!
    Јас сум рекла помош прифаќам ама не се лутам ако не ја добивам. Обврските се пред се наши.

    Последно за НГ се изјаснија месец дена унапред Ние одиме таму и таму, не не рачунајте за гледање на малото. И нема лутиш. Нивниот живот е пред се.
     
    На kukla21, Abc07, TashSefton и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    137.180
    Пол:
    Женски
    Да се умешам у муабетот, општо, нек не се наоѓа никој прозван. Ама зошто баби да ми бањааат дете? Чие е детето? Ако јас не можам ради Х причини првите денови, недели, маж ми не е фатен во рацете. Со 3кг месо ли не знае да се справи? Како знаел да го направи, а не знае како се бања бебе?
     
    На Anyshka, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Sanja1105 и 35 други им се допаѓа ова.
  15. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Бебето не претставува 3кг месо туку кревко суштество кое бара посебно внимание. Начинот на правење дете според мене не би требало да се споредува со гледање растење и развивање. Јас не сум мајка ама родителството е чудна работа бидејќи едно е додека го носиш во тебе а друго е кога ќе го држиш во раце така мало. Не е ништо скандалозно ако бабата (свекрва,мајка) го искапи бебето и помогне, секако ако релацијата е на високо ниво без напнување и егоизам. На секој човек му е потребна помош па дури и за капење на бебе. :)
     
    На Skorpija25, Annora, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    @Sesil Браво! Ова треба да си го урамат сите млади парови што мислат дека обврска и според законот се задолжени старите да го одгледуваат внучето. Во дискусија еднаш така бев нападната, ама како тоа, а што им било од работа на бабите и дедовците? Па реков, имаат живот за живеење :D
    Мислам, во ред е помош од време на време во одредени ситуации, ама да се мисли дека е обврска од-до да го чуваат и сите работи, тогаш каде се родителите?
    @Liu Точно, ништо не е скандалозно да помогне мајката или свекрвата, но зошто е шокирачки the actual father да се погрижи за сопственото дете? Од тука произлегуваат изгледа тие ставови, ако не може мајката на детето, веднаш обврската паѓа на бабите, а таткото никаде го нема во приказната :D
    п.с Начинот на правење дете не се споредува со неговото одгледување, ама е поврзано. Мислам, зошто дете да се прави ако воопшто не сме спремни за таков чекор? :D
     
    На Anyshka, candy.cane, Abc07 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    137.180
    Пол:
    Женски
    Ама пак свекрва, баба... кој фактор е таткото? Каде се мажите воопшто во сите непријатни дешавки со свекрвите? Шо се они? Неми посматрачи на целата ситуација? За шо се дома, за украс ли? Тоа ми е муабетот, во секоа ситуација упорно родителите та родителите, кои се тука во брак? Со кого е во брак една жена воопшто, со свекрвата ли?
     
    На Anyshka, moonlight-girl.55, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Обврските кон детето и на двата родители се исти и тоа не треба да се дискутира. За пример ги зедов бабите поради самата тема :D
     
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Мене сега за сега ми е страв во раце да ги држам тие 3 кг месо, а бањањето е каде-каде покомплицирано. Не знам дали некогаш имаш пипнато колку само е лизгаво мокро бебе, па освен ако немам друга опција, ке им дозволам на мајка ми и идната свекрва да го бањаат или во најмала рака да ми помагаат првите недела-две.

    Е сега, да живеев во различен град или во странство, ке морав сама да се снаоѓам, ама во мојот случај ке имаме помош и од двете баби, а таа помош за почеток, лично мене ке ми е добредојдена.

    А во врска со мешање т.е. стоењето на страна на мажот во целокупната ситуација дома целосно се согласувам. Да немав помош, он би го држел бебето а ја би го плакнела со вода. Коритото не мора да стои на земја, може да го ставиш меѓу две столици па и седејќи т.е. стоејќи да го избањаш бебето.
     
    На Skorpija25 и Grungie им се допаѓа ова.
  20. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам дека обврските на мајката и таткото кон детето се идентични. И не само кон детето туку и домашните ( перење, чистење, метење, готвење и др. ) :D