Се изнервирав само што те прочитав! Како бе детето бабата ќе го чува?! Да си го земеш, нема што да прашуваш, препрашуваш. Леле болна работа!
Леле ми се слоши... Мајка, стани ОДМА и оди да си го земеш детето!!! Тоа е баба, не е мајка! Ова е киднапирање, ќе ме кубе тазе породена, ќе се извинувам?! Полиција и право дома ако не сака господинот да ја пресече папочната врвца. До сега проблемот беше твој, од сега натамути си таа што треба да ја штити таа душичка малечка! Те молам земи си го детето. Те чекаме да пишеш, значи ќе те мислам. Како може бе таквии монструми да постојат, солзи ми се тркалаат сами!
Ама нема потреба никого да прашуваш. Ти си мајка на тоа дете. Тие тебе треба да те прашуваат. Оди земи си го бебето. Никој нема право да бара отчет од тебе. На бебето му треба мајка, не баба. Ако имаш проблеми, слободно викни полиција.
И јас сум со царски и навистина е тешко ама верувај ми се можеш и знаеш сама. Тоа е природа, инстинкт, немој да се плашиш дека нема да можеш или знаеш сама. Ако нешто не ти е јасно на форумов прашај, сигурно ќе одбиеш одговор во рок од 5 минути. На тоа дете му требаш ти, тоа те бара и те чека тебе. Сега си мајка, лавица, се за детето, тоа е на прво место во животот. Оди земи си го, којзнае како му е во душичката.
Ова веќе и нема врска со македонска нација,ова веќе е психопатска работаслучај на психо-физички тормоз Очигледно и ти девојко така си се поставила за жал,да ќутиш и трпиш-не знам од кои причини дали се осеќаш зависна од нив финансиски или нема кој друг да ти помага,па ајде ќе трпиш,а овие уште толку сила земаат..Јас да сум подобро сама ќе бидам,може ќе е потешко,но и ваква 'помош'-не,благодарам.Чувај си здравје и нерви ќе ти требаат за детето.Со нив ќе се побркаш на крај тебе луда и неспособна ќе те направат.
Мила, зимај детето, и оди си. Како може, по кој основ, она ќе го чувала. Ма пелена не дозволив да смени друг. Тука сум, способна сум. Мене не ми личи дека сака да ти помогне. Туку напротив, одмогне... сака да не се приврзе детето со тебе. А тоа со мт уште толку е доказ за нивниот памет и план. Лелее колку се напнав. Абе јас да сум, на големо ќе е. Да не го убиела... Не бе, не е до свекрвите ние снајките си замислуваме само. Добро а мајка ти кај е за ова време??
Леле, леле, леле што сè не трпи оваа вукојебина. Ко божем свекрвица се сексала со синот па нејзино е бебето, она цицка ќе му даде. А па и оној шупакон што се сили не е ништо посаглам. @Miiaa зимај си таму бебето и не прашувај никој. Ако прават проблеми викај полиција слободно. Бебето е твое жено! Не ти треба уште ова, ама и ти си нашла со кого дете да правиш. Јас да сум на твое место барам развод и си одам од таа куќа па синко нека си седи со мамичка. Се изнервирав еј!
Одма станувај и оди да си го земеш детето. Побизарно нешто не сум прочитала на форумов. Значи не со маж ти да се договараш, не да прашуваш дали може да си ја земеш. Оди да си го земеш детето, веднаш! Се напнав.
Clenkava nekako epten labavo mi izgleda, pa uste sednala na kompjuter, mesto da prezeme nesto. Abre bi viknala policija, a ne na taa kucka od svekrva da I se izvinuvam uste.
Мајками живее подалеку од нас пди на работа ама она не знае што се дешава тука не сакам да ја нервирам и нејзе
Ако ти сама не можеш да се справиш со ситуацијата и не можеш да се снајдеш со детето, ќе си ја викнеш мајка ти како поддршка и за помош! Некаква поддршка мора да имаш, кога веќе од сопругот немаш, ама прво да си го земеш детето. Наместо овие први денови на овој свет да е со тебе, тоа со свекрва ти. Не знам зошто уште чекаш, ОДИ ПО ДЕТЕТО!
Ти уште си тука? Оди и земи дете. И нема зошто да криеш од мајка ти. Треба да знае. Не знам од што се плашиш. Никој од нас не завршил факултет за чување дете. И не сите сме имале помош. Реагирај. Детето е лишено од мајка.
Нема да не ја нервирам. Мораш да имаш поддршка. Оди зимај дете, викај мајка, ако не бива 192 и готово. Ова бре не е играчка за така да си седиш. Дете е не е предмет.
@Miiaa како и другите ќе ти советувам да си го прибереш детето. Единствено мајката е одговорна за своето дете. И на маж ти ќе му кажеш дека несакаш никој да ти го одгледува, со него под рака ќе отидете да си го земете, па ако таа е обиде да те скубне или удри, тогаш и сведоци ќе има. Ако не успее тоа, тогаш постои полиција, Центар за социјални работи.... Ќе си пријавиш уредно и ќе и го земат. На мајка ти мораш да и кажеш, тебе ти треба поддршка, а изгледа не си сигурна ни во маж ти. Ако дојде нож до коска и ако тој не е со тебе, тогаш земај детето и правец кај твоите. Со абнормална фамилија каде што не се знае кој е родител а кој дете не ти треба никаква работа
КАко бе да ми го земе детето? МОЕТО ДЕТЕ.И зошто не било кај вас дома,не сфатив башка жживеете или како? Би викнала и полиција и социјално богами дали се нормални тие бре?На ппсихијатар пправо.Да те кубе за коса??? Земај детето и бегај . Те читав и во труднички и сличните теми,имав впечаток ко да е оседната свекрва ти со бебето.Да ми речеќе сум го убиела? Многу се изнервирав.
@Miiaa Кажи и на мајка ти,веке е излезено од нормала,ако има шанси да се разбереш со свекор ти,договори со него,оди и земај детето денес,тоа е приоритет,колку и да се буни маж ти .
Јас како што разбрав, маж и' ја удрил, а не свекрвата. Си имаш голем проблем, @Miiaa, a најчудно е што наоѓаш некакви изговори и оправдувања. За тоа што се помируваш и оставаш детето да ти го гледаат други, немаш никакво оправдување како мајка. Не може бе некој да ти го земе. Едноставно не може. Одиш си го земаш детето, заклучуваш врата и преземаш одговорност ко мајка. Ако навистина сакаше ти да ја чуваш, немаше да дојде до ова.
Мене да ми извините, ама ми изгледа на членкава дека и одговара така. Изгледа и е страв да го земе детето за да не ја истепа маж и после тоа.