Страшно е. Ама очигледно е дека мајкава се плаши и трпи. А згора на се може ја има фатено и депресија,нели постпородилна.Да не го земам бебе во раце,да не му сменам ппелена? А и тој мажот е за ќотек.Детето требало дома да се донесе,каде што се спремало за бебе,тука да иде бабава,а не во нејзината куќа да седи.Баш сериозно е.Којзнае со какви луѓе има работа,ама за мое дете газам секого и не ме интересира,и маж ми да е.Дасе надеваме дека ќе се среди.Не можам да разберам,како срце трпи да не си до чедото свое.
Оф, ми олесна кога прочитав. Браво @Miiaa , се надевам ќе се среди и другото. Бидете добри Пак ќе речам, ако имаш било какви дилеми околу бебето и негата околу него, на форумов секогаш ќе добиеш брз одговор и совет. Со среќа
Миа браво, така треба и така се постапува. Така ќе и покажеш на ќерка ти како треба кога ќе биде возрасна. Немој да потклекнуваш на циле миле, додека не се опамети идиотон од маж ќе си седиш таму.
Браво, браво Мила Баш ми е мило што скандалот остал дома не сте се расправале со полиции. Пиши кога ќе бидеш на безбедно, а на сопругот да му го расплачеш мамето додека не ти се извини за ударањето. Мора да покажеш заби бидејќи прва прилика пак ќе го повтори тоа и ќе му стане навика.
Касно читам, баш се потресов,среќа се се завршило како што треба. Се надевам дека си веќе кај мајка ти. Навистина,свекрвите се болни,пореметени... Се замислува дека е мајка на бебето,мислат дека снаите ќе ги родат па ќе им ги дадат на нив. Си исчувале тие свои деца, а можеби немале време своите да ги чуваат,па сега им се јавила мајчинска желба и сакаат на внуците да изигруваат мајки,а не баби. А за тоа,дека порано требала да гледа во каква куќа оди,не се сложувам. Додека да се стапи во брак се е совршено и ретко кој го покажува вистинското лице,откако ќе влезете во таа куќа паѓаат сите маски. Инаку @Miiaa да си останеш кај мајка ти,штом имаш и брат уште подобро,ќе имаш поголема подршка. За враќање кај маж ти убаво да размислиш!!!!!! Детето е најважно, без маж се може. Треба многу да се докажува и да се извинува за она што ти го приредил заедно со мајка му. Ем бебче си чекала толку време,ем си се намачила во болница,па капак на се ќе ти земат дете и нема да ти дозволуваат да бидеш мајка.Наместо да се радуваш,да уживаш во моментите со бебе, тие те малтретираат и психички и физички. Ти си мајка,ЗАПОМНИ. И ти знаеш што е најдобро за твоето дете. И да не велиш дека ти е страв и дека не знаеш да го чуваш,менуваш пелена,држиш... Кога ќе го земеш,се ќе знаеш. Нема од што да се плашиш,мајчинскиот инстинкт ќе те води. А свекрва ти веќе никогаш да не ја погледнеш и да не и прозбориш. Вештерка. Ми иде да ја искубам цела. Не знам зошто,ама свекрвите кај се посесивни за синовите,уште повеќе стануваат за внуците. Ако сака да чува дете нека си роди. И во случај да се вратиш кај маж ти да не и дадеш да ти го допре детето. Глупача една, и таа,а и тој твој смотан маж. Како на мајка му да го правел,а не на тебе. Бизон
Ми се намести душата... Цел ден те мислев За чување и гледање, никоја не сме знаеле од прва, влегуваш како лаик. Ама како што ти кажаа и другите, инстинктивно е гледањето дете, и ќе видиш дека за брзо ќе се уходаш. Мачно е, стресно е, ама се издржува
И мене ме инетерсира ова. Дали навистина не гледаат или си викаат ајде може ќе се сменат. Или само гледаат да се омажат набрзина, па после да трпат последици. Не само оваа членка, туку многу има вакви што со години се заедно што се вика и преспиваат кај партнерот, добро се запознаени со неговите родители, нивниот дом и пак проблеми. Зошто бебето дома, јас мислам дека тие 7-10 дена е во болница заедно со мајката. Како така можат да го пуштат дома со баба и со татко?
Има кој да го чува во болницата и не е ни прва ни последна што седи таму 10 дена. И од тоа зошто бебето да го држат таму еве какви проблеми настануваат со домашните. Каде мајката таму и бебето.
Zatoa mi e cudna prikaznata na clenkata. Mislam deka trola. Moja rodnina bese vo bolnica isto posle carski sedum dena I bebeto si bese so nea.
Од сето прочитано, на крај ми е мило што приказната има рационален расплет поради храбриот и разумен чекор на Мила. Бидејќи многумина ќе се пожалат и ќе продолжат да трпат, а вака човек одлучува да живее, а не да умира полека од нервози живеејќи покрај нелуѓе. Камо да можеа и свекрвата и нејзиното говедо од син да подлежат на пријава.