Ако толку сакаат да бањаат, дајте им ги во фазата околу 2 или 3 години когане сакаат да се бањаат. Е тогаш да ги видам како ќе бањаат. Ми требаат 2 саати да се вратам у нормала сега после бањање од шо се дере дете и бега да не ја топам и вреска помоооош. Секогаш кога ќе ме изнервира свекрва, ве читам вас, и одам да си ја гушнам.
Ама 2-3 години кога имаат, ние сме чисти. А нечисти сме до 40 дена. #човекотучидодека е жив Дури и мене мојата ми доаѓа да ја гушнам
Од секогаш сум имала некое необјасниво лошо мислење за свекрва ми а никогаш не знаев зошто. Веројатно зошто како дечко и девојка на неколку пати и се случи пр. мм да го праша дали нешо сака да јаде, а ја у соба на игнор или на внуците да им шепне дека има благо у фрижидер а ја до нив.Нејсе. Откако се земавме стана предобра, цело време за се ме поштедуваше, плус и одма затруднев,ручек специјално за мене. Арно ама у позадина си има проблем со ќерка и алкохоличар.Она е од Хрватска и кај нас е неколку месеци и страшно мразам кога пијана му виси на детето и тоа сум го рекла милион пати зошто пробува даа го земе да го галела. И кога крајно еден ден ја избркав од соба на најкултурен начин со 'те молам излези пошо си пијана', свеквра ми се дрзна да ми се дере што уствари мене ми згрешила ќерка и,па она немало да го повреди бебето, како тоа ја сум ја избркала од соба, сум и се дерела и вреѓала и незнам што уште не, како јатрва ми се жалела дека сум и дрпнала бебе од рака. Абе измислици еден куп!! и се јавувам на јатрва ми вика врска нема никогаш не сум и се пожалила од тебе, ти си мајкаа твое бебе е. И викам на золва ми кога тебе ја сум те вреѓала и бркала на лош начин вика нее ти ми рече излези пошо си пијана. За среќа и во соба кога беше ситуацијата со золва ми а и во муабетот со свекрва ми беше присутен мм и се слушна, се виде и за се ме бранеше. и после виде дека о он не ја брани, па ај почна како ја не сум чистела вц она имала астма. а цигари по две кутии кога пуши тогаш нема астма нели. абе глупости еден куп. само пусти пари што не можеме одма да си идеме. па и зошто кога сум искачало ме немало по 6 7 саати. и му реков на мм ја на мајка ти отчет нема да и давам кај сум и што сум, нема по цели денови со неа и сестра ти да седам ко кума. и така, си се изнајдосав битно ќе се сакаме највише да не живееме заедно, вака под ист кров ќе пукне еднаш. Битно ме научи на најбитна ствар у животот, а тоа е веќе да не ќутам на никој и нишо зошто се и кажав што ми лежеше на душа оваа една година откако сме у брак и нормално за се тоа поткрепено со факти и докази не измислици од ракав
Девојки што би направиле доколку на фб од вашата свекрва наидете на разговор што зборува се најлошо за вас и ве оговара? Притоа пред мене и мм е мн фина како многу да ме сака ама очигледно тоа било глума.
Би и го покажала и би ја прашала:"Што е ова мила моја",не би преќутела и да си се нервирам,што на ум то на друм и мирна бачка.Хммм....малку незгодно и како би ја гледала и како би се однесувала после тоа......
Добра ти е идејава. Значи на разговорот наидов сосема случајно и беше заборавен фб на лаптопот и плус тоа разговорот е со мојата золва. Вервајте дека ништо не сум му згрешила ни на едната ни на другата и зошто имаше потреба од такви муабети се чудам. Незнам веќе како да се понашам а незгодно е во иста куќа сме.
На приватен разговор на фб не можеш да налеташ случајно. Можеш случајно да видиш дека лаптопот и' е отворен и дека не се одлогирала од фб , но за да видиш разговор, треба да прочепкаш а кога некој чепка, наоѓа не мислам дека треба да се расправаш на оваа тема зашто ти ќе испаднеш крива (и со право), бидејќи во случајов си ја нарушила нејзината приватност. Но, доколку толку многу ти пречи, можеш во следна прилика да искористиш некоја фраза од разговорот, без притоа да признаеш дека си чепкала. Ем ќе се замисли малку повеќе, ем нема да влезе у конфликт со тебе зашто така и она би се разоткрила.
Не мислев дека ќе пишувам на темава, ама еве стаса бебе и ќе се најде нешто за кажување. После 20 дена кога малата си спиеше супер ноќно време, се погоди ден каде едноставно не сакаше да заспие. Речиси 6 саата помина во цицање и врескаше кога ќе ја тргнев. Ај некако ја преживеавме ноќта. Кога следниот ден и кажав на свекрвата што се дешавало, добив препорака да ја измијам со крстена вода... Само го изигнорирав коментарот и имала среќа што не ме најде во среде врескањето тоа да ми го рече. Јака ви душа на тие што живеете со свекрви, мислам во таков момент да ми влезе во соба и да ми дава "совети", може само да го изеде подебелиот крај од стапот.
Добро де мене и мајка ми ми го има кажано, па ништо страшно. Што ми се ,, допаѓа,, слушам, друго игнорирам.
Ехее @Spidy, таман работа за тоа ако се нервираш, хехе. Ќе добиваш секакви совети од сите и миење со крстена вода е благо речено еден од подобрите. Мене ми велеше главата да и ја избричам на ќерка ми, поубава коса да имала, да сме и ваделе клинови, да сме ја носеле на бајач, да сме и ги бричеле рамењата со мајчино млеко, даа сме чувале метла до креветчето. И нормално кога рековме не, ни беше речено дека ние младите ништо не знаеме и не послушуваме во животот и затоа а ќе си патиме хаха. И мајка ми имаше по некој испад, не велам не. Добро, барем девер ми е суеверен, па и се исполни желбата да ги направи сите тие работи на неговото...
Крстената вода е најмалце страшно нешто. Ама за другиве работи кога некој ќе ми спомнеше викав да бе да, важи обавезно. Шо ќе се нервирам. Во ништо не верувам, а и не знам кое што значи.
Кога пукаат хормони во нас, особено за плачење бебе кога даваат совети, сѐ нѐ нервира. Да си бидеме искрени И мене сега ми е глупост, ама тогаш, коса ми се дигаше.
Уште ми се дига коса за некои работи. Некогаш некои коментари не се потребни, ама они, не зависно мајка, свекрва не се живи ако не ги дадат. Вчера добив од мајка ми коментар, дека сме ја размазиле. Викам кој јас??? Па нели до вчера викаше дека многу сум и викала??? А баш бабите се тие што галат и размазуваат. И не можеш да им докажеш дека после ти ќе си имаш проблем. На кивање свекрва ми мора да каже, ми ти е ладно тебе, дојди да те натргне баба. Не знам само како ќе помогне маицата у панталони??? Ама јас одам и ја вадам и викам не ми се шетај ко сељак вака. Па сега нека размисли како ми е мене кога таа оди притив мене. Детево 17 месеци, седи, јаде, оди сама... ама таа мора за се да ја држи. Ќе паднела. И викам остај ја, нема да сака да јаде така, само ќе се нервира. Не бе, на дрво зборам. И затоа оние работи кај кои што можам да поминам со аха важи, ми се смешни. Секој ден е лелееее многу е бистро, лелеее мн е паметна... само викам да да... ме отече. Моја е да, паметна е, ама јас сум свесна дека има и поубаво и попаметно од неа. Секад ама секад има некаков коментар. Е сеа разликата е што мајка ми ќе се повлече у момент, а оваа ќе се праи на 3ипол ко да не те слуша. Па треба по детево да се раздереш за она да разбере. Еве една случка, си одиме од кај нив, облечена по јакна и патики. И и бара да ја носи во соба да и пушти тв.. викам не, си одиме. Она, ајде бабичка ќе ти пушти. Викнав, Сара, доаѓај, по чизми си не може таму, го грабнав мм и му реков реагирај. И он викна, не ја носи. Викам како така по кондури ќе се шета кај стигне?? Не може. Ама од пуста желба да ја сака, и авион ќе и купи. И така, тоа се тие работи за кои се нервираме секојдневно. Па крстена вода ми е обична чешмовача На другарка баба и ми редеше, коа ќе отидеш дома вака ќе и забаеш.. ууу викам бабо, знам, обавезно тоа праам хахаха.... е такааа браво. Има има се по свет.
Што ви е на вас бре? Се карате затоа што свекрва ви ви рекла да измиете дете со крстена вода, ко да ви рекла земете пресечете му еден прст. Разбирам да земе против ваша воља да направи нешто, ама вака. Па таа жена сака само да ви угоди, пробува да најде начин. Кажала, кажала, не мора да исполните. Какви проблеми има, ехехееее... Свекрви кои тепаат снаи, кои прават триста ѓурултии, кои им напакостуваат на младите, та оти рекла де замиј го со крстена вода, може ќе помогне. Па и јас замив дете со крстена вода кога мајка ми ми донесе од Црна Гора, вриштеше и искрено се ќе пробав за да прекине, ама баш се, пошто вриштеше а немаше никаква причина реално. Што ќе му биде ако го замие, не ќе се скрши детето, нека и пројде редот, па и да мисли дека нешто направила со тоа. Навистина не ве разбирам. Ако не праша зошто не прашала, ако праша зошто прашала, ако каже зошто кажала... Најискрено не ве разбирам.