Никoј сo силa не мoже дa и нaметне. Кoј не сaкa ќе си седи сaм пoд ќиријa и нa крaј aкo не се исплaти куќaтa, ќе си јa земе бaнкaтa. Јaс рекoв еве јaс ќе јa земaм aкo никoј не јa сaкa.
Има и млади кои живеат јер толку им е моќта, тоа ич не е спорно. Старите од себичност направиле куќа во која сите ке се на еден куп, вложиле кеш како они мислеле дека е погодно без опција младите да одлучат како им одговара. А познавам парови кои се моќни да исплаќаат кредит ама немаат кеш на страна, и токму тоа е делот кој е вложен во ѕидини спремни години уназад. Секој си прави пресметки - една опција е да даваш пари за кирии а друга е да живееш на спратот кој го изградиле старите и во некој момент да си излезеш од таму. Ама жив човек, се навикнува, си легнува на брашното, губи сили за нови борби. Ги има и такви кои го избираат потешкиот пат и со пот си го купуваат мирот кој им недостига. Тие луѓе ја имаат целата моја почит. Имам пишано веќе, освен фактот што ке треба да работиш ден-ноќ и да го штедиш секој денар, ти треба и стискавец да се спротиставиш. Многумина го немаат тоа. Само не ми е јасно како лакомоста за наследство е поврзана со темава снаи и свекрви и проблемите со заедничко живеење?
Можеш да одлучуваш како ќе инвестираш твои пари, а не пари што некој друг цел живот ги печалел. Ете старите заштедиле нешто и решиле да дигнат спрат. Колку е тоа правилна одлука е друга работа, ама тие сакале НИВНИТЕ пари така да ги инвестираат. А воопшто немале обврска ниту спрат да дигаат, ниту стан да им купуваат на младите, ниту пак кеш да им давааат, ниту ништо. Можеле да си шетаат по светот со тие пари ако сакале. Ни синот ни снаата не се мали деца па некој да е должен да им обезбедува било што. Ако не сакаш да живееш во куќа на три спрата, не живеј. Снајди се на друг начин. А не да кукаш зошто кренале спрат, а не купиле стан. Не им е тоа должност. А лакомоста за наследство ја спомнав апропо муабетот за наметнување куќи на три спрата. Судовите вријат од предмети каде браќа се тужат за пет квадрати,а тука се врти муабет како некој со сила ви тупнувал куќи. Абе ајде.
Ако не направиле куќа тогаш се себични и мислеле само на својот задник, шетале, трошеле, оделе по одмори. Ако направиле голема куќа за во случај децата во иднина да немаат можности за тоа, пак се себични оти ги врзале за себе. Ако земале кредит и на крај им останал малку за плаќање а го оставаат на децата да го отплатат за да не им го земе банката исплатеното, тогаш се од оние што умираат и ги оставаат децата задолжени. Младите од друга страна еднаш се жалат како треба да живеат под ќирии, другпат пак сакаат под ќирија оти така наместо плафонки ќе може лустери да си стават?? А уствари работата е -зошто наместо спрат не ми оставија пари па јас да си ги трошам како сакам? Ќе купиш со тогашните пари за доградба на уште еден спрат на веќе крената куќа - шипинки. Лустери можеби, тоа да. Крајно е, дури и некој да те навлекол на неговиот план и кредити без твоја согласност, опцијата да речеш -не фала, е во твои раце. Посебно ако планираш странство и не планираш да се враќаш во Мк. Во поинаков пример, ќе живееш во нова куќа на 2 спрата, ја отплаќа свекрвата а тебе можеби ќе ти остане нешто за отплаќање доколку си "заминат" порано. Направете математика да треба од ново да купуваш стан или градиш куќа и кажете што не е во ред со математичкава пресметка?
Сериозно ја сакаш? Ако е така ќе ти пратам линк од Пазар 3 Не реков дека ќе купам стан, реков дека парите кои беа мои и на сопругот а ние ги вложивме во спратот, кој беше изграден веќе, можевме да идеме под кирија и да си го опремиме тој стан, да не беше изграден спратот, сега пошто е изграден мене ми се наметнува седењето таму. Не знам што не е јасно тукс, јас не велам ниту дека ќе ги сметав за себични ако не ни обезбедиле ништо, зошто и моите не обезбедија, ниту ќе ги сметав за себични ако ја продадат куќата и си се шетаат со тие пари и ги трошат како сакаат, јас реков дека ќе се снајдеме како што се снаоѓаме и сега впрочем. Така да не пробај да ме направиш лоша во случајов со извртување на проблемов.
Можеш, ама утре не смееш да им удираш на младите од нос дека си им дигнал спрат а они живеат под кирија или уште пострашно, да им дигнеш спрат и да очекуваш да ти се потчинат. А ако ја развртиш темава ке прочиташ дека свекрви очекуваат снаата да им прави кафе секое утро, очекува да чисти кај неа на спрат ама и кај нив јер оваа веќе е стара а дала пари и со тоа си купила чистачка за доживотно, утре кога ке дојде бебето очекува да го бања до 40 дена, очекува дека вратите на горен спрат треба да се отклучени за да она влезе кога сака, посебно кога ке дојде бебето јер она разбира и треба да се грижи за детето, наместо да биде практична и да зачисти, ручек да направи а снаата да си се грижи за детето како што е логично. Има и свекрви и свекори кои не можат да се помират со фактот што они вложиле толку пари а младите отишле под кирија. Тоа срамота од комшиите, греота за цела мака и труд, тоа не знаат да ценат, ма крај нема. Не спорам дека луѓето се лакоми за имот, уште па кога е муфте, ехее. Ама овде тема на муабет е друга, па да дискутираме на истата.
Ама како може свекрвата со сила да те натера да живееш со неа? Си кажуваш дека не ти одговара и си бараш друго чаре, и не ти е битно дали она очекувала да го бања бебето или да и праиш ручек.
Ти навистина не знаеш да дискутираш, м? Каде пишав дека свекрвата тера било кого на било што? Ако ги прочиташ сите мислења, ке видиш дека јас веќе пишав дека има парови кои одлучуваат целосно сами да функционираат и они не се тема на дискусија. Ако имаш став на темава - добро, јас не гледам поента во цитирањево.
Да не го извртуваме муабетот на @1209 . Поентата беше дека подобро е да не вложуваат во спрат или куќа во исти двор. @Bridget во право си дека ако нема спрат викаме не мислеле за нас, ако има сакале да не заковаат тука. Исто како што викаме Свекрва ми еднаш не дојде да го види бебето и Свекрва ми секој ден доаѓа и го гледа, а најјакото ми беше кога Свекрвата секој ден го гледала детето правела се од убаво поубаво и мајката на снаата и рекла Како не и текна еднаш да земе да запегла. Заклучок: Што и да прават пак не чинат, затоа е СВЕКРВА. Ете и мене мојата не ми чини и сега сме кога сме во странство и тоа е тоа.
Ти си таа што не знае да дискутира. Прво тврдеше дека старите праеле куќи на спрат само за да има кој да им готви и да ги гледа кога ќе клапнеле. Па јас ти одговорив дека никој со сила не може да те натера да живееш во таа фамозна куќа на спрат, секогаш можеш да се тргнеш на страна. Па кенкаше како свекрвите очекувале во замена за тој спрат да им се потчинуваш, да им готвиш и чистиш, па бебето сакале да го бањаат, па не знам што.. Јас пак ти одговорив дека никој не те врзал во таа куќа, во секое време можеш да си одиш, а ти на тоа ми одговараш дека не знам да дискутирам? Став имам, и пак ќе го повторам, ако не сакаш да живееш во куќата на три спрата што свекрвата ја кренала за да има кој да и готви, просто е - не живеј во неа. А кој е твојот став не знам.
Во подрум? Се зезам. Ако е нормална зошто да не. Макар што ете ја и нормална не би зела да живее со нас.
ја седам до ќерками она ми вика да се иставам за да ја нарани [/QUOTE] Имаше да ја отерам у три пизде материне колку шо ке дозволев да ме истуркат мене за таа да ја наранит! Абе на телевизија да не имаше! И уште не сваќам како го пуштиле бебето со баба му а тебе те задржале,хм..
Голем удел во дигањето уште еден спрат (или два) игра моментот дека старциве до негде и од себични причини го прават тоа. Еве ќе му напраиме спрат,ќе мора да седи тука со нас и на старост (подоцнежна) ќе мора да се грижи за нас, сакал нејќел... Не дека општо не би се грижеле за родителите, ама ете кога некој ти одма тука до тебе, ваљда по друго им е... плус за друштво...
со сето тоа што го пиша си во право скрос. Ама на крај ко ќе израсне ко ќе одлета уште многу години треба да поминат додека сам си обезбеди дом. И на не знам колку имаш забележано,сигурно и околу твојот круг има такви кои на 30+ живеат со мамичка и покрај плата која ја земаат дрпаат и нешто од родителите оти нели не стасува. Ретки се тие кои после се успеваат да се осамостојат.
Убаво ако некој има доволно да даде и створи без да крати на основни работи од устата на децата или пак да им остави нив трошок/кредит/обврска. Така е најубаво. Во спротивно, јас сум за тоа остај ги сами да решат, не им правиш услуга вака. Подобро, доколку можеш и сакаш, заштеди и помогни на поскромен или поинаков начин, при учество за стан на пример, кој сами ќе си го плаќаат, одколку да дигнеш карабина која низ нос ќе им ја вадиш( не ти, само фигуративно зборам). Секако дека познавам и јас такви случаеви. Секакви примери има.
имаше погоре коментар дека мајката сака да го уреди едниот спрат за двајцата синови кога ќе пораснат да има каде друштво и девојки да носат. Тоа е една причина плус што е добро да се има куќа на два спрата. Нели во детска соба двајца не можат до 30 години да седат. Потоа имаше еден коментар каде вели Да бидеме реални, кај нас куќи на три ката се градат за да утре кога свекорот и свекрвата ке клапнат да има кој да ги бања и да им додаде чаша вода, да ги пере и да им готви. Скраја да е во дом да отидат, срамота е, исто како што е срамота младите под кирија да седат а овие им дигнале цел спрат. Тоа е уште една причина да се има куќа барем на два спрата. Е сега најдобро е ко ќе се дојде до темата за женачка и живеачка да се склучи договор секако родител колку може да помогне,не знаеме нашите деца како ќе мислат во далечната иднина. Не би сакала после очи да си ваѓам со снаата. во секој случај сум за куќа од 2 спрата не мора палата со 10 соби. Еден спрат за нас кога ќе остариме еден спрат нека има за децата кои ако не сакаат да живеат тука да има каде да дојдат да се сместат ко ќе посакаат да не посетат.
Сржта на проблемите кои ги дискутирате страници наназад, лежи во мислењето на повеќемина родители овдека кај нас дека на децата треба да им се сервира се на готово. Стан, куќа, работа... се, само да не се остави детето само да одлучи за сопствениот живот. И после се чудиме зошто е нормално кога здрави прави млади луѓе очекуваат т.е не очекуваат туку бараат родителите да им обезбедат стан, да им чуваат деца... И ова се пренесува генерациски, па така ако вашите родители граделе за вас, вие исто така чувствувате обврска да му оставите нешто на детето. Според мене многу погрешен став. На исто размислување сум со @danichap дека на детето не треба да му кратиш од обрзование, курсеви, јазици итн. за да штедиш за стан во иднина. Детето треба да се насочи, да му бидеш поддршка и поткрепа кога треба. Остави го нека ги рашири крилјата, сам нека го осознае животот, без притисоци и ограничувања.
Ама стварно не гледам причина зошто јас како родител да мислам каде триесетгодишен, здрав/прав маж ќе си седи со женската.