Прашањето е зошто мора баш 40 дена да го бања свекрвата? Зошто утре "баш она" ќе мора друго да прави. За бањањето, и јас се плашев, не дека не, и мм, ама во таква ситуација си велиш како-така бебето мора да се избања. Си врзуваш во глава дека помош нема и толку. Свекрва ми кога ми кажуваше дека она не ги бањала двете деца до 40 дена јас бев: зоштооооо???? Кај мене радоста го надвладеа стравот и никој, ама никој нема право да ми го уксрати тоа.
Знам колку е страшно, ама со тие докулатки шо постојат во денешно време, подлоги, штитници за очиња, шо ти ја знам, нема потреба од грижи, ниту правење научна фантастика од бањање бебе. Колку и да е страшно мое е, еднаш, два пати би ми било страшно.
Мене не ми е јасно зошто мислите дека свекрва/мајка ви подобро ке го избања бебето од вас. Да, тие биле мајки ама пред повеќе од 20 години, го имаат изгубено осетот, мислите и нив не им е страв? Ајде 1-2 пати , ама до 40 дена? Не знам како некои мајки си го дозволуваат тоа, мене ми е незамисливо. Едно е стварно да не можеш, првите 2-3 недели да кажеме, иако и тогаш имаш маж, или мажите не капат бебиња?
Јас затоа и реков, сега за сега. Здравје, кога ке дојде тој ден да држам свое дете во раце можеби ке го сменам ставот. Можда и мене ке ми е мерак и нема да ми е страв, еве во овој момент не можам да кажам со сигурност. Тоа ти велиш дека нема потреба, јас велам дека секоја жена и мајка треба да прави онака како што најмногу и одговара. Еве јас можеби велам дека нема потреба да се остава дете кај мајка или свекрва за да младите шетаат, ама ти сакаш да го оставиш и ке го направиш тоа, и сега чие мислење е покоректно? На кантар не можеме да ставиме, ги разбирам и оние кои имаат страв да бањаат дете и океј е да побараат и прифатат помош. Но, тоа не значи истите тие да се жалат дека нешто не им чини, да се жалат дека свекрвата прави така а нив не им одговара. Кога ке станеш зрел човек и ке застанеш на свои нозе треба да правиш онака како што мислиш дека треба а не онака како што ти налага некој од страна и да правиш работи за туѓ атер.
Не викам дека е на одмет да помогне, било кој, сечија помош е добредојдена. Ама некако многу ми е тоа форсирање дека баш мораат, баш мора по некои правила, по некој редослед. Бањањето како пример го земам, има куп работи такви. И секогаш свекрвата или еве мајката е таа шо треба да помогне. Маж не се спомнува никаде ко да не постои. Тоа ми е поентата на муабетот. Кој фактор е мажот во еден брак? А тоа дали треба, не треба, како треба, секој индивидуално си знае шо му треба. Јас еве не знам со кој памет јас и мм неколку пати го бањавме внукот коа беше баш бебе. И не знам со кој ум туѓо дете бањавме, не знам со кој памет некој ни дозволи да му бањаме дете, ама не гледаа со кој мерак одевме и купувавме се и свашта, дека прво внуче, сами не нудеа ако сакате направете ова, ако сакате направете она. Океј ете и на бабата и мерак и нека го избања. Ама секој ден не и е мерак сигурно. Туку е некое ко наметнато, непишано правило, баш бабата да биде таа што ќе го бања.
Posle 18 god majki nema. Stom zakonski ste vozdrasni, vozdrasni ste. Zemete gi obvrskite. Za sex ste OK ama da se zaraboti, da se cuvaat deca, proizvod od toj sex, da se cisti, gotvi,... Kaj ste? Kako toa nekoj ke vi go banja deteto? Kaj e tatkoto ako vie ne mozete? Eve moeto bebe krupno vo proporcija so mene ama Jas ako nemozev. mm bese tuka. Go banjase se dodeka stabilno ne stoese na noze, posle jas. Nemojte sega da izmisluvate, raboti, zafaten e,... Ke si napravite raspored koga I toj e doma I ima da pomaga . Tatko mi pred 50 god ne cuvase kako majka pa denes
Стравот од бањање бебе се надминува кога сте сами, а тоа се искакало до врат Нема страв- не страв, вадиш грубото и носиш во лавабо
Па штом некој бања дете до 40 дена - строго, тогаш во прашање е наметнатно правило, тука се согласуваме. Исто ко правилото, свекрвата да купи алиштенца за излегување од болница. Има огромна разлика од помош недела-две додека родилката да се опорави, да стекне навика, па ајде и од мерак да го бањаат бабите, ама некој да го прави тоа ради некој адет или не-знам-што, тоа веќе е мизерно и ниту еден возрасен пар не би требало да дозволи така да ги ебаваат у здрав памет. Во темава на мажите обавезно им е непријатно да и кажат нешто на мамичка и од тука настануваат сите проблеми, барем ја таков впечаток имам. Јас од страв сеуште немам земено бебе во раце а сум имала прилика, имаме во друштво бебиња, ама ете.
Ја ве читам денес тука... И сеа сфатив дека моја свеки сакаше да ја бања 40 дена... Ради дека МОРА. Иначе мајка ми е 15 години постара од свекрва ми, па не ги знае овие адети и не ми помагаше околу бањање. Од прв ден сами со мм ја бањаме. Само патронажна ни помогнала. Лелеее мојава значи сакала адети да ми тера. Затоа таа секој ден у 6 ипол ми се црташе на врата. Ооо ме просветливте.
Кај нас не доаѓаше, ама со самото тоа дека ми кажува дека она не бањала деца до 40 дена и не се бунела, а и било и страв, муабетот беше читај меѓу редови. Само ѝ реков дека ми е многу жал што терала туѓи мераци и пропуштила такви убави моменти со децата. Односно читај меѓу редови- јас мое бебе сама ќе бањам.
Абе јас на сите кажав јасно и гласно дека ми е битно да си фатиме прво ние ред, па после ако им е мерак нека ја бања. И она си ќутеше, немаше што контра да каже. После не ни изрази желба, по тоа сфаќам дека сакала адети да тера. Обожава да е жртва пустата, кој не ја знае жал ќе го фати ... Али раат сум вака далеку... Не дошла да си види внуче, само ние ако идеме... А и тоа е се поретко.... Глумица.
Мене ме интересира како на пример да се отарасиш од огромната "желба" на свекрвата да го капи малото фамозните први 40 дена, иако упорно и се кажува дека има кој и дека сакаме сами Значи на секое таа си прави планови како таа ке си го капела 2 пати во денот На секое маж ми се расправа со неа дека има кој, дека недај боже и да неможам сама тој е тука и тој сака да помогни, дека немаме потреба од неа ама не бре луѓе од едно уво влегува од друго излегува Утре дента пак истото се слуша... Јас уште ништо немам речено, си велам има време да не се расправам уште сега (7ми месец сум) ама страшна нервоза имам во себе и знам дека ке има многу расправии од како ке се породам, а ич нејкам да се расправам Неможам да кажам дека има лоша душа и дека лошо ми мисли со тоа што сака да помогни, ама нема осет ич и тоа страшно ме нервира.. Не е проблем и некогаш од мерак и да го искапи и да го почува, ама секој ден да ми се плетка е претерано.. И мислам дека дури јас отворено не и кажам да не ми се меша, маж ми нема да го послуша..
Тука нигде денес не пишав дека детето ми го бањала свекрвата 40 дена ама Нарцис да искочи паметна ми го извади тоа од друга тема и го пуша тука. Или еве јас како сум ја понижувала некоја си членка па ај да и вратиме. Не се секирајте јас сама си го чувам детето ништо не му фали мазено пазено од убаво поубаво рацете не ми се фатени.
Јас бебе немав фатено пред да се породам, ама не надвладеа ни страв, ни адети што кажуваа за до 40 дена. Заедно со маж ми го бањавме од прв ден ко се вративме дома, и јас бев царски и тој беше скоро 4 кила бебе, па немаше проблеми. А сигурно имаше замерки и лутење, ама кај мене не проаѓа тоа. Ко беше 2 месеци малиот се преселивме зошто во заедница е секако тешко, ама во заедница ко ќе дојде бебе е неподносливо, не се знае кој е мајка, кој баба. Од тогаш немаме ни замерки, ни кавги, баш нормално функционираме.
Да бе, Нарцис сега крива. Ти сама си напиша колку дена ти го бањала, види си погоре. И другпат тагни ме.