Kukla, taka e da. Da sedam na femina I da ne prezemam nisto, na sto ti lici toa? Od sto se plasi? Nema opravduvanje za svoe dete, hormoni bla bla...
Пак, ништо страшно не кажаа @kukla21 . Можеби стилот на пишување е малку подиректен, ама во суштина сите тоа го кажуваме. Страв за сопствено дете не е оправдан! Новооденчето припаѓа во прегратките на мајката, бабата си е баба.
Не ја разбирате жената. Сама, со страв да не ја истепаат без поддршка на семејството. И мене ми е незамисливо! Очи ќе им извадам. Ама тоа не значи дека е невозможно. Колку жртви на семејно насилство од страв?
@kukla21 не, не ја разбирам. Страв ми е, ама не и' кажувам на мајка ми. Чекано бебе како капка роса на дланка, ама свеки ќе го чува. Ало полиција вака и вака работа, и правац кај мајка ми па макар и на тросед да спијам со се бебе. Зборувам од искуство на мои многу блиски каде бев уплеткана во цела драма, мајката се избори како лавица една недела по пороѓај. Еве, шест години наполни детенцето пред извесно време, мајката си застана на нозе.
Не е спремна на таков чекор.Се чита од нејзините постови.Да земе бебе ,да го остави мажот и да се врати дома. Таа не сака конфликт со мажот и,а сега најважно е да го земе бебето,него можеда го остави и подоцна. Затоа велам,ако свекор и е единствен разумен,нека збори со него.
Еј, се чудам.. срце ме болеше кога дете заплакуваше а таа пробуваше безуспешно да ја смири, а не па да ми ја земе во друга куќа и јас да идам да ја гледам. Као да ми е внука од брат, сестра а не мое чедо. Нема страв тука ако сакаш да се избориш за детето. Лесно е, ако се плашиш бараш заштита од полиција, тие ќе те однесат кај мајка ти. И не ми е јасно, зошто мт толку ми пречи да си го земе своето дете дома??? Мене ми личи ко да си им била потребна да им родиш само, па сега ќе пробуваат да те полудат за да имаат после основ дете да ти одземат. Убаво размисли што мораш да направиш и тоа брзо.
Добро го доиш ли ти бебево? Те вика да го доиш па после си одиш дома сама? И се чудам што дремеш тука, а бебето не го зимаш. Искрено се надевам дека трола женава.
Девојко, во друга ситуација, кога ти би читала истово да и се дешава на друга, што би ја советувала ?! Јас пострашно нешто немам прочитано, ретко што може да допре до мене, ама ова ме погоди во сржта. Како бре може детето да ти го земе, еееј твое дете, твоја ќерка. Одма станувај од компјутерот или што и да е, иди да си го земеш детето, ти си му мајка не глупердата од свекрва ти. Мора да бидеш цврста, какво бре извинување, за што имаш ти да и се извинуваш на неа, што бараш да си ја земеш ќерката !?! Иди земај детето, фаќај такси и правец кај мајка ти. Со дебилот од маж ти не верувам да се разбереш, ќе те изедат еј, ќе те изедат бел ден нема да видиш. Свежо породена, негова жена, да те удри и искубе, зашто неговата мами се налутила ?!?! Што иднина очекуваш со таков ?! Иди земи си ја ќерката, и правец кај мајка ти !!!!! Ако не ти ја дадат, викни ја мајка ти и со полиција земи си го детето. Пресечи у старт, ќе те изедат бре буквално.
Жени ме оставија сама една недела по породување, маж на работа од јутра до сутра, дете не фаќа цицка, рана боли убива, кичма уште повеќе, глава од анестезија најмногу, дете дехидрира, ама ни еден ден не го дадов на некој да го чува. Одев на боцкање сосе него, у кола со маж се чуваа. Дете дехидрира, отидовме во болница, докторката рече ништо не е важно, ни јадење ни пиење, на гевреци ќе живеете, ти маж ќе научиш супа од кесичка да вариш и ќе преживеете, ама бебе да биде број1 заедно со мама. Толку!
Сите сме. А ова не ми е нормално. Па која нормална мајка не сака да биде до бебето и да се грижи за него?
Не, не си патиме од такви туку од главата си патиме. Тие можат да бидат какви сакаат, ама тоа што ние жените дозволуваме да не понижуваат, омаловажуваат, да ни земаат дете и да се прават поголеми мајки од нас - ние сме си криви. Не свекрвите. @Miiaa прво расчисти со себе дали си способна да се бориш за тоа дете и дали воопшто сакаш да се бориш. Од пишаното изгледа дека ниту си способна ниту имаш некоја претерана желба. Пишуваното ти е во стилот - бебе не е тука, жал ми е што не е тука ама не можам да одам да го земам па нека го таму. Стани, оди кај свекрва ти, земи го бебето во раце, сврти си се и оди дома. Кај маж ти дома, не кај мајка ти. Макар и куќа до куќа што сте. Заклучи врата и помини време со малото. Кога ќе дојде маж ти, кажи му дека бебето отсега па натаму ќе биде со вас и ако му смета тоа нека оди да живее кај мајка му. Ти си господарка на тие м2 дом, ти си таа што ќе каже кој ќе и ти го нарушува мирот и спокојот. Дури и свекор ти и свекрва ти да ги граделе тие м2. Ако тоа не му чини на маж ти, кажи му дека бебето со очи нема да го види додека си ти жива и замини си кај твоите. Ако е стабилен маж (а како што гледам - не е баш) ќе дојде да те побара и да се извини. А богами и мајка му има да се извинува до утре сабајле. Ако не, вооошто и не ти треба таков маж. Полиција исто не ти треба. Скандали за што ти се.. шоу за безпари.. Жена си мајкуму стара, живи луѓе сме во состојба за дете да изедеме. И не се самосожалувај себеси.. жива здрава си, имаш дете. Многу подобра си од голем дел од нас.. А сега оди земи си го тоа бебуле за кое си поминала низ сито и решето...мрдни.
За жал мислам дека не трола. Од постовите може да се заклучи дека свекрвава е болно љубоморна,оседната а богами и психички нестабилна жена.Ете и помогнала се нашла,ама сега таа сето тоа ќе го злоуотребува. @Miiaa немој да се плашиш,а верувам се плашиш и да побараш помош од мајка ти за да не се налутат свекрва ти и мт.Детето е твое,не ти треба никој да стои до тебе да му смениш пелена,верувај.Земај детето и гушни го додека не е касно.Ако треба и полиција ќе замешам.И кажи и на мајка ти,треба да знае.
Првпат ја среќавам членкава и не знам какви им биле односите порано. Ама што вика @Dust за вакво нешто ни полиција не ми треба. Ако треба и ќе се степам за да си го земам бебето. Единствено ако е малтретирана женава од нив од порано па да се плаши да им се спротивстави тогаш сфаќам, во спротивно не. Нема оправдување!
Не се работи за љубомора туку ова е нешто посериозно. Изгледа митот Снаата да раѓа само,а баби да им ги зимаат децата на снаите е уважен. Јас знам што значи да те чува баба, тетка, кума ама не е исто со тоа да те чува мајка. Една е мајка! А овде испаѓа дека миа е сурогат мајка само за раѓање а бабата е мајка. Жалосно, да не се бориш за свое дете.
Не сум прочитала. Тогаш влегување и земање бебето, друго нема.Или ако нема храброст нека се пресели кај свекрва и ,и нека спие таму Подршка од мажот нема,а бебево во куќата лепенка.
Живееме во иста куќа т.е куќи лепенки во ист двор со иста тараса само со посебен влез. И да ви кажам бев си ја земав ќерками му јавив на брат ми ќе дојде да не земе и ќе одам кај мајками. Спакував ствари за неа за мене и само чекам брат ми да стаса