леле и јас некогаш ќе бидам свекрва...само се молам паметот да не ми летне до тогаш па и со мене некоја кутра душичка да страда можеби е до генерациската разлика, можеби ние жените се си ставаМе на срце....но како и дае тоа во пракса е докажано - снаа и свекрва не функционираат, а доколку пак се заедница една од нив обавезно го крка... не велам дека и снаите не допринесуваат за тоа...но доколку свекрвите на време сфатат дека никој не сака постојано да му ставаат ред, до толку подобро... па на клрај краева ти доаѓа СНАА а не ќерка (читај мало дете) на кое можеш да ставаш ред и да смислуваш разни кавги...
а има ли некој искуство ( да не кажам позитивно) кога додека биле во заедница со неговите родители имале пеколен брак поради нивните сплетки, а подоцна кога отишле да живеат посебно ситуацијата да се сменила? или продолжило се по старо???
Снаа Невестата била дочекана на традиционален начин во куќата на својот сопруг. По тој повод новото семејство побарало од нејзе да одржи еден мал говор, на што невестата станала, и почнала: „ Моја сакана фамилијо. Ви благодарам што така убаво ме пречекавте во својот дом и своето семејство. Пред се, сакам да ви кажам дека со моето присуство овде, несакам да предизвикам некакви непријатности и расправии или поради мене да ги менувате своите навики и обичаи.„ „Како мислиш ќерко?„ – ја прашал свекорот. „ Она што го мислам тато, е дека оние кои миеле садови, можат слободно да си продолжат со работата. Оние кои переле алишта, мораат да си продолжат со тоа. Оние кои готвеле, да не престануваат да готват заради мене. И оние кои ја чистеле куќата, исто така нека си продолжат со истото.„ „Што се однесува до мене, јас сум овде само да го забавувам вашиот Син.„ малце да се насмееме
да може да се излезе од оваа кожа у др одма свекрвата секогаш е во право снао оди овам снао оди онам ја неам ризиќна бременост нееееее ич од неа во 7 ке се породам секој ден болки во стомако и инекции за смирување синчето нејзино мамина маза он е мирен паметен нека леже да одмара ти Еленика ако немаш др раб плачи си само па и овие мојте не бе каква подршка барем да разговараат со нив нема шанси амн веке аман сите трудници витамини примат оваа на мене едена банана не сака да ми купе и викам ке одам на раб да си заработам седи несмееш а да те трпам цел ден снао донесе овоа снао дигни ги и на мене и на свекорти чергите снао напрај јадење а ти куките имаш срека шо кутам ама ко ке пукнее има парче по парче да се распагате,мојте ми дадат пари она ми ги земе во недела треба на свадба да идам вика ако имаш пари и облека иди не сум ја дужна да ти давам ако имат твојте нека ти дават АМАН МА ЖЕНО ПА СНАА СУМ ТИ ДА ТИ ПОГРЕШИ НЕШТО ДА СЕ ПОНАШАШ ТИ ОД ИНАТ СЕ МИ ПРАЕШ АМН АМН КЕ ФАНАМ КЕ СИ ОТИДАМ ПА АКО САКА ЦЕЛ СВЕТ НЕКА СЕ СМЕЕ СО МЕНЕ!!!
Малку да се насмееме. Мрзелива снаа и свекрвата Доаѓа свекрвата на гости кај снаата. Поминува со прстот по полиците, телевизорот, шкафот... Го покажува прстот целиот со прав и прашува: Знаеш ли некоја поговорка за овој случај?-мислејќи на поговорката "Чистотата е здравје". Снаата после кратко размислување и огдовара: "Свињата сегде ќе најде кал".
Здраво Феминки......ве молам за помош. По цел ден сум дома со неговите родители и нок кога ке падне смрт ми е...толку да немат свест бре не можам сама да останам во собата..на смена се прво баба му ке седа ке гледа тв после во 10 па свекрва ми ке дојде да гледа тб а тој свекоро што е еден виран станат во другата соба гледа фудбал по цел ден се излежува ни тенкото влако не го подига......а тоа што ме нервира е бидејки и спиеме во таа соба ..ми се иде да им кажам...help
Предложи му на сопругот да им рече да се смените, тие да спијат во дневната, а вие во спалната или друга соба (синот кога ќе им рече не боли), а не е лошо да си најдеш работа за да не мора да си со нив по цел ден.
Им кажа еднаш..прво свекорот влеваше во собата и еднаш се беше легнал во нашиот кревет а не беше раздигнато... само долниот спрат е спреме има ходник дневна и нашата соба кај да одеме......уште е тука гледа езел....
Немав пеколен брак, затоа што сопругот ме поддржуваше. Бев нон-стоп на тапет и под лупа, само гледаа нешто да најдат замерка и да ме оцрнат, бидејќи бев во се добра и сите ме сакаа и фалеа, а нив тоа им пречеше.За среќа тоа траеше кратко, живееме сами со мм повеќе од 10 години.
Изнесете го телевизорот од собата кај што спиете вие двајцата и решен проблем.Речете им дека они повеќе гледаат ТВ-па затоа еве нека си го стават кај нив-нека лежат и нека гледаат.Ј.би га,кога немаат осет,снајди се па живи. Нека помине некој период па со сопругот ќе се снаоѓате некако-ќе им одите вие на поседок на старите и решено
а и денес редевме домати ни да се истушират дА се преоблечат право влеват и лежат.......ЖИВОТНИИИИИИ..
Девојки ми треба совет од вас .. вака значи пред некој ден бевме со мм кај свеки на гости и послем долгото сомневање открив дека таа има друг.. уствари ситуацијата стои вака она живее во друг град во нивната куќа а свекор ми живее во скопје тука работи си доаѓа дома на 2-3 недели. Е сега пред некое време мм се сомневаше дека таа има друг бидејќи прочита некои пораки кај нејзе во телефон .. од некој број се јави на бројот и дозна дека е машко. Потоа секое идење кај неа на гости приметуваше дека го крие телефонот дека го става на нечујно и тоа е се проверено зошто седиме еден до друг она пред нас и мм и ѕвони на мобилниот а не се слуша дека ѕвони значи на нечујно е.. јас цело време му викав да ја остави нека си прави што сака тоа е нејзин живот.. и пред некој ден како за беља ја слушнав како збори на телефон бевме надвор нејзе и заѕвоне тел и влезе внатре како за беља јас тргнав во вц и ја слушнав како викаше дека ние сме сега тука дека не може да збори дека кога ке си одиме ке се чујат ке се видат и незнам уште што е сега не знам дали да му кажам на мм.. знам дека приметува дека нешто кријам ама па од една страна што ако нешто избувне знам дека му е преку глава ке се осекјам неубаво после, а од друга страна ако дознае дека јас знам и дека не сум му кажала многуууууу ке ми се налути.. не знам колку ме свативте што е проблемот ама тие што сватија ги молам за помош...
Закон ти е свеки Шала на страна кога тргнала таа по тие патишна се некој ќе ја види се некој ќе разбери Според мене најдобро е да му кажеш тоа што го слушна затоа што и тој утре или ќе слушни или ќе и оди ненајавен на гости (нормално син и е)и може поголеми компликации и проблеми да настанат.Ти твое е да му кажеш а што ќе биде понатака како ќе дејствувате тоа заедно ќе го одлучите.
искрено да ти кажам и јас сакам да му кажам ама страв ми е од нејзе знам дека не ме сака па уште и ова којзнае што може да направи неколку пати проба да ме раздели од него од не ја слуша ама пак ми е страв од нејзе уште кога ке ја видам со тоа намуртената фаца и кога ке почне да му се лигави на мм ми иде да повратам .. стварно не поднослива жена е еј а додека му бев девојка беше златооо кога таа да си имала две лица..
Јас не би се мешала да бев на твое место... И така веќе мт се сомнева, само прашање на време е кога ќе открие самиот и ќе ја начека на дело.
Не се мешај, ќути си и онака никој не знае дека си слушнала. А мене друга работа ми боде очи, како маж ти и чита пораки на мајка му? Разбирам блискост, мајка, сомнеж и се, ама приватност е приватност и станува збор за туѓ брак во кој ниеден од вас не би требало да се меша, без разлика на роднинска врска.
Машала,машала...барем млада ли е свекрвати?Зошто да му кажуваш?потоа секако ти ќе бидеш виновна,сами нека ја откријат.Тоа што си го чула е тајна која умешно ќе си ја криеш!И сите срекни и задоволни особено ти
Јуник седи си на страна и не се мешај ,а уште помалку да кажеш што си слушнала.Прашање на време е кога мажот ти и свекорот ќе дознаат и ќе настане вистинска драма. Твојот маж кога би му кажала може да има и лоша реакција и се тоа од срам. Мораш да бидеш спремна и на тоа дека кога сопругот ќе ја дознае вистината за мајка му може да стане и по малку недоверлив кон се што е женски род.
Ваков пример не сум слушнала до сега Сигурно за син не е лесно да разбере за мајка си дека има швалер Јас на времето му кажав на еден дечко за мајка му, која беше инаку разведена жена , дека има некој, па не ми збореше 3 дена Инаку имаше една комшика на времето, маж и работеше во Русија и она си имаше дечко со години и беше многу глупаво што цела зграда знаевме само мажот и синот абер немаа, така што ако свеки е од помал град, може на големо да се збори, а само свекорот да работи во Ск и абер да нема, што е жално.