Јас на маж да оставам дете да чува, ќе остане гладно. Он ја шета, може да ја пресоблече, ама хранење е само на мене оставено зашто ќерка ми е терсене за јадење и јас само и ги знам цаките
Убаво за тебе, длабок наклон Ама ако ја гледаш македонската реалност, ретко кој се одделил одма. Или да не стапуваме во брак воопшто тогаш?
Да станувате во брак да живеете во куќата на свекрвата и да ја плукате по форуми и да се жалите како немате приватност во нејзина куќа
Многу смешно, се изнасмеав... И што ако е нејзина куќа, треба во гаќите да ми ровари? Таа куќата/спратот не ја дава на снаата, ја дава на синот. Снаа ако не сум јас, ќе биде трета, пета... И не само што ќе ја нарушува приватноста на таа некоја си што ќе отиде, туку го прави истото и со приватноста на син и. Ама дека мајкичка нели, па и се простува и молчи.
Па да сум само јас и уште два-тројца што не можеме, да речеме до нас е. Ама бидејќи не сме само толку, не ќе да е до нас...
Душо јас не се пожалив за живеалиштето и вака ни е убаво, се има почит и разбирање. Не знам кај прочита ти дека јас се жалам. Не туку трчајте одма да ме цитирате
Абе држи вода и тоа дека и се 'тупнуваш'на свекрва ти,со твоите начин на однесување,мани и доблести,па бебе доаѓа,па различни ставови околу скоро се,почнува ти ова,ти она..и толку треба.Не дека има и снаи идеални,да не се лажеме..секој за другиот збори напаѓа а тргни од себе-како ти се понашаш.И на крај краева,ако не ти чини-стани оди ситака ми викаше ии мојат луда свекрва,и за тоа си беше во право,хаха.Као одете под кирија,дрн,дрн..па дури ја ќе ви плаќам...На крај ја побркав,не можеше веќе да не истрпи,па она не молеше да станеме,само треба права тактикаПа стиснавме заби,не под кирија,цела наша куќа си направивме и сега сме си господари-наш простор наши правила,доаѓа ретко и не смее да писне .Да требаше она да ми плаќа кирија,пак низ газ ќе вадеше-не,фала. Ние имавме мн.кавги,секакви ситуации,расправии,може книга да напишам ..не разговаравме 3 г.а живеевме под ист покрив,и не дека ми беше лесно,среќа свекорот душа човек па правеше некој баланс.Али пусти финансии немавме избор.Штом мм му излезе прилика за подобро платена работа,веднаш дигнавме кредит и почнавме да градиме. Муабетот ми е,и старите сакаат да се сами,и нив им се нарушува мирот дома,и јас да сум утре свекрва да ми дојде дома личност од страна,не знам баш како би било,нема да е сеедно Но,мора да се има некој баланс и нормален однос.Никој не очекува дека ќе падне во 'дувло'на некоја си откачалка која има за цел само да те малтретира.Има граници за се.Дефинитивно ги подржувам луѓето на запад и др.европски земји што од 18 г.имаат работни навики и се осамостојуваат.Така е и подобро и поздраво.Не може бе 2 различни генерации фамилии да живеат заедно-колку и да се фини,смета.Сепак,има исклучоци,знам примери кои си се слагаат,почитуваат и секоја чест за нивА оние другите што да кажам-се ми е јасно,сум минала,разбирам,само памет у глава и дебели нерви,за се има лек
Да бе на мојава гледам ептен лошо и беше што секој ден кога си доаѓаше од работа, ручек имаше, топол дом и погодени миленичиња дома, нејзино беше само да легне и да се одмори. Ако веќе не сакале синовите да донасаат снаи дома што мајка барале да градат по толкави куќи, поарно нека тргале настрана ако веќе мислеле да помогнат и нека дадат кога ќе им се ожени синот или ќерката, безразлика па да си прават што сакаат. Ама кај нас посебно сите стари прават куќи со по 2-3 ката да има за цела фамилија и после кога снаата доаѓа демек не е нејзина куќата нема право на глас, а ако речат да се преселат одма идат муабети е ние за кој куќа правевме. Епа не иде, снаата не се тупнува во нечиј дом и таа сака да има свој дом, веројатно таа најмногу сака да се иселат и да почнат да градат живот сами, ама ако веќе дошла во туѓа куќа доволно и е тешко самото тоа па фали уште и свекрвата да се понаша како диктатор. Се е во ред дека не може се да е мед и млеко и дома со твоите ќе се спречкаш понекогаш, различен став и генерациски јаз го прават своето, не е здраво да нема кавги, ама доколку и обете страни си ги почитуваат мислењата и интимноста ќе се најде компромис.
Ама ако не направат куќа 'зграда', како ќе им 'љубоморат' комшиите и роднините? Кој ќе види дали ќе му подадат на синот некој денар кога ќе се ожени за да се осамостои? Никој. Вака се си е на мегдан, ако по дома ќе се одминуваме.
Дa не прaвеле куќи пo 2-3 кaтa ќе немaлo кaде дa живеете пoвеќетo. Зoштo не тргaле пaри нa стрaнa нaместo втoриoт кaт? Oти грaдени се куќите нa пoвеќетo oд времетo нa вaшите бaби и дедoвци, пoсле тoa мaлку се нaшминкaле oд вaшите рoдители, еве вие рушете ги oти се стaри и изгрaдете нoви. Нa еден спрaт. Пaрите oд втoриoт и третиoт кaт чувaјте ги зa децaтa вo бaнкa.
Не е точно Бриџит. И кај бившиот, а и кај сегашниот се градени нови куќи, наменски се знае за што. Можело да се купат станови, ама како сите ќе си дишеме у врат после...
И кaј тебе дoмa? Сите нoви куќи си имaте? Брaвo. Дoшoл живoт. Гoлем дел мислaм декa не мoжaт дa си дoзвoлaт.
Нема што да се напнуваш кога некој ти побива став со факти од лично искуство. Не мораш да веруваш. Кај мене дома нема за кого. Таа сум и за напред и за назад.
Не бaрaв лични примери, секaкo декa имa тaкви штo си купувaaт и грaдaт нoвo, збoрев зa други. А зoштo кaј тебе немa зa кoгo? Зa тебе?
За мене стан од заштедените пари. Број на гаќи, чевли, треба? Од лични примери секогаш е најверодостојно за оние кои разбираат.
Oк, се пoфaливме штo се пoфaливме, дa oстaвиме некoј дa се прoнaјде вo делoт -дa не грaделе стaрите, гoлем дел oд децaтa ќе немaле кaде дa седaт. Oк? Дa не вaдиме стaтистики oти не знaм дaли и имa, кoлку вo изминaтите децении купиле или изгрaдиле куќa a кoлку седaт вo имoт нa рoдителите пa дa ни е јaснo зa кoгo збoрaм?
Што се пофалив? Ти праша, јас одговорив. Ми дошло до фалење на форум, баш до тоа ми е дојдено... За тоа дека ако старите не граделе, младите денеска ќе нема кај да живеат е така. Тоа секогаш го кажувам и секогаш сама себеси се потенцирам дека сега да треба да купам - не можам, за жал. Ама муабетот беше друг... Дека ако си дал две соби, не ги вади низ нос. Е, тоа беше муабетот. Нема што да се вадат статистики, се е јасно и вака. Не за џабе сите си одат. Не за џабе и ти си отиде. Не за џабе и јас сакам да си одам.
Моите изградија куќа на 100 спрата, во 80тите. Сите плански куќи во Битола, во тој период, беа со ист дизајн. Се добиваше од општина нацрт, и мораше да се гради по нацртот. Без исклучок. А идејата беше таа: Овој спрат за старите (баба ми и дедо ми), овој за нас (мајка ми и татко ми), овој спрат за син, ко ќе се жени. Јас не спаѓав во ништо... Планот беше напраен, уште пред да почнат да копаат темели. Многу често, пред да се ожени брат ми, им велев на моите (Бог да го прости татко ми, шо го спомнувам): -'Дај продајте ја куќата, и купете станови' Мајка ми се црекаше: -'Не! Ти ќе не делиш! туку тропаш глупости! Коски остајвме во ова куќа!' - 'Мамо, ќе се карате со снаата во една куќа ако сте' -'Како не ќе сме се карале, тие нивни спрат, ние наш спрат, не ќе си се мешаме' -'Мамо, ќе ги слушаш и гледаш се'. И кај одат, и шо прат, и кога се караат. Тие вечерта ќе си легнат, ќе се смират, ти долу, ќе си прајш филмој оти син ти 'се мачи', и ќе ја замразиш снаата'. -'Не! Ти сакаш да не делиш!' Тера-вара, се ожени брат ми, и мајка ми, навистина се' слуша и се' гледа. И нормално, снаата не размислува ко мајка ми, ниту мајка ми ко снаата. И 'нормално' кавги... Епа сега... епа чорба! И не е изговор да малтретираш некој, 'оти ти дошол во куќата' Свесно ја напраја та куќа, за да живеат со син им во иста куќа. Свесно инвестираа во дом за неговат иднина, и сега, дојде снаата: Пу-пу не важи! Кај ку*о ми??? То исто, ко да дајш поклон за роденден на некој (пример), и ако те изнервира, да му го извајш низ нос тој поклоно. На шо личи то???