Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.787
    Допаѓања:
    98.965
    Па не го кажа баш тоа, но добро...
    Јас барем го знам твојот став општо на темава.
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Па да, има голема вистина во приказните од овој тип , кога родителите граделе спрат за синот и снаата, со план да го поклонат. Сакале да живеар заедно, свесно инвестирале во тој спрат и тој начин на живот.
    А секако синот може да одбие и сам да се бори низ животот и да печали.
    А во примерите кога родителите не спечалиле спратови за синот а тој се оженил и дошла снаата?
    Немале, не можеле, не сакале... сеедно. Од старт се знаело дека нема место за уште една фамилија во тоа станче.
    Убаво би било да се слагаат, ама најчесто не.
    Чија вина е?
     
    На DAngel, NarCis@, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  3. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Сте забегале од темава,но сте ја допреле темата за која секоја ноќ размислувам. Имам два сина,еден ден ќе бидам свекрва.Имаме куќа со услови за доградба,но не сакам да инвестирам така.Мислам дека е подобро да ставам пари колку можам на страна и кога сакаат да им се помогне со тие средства.Но,сакам и едниот кат да им го средам,за кога ќе се тинејџери на раат да си уживаат со друштво.Да си носат девојки без да се срамат дали ќе се сретнеме.Па откако ке се женат,нека си прават како си сакаат. Знам дека не сакам да живеам со снаи и дека за се што можам ќе помагам.Живеев две и пол години во заедница,немавме некои проблеми,но тоа за мене е тортура.
     
    На Anyshka, Puffy2019, Kate Rina 93 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    На сите.
    Оти во Македонија: Снаата оди да живее кај мажот и неговата фамилија.
    Ако имале проблем со заедничко живеење, родителите, требало да го вокализираат тоа, а не да се ожени, да се населат, па отпосле да се крека.
     
    На CameliaMiller, Ladyyyy567* и Emy867 им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Проблемите со заедничкото живеење се појавуваат одкако ќе се започне со фактичкото живеење.
    Предходно само ќе си знаеш дека ќе делиш сметки, трошкови, кујна, веце, нема да можеш да шеташ на гаќи, да си донесеш друштво, да се тегнеш пред тв во дневна до кога сакаш, ќе слушаш досетки, идеи и совети за кои не секогашимаш воља и желба да слушаш.. да не редам до безброј.
     
    На Anyshka, DAngel, elena.mak и 5 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не може никој да се вади на тоа: Не знаев.
    Секаде можеш да видиш, да прочиташ, да чуеш.
    А и логиката треба да ти каже, дека не може да се согласуваш со сите, за се'.
    Дека и со децата се караш, зошто да не и со нивните избраници?
    Истото е.
    Плус, логиката треба да ти каже, дека со некој кој не ти е дете, ако се испокараш, и ако ти пререче нешто, нема да ти е исто, како детето да ти пререкло.

    Неукоста, и игнорирањето на реалноста, не е оправдување. - за сите важи ова..
     
    На CameliaMiller и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Па тоа викам.

    Не може да се вади човек на девизата не знаев.
    Некои работи се знаат однапред.
    А тоа што не се знае треба да се седне и муабет да се направи.
    Прагот на толеранција и способноста за брза/безболна адаптација не е иста кај сите.
    Може не го знаеме друиот секогаш(иако синот ваљда си ги знае домашните) ама себе си се знаеме и дали колку можеме да се адаптираме.
     
    На DAngel, CameliaMiller, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.972
    Допаѓања:
    45.673
    Пол:
    Женски
    Па јас не велам само за таа генерација, јас велам и за предходните. Ако веќе сите велите сами не сме способни да си направиме, зошто тогаш со генерации наназад не оставале сами да си прават? Еве свекрва ми ја доградувале куќата што била од нејзините, зеле огромен кредит тогаш кој сеуште го плаќа и ќе го плаќа додека е жива, после недај боже јас да остане да го плаќам или куќата ќе ја земат оти под хипотека е.
    Место тогаш да зела помал кредит да зела станче за нив, па кога ќе дошло ред син или ќерка да се жени да одат тие да се борат за дом или ете ќе сме се вселиле ние во куќата и ќе ја реновираме.
    Секако може, ама ако веќе има простор што тие од раѓање го испланирале за снаата и синот, нека го остават на синот и снаата, а не да и го вадат на нос. И јас и маж ми сакавме да живееме во стан, сакав и јас да си средувам како ми одговара, ама не иако спратот на ново се реновираше никој не чекаше јас да кажам како сакам иако парите беа од син и, иако јас го опремив внатре, иако треба да е наше пак не е.
    Ако немало каде да де живее принудени ќе биле да плаќаат ќирија, што е во ред, сами значи се снајдуваат, вака се принудени да седат кај нив за да биде мирно нели и за да нема кавги и мубети како сме неблагодарни, а пак повеќето свекрви ќе ти се качуваат на глава.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Puffy2019 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Според мене и те како се разликуваат ситуациите.
    Во првиот случај, како што опоша @WildMk родителите се контрадикторни сами на себе. Критериумите и преставата за заедничко живеење им се малку поместени. Правеле, стварале, ама со надеж(свесно или несвесно) друг да игра како они ќе свират.
    Во примеров како кај @1209 најсикрено не е услуга туку обврска...за така не фала. Грижи на совест само да набиваат доколку младите повлечт драстичен чекор.
    Третата категорија е секако најтешка. Каде на исти спрат, едно станче, треба две фамилии да се трпат. Тешко е, претешко, макар и да е заедница помеѓу најразбранитњ свекрва и снаа. А најчесто, на жалост, не е тоа случај.
     
    На CameliaMiller, Sexybaby86, mKdevojce и 4 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.496
    Пол:
    Женски
    @supergirlmb Многу убаво размислуваш. Средете го спратот како што си замислила и колку што можете пари на страна.

    Сите сте во право. Младите под кирија и на раат. Ако немаат можност ќе ја создадат. Ако не веднаш за неколку години. А до тогаш на секој му е дозволено да кука тука и надвор од форумов.

    Јас и мм пред да се запознаеме живееме и двајцата одделно под кирија, кога се запознавме живеевме заедно, свекорот и свекрвата ги запознав, а воедно отидовме и кај нив кога бев 5ти месец бремена и со муабетот дека е срамота што сум трудна, а не живеам кај нив. Као демек ја со швалерот живеам, а не со маж ми, татко на моето, нашето дете.

    Следен муабет дека срамота е бебето да не е во нивната куќа, значи јас да сум кај нив со бебето, а маж ми во нашиот стан под кирија.

    Следен кога се отселивме дека сме им го зеле внучето. Значи во 21век снаата и го зема внучето на свекрвата. Не знам што е финтава со свекрвите што мислат дека внучето е повеќе нивно отколку на сопсвената си мајка. Погрешни вакцини имаат примено на времето.
     
    На Anyshka, AngIv, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.972
    Допаѓања:
    45.673
    Пол:
    Женски
    Не сакам и јас да звучам неблагодрано, ни помагаат и не се лоши, имаме недоразбирања со свекрва ми ама не е ништо страшно, не велам дека ми е голем проблем што седам во нивна куќа, ама ако утре недај боже починат тој кредит мене ќе ми остане и јас место да мислам за иднината ќе треба да си туоам глава, а верувајте не е мал, богами ќе тупам глава. Можеле да размислат попаметно, кога дојде ред спратот за нас да го средеме, таа како архитект веќе се беше исцртала и испланирала и често забораваше дека и мене тоа ми е професија. Сакав пример лустери да имам дома, а кога отидов да видам што е направено веќе имаше плафоњерки купено и ставено. Нема веза небитни работи се донекаде, ама сепак бодат во очи, оти дома една соба сум имала моја па мајка ми никогаш не ми кажувала како да ја средам. Пред да дојдиме во странство и свекор ми се расправаше со нас, како демек средивте сега се долу и ќе одите во странство да плаќате кирија, а тука куќа цела ќе седи сама и ќе плаќаме кредит за неа...така да не секогаш овоа е доброволно, во најголем случај е наметнато.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Puffy2019 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Можете да го одбиете наследството и со тоа не наследуваш ни кредит, ама ни имот.
     
    На mal.ecka, An-na и Animali им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.496
    Пол:
    Женски
    @1209 Дали кредитот им е осигуран и ако не е дали може допрва да се осигура? Во случај на смрт осигурувањето да го покрие кредитот и вие да сте чисти. @Cka се разбираше од овие работи. Значи дали може да не мора синот и снаата да го исплатата кредитот на свекорот и свекрвата туку да го исплати осигурувањето.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Тоа е лошото.
    Треба да се лише од секакво удобство и евентуално реновирање прилагодување на домот, кое секако е инвестиција, за да има логика одбивањето на наследството.
    Фатен си во стапица и ситуација од која нема безболен излез.
     
    На kukla21, 1209 и WildMk им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    далеку сум од свекрва но имам машко дете и ќе се осмелам да коментирам. Значи јас сега како било да си го одгледам детето да го оженам а после како сака нека си се снаоѓа за сопствено живеалиште. нема јас да бидам крива ако не си се снајдар тие. (facepalm)
     
    На Anyshka и Alisa22 им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Па он сам ќе реши да си се жени, кога доволно коцки ќе му се поклопат.
    А оти како мајка да чуствуваш вина доколку си изгледала возрасен маж, способен сам да одлучува и да се бори низ животот?
     
    На CameliaMiller, NarCis@, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    и после да вели роди ме мајко и фрлиме на буниште и стварно така е. Мое е да му обезбедам негово е дали и како ќе го искористи
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Јас колку разбрав жалбата беше дека свекорот и свекрвата им натовариле куќа на спрат и кредит за неа. Затоа посочив дека на сила никој не може да ти тупне ни куќа ни кредит за неа. Или нека го одбијат наследството сосе кредитот или нека ја продадат куќата и нека го исплатат кредитот. Е сега ако некој сака куќа да наследи, ама не и кредитот, тоа е друго.
     
    На An-na, 1209 и WildMk им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Не гледам причина зошто така да викам.
    Доколку сме му пружиле на тоа дете топол дом, љубов, грижа и исполнуваље на основните потреби од видот на рекреација/облека... и најважното услови за да гомисполни својот потенцијал, јас не бимимала грижа на совест.
    Повеќе грижа на совест би имала дооолку мумкратам од чланарина од курс за јазик, спорт, упис на посакуваниот факултет, поддршка доколку сака да замине странство со/беа стипендија или пак дури и на брод за кредит за нешто што можеби и нема ни да го сака или да му треба.

    Ама ако не му купам стан не би рекла дека на буниште сум го фрлила.
    Според мене сум му дала крила да лета а оно ќе си знае дека ја има мојата поддрша и љубов.
     
    На CameliaMiller, Dust, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Според тебе и според логиката да, ама според снаата ќе бидеш себична вештерка што има пари да шета и да се дотерува ама нема пари на синот стан да му купи. Па муабети од типот на "Перо и Трајанка со мали плати го обезбедија синот, а оваа нашава во гроб ќе ги носи парите"...
    Јас само се надевам дека темава ќе постои за едно 20 години, чисто да видиме какви свекрви ќе бидат денешните снаи.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.