Јас мислам дека свекорот знае, затоа и се они во лоши односи. Одлучив да си ќутам кога и да е тој ке дознае не сакам да ме колне некој и кој знае што може да направи. Инаку таа за себе ствара друга слика, демек таа е напатена жена што сама седи дома по цели денови демек пари не и давал свекорот и ред други работи затоа не сакам да си правам проблеми знам дека никогаш нема да го стврти мм против мене ама од кај да знам што ке направи..
Правилно си одлучила да седиш настрана. Најважни сте вие двајца, вашиот живот, а мешањето во проблемите на свекорот и свекрвата во принцип не води до ништо добро. Ако сака мажот ти, нека се замеша, ама ти седи си настрана, да не испадне утре дека си виновна за нивните проблеми.
поздрав за сите свекрви, а баш денеска ми се случи ова да ми помине со прстот на трепезариската маса Свекрвата ја посетила снаата. Поминала со прстот по полиците, телевизорот... а потоа и го покажала на снаата прстот со прав. Револтирана свекрвата ја прашала снашката: - Знаеш ли некоја поговорка за овој случај? - Да знам! Свињата секаде ќе најде кал.
Абе душо,не си ја мачи главата ,додека свеки си го прави кеифот. Гледај си твојот оџак право да ти дими,за другите ич да не се секираш .Не за друго,ќе гледаш да ја исправиш работата, а на себе лошо ќе си направиш-верувај ми. Свиркај си ,гледај си го својот сопруг и домот,испи кафе и со свекор и со свекрва и толку. Поздрав и уживај.
Неодамна бевме на свадба во друг град кај на свеки најблиските роднини. Леле, леле, свеки за малку не се помоча од радост, и не почека ни 5 мин од кога седнавме на маса за да ме нападне пред сите (името не ми го спомна, ама демек снаите вака, снаите онака). Вакво нешто не беше се случило до сега, да ме нападне пред сите (тие луѓе не ме ни знаат добро - сме се виделе 2-3 пати со се нашата свадба). Дури и свекор ми примети, по првата закачка преќуте, ама веќе по втората ми вика: снашке и ова е на твоја сметка изгледа. Јас не преќутев, културно и вратив (не ќутам јас на никого повеќе), сопругот се налути (со право: не беше ни време ни место за такви закачки, ама ајде де). Демек на нејзин терен сме сега, ќе ми покаже она убаво. Ех, нашла таа со кого. Има среќа што сум покултурна од нејзе и што ми е што ми е жал за сопругот, не сакам да се нервира (сепак му е мајка).
Со тоа ич не се замарај и на крај памет не ја ставај со тоа само самата покажала колку е проста и ограничена, а поготово ако се знаеш со луѓето што се замараш само нека продолжи да си ја искажува простоќата!
Јас си имам целосно разбирање со мојата свеки, дури повеќе се разбира со мене, отколку со мм.Така ни тргна од сам почеток.Поготово со золва ми сме си генерација и сите три заедно супер функционираме за женски муабети. Меѓутоа мајка ми денеска да ја прашаш за нејзината што никогаш не ни живееле заедно, секогаш една работа кажува, а тоа дека џабе се трудела околу неа со цела почит, додека не умре,Бог да ја прости, на старава никогаш ништо не и било погодено. Ни тогаш добила нешто, ниту пак денес има нешто од тоа што угодувала цело време, само џабе сама себе си се нервирала. Кога ќе видиш трудела/не трудела, на крајот е исто, немаш ни благодарам , ако решила дека не те прифаќа.
lelele..sto da pravam,dali da ja isvrlam so se alista ili neznam..edni alista (nejzini)izvalkani vo hodnikot do mojata soba veke stojat 4 dena..jas trpam ama koga ke mi pukne vilmot neznam kako ke pomine.neznam dali da go povikam svekorot da vidi sto pravi taa ili da gi isfrlam nadvor..mi doagaat gosti,a alistata si stojat.mi e sram veke neznam kako da gi precekam gostite..ve molam za pomos i sovet sto da pravam..pozz..do site :/
Немој ништо да спомнуваш. Исто како да не си чула. Ја знаеш ли изреката „патот до пеколот е поплочен со најдобри намери“? Од желба да си искрена со маж ти, ќе ја разгориш ситуацијата. Што мислиш кога ќе му кажеш дека он нема да зборува со нејзе? И коа ќе збори што ќе каже - од каде дознал? Он и е син, а ти си снаа и после тоа него се може да му прости што ќе и каже, ама твоето „предавство“ нема да ти го прости. Тоа што нема да му кажеш не значи дека го лажеш, само премолчи во име на доброто на сите. Сепак, не е твое, тоа е нејзин живот и не ме мешај.
Стави ги алиштата во перална да се исперат и нема повеќе да се срамиш! А, и пишувај кирилица. Поздрав, немој да се лутиш.
На почетокот мислев дека женава е топ али со тек на време почна на глава да ми се качува. Се жали не и било чисто дома и викам па двајца имаш на еден крпата на еден метлата и ќе ти свети куќата и ми вика а не , они работат тешка работа не ги мачам нив ако треба вака нека ми биде само синовите мои да не работат. И што очекуваше да и кажам? Нон стоп со мене што муабети праеше ѓи извртуваше и само се карав со дечко ми али сеа веке ми јаде од рака он , повеќе мене ме слуша од неа па ако и треба нешто кај мене прво се обраќа
Unique.chick не се замарај со нивните проблеми..... во право се другите...кога тогаш ќе се дознае но нека не биде од тебе..ќути си и прај се на трипун...демек ништо не знаеш..... мм(бивш) знаеше дека на татко му швалерката доаѓа и мајка му и вари кафе...па криво му беше кога ќе му казажам-ем тој ме прашуваше дали доаѓала... тоа е нож со 2 острици.. мт сака да дознае а всушност се плаши од вистината.. трај си и свиркај си....не кажувај ништо...само биди спремна за топла прегратка кога ќе дознае....ем ти ќе бидеш чиста ем мт ќе ја цени подршката
Вчера свекрва ми беше во град. И кога си дојде дома фискалната од хамбургерот беше на масата и јас ја видов..по 10 минути таа вика ај да јадам не сам јадела да се напијам апче,,,,,мислев да и кажам не ли се најаде ама ништо не и реков.....а тоа сто си го стави да го јаде демек не и се аресало.. и упорно тврдеше дека не е јадела...а јас на мм му ја показав фискалната и му реков цел ли живот вие живеете во лаги? и тој ми вика демек изгледа се е подместила таа.. не знам како да се понашам со неа кога знам каква е ја мразам.
абе таа ептен лапната била... уште еднаш ако направи нешто слично воопшто не мислисе, сплескај и в лице!
Исто и јас мислев дека е топ но со тек на време сфатив дека ја претерува во некои работи. И истото тоа со муабетите ќе ти ги изврти после ние карај се со дечко ми за без потреба па тој ќе ја правда таа не мислеше така мислеше вака еееееееееееееееее ми се смачи веќе преку глава мие дојдено.
Јас би ги врлила во контејнер. Па ако 4 дена не ги тргнала, ги фрлила на земја значи дека не планира да ги носи и се за фрлање. направи еднаш така да видиш дали ќе и текне пак да остава пред врата алишта.
Се закачивме денес нешто со мм ми и знаето што ми вика тој? Ако не била мајка му и кучињата немало да ги лајат.......демек оти работела по полето...
Ги кренав и ги ставив во купатило ми се смачи веќе ми е срам како ми доаѓаат гости.. Лелее е нема грешка сите се прават работнии и мојата свеки е ваква .. позз до сите