Ке ја победиш ако се изнервираш или ако и се насмевнеш и задржиш расположение? Побитно е да си среќен одколку да си во право.
Многу борбено Она како баба нема право да купи на внуче? Дури и да ја копира снајка, смешно е тоа, не за нервирање. Супер- 2 торти. Поише за мене Плус иди живеј во нејзина куќа и обраќај и се така некултурно во стил" ене ти го маж ти" , ќе видиме како ќе одат работите.
А што ако живеат во иста куќа,м? Тоа ме интересира. Демек живеат заедно и свекрвата може да прави што сака? Денес торта, утре ќе им се пикне во кревет. Многу застарено сфаќање имаш.
Не мислам дека свекрвата може да прави што сака, туку дека со некултурен однос, проблемите идат до израз, особено ако секојдневно се сретнуваш и си во нејзина куќа.
Според мене не е на снаата и синот Снаата и синот нека напнат газ и нека си направат ако сакат лично нивно
Правиш разлика од дом или стан/куќа? Заеднички дом но куќата како објект е на оној кој вложил во неа, и де јуре е на имотен лист. Можда е маж и на имотен, не знам. Може таа ако реши , да ја продаде куќата, пошто е нели и нејзина откако се мажила? Не баш. Оној на имотниот лист , може. Немој да цепидлачиш само и само да е твојот збор последен. Јас не реков дека она треба да трпи малтретирања, само реков дека е ова можеби иритантен, но минорен проблем и да си чува нерви. Сега е појасно?
Жено, кој цепидлачи? Јас само сакав да ти укажам дека така се почнува со мешање во брак, од ситница, па понатаму... Ама ти почна да мешаш дали е куќата на свекрвата и треба снаата да ќути и да се смешка. Нема врска што е ситница, туку иритира односот. Може жената сакала со мажот и синот да си прослави, да го изненади, сфаќаш? А не мамичка да му се истопорува на прво место.
Фино , супер. Мојот совет е да изигнорира , да си гледа маж, дете и да си го пази раетот и да се изнасмее на постапкава со иста торта. Твојот совет е да и "скреше у брк" дека си има маж за торти, а не син и внук, и да не си дозволува многу , многу. Има снаава доволно ситуации претпоставувам да ги испроба о двата приоди, јер нели " во заедничка" куќа се. Ме интересира кој пристап ќе е со подобар исход по односот нивен и по нејзините нерви. Поздрав до тебе.
А што го мешаш внукот во ситуацијава? Во два поста пишуваш дали бабата имала право на внуче да купи. Колку што сфатив на мажот бил роденденот.
@Black girl Нормално сакала да го прослави роденденот на својот сопруг заедно и дека овој однос на свекрватс иритира, што преочигледно тоа и е и целта, затоа @Dentina убаво вели, ништо нема да постигне ако и се нервира и и даде до знаење дека ја изнервирала. И да се скараат, 2-3 дена свекрвата може ќе се повлече и после недела дена со друго ќе ја изнервира, јер нејзина територија. Најслатката одмазда е да покаже рамнодушност, а се знае како овие односи и проблеми трајно се решаваат, секој во посебен дом
Снаи малку збеснувате. Ако е торта причина за нервоза, тогаш сте среќни многу, затоа што всушност не знаете што се проблеми. Иначе, ... Го прашале мудрецот што е нервоза? Одговорил - нервоза е награда која му ја давате на вашето тело за туѓа глупост. За случајот торта... План А - Свеки ја носи тортата, вие ја примате со радост и коментар аааа иста како таа што јас ја купив. Одејќи кон фрижидерот случајно ви паѓа од раце и пак сте со една торта. План Б - Свеки ја носи тортата, љубезно ја прифаќате и и давате на знаење дека немало потреба, од причина што имате торта и е иста скроз. Така тортата од свеки завршува во комора и еден ден ќе си ја изедете. План Ц - Свеки ја носи тортата, ја ставате до вашата. Глуми споредна торта и на крај на роденденот и ја подавате на вашата мајка да си ја понесе дома. ...па пак свеки нека се меша во штипки. СДК не им се потресувајте. Бидете поумни
Wow, you got me.!Така сфатив и јас, ама дека добар дел од она што прави бабата е за да се анимира внукот, тоа е многу веројатно. Да не бил роден внукот, немало да вика возрасен син да дува свеќи. Претпоставувам не знаеш многу за однос баби и внуци и колку на баби им е ќеф да израдуваат внуче, со торта па макар и за роденден на татко му. Нејзината постапка е смешна, не за драми и масло на оган и потресувања. Толку од мене.
Да! Па тоа сакав да го слушнам. Као со внуците се вадат. Јасно ми е. Поздрав Едит: Имаше една членка се жалеше дека свекрвата сакала да спие со иста соба као поради детето де
Немав можност да ја примам тортата, работам еден час повеќе од маж ми. Во тој еден час ја дувале. Мојот план беше да ги викнам и неа и свекор ми и да дуваме сите кога ке дојдам јас од работа, но не го чекале со запалени свеќи долу кај нив на спрат. П. С зошто лани или пред тоа не му честита така? Баш сега кога виде дека носам торта. Чудна е злобата кај луѓето.