И мојата свекрва така мислеше ќе го бања само она,мајка ми никако не смее.Ама јас си се опремив со додаток на легенче полнет е со гранули и се прикачува.Го бањаше два пати дури ми викаше јас не смеам да го бањам валкана сум била кој ум човече.За тоа бебе сум се мачела и крварам,дури паметната она одредува кога ќе сме го бањале.Го подбрав мм,дека нема она што да се меша,а и таква е душкало во се сака главна да е,информирана за туѓи животи.И јас порано гледав како стрина ми ги бања братучедите и во бременост гледав на интернет видеа.Сама со сопругот сме земале го избањавме.Она доаѓа после два часа на врата,ладен туш и удрив кога и кажав дека е избањат пукна,полуде почна со грди имиња да ме нарекува да го наговара свекорот да се кара со мм,ама џабе и е поради многу случки сега малиот не смее да го пипне не го давам.И мм кога е на работа сама го бањам секогаш,не се плаши мајка .Затоа од почеток покажувајте си кај им е местото дека а им пуштиш малку проблеми си го покажуваат вистинското лице.
Точно, јас си го дадов одговорот. Вака ми олесни малку од малку што се искажав Луѓе, во се да се меша и се таа да знае ние ништо, незнам како е можно Јас се нервирам што маж ми не го слуша, исто како да не и збори тој
E ova nemozam da go razberam neznam vo kakvi odnosi neka se ama izgleda majkite mnogu ve razgaluvaat ili vas taka vi odgovara vi mestat alista vi gotvat itn a ako toa go napravi svekrvata hel nou odma ona ve pravi nesposobni nesredeni i slicno. Imav provitano i prethodno vakov komentar kao od sveki toa ne bi da go pravi. Nekoi raboti mi se epten non sens. Koj saka kavga ke si najde nacin po toa so citam.
Околу капењето, два и пол месеци се правеше церемонија, собираше се живо, сестри стринки, а јас и маж ми публика. Бебето беше мало и првиот месец, навистина ми беше страв. Дури не ја видов дека појма нема ни таа, и дека и нејзе и се лизга често. Две капења последни нејзини, ќе почнев да го спремам и како што беше навикна го зема и го капе. И замислете и викам дај ми го голем е сега можам, и намерно ќе направеше зафат демек се лизга, за да ме исплаши и да не го земам, со коментар леле баба многу мрдашшшш. Така 2 дена. Третиот ми пукна филмот, ја викнав дома девојката на братучед на маж ми, додека дотичната беше на работа, таа ми потураше, си го искапив без проблем. Попладнето се спрема ајде да го капам, само и одговорив капен е фала. Одтогаш не го има допрено за капење. Коментарот нејзин попладнето кога и реков капен е: сум била батко Ѓорѓија, се да било мое. Уште незнам дали да се смеам или да плачам. Кутрата баба мајката и го зеде синот да си го капи. Грефка.
Со тој коментар ти покажала колку и сече паметот. Твое бебе е, зарем не треба ти да си го бањаш? Боже ме саклони од вакви! Уживај си во мајчинството мила, брзо растат бебите.
Аууу, сум пропуштила. Нит мајка нит свекрва сум дозволила да ми бањаат дете. Ок, сега замиваат газе после какање ама тоа е тоа. Свеки за бањање ништо не кажа, само на прво бањање се тупнаа со свекор ми, ќе снимале. Викам ќе снимате ја кога ќе сум списобна. И имаше коментари, лелеее облакај ја, замрзна, леле ете плаче и студи... бла бла бла бла... Ама после одредени ситуации кои ги имам ппишувано, одлучив дека мое дете нема никој да чува, може да причува во зорт. Е сега пошо виде дека не ја давам на чување, а изгорена е за тоа и ноннстоп збори оди ако имаш работа нешто, оди легни спиј, шоне идете сами на свадба ја ќе ја чувам(а поканета и таа на блиска свадба) и такви слични непотребни ситуации, сега пробува со тактика ќе давам и дозволувам се ба дете и дете ќе ме сака. Амаа таа дади у рака, ја земи, мама тоа не е твое и не е за деца. Имало прилика кога сум ја оставила зошто сум имала работа, ама шо мора со сила да ме тера некаде да одам, спијам или шо и да е. И така... ради тие испади што ги имаше, не смеев дете ни на мајка да оставам на забар да отидам, зошто мора кај неа, ако морам ради тоа дете на -15 да извадам од дома навечер у 7. Нема везе тоа... да сум со нив, ќе ја оставам таму, логички. Некако ми делува ко вечен натпревар, која е по-баба. Која имала поише права. Ауууу сеа коа ќе ми текне на еден бивш(да не ја критикувам само моја свеки).. па тоа беше луѓе лудилооо. Кај мајка се идело 1-2 пати месечно. У кафич и општо кафиеа со другарки не, тој може да иде по кафани. Внуче- па се знае која баба повише го сака- свекиииии јупииии... таа има поише право над него. И така, уше триста да се чудиш ситуации и среќа што ги видов у врска, пред да биде касно. И буквално раскинав ради тоа. Секакви има... Јас сум рекла, за се ќе трпам ама за дете, не!!! И уште 10 да родам сите сама ќе ги гледам.
Свекрва ми ниту еднаш го избања малиот, од мој инат, само 2 пати ми има помогнато, демек ќе ме учела, јас чисто ај дека и е мерак нека помогне. Јас бебиња имам бањато претходно не ми треба учење. Сакаше и од околу демек како она не бањала, свекрва и бањала. Епа извини ама после 47 дена у болница, на никој не го давам малиот за бањање, мој си е, таму сестри го бањаа кога го извадија од инкубатор. Плус со 1770гр. дома дојдовме, лесно ко песна под чешма бањање на почеток. Не му се плашите многу.
Тука ли е журкатааааа За бањање да си кажам и јас, више сите кога сте искоментирале Јас бебе во животот дали два пати сум држела во раце! Теле бе,теле. Ни им зборев,ни ги држев, камо ли да бањам бебе. Појма немав од ништо. Амааа.. кога си дојдовме од болница со бебе од едвај 2600грама, си се осеќав нај самоуверено во свет, мислев дека сум и уствари сум, и 10 да си ги одгледам сама! Бањав сама од прв ден. Да, свекрва дојде да ме “научи”, ама само со кофичката успеа да ја полие внуката, не давав да ја бања Како ќе се научев ако друг ми ја бањаше? Се случи еднаш само, бевме на свадба со мм, мајка ми и. свекрва ми ја чуваа малата, во меѓувреме се искакала па ја избањале. Толку. И мене ме напиња стално, легни одмори, ова направи, тоа направи, јас ќе ја чувам .. Ама тоа го правам ептен зорт кога е, да зачистам ли на пола саат, до маркет-забар да тркнам .. Такви се сите свекрви, сакаат да се нај баби. Не сум била чиста .. Е тоа да ми го кажел некој, ќе го отерав каде треба и каде не .. Иако немам против свеки ништо, ми текнува првата недела кога спиеше во дневна, па на секое плачење на бебе стануваше и ми ја отвараше вратата на спална за да видела што и е.. тука се спротиставив и на време пресеков! Исто, не потсетуваше со мм оти не треба кекс никако се до 40дена, мхм важи, секако извештај ќе им дадев кога и што правиме дајте тема за свекор и снаи, оти тука немам што да пишувам,мене свекорот ми е “лоша свекрва” Ако почнам да пишувам за него и неговите правила и понашање, и вие ќе се нервирате дури
И ја имам терсене свекор. Ама мојава го тинтра како заљубена тинејџерка. Пази - не јаде ако не му се постави... Не си легнува ако не му е погодена постелата... Све не чини дури и децата не му чинат... А оваа по негов памет иде. Мислам има тема за свекор.
Да не имаме ист свекор Теди ??? Плус: Што не јаде-не јаде на непоставено,не раскрева после јадење,не оди во продавница по леб туку мм или девер ми ги чека да станат да отидат, а продавницата ни е на 300m. Нека што не оди, ни свекрва ми не ја носи. Ако сме излезени со мм му ѕвони по мин.15пати, кај сме-што сме-со кого сме-кога ќе дојдеме. Цел ден си лежи во кревет и издава наредби на свеки или мм или девер ми “ дај вода, стави сок,дај ми благо, подај телефонот, остави чаша на маса,стави дрва на огнот, моите деца се најлоши(ама јас намерно им викам така за да станат подобри), од работа не се откажува туку се трпи.....” Последново е заради тоа што знае дека сакаме Имачка (германија) да ја фаќаме, па не разубедува
Еве сум ви јас Свеки, освен што сака се да знае, за друго погодена ми е. Знае да и се испушти нешто, ама не придавам многу значење. Ама свекор ми се знае тој бе луѓе само тој знае, само тој може, само тој работи... ако и тој не си купува леб и не треси чаршави. Во соба влегува без да тропне... А ве буди ли од спиење за да јадете ?
Јас сфаќам дека има забегани свекрви, ама вас ич не ве сфаќам жими се' . Не сфаќам како уствари преќутувате за ситници, па после за големи работи веќе "немате право на збор". Не е важно дали е свекрва, може и мајка и баба да е, не оставајте никој да ви кажува правила. Ако веќе сте и' дома, ќе почитувате поредок и навики, ама па некои работи, како бањање на бебе и слично, нема зошто да ги слушате.
Nema nisto strasno vo banjanjeto neznam zosto se pravat tolku filmovi od toa. Samo so se rodi bebe i jas se osposbiv malku po poragjaj 2 den sama go banjav uste dodeka bevme tamu do mene imase sestra koja samo mi kaza kako treba i si zamina. Taka da malku poopusteno i toa sto treba ke si bide ne e naycna fantastika.
А замисли да ве фатела на сред кекс пред 40 дена кога ќе заплаче бебето и она со трчање отвора врата. Може ќе ви чадела со темјан во собата. Нас за малку ќе не фатеше така, си реков сигурни подразбира дека до 40 дена нема да имаме и си влегува кога ќе заплаче бебе. Нас не будеше. Специјално за прашањево почнав пост. Ајде кафето е готово (за мм ја не пиев кафе), а и он сирот во кома бебе едвај во 7 сабајле заспало таа во 07:10 влегува во соба. Па ајде да јадете! Па едно утро кога рече дека не биле кафе пиени со свекор ми ме чекале мене да станам да им сварам. Па свекор ми викаше снаата требало кафе да прави во куќата. Страшно е и дискусијата се разви поради бабината деветина свекрвата да го бања бебето до 40 дена. Страшно е кога можеш, а она не ти дава, ако треба ќе те турне и таа ќе го избања. Така за вакцина ме турна таа да го држела ама јас не се поместив и сестрите рекоа мајката да го држи па и незгодно и падна. На роденденот таа да го држела, а на крштевката ја да не одам. Еднаш на праг од врата се гушнавме со мм и таа не тргна да не сме се гушкале на праг. За сите примери погоре бев тазе породена со страшен пораѓај немав сила да се спротиставам. Не се карав бидејќи бевме во нивна куќа. А сега имам психички последици од целокупната тортура. Среќа се одделивме за брзо. Затоа кога читам само посакувам на сите што побрзо да се тргнат и да си го пронајдат мирот!
Затоа маж ми на сѐ им одговара дека сме атеисти, или уште полошо Будисти Мајтап настрана, мислам дека ги увери
Е не сум знаела дека таков свекор постои. Може зашто мојов е утепан целиот и само под некоја наредба од женичка. Како она ќе каже така прави,некогаш го жалам човекот.Среќа од првиот ден не живеам заедно со нив,иначе ништо од нас немаше да биде.
Зошто не заклучувате врата? Без разлика дали имате однос или не у спална нема шо да ви влева. Коа ќе пољуби врата 2 - 3 пати ќе се научи и да тропа и да прашува дали да влезе, а не да влева ко никој да нема внатре
Во толкава депресија потонав уште првиот ден кога дојдовме од болница кога видов што ме снајде не ми ни текнало на ова, башка не ни имаше клуч за вратата. Пред да се породам не живеевме со нив, живеевме под кирија. Викаа дека е срамота трудна жена да не е кај свекрвата и свекорот, а замисли со маж ми живеев, не живеев кај моите. Па падна муабет кога ќе се породам со бебето и кај нив! И замисли после долго противење така и направивме. Ќе си речеш и кој ти е крив сега? Ти сама што дозволи да живеете кај нив. Па за некој месец пак си се вративме под кирија. Зборуваа како сме ги посрамотиле сме им го зеле внучето!!! Истото го збореше и девер ми, ќе речеш млад човек, а затупавен. Па откако се отселивме во странство мислам ги докрајчивме. Сме ги посрамотиле за цел живот! Доброто во сето ова е што сме едно со маж ми, а што ако тој сакаше кај мама? Не сакам ни да помислам. Ако не се вратев кај моите ќе бев во лудница. Затоа на прво место мажот е крив па потоа свекрвата.
Аха, ама на телефон, и тоа ѕвонење едно 10пати, дека јадењето е готово, ќе се олади, ама ај не дремете касно е .. Наутро од почеток по бебе влегуваше, а јас на пижами пример во спална.. Некни вечерта пак се залета, му реков на мм стани изгаси ми го светлото и излези.. Па му текна и на свекорот дека нема шо мајка да ми бара во спална во 9 навечер ! И он се знае, никој не е попаметен од него, он има најмногу искуство во животот, полн е со цитати од неговиот татко кој и сам кажува дека не го фермал ни 2%. И за женски и за домаќински работи, се си знае човекот А единствена работа што прави е што станува за да јаде.. За клучење.. Пфф, ни клуч немам од спална. Знаете до кој степен е безобразен? Навечер кога спиевме нормално со затворена врата спиевме.. Епа, на бебе ладно ќе му било па почна да ни ја отвара он вратата во 5 сабајле! Секој Божји ден. Ко што знам да заспивам доејќи ја малата.. не сакам да замислам во каква состојба може да ме зачека да ме види. Не е он крив, мм е. Ко дете некое се понаша сеуште, а и они така го третираат, он за нив е помалото синче, а не син кој веќе е женет и створил фамилија. И сум кажувала и карала и со мм и со свекорот, ништо не се менува.