И они изгледа така се одгледани/воспитани. Женските на буниште да ги фрлат, ама на машките станеви да им се купат. Уствари стан е добрата опција. Доградување/преградување на спрат, па со обврска да се доправа/инвестира во иднина, каде цел живот вложуваш во нешто на нивно име, па и не дај боже младите и кредитите да ги доплаќаат. Само оти “мора” или “треба”.
@gjoke4e Свекрва ми сега проба да ја продаде куќата зошто го сфати проблемот, не знам дали е осигуран кредитот, знам дека тие ќе пробаат да најдат решение да не дојде до ова, свесни се и тие и не сакаат така да биде ама зборот ми е дека може да де случи. Зошто сега да се мачи да ја продаде, а тешко оди скоро никој не купува куќи сега посебно ме во мало место, а куќата е совршена, зошто да живее во страв и нерввози и цела плата да и оди на кредити, да не може да мрдне никаде ради нив, место да се размисли напочеток и да се превземат други мерки за обезбедување живеалиште, тоа ми е муабетот.
Абе генерално, не се проблем ни снаите, ни свекрвите. Оти жените за 'за подавање' од куќа-во куќа. 'Традицијата' кај нас вика: Жената оди кај мажот, таа чисти и готви, мора да ја почитува свекрвата, таа чува деца, свекрвата треба да каже како треба, мајката и таткото на жената само се известуваат за одлуките во новото семејство (сопруга и сопруг), ама мајката и таткото на мажот се прашуваат за мислење. Колку и да не чини зетот, 'баба' ќе ќути, и ќе го тинтра, за да не 'ја избрка' случајно ќерката, па оваа да остане 'распуштеница'... оти срамота е. А свекрва, нема да се мисли дали да и' пререче на снаата, оти 'нема кај да оди оваа'... ако си оди, ќе биде 'распуштеница'. Теоретски, убаво е да се сите самостојни, сами да си ги извршуваат должностите околу семејството и децата, сами да си обезбедуваат финансиите, домот во кој ќе живеат.. итн... Но во пракса, не е така. Прво, пари во Македонија, нема... за повеќето.. Второ.. погоре-спомнатата 'традиција'. И ова важи и за денешните свекрви... еднаш и тие биле снаи, и и тие го минеле сето ова, и не знаат поинаку, се плашат од поинаку (повеќето), а и не сакаат поинаку. Затоа денес, 'младите не ќутат'... според нив. Денес, младите, само научиле дека светот е дааалеку поголем од оваа наша 200*250км територија и дааалеку пошарен отколку ова овде. Суштината на проблемот е 'традицијата', односно, застарените мислења, кои сеуште некој се обидува да ги 'задржи'. Време е, вие 'мажите', да си земите дел од одговорноста, која ја имате во 'одржувањето' на системов.
За оваа дискриминација јас се имам расправано на други теми и таму бев нападната, од жени, како било греота они да му земале дел од имотот на братот, како било адет жената да оди кај мажот бла, бла... @WildMk, погрешно си ме разбрала, јас сум женско и начелно се согласувам со тебе. Тоа одење кај мажот е тешка глупост, а со оглед на ситуацијата во Мк и неможноста на повеќето млади сами да се снајдат, идеално би било родителите од двете страни да помогнат, и секако и младите да си се заангажираат и да се дојде до сопствен стан. Али не, овде се очекува стриктно од свекорот и свекрвата се на тацна, а тоа што од дома ги испратиле со два куфера, а се останато останало на братот нема врска.
Во право си. Но на жалост често и родителите на снаата даваат, помагаат, за да се инвестира и да се доправи во спратот кај свекрвата. Плус и младите земаат кредити или ја инвестираат заштедата. На крај може нема да се фати толку како градење на страна, но солидна инвестиција, па и на непрепишано често. Не дај боже ако дојде до развод снаата ќе остане со куферот облека. Таква помош, таков спрат, фала ама не фала. Важно свекрвата направила спрат за синот.
Хах! татко ми истиов муабет но малце поинаку! Тој мисли дека ќе згреши ако му го направи спратот на братми (30год.има и нема абер за женење, нема девојка моментално) бидејќи "малиов" ќе му се заарни таков самостален до негде, ергенски живот и ќе си носи друштво, ќе нема абер тек тогаш за женење. Така да размислете добро дали треба пред или од кога ќе донесат одлука за женење. Не е проблем да се уреди еден спрат за малку време и релативно малку трошоци, барем за нас.
[QUOTE="Emma2, post: 4357336, member: Така да размислете добро дали треба пред или од кога ќе донесат одлука за женење. Не е проблем да се уреди еден спрат за малку време и релативно малку трошоци, барем за нас.[/QUOTE] Хех. Затоа велам, дур се тинејџери. Па ако им се носи жена во такви соби тонејџерски нека носат, мене нема да ми пречи. Јас сакам само да се среќни. А за откако ќеја донесат одлуката за женење, тогаш сами нека одлучуват како и што ќе средуваат. Ја не им се мешам во тоа. И планирам дотогаш да се свесни дека треба и сами да си придонесуваат за својот живот.
Хех. Затоа велам, дур се тинејџери. Па ако им се носи жена во такви соби тонејџерски нека носат, мене нема да ми пречи. Јас сакам само да се среќни. А за откако ќеја донесат одлуката за женење, тогаш сами нека одлучуват како и што ќе средуваат. Ја не им се мешам во тоа. И планирам дотогаш да се свесни дека треба и сами да си придонесуваат за својот живот.[/QUOTE] Се е тоа океј, јас те разбирам.. ама да не биде после зошто не се женат, односно пролонгираат... дека може да почнат да збеснуваат, свој простор, комоција, удобност, мама е на спрат подолу, исперени,испеглани, најадени, лесен живот... за брак требаат цврсти личности спремни...just sayin'...ние дека од искуство...зборам за братми... и тоа од сега тазе искуства,настани..му запнал на таткоми, т.е прво за потковал мајками да му го средат спратот ( поткровје е) а тој нема абер за женачка, само си излегува, си шета, си работи ама плус ги молзе за пари замислете, иако не е крив он,моите се... сепак, ако уште и спрат му напраат, ќе си се зафркава..
Ако е осигуран кредитот, свекрвата ќе Умре, осигурителната ќе покрие кредит и хипотека, снаата ќе жали 24 саати и сите останати среќни. Јас на нејзино место, јас ќе плаќам 20 евра осигурање и ќе спиеме сите мирно. Плус нервирај ја повеќе ако е до имотот
Биди среќнa штo не ти бaрa сегa пaри зa кредит туку сaмa си гo плaќa. Пa и дa oстaне нештo зa дoплaќaње пoсле смрт тoa немa дa е мнoгу a ќе имaш куќa нa рaспoлaгaње. Акo не сaкaш и сметaш декa ти е терет еве речи и' мене некa ми гo oстaви кредитoт и куќaтa, јaс ќе јa исплaтaм дo крaј. И тoa мaлку штo требa дa гo плaтите нa крaј мнoгу ви е, знaчи нaвикнaти сите куќa oд мaжoт тoптaн. Зoштo пoмaлo стaнче не зеле тoгaш? Пoмaлите стaнчињa не се мнoгу пoевтини a и кaде ќе седевте сегa дa беше пoмaлo стaнче?
А зошто не го прочита делот кој што е под твоето болдирано па да разбереш што сакало да каже девојчето?! Не прочита ли дека не ни бара некој да и дал нешто, туку напишала дека ќе си се бореле со маж и за дом? Читаш само на тебе што ти одговара. Значи таа ниту сака куќа, ниту сака туѓи долгови, просто е!
Ќе седевме под кирија и ќе си го средевме со парите кои ги дадовме за да го реновираме спратот. Сеа зборите како треба да се осамостоиме, а се како демек дека ќе седиме. Не е малку верувај, 20000 рата за кредити ич не е малку на наши стандарди. Да сакавме да одиме по кирија и да не го реновираме спратот знаеш што рекоа, ќеќсе лутеа оти сеа реновирањето качува на цена за куќата, не ни дојде муабет дали сакаме, не ни праша уствари.
Не се богати, баш ради тоа, не и е само тој кредит, отплаќа и кредит како жирант за жал, инаку имаиодлично платена работа, а свекор ми исто е во странство.Не е ни битно уствари, нејзино си е, муабетот ми е дека ние сеа се преселивме во странство, ќерка и е мажена во странство, сопругот и е во странство и за кој правеле толкава куќа, точно дека не знаеле каде сите ќе завршат, ама затоа по малку колку ти е доволно тебе, после наредна генерација ќе мисли, како они што се снаоѓале така и ние ќе се снаоѓавме.
Епа и ние сите велиме тоа да го направи и она сега сака кога виде како стојат работите, ама тешко де продава куќа, посебно у мало место и изградена целосно. Иако има предобра локација, куќата е супер, реновирана, има деловен простор, двор огромен, ама и со намалена цена од онаа на која ја проценија не се продава и веројатно така ќе остане, од таму де сите мои грижи. Ајде да не забегуваме од темата, целио муабет е дека не мора да се должни старите да дадат на синоѕ или ќерката, на крај крај ако сме решиле да биде возрасни ќе се снајдеме и за живеење, не сакам да ми се наметнува избор.
Да бидеме реални, кај нас куќи на три ката се градат за да утре кога свекорот и свекрвата ке клапнат да има кој да ги бања и да им додаде чаша вода, да ги пере и да им готви. Скраја да е во дом да отидат, срамота е, исто како што е срамота младите под кирија да седат а овие им дигнале цел спрат.
Не знам кој им е мотивот на старите за куќи на три спрата, ама во секој случај никој не може младите со сила да ги натера живеат во тие куќи. Секој може да рече не фала, ние со сопругот/сопругата сами ќе си се избориме за свој дом....Ама слабо такви случаи,напротив најголем дел од кавгите меѓу браќа или браќа и сестри се за имот, кој да лапне повеќе..така да муабетите како некој со сила наметнувал куќи на три спрата се смешни.