И јас би се изнервирала... не за тоа што купила торта иста туку за фактот што дувале свеќи без жената да биде присутна... али сепак треба мажот да и каже на мајка му дека има друга жена во неговиот живот и дека треба да ја почитува поради тоа дека е избраничка на нејзиното дете калку и да не и се допаѓа... ако не.. поработете на финансиската состојба и барајте сами да си живите
Чудна е тој релација снаа -свекрва Чудна е таа ,,љубов" Чудни се тие согласувања и несогласувања Тема што од секогаш го привлекувала вниманието Не дојдов тука да солам памет, само кога ги читам вашите мислења испаѓа дека имам златна свекрва. Но како нова снаа и добронамерниот совет понекогаш знаев да го сфатам како мешање,па да ме фати инат да не постапам така, или ако премногу се грижи за тоа што да јаде маж ми и кажував сега тоа сака да јаде. Можеби фактот што засекогаш за нив ќе останат деца ги тера да постапуваат на таков начин. Пред се заштитнички. Некогаш мислам и смета и тоа што прекрасно се понаша мм со мене, а она ако праша нешто што не е соодветно или е сфатено како мешање точно и кажува кај и е местото. А можеби револтот беше и во мене што како нова се ми беше ново. Да си снаа во денешно време не е воопшто лесно. Преминуваш од еден во друг постресен начин на живот, со нови луѓе, нови карактери. Преминуваш во дом во кој никогаш нема да си целосно опуштен и секогаш ќе биде туѓ. Ќе бидеш и под лупа, помалку или повеќе, и нема да чиниш понекогаш или секогаш. Среќа се помирив со ситуацијата, во моментов не можам да ја променам, па се што ми останува е да прифатам и да се прилагодам. И подобро вака функционираме. Си пиеме кафенце и си имаме теми на муабет. Се почитуваме доволно. Животот е кратот за да го трошиме во омраза. Секако дека има и обратни свекрви, затоа велам среќна сум затоа што не сме на навреди, карање и тепање, фала богу. Ама не сме и принцези на зрно грашок, па секој збор на свекрвата да го анализираме, да го кажуваме на мм, да сееме омраза во срцата, нема потреба за тоа. Оти пак ние сме тие кои ќе си го нарушиме мирот. Не постојат совршени луѓе, не постои совршенство.
Јас сум една од ретките изгледа која има свекрва која и е најдобра пријателка две години живеев со свекрва ми и золва ми и се разбира имавме и мали расправии па дури еден период и си готвевме посебно, но сепак когај си бевме потребни една на друга се помагавме посебно таа мене бидејќи бев со бебе. Сепак мислам дека имам среќа што живее во 21 век и не е заостаната со времето Можам да разговарам за било која тема со неа и ми ги дава најдобрите совети. Сега година дена не живееме заедно, но сепак когај и да ми затреба таа е тука
А жената нема ли родители кои се грижат се неа? Испаѓа само мажето има мама што секогаш ќе се грижи за него и ќе кажува што и како ќе биде. Јас не сум слушнала родителите на жената да се мешаат и наредуваат како што тоа го прават родителите од мажот. Не знам зошто мислат дека се они најбитни а жената е споредна улога. Јас уште кога дојдов кај маж ми свекрва ми ми рече дека жената не била толку битна, дека мајката секогаш ќе биде најбитна за мажот и дека само она се највеќе секирала за мажот. Па ако е така зошто се женил тој маж?
Има секако, но се знае дека женското оди во друга фамилија каде често е потчинета за жал. Баш за женско чедо повеќе треба да боли ама не можам да го земам домазет. Но и бабите знаат некогаш да се замешаат, може не толку ама го има и тоа. Треба посебна тема да се отвори зет и баба хаха. Да не се лажеме не можат да не сакаат како свое дете, ние секогаш ќе бидеме туѓи. Но треба да се даде простор и на младите. Па и ако не не сака свекрвата, може и ние не ја сакаме, пф голема работа, кога мм лавовски ме брани, она е споредна, прифатила или не.
А што кога свекрвата се праве лизна мазна пред синчето, што кога му праве лице за да испадне она добра, а снаата лоша што ја напаѓа, што кога пред синот и снаата зборува едно, а зад грб друго прави? Што кога мисле дека е она најважна за внучето и кога оно пруже раце кон мајка му, она цврсто го држе и не му дозволува да оде кај мајка му, кога затвара врата во собата кај што е снаата и не дозволува на внучето да влегува кај мајка му? Што кога не ги слуша родителите и праве како она сака? Кога на дете од година му дава мобилен да врте слики и да си игра на него? Кога постојано го држе во раце за да не оде во мајка му? Што кога го праве истото што и нејзе и го правиле а за кое што пред снаата ронила крокодилски солзи? Некои жени од лицемерие веќе не знаат што да направат
Доколку тоа што и го правеле нејзе сега ти го прави тебе значи дека местото и е за на психијатар жената имала трауми и сега не знае како да се однесува за жал... Треба да разговараш со сопругот на мирен начин доколку не те поддржи тогаш земи си го детето и замини си некое време кај твојте додека не ја види грешката и свекрва ти и маж ти
За жал не можам да ти одговорам нешто што не сум искусила. Тазе снаа сум јас, не значи дека понатаму ќе немаме судири, но едно знам дека тој е секогаш на моја страна. Дури си велам со што заслужив така да ме третира. Среќа и свеки не се меша премногу до тој степен да сака да се натпреварува. Знае да прашува некогаш повеќе, но не морам се до детали да и кажувам, па се повлекува. Знам дека е тешко кога под ист кров владее не трпеливост и натпревачки дух, но мора да се издржи или да се бара друго чаре. А за мое дете така да ми прави богами ќе ме види во издание како не очекувала ни во сон. Јас да го раѓам, чувам и пазам а она да изиграва мајка е нема да може. Све ми дирај, ама тоа не.
Во иста куќа ама на различен спрат сме. Спрат за кој плаќаме кредит, а они зборуваат по народот дека немале пари оти ни го правиле спратот
Мислам вината не ја барајте во свекрвата, туку во сопругот. Со него сте во брак, тој мора да знае како да се постави и со кого тој е во брак. Почит и поддршка мора да има максимално. Конкретно за членката, значи јес е дете на неговите родители и роденден му било, ама и да имало и да немало торта, колку смотан треба да бидеш за да не ти текне дека имаш и сопруга што е на работа и треба да ја почекаш и неа, за да сите заедно да прославите. Како морало одма, во игротеката имал закажано, никако не смеело 1 саат подоцна да дува свеќи
Што сакаат нека кажуваат по народ. Ниту на народ ќе му ги затнеш устите, ниту народ ви плаќа сметки. Не знам дали сте со заеднички влез или не, ама ако не ти прија нејзино друштво, ограничи контакт. Во твој дел ти затвара врата или во нејзин? Едноставно минимизирај време поминато заедно . Зашто како што пишуваше, помислив заедни живеете. Ако ти чува дете и не следи правила, градинка. Не дозволувај години и години да ти поминат во нервози. Неа не ја оправаш. Само своите емоции и став можеш да ги контролираш. Смирено( можам да замислам колку е тешко, верувај, имам искуство со токсични луге) и стрпливо, барајте друго решение место нејзино превоспитување. Имаш мало дете, веројатно сакаш да си му пример за стабилност, а не некоја која лесно се вади од контакт од секакви. Недостатоците на нејзиниот карактер не се твоја вина ниту избор кој си го избрала( како што е пр.маж ти) па затоа не дозволувај mind games да си игра со тебе.
Иста куќа, ист влез, различни спрата. Минимизирам максимално колку можам, со оглед на тоа што додека сум на работа, седат во нашиот спрат, играат со малиот. Идам дома, се симнуваат кај нив. Па затоа веројатно почна вакви работи да прави.
Za boldiranoto komentiram. Kako toa se znae, procita nekade, nekoj zakon e. 4 godini sum mazena ni eden den ne sum prespala vo kukata na negovite roditeli. Kolku sum stanala jas del od nivnata familija,tolku i mm stana del od mojata familija. Generalizacija na rabotite pravis.
Ако те разбрав добро живеете одделно, што е супер. Епа секој ја нема таа среќа т.е многу ја немаат барем во почетокот. Не е закон ама не се ретки такви ситуации каде дотични свекрви си земаат за право дека можат да се мешаат во се. А твоите ќе бидат секогаш тука се разбира, ниеден родител не го остава детето само така.
Da, sekoj nema moznost, ili sto bi rekla ti sreka da zivee odvoeno. No deka se znae deka toa e taka ne e tocno. I deka se znae deka so mazenjeto zenata odi vo druga familija ne se soglasuvam. Po moe ubeduvanje so stapuvanjeto vo brak se formira novo semejstvo koe treba da da si funkcionira zasebno bez razlika dali zivee vo palata ili edna soba.
Се разбира дека е така, и да немам деца јас со маж ми сум семејство, не склучив брак со неговите туку со него. И на различен спрат живееме. Јас тоа го кажав во контекст на лоши свекрви што се понашаат како снаата да е нивна сопственост, замена и робот. Или нема и такви? Каде е тука приватноста, чувство на припадност? Јас немам таков проблем, но читајќи коментари испаѓа ко младите да не можат да дишат, а не пак да функционираат засебно, затоа реков за жал е таква реалноста, според мене.
Извини ама некој да "не ми го дава" моето дете... Може малку варварски ќе звучам ама тука богами ќе има "тепачки" и очи вадење. За другово ќе те разберам, лицемерие, терање по свое, работење зад грб... Ама некој да ми го држи детето на сила а јас да ќутам... Но но но...
Во оваа ситуација непочитта ја гледам прво кај сопругот па потоа и кај неговата фамилијата. Во ред е што свекрвата купила торта ама не е во ред да слават сите заедно и да дуваат свеки плус и со мало детенце што се радува кога знаеле дека снаава за час време се враќа. Како прво и основно самиот сопруг требало да даде во предвит да ја почекаат. А може свекрвата пак не мислела тоа што снаава мислела може со тортава сакала да покаже почит кон син и ама како и да е требало да почекаат. Јас единствена маана и не почит во тоа наоѓам. Крај краева требало и двете да се договорат да поделар пари па да купат торта.. оти нели си разговор само се се решава. Чему и две торти и толку фешти не разбирам.. Ај може ете свекрвата тоа сакала да постигне ама па сопругот зошто не ја чекал жена му?! Еве да поспоставиме дека детето сакало да дува свеќи одма и се тоа така набезина се случило не знам еве. Врти сукај пак е сведено на не почит и од сопругот и од свекрвата. Требало сите да се соберете.
Ве исчитав сите и само ќе кажам дека на погрешно место ги адресирате проблемите.Проблемот е исклучиво во вашите маженца, не во постарите.