Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.976
    Ние стварно сме атеисти :devil:

    До душа за дм не знам, тој не е ништо. Ни атеист не е.
    Просто не му е гајле :D
     
    На Milobebence, 1209, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.387
    Допаѓања:
    183.434
    Пол:
    Женски
    Па тоа викам, кој како си сака. Ние не сме атеисти, барем јас не се осеќам така, со оглед на тоа дека славиме Бадник, Божиќ и Велигден. Ама, нечисти до 40 дена, крстени води за незнамтишо, молитви мали, големи, средни, не правиме. Не сме венчани ни во црква и децата не ни се крстени. Ама тоа е наша одлука, па и нека не е правилна, наша си е.
     
    На Milobebence, SV1911, TeddyGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    137.181
    Пол:
    Женски
    Јака ви душа женски, вака коа читам шо се има ми иде да ги изгушкам моите и медаља да им закачам. Не е дека се совршени, далеку од тоа. Имало испади и од нивна страна, ипак луѓе растени и воспитувани во друго време, ама среќа па разумни и и да згрешеа премислуваа од после. Ама ние и двајцата покажувавме и уште покажуваме заби коа треба. Затоа подберете убаво мажите, па после се шо иде ко бонус покрај нив :D
     
    На Milobebence, cresa-jagoda, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Ima sekakvi primeri fala bogu svekorot i svekrvata ne se od tie i ne sme se karale ako ima nedorazbiranje se resava so razgovor. Za cuvanje i vospituvanje na deteto ne mi se mesa nikoj ne ni dozvoluvam.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    16.246
    Адетите немаат никаква поврзаност со религијата, туку се паганска работа и обични измислици од народот.
     
    На Milobebence, zalosna, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Naturel

    Naturel Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    494
    Ве разбирам вас мајките што сте пренатрупани со адетите од свекрвите, ама уста да си отворите. Со мојата добро поминавме адети и други глупости немаше. Неколку пати се случи само да не сум излегувала надвор ќе сум немала млеко, или го бакнав малото додека го заспивав не смеело ќе сум му го земела сонот. И реков СТОП со простотилуци и такви глупости несакам да слушнам. Го капеше на почетокот затоа што јас неможев да мрднам од што премногу бев сечена, и мајка ми го капеше додека оздраве раната, препирки и која е побаба немаше. Што и да прави едно сфатете мајки за детето сте една и единствена, баба си е баба. Посветете му внимание на детето за него сте една и единствена се додека не порасне :D
     
    На Anyshka, Milobebence, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    7.634
    Пол:
    Женски
    Случајно налетав на темава и истото си го помислив :rofl:.

    За бањањето, еве баш вчера му викам на мм уште не сум пополнила во Радосницата, срамота е, ќе лажам :D.
    Ние спремни со корито со сталак, во болница ни покажаа како да го бањаме и решителни со мм дека од прв ден сами ќе го бањаме. Дома беа свеки и мајка ми и ете муабети од свеки како сами ќе сме го бањале... ама ние пресековме. И ај застанаа како публика. Му викам на мм ти држи го јас ќе посипувам и почнува свеки, не го држи така, не вака, не ова... нас раце почнаа да ни се тресат, тензија што да ви кажувам. Малку му се подлизна на мм и тогаш свеки се засили, леле ќе го утепате детето, абе така ли се бања, ќе го утепате...:@
    Го пробањавме демек и останав јас да го облечам а мм им се развика на двете, излегувајте од спална одма. Мајка ми си излезе ама свеки упорно објаснува дека ќе сме го утепале:x. Успеа он и неа да ја изнесе во дневна зашто виде колку се изнервирав и се развикал да прекине, да седи ако и се седи, ако не и рекол “Ќе те качам во автобус и дома да си одиш”. Е тука почна (продужи) драмата. Свеки носот до плафон, лута па и до плачки дотеравме вечерта. Да повторам, дента кога си дојдовме од болница :!:.
    Утредента пробав да смирам тензија и и реков ај ти покажи како да се бања, не морало во корито. Наполни леѓен и го држеше над него. Прво зема газето да му го измие, така се почнувало, па лицето... Чекај, викам. Како прво газето?:o Па ако де, не било прљаво оно. Аха, ок и викам (секако утредента ќе си одеше па си реков непотребно ќе се објаснувам). Следните неколку пати мајка ми го бањаше, си намести тетри од доле и го легна, без да се топи папочето. Според неа не беше ок да лежи на сунѓерот, коритото да биде на сталакот... ама после фамата од првиот пат ни требаа неколку дена да се опуштиме. После тоа и реков фала, сега почнуваме ние сами. И еве уште заедно го бањаме со мм.

    Имам среќа јас што мм не ќути. Ама многу пати јас сама му викам ај батали. Свеки кога сме кај нив обавезно ни влегува во спална кога ќе и текне. Не има начекако и додека се облекуваме. Некогаш ќе преќутиме, некогаш мм ќе и рече де бре излези, не ли ти е срам, ама нема срам она. Искрено ме нервира тоа ама за два дена во месецот (ако не и подолго) си викам џабе ќе се расправаме.
    И да, најмногу ме нервира што не сака да се прилагоди на нас туку го зима пример детето и си тера по нејзино. Па дури и се осудува да му рече “остај ја ти мајка ти што вика, баба ќе ти даде”. А не го видела месец, два.
    Последно детето во фаза на проодување, игра на под и јас го седнувам. Одеднаш свекор ми вреска од таму “Не го седнувај!”. Јас таква во шок “Зошто”? Мало било (facepalm)
     
    На Anyshka, duffi, magichips и 13 други им се допаѓа ова.
  8. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Исти психички последици од исти причини, на роденденот кога дојде време да се дува, се погоди таа да го држи. Ајде му викам на малиот да дуваме, нејзе не и се обратив, ме гледа и се мисли дали да ми го даде да дуваме, едно добри 10 сек. неможеше да испроцесира дека таа нема да го држи за дувањето. Џизс. Првите 40 дена имаше одмор, дремеше дома, спиеше на спратот кај нас. Кога тргна на работа редовно без исклучок секое сабајле се качуваше горе, како на распит, влегуваше во спална, како сме биле да провери, спалната заклучена, тропа отвориииии. Само колку пати се преправав дека спијам, џабе. Уште имам трауми кога ќе ја слушнам влезната како се отвара.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Sandrin4 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.742
    Пол:
    Женски
    Сесил у право е.
    Ама нели мажите на балканот за тоа служат да полнат кафаните и кладилниците а дома жената нека се утепа со свекрвата за борба за претсолот односно за свое родено дете.
    Дека се у право не се.
    Искрено, имав напади од мојава самк последен пат кога седевме, ама и покажав местото иако и ден денес се каам дека требаше построго ама маж ми беше тука да ме заштити рака на срце.

    Јас не знам ама мислам дека штом дојдат до некоја си одредена возраст и имаат внуче 180 степени се менуваат на лошо. Уствари не знам дали се осеќаат воопшто ама прават стварно напади лоши.
    И не не подржувам јас избувнав ко лав оти трпев трпев и преку глава ми дојде.
    Е сега си е мирна ко бајче пустата ама заслужно оти ја претера.

    Јас и маж ми сами израснавме дете, сами бањавме, уствари он бањаше. Абе од маж што не видел и држел бебе у живот се претвори во најгрижлив татко просто не ми се веруваше.
    Значи тоа иде спонтано кога се сака се може нит е научна фантастика нит ништо.

    Ама нели мажите па така кладилници не можат да полнат и кафани.
    Абе еден стап на балканот и удри што појако.
    Е*ате "мачомените" сељандури.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Lolipop23 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Извини @vitamina што дел од твојот пост земам како пример ама сум приметил дека кај поголемиот дел од феминки се провлекува истото односно како да си имате некои клишеа и сите едно те исто го кажувате во врска со балканскиот( со самото тоа нели македонскиот) маж. Ама сето тоа некако ми изгледа како контрадикторно или пак некој тука лаже и не сака да се стави во овие клишеа.
    Значи, муабетот ми е , еден куп постови каде се кажува “мамини синови, се грабнале за сукњата на мама ама мојот маж е супер“, “сељандури“, “прости“, и многу други етикате ама секогаш пропратено со тоа “ за среќа мојот сопруг не е таков“. Испаѓа дека 95% од вас имаат мажи со модерни сваќања, кои имаат разбирање за се ама генерално балканските мажи се никакви. Една кажа дека поради оправдани причини свекрвата и го бањала бебето и тоа само првите 2 недели и сите други потоа што се јавија рекоа дека секој сам си го бањал детето. И пак, абе прости балкански мажи кои седат само во кладилница , не помагаат дома а жена со таков маж тука не сретнавме. Не дека ги нема ама според тука прочитаното таквите се во многу мал број а вие генерализрате дека тој мал број значи и правило.
    Лесно се лепат етикети кон сите а од друга страна се борите против такви етикети кога одреден број на мажи ви лепат етикети како “курва“, “спонзоруши“, и не знам уште што?
     
    На Bella*, Ladyyyy567*, Orchidea и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.797
    Пол:
    Женски
    Леле ова последново, дете седи од 5 месеци, таа на 13 го држи за рака и грб, седнато пред неа, таа раширила нозе, да не падне.
    А 100 пати реков, остај дете ортопед рече никако држење. Ами страв ми е ќе падне.
    Друго што ми текна... мењам пелена и дете какано, вика аааа машала и гомцето и е убаво.
    Од раѓањр и ги гледа пелените какво и е гомцето. Памѕам кога викаше, ја ја ѕирнав пелената, ок и е...
    Така така, си имаат киксови.
     
    На CameliaMiller, mal.ecka, ZAHRA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.387
    Допаѓања:
    183.434
    Пол:
    Женски
    Една кажа дека свекрвата ѝ го бањала бебето до 40 дена од оправдани причини. Причини да не се налути свекрвата. А за останатото што го пиша, така е.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Ауууу, жени... Одам јас да си ги гушнам мм, мајка ми и свеки, златни биле бре! Раце им немаат измиено не па да ги бањаат бабите. Ни јас не сум многу погоре, кај нас дома за бањање во главно е задолжен мм. Како не му е срам, папучариште! Немате вие толку проблем со свекрвите колку со маженцињата. Да им кажете кога ќе им пораснат влакна на брадичињата и кога ќе им се спуштат мадињата, да дојдат да бидат татковци и мажи. Срамота.
     
    На eli25, duffi, Someday и 11 други им се допаѓа ова.
  14. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Девојки молчете кој знае ние какви свекрвишта ќе бидеме.
    Мислам на тие што имаат синови.
    Една пријателка свекрва и цело време и префрлаше за куќата дека била нејзина.
    Затоа кога почина секој ден и носеше по една цигла на гробот бидејќи си вети дека кога ќе почине куќата ќе и ја пренесе целата таму.
    Свекор и неможеше да се изначуди ама оваа си го истера своето до крај.
    Нека им биде јасно на свекрвиштата наши дека ништо не е вечно на овој свет и дека на оној таму со празни раце ќе одат нит куќа ќе однесат нит покуќнина.
    Само кај нас е тоа простотилукот останат.
    Како што ми сметало се кај мајка ми и сум и кажувала во фаца така и сега си кажувам инаку во лудница ќе завршам.
     
    На Anyshka, Someday, petunija77 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    @fina erika Па куќата била нејзина :D Шала на страна, мене ова никогаш не ми било јасно, познавам доста што ете очи ќе си извадат во една куќа, отколку сами да се тргнат настрана по кирија :?: Јесте свекрвите не се цвеќиња, ама и таквите снаи, мислам зошто побогу еден млад здрав паметен човек би се замарал да си го троши времето со една свекрва, додека е жива, а не па и после тоа :D
    Луѓето обидувајќи се да го загорчуваат туѓиот живот, најчесто завршуваат и самите тие огорчени и една златна, мирот нема цена :bow:
     
    На mimiiiii, Rebecca_R, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.844
    Пол:
    Женски
    Ама не треба да заборавиме и каде живееме и дека нема секој да плаќа кирија со една плата од 12000 денара , и тие млади не сакаат така , ама кога налагаат условите тоа е.
     
    На Anyshka, ZAHRA, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.369
    Допаѓања:
    37.469
    Пол:
    Женски
    Ние зедовме прилично добра сума на кредит бидејќи платата на мм одеше само на кирија и сметки.
    Ама добро некој можеби не е во можност да земе кредит, не сака да влегува во дупка и слично, но нашиот избор беше тој. Добро е што можеме да го исплаќаме кредитот. Почнавме си кредитни картички и на крај кредит.
    Значи свекрвински кредит сме подигнале.
    Здравје ако имам снаа мислам дека јас ќе бегам од неа. Ќе ме потсеќа на релацијата снаа свекрва од која имам уплав.
    Најлошото е кога се доаѓаш дома со детето и наместо да се радуваш се прашуваш што ме снајде?!
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Па и ние сме со кредит..ќе работиш,ќе стегнеш заби бар знаеш твое си градиш.И најдобро е сами двајцата партнери да си створат со труд и љубов,него да ти даде некој па после низ нос да ти вади.
     
    На Anyshka, S.kiki, mKdevojce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    16.921
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е на тебе и маж ти @gjoker4e секогаш те читам и многу ми се допаѓаат твоите искрени зборови секој твој пост го читам и ти се восхитувам колку се трудиш,борбена,секој ден нешто ново ти се случува во далечна земја и покрај секакви искушенија силна си,не се предаваш продолжуваш напред уште посилна:bow:.Дај Боже сите да бидеме како тебе,многу си позитивна личност многу ми е мило што успеавте.:f:
     
    На eli25, cresa-jagoda, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.976
    Не познавам двајца млади што живеат со 12 000 денари, извини вака, ама ако студенти имаат време да наоѓаат работа, секој може. Лошо платена, не по струка... ама најлесно е да немаш.
    И ако планираат да ствараат семејство со 12 000, стварно не знам што да кажам.
    Со среќа?
    Оти ќе им треба.
     
    На NarCis@, SV1911, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.