Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.425
    Пол:
    Женски
    Јас не сум во брак, ниту имам деца, но ќе коментирам од аспект јас како дете на моите :D
    И повеќе од тоа се согласувам со @danichap и @An-na. Сметам дека, ајде да не го наречам 'обврска', но нешто што се подразбира да го направат родителите е да ги изведат на прав пат, да всадат еманципација, култура, манири, вредности и поттикнување кон слобода и независност.

    За останатото што не е обврска, а некои мислат дека е. Мене лично, не само срам, туку и грижа на совест би имала јас како веќе возрасна личност да им ставам на моите товар како кредити и тие да мислат за крупните работи, а јас да си свиркам и на кафе да си одам, како што прават барем повеќето што ги познавам во околината, ова не е за никој лично, зборувам од она што го гледам.
    Обичен пример од личната околина ми е блиска личност, верена, и таа и тој од по 30 и 35 години, како мали деца, ете ние се веривме, затрудневме, ваше е свадба да ни направите и пропратно сите каприци на свадбата да ни ги исполните, за кои кредити мора да земете, ако не ќе се трескаме од земја и ќе урламе како 3-годишни деца во забавиште :|
    Од друга страна, исто пример, и двајцата околу 26-27 години, се верија и се преселија на заеднички живот под кирија, па за свадба, дупла работа, дупло штедење, одење на сезонски работи и свадбата се оствари, значи можело и така :D

    Не може за едно да сме возрасни, за друго не. Барем тоа е мое лично мислење :) Сите треба да живеат и среќно и исполнето, ама и да се потрудат за истото сами :)
     
    На CameliaMiller, Sandrin4, supergirlmb и 8 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    да и после ќе се чудиш зошто на 35 години уште живее во својата детска соба со пензијата од родителите бидејќи платата која му е поголема од нивната пензија не му достига нему

    еве јас кога се омажив стварно немав кај да појдам. Во куќа каде едниот спрат им служеше како подрум а на другиот живееа дедо на маж ми,свекор ми со втората жената и три деца некоја година постари од моето. од една страна си реков добро овие ум ли немале. Потоа си реков шуќур барем знам ќе си направиме нешто свое нема да имам допирна точка со нив нити па газди да ми се прават. Но поучена од таа приказна решив дека мое дете нема да има такви (не)услови каде сите ќе се туткаме па кога ќе дојде време да се жени нека оди кај сака. Мое е додека е со мене да има услови за живот да има своја приватност па после е негово што понатаму во животот
     
    Последна измена од модератор: 11 март 2019
    На Puffy2019 и candy.cane им се допаѓа ова.
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Моја обврска како родител е да ги научам децата кои се вистинските вредности во животот. Да им овозможам се' што им треба додека сме под ист покрив, но учејќи ги на обврски и едноставно, животот. Моите имаат огромна куќа, ама не со празни ѕидишта. Куќа направена за да живее четиричлено семејство, каде едниот спрат е дневен престој, кујна, трпезарија, тоалет и сите потребштини, а другиот спрат се спални соби, тераси и тоалет. Муабетот на татко ми секогаш беше, ние оваа куќа ја направивме за нас четворица. За се' останато, о том - по том. Така и би. Моите деца знаат дека треба да помогнат при местење/собирање на маса за ручек. Местење кревети пред/по спиење, собирање играчки. Почитување постари и авторитети, што смее а што не смее. Така се почнува мили мои, со основата од дома. Куќи и станови ќе им овозможам ако можам, а ако не ќе знаат сами како да дојдат до нешто. Така како што јас и татко им направивме, од руина дом. Се' се може ако се сака.

    После се' што прочитав тука, имам огромна почит кон свекрва ми. Може е секаква, ама сепак најдоброто за нас го сака и ние за неа. Проблемите успеавме да ги надраснеме со времето, не дека сега се' е супер ама имаме почит.
     
    На CameliaMiller, Harper, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Значи темата е Свекрви и снаи,но кога веќе се растегли темата и до станбено прашање и имотно правни односи,освен машката страна,да ја погледнеме и женската малце.
    Во последно време јас знам многу примери каде снаата,т.е нејзините родители покриваат се:)Имам неколку блиски другарки кои се помоќни од мажот финансиски,и они средија се,од куќи,до стан,коли..едниот беше и домазет извесно време,работи кај дедо му во фирма,и убаво му е:DЕ сега,и тука е можно да се појават одредени фрустрации кај нашиот балкански маж со тек на време,бидејќи знаете како нашите мажишта се научени да доминираат,а тука се малце потиснати,па се јавуваат др.проблеми - кај некои,не кај сите,но тоа е др.тема веќе.
    Така да со тек на време се надминува тоа-МОРА кај мажот да се живее,без оглед на се,дека наложува традицијата,и да се стават нивни имиња и на деца и сл.Веќе кој колку има помага-без разлика машка или женска страна,се надминуваат полека тие комплекси.
    Се согласувам потполно со тоа дека на времето граделе големи куќи за да живеат по неколку фамилии-точно,така било секаде.Можело станови да купат,но пак збориме од денешен аспект и не треба и тоа да се напаѓа.Така било за сите.И тие се веќе свесни за тоа,ама СЕГА.Грешки се прават при планирање на живеалиште секојпат,требало вака,онака..но тоа што поминало,поминало.Односот со старите без разлика кои-дали машка или женска страна треба да е коректен.Има милион примери и ситуации за несогласувања поради икс причини,но заклучокот е дека секој е посебен карактер и има свои гледишта за животот,и сепак на крај е најдобро секоја фамилија да си створи свој дом.Стари со млади не оди.
    Имаше тука мислење од некој дека за најголема почит се луѓето кои со свој труд и мака си создале свое живеалиште.Се согласувам целосно,бидејќи ние сме пример за тоа.После неколку години живот во заедница со разни препукувања,и тоа во станче двособно 5 души,не во куќа на спрат, направивме свој дом.Со лично наши средства и можности.Е сега,ќе немаш слободен ден во неделата,ќе работиш по цел ден по 2-3 работи,време за кафе мафе нема многу,шетање трошење ќе ограничиш ама за година две го постигнавме тоа што го сакаме.А чувството на исполнетост е неописливо.Да постигнеш сам во денешно време значи се може и кај нас.Само јака волја и труд.А да дремеш кај мамичка,не ти се работи,немаш муда да превземеш нешто,се на тацна,е после жали се. Е кога ќе си постигнеш сам,ама баш никој не може да ти пребаци нешто-ни од женска ни од машка страна,ниту да ти вади низ газ кој што и колку дал.Не се толку фактор финансиите,туку карактер и желбата.Нашиот народ е научен да кука и жали од низок стандард,плати ниски,лоша влада и сл.клише изговори,кои не се оправдување за сопствениот неуспех.Секој треба да се бори за себе и личната среќа,а начини секако постојат ако се сака.
     
    Последна измена: 11 март 2019
    На Anyshka, CameliaMiller, pianogirl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    2.668
    Пол:
    Женски
    Свекор ми на времето купил две места со намера да прави две посебни куќи за двајцата синови. Е, ама после се предомислил и едниот плац го продал. На другиот изградил куќа на 4 спрата, 3 за живеење и најдолниот гаражи и подруми. Едниот е среден за живеење, кај што и живееме моментално. Другите два синовите да си ги средат, што значи дека ние треба да инвестираме се од почеток до крај. Од една страна, да добро што "имаме" еден спрат и што ние сами ќе инвестираме и ќе средиме се без ничија финансиска помош. Но, од друга страна, кога веќе инвестирам подобро да инвестирам во нешто мое од корен.
    Еве ви типичен пример зошто не две станчиња, ами една голема за сите. Среќа што имам разумен маж, па можноста за одвојување во случај на проблеми е голема.
     
    На Puffy2019, ZAHRA, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    @Orchidea свекор ти кога видел дека освен два плаца нема да може ништо друго да оспособи за живот го продал едниот за да направи индивидуална фамилијарна зграда.
    И паметно од него.
    Како и да е, сепак веќе од нула нема да почнеш, имаш плац, имаш карабина.Коренот на просторот најубаво е да си го направите сами.
    Е сега, комшии цел век ќе ти бидат свекрвата и јатрвата, ама се зависи од маж ти, како тој се поставува кон нив, каков однос имаат.А него ќе мораш ТИ го устроиш.
     
    На Anyshka, lylaby, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е,сите се мачеле да прават куќи-згради,а пак живеат 5 генерации и сите се тука на куп,целосно приватност немаш.Штом си имаш разбирање со партнерот,се наоѓа решение во секоја ситуација.
     
    На Anyshka, Puffy2019, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    А вo згрaдa луѓе кaкo живеaт? Ѕид дo ѕид. Штo е тaa фoбијa oд живеење вo истa куќa a рaзлични спрaтoви не знaм. Акo не сте зрели дoвoлнo дa пoстaвите грaници дo кaде мoжaт дa oдaт другите сo вaс е друг прoблем. И aкo имaте вишoк пaри пa сaкaте свoјa куќa. Инaку зoштo би се жaлелa нa oстaвен спрaт?
     
    На AngIv и PinkGirl* им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.553
    Допаѓања:
    139.862
    не бе....

    Нормална е, ама не сакам да се скарам. Знам да бидам замерлива повремено.
    Ама она со една пензија може само редовни трошоци да покрие. Плус мисла ми е, сама жена, да падне нема кој рака да и подаде. Да и се слоши, нема човек до неа.
    Од тој аспект гледам. Кај нас нема ништо да има ни обврски, ни трошоци, ама мислам дека она не сака со нас. јас сум лоша, маж ми бетер :) Она ептен. Поарно ни е вака, ама мисла ми е ептен. Она е единствената што си го даде сопствениот дом под хипотека за нас. Со покривот над глава веруваше у нас. Ко никој друг.
     
    На Harper, Biljarkata, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.240
    Допаѓања:
    178.764
    Она испаднала ептен човек спрема вас
    Затоа и вие ке испаднете човеци и ко аке неможе сама ке си ја земите со вас
    Сега она не сака од причина шо може да се гриже сама за себе па си мисле да не ви смета само безпотребно
    а ако стварно размислиш сам човек еден притисок да каче.......
     
    На mal.ecka, elena.mak и candy.cane им се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    еве во куќата кај моите баба ми и дедо ми кренале од еден спрат на 3 зашто 3 браќа се. На едниот спрат останале тие да живеат бидејќи едниот син заминал на факултет и таму и си останал ама спратот му остана нему. Другиот спрат е за другиот син кој има две машки деца тој со жена му живее на тој спрат со што на синовите им изгради куќа на друго место двоспратна за кога ќе им треба. Едниот се ожени замина таму. Третиот остана за татко ми кој има две ќерки ( јас и сестра ми ) генерацијата на татко ми и чичковците си имаат живеалиште со тоа што останува наследство на нас децата за кога ќе посакаме да си дојдеме тука а сите сме да не речам раселени од тука а доаѓаме повремено. Значи и таа зграда од старите не била за џабе.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Не велам дека е толку страшно да имаш спрат,дај боже да ми оставеше некој спрат,наместо да се теснам во станче толку време:DСепак и на спрат,пак не си скроз сам.А може да има предности доколку си имаш разбирање,помош е околу обврски,деца чување и сл.Значи се зависи со какви луѓе и карактери си имаш работа..Работата е што свесно граделе така порано,мислејќи дека е идеално решение за сите,а неретко после никнуваат кавги околу разни прашања па со тек на време ги согледуваат сопствените грешки.
    Во зграда не мора да береш толку гајле за другите комшии,за џабе не викаат подалеку од блиски ако сакаш да се почитуваш повеќе.
     
    Последна измена: 11 март 2019
    На Anyshka, CameliaMiller, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.961
    Допаѓања:
    13.679
    Во право си.Ние направивме куќа, ама сме на ист плац и најголема грешка ни е тоа искрено. Роднини е едно, а комшии е друго. Да ми е овој памет, само на страна подалеку од јатрва, девер, свекор, свекрва.
     
    На Anyshka, candy.cane и Ladyyyy567* им се допаѓа ова.
  14. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    2.668
    Пол:
    Женски
    Да не ме разберете погрешно -не се жалам.
    Во контекс на муабетот зошто не посебни станови, зошто една куќа, зошто спрат... Дадов само пример. Инаку целата куќа е на негово име, синовите немаат ништо. Значи, како и многу други овде, инвестираме во туѓо. Засега. А идејата да купиме нешто свое си светка.
    Секаде ги има овие проблеми. Толку ни е заостанато општеството, размислувањата...
     
    На Anyshka и Ladyyyy567* им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.296
    Не си емотивно врзан со комшиите.
    Не е исто да се испокараш со комшии и со роднини.

    Иначе, и јас не би се жалела на оставен спрат.
    Брави има, клучеви има.
     
    На Anyshka, SexiLy, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  16. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Упаѓам во дискусијава, денес ја читкав темава, ама некако почувствував потреба да одговорам на мислењево.
    Ама ич не е исто ѕид до ѕид со комшии во зграда и иста куќа различни спратови.
    Во зграда, комшијата не ти бара клуч за "не дај боже" да се најде кога не сте дома. Комшијата не ти дава непобаран совет околу одгледување на дете. Кога се карате со маж ти, комшија не осеќа макар најмала доза на жал или загриженост дека еве децава имаат проблем. Не се мурти ако не си кажал добар ден или не си отворил врата кога звонел на звонче.
    Примериве ги фрлив од ракав, колку да доловам ситуација, а има вакви уште илјадници ситуации. Старциве се вреѓаат од постапки, што ние младиве не можеме ни да замислиме. И младите исто така, што стариве на ум не ставаат дека нешто што рекле или направиле, ги извадило младите од кожа.
    И не е се така црно бело, па да пресечеш такви ситуации од корен и да поставиш некоја граница до кај смеат да одат. Можеби твоите граници се едни, но не се исти со на сопругот. Постои и нешто што се вика почит и грижа за чувствата и на другата страна. Свесност дека се тоа родители на твојот сопруг. Свесност дека ако живеете толку блиску, едноставно мора да има компромис ако сакате колку-толку хармоничен живот. Не може туку така да се отсечат и да се прецрта линија која не смеат да ја преминуваат. Многу пати старите и несвесно си земаат за право да се вмешаат во животот на младите, мислејќи дека они се поискусни и поубаво знаат.
    Тебе таквите реакции можеби те вадат од такт, а на сопругот му е сосема природно и секојдневно. И не, не е секогаш и сопругот крив и муле, па не застанува зад сопругата. Едноставно не ни приметува многупати дека некоја нивна постапка ја навредила или погодила сопругата.

    Сума сумарум, поубаво од секој на своја страна нема. Минимум 5км раздалеченост на живеалишта. Не дека и мојава на 200км не успева да ме извади од кожа. Од таму далеку ја осеќам како ми дише во врат :lol:
     
    На Anyshka, IAmPresident, CameliaMiller и 21 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Како што јас сфатив се работи за тоа што е дадено да не се вади низ нос. Ако дале не значи дека на секое треба да преговараат. Впрочем дадено е на синот. Он се задомил. Биле свесни оти ќе дојде снаа , нема да живее сам и да им биде на располагање 24/7.

    Ама на крај според мене се се сведува на карактери, односите меѓу самите членови и пред доаѓањето на снаата . И најбитното, поставеноста на синот. Ако он до сега не се пуштил од суќната на мама, нема никогаш.

    Сум пишувала на темата, кога ние се веривме свеки и свекор јасно ни кажаа дека како ние ќе го нарушиме нивниот ред со нашето мало семејство, така они ќе го нарушат нашиот. Фала им за тоа што го оделиле мм многу порано од пред да се запознаеме , па он функционираше веќе сам.:bow:
    Ако некој повеќе комуницира со нив моментално, тоа сум јас. Он се вади оти нема време. Па ,,должноста,, јас ја обавувам.
     
    На Anyshka, galapce, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Можеме до утре да зборуваме што е разлика од комшии до роднини, но од финансиска гледна точка комшиите никогаш нема да ти дадат стан на користење и на крај да ти го препишат. Цената што треба да се плати -неколку десетици илјади евра или да пробаш да поставиш граници и да балансираш бар на почеток, зависи од тоа на кој колку му е длабок џебот и кој колку е спремен да се прилагоди на некои работи.
    Кој има можност сам да живее едноставно пакува куфери и си оди. Другите, нека се сконцентрираат на тоа што го имаат и како да минимализираат проблеми со свекрва и свекор. Таму нека им е фокусот, а не како со 200 или 300 евра да се одделат затоа што не им се допаѓа баш ситуацијата во која се.
     
    На referentka, dunika, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.296
    Теба да пробаат да се 'синхронизираат', во право си...
    Секако е полесно да не плаќаш кирија.

    Иначе... еве, за нас ќе зборам... да не беа неговите и моите, стан ќе купевме, ко ќе си го видев тилот.
     
    На dunika, Sexybaby86, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.348
    Допаѓања:
    90.128
    Пол:
    Женски
    И ние имаме спрат во куќа од 130 кв.Направил свекор ми за сите по еден спрат.И фала му.
    Кој сака нека кажува ама голема работа е да си добиеш готов спрат,и тоа треба да се цени,голем дар е тоа.
    А бидејќи го имаме тој спрат, заштедата сега ни оди да им купиме станови на двете ќерки.
    Секој кој може да живее во зграда и да се смешка куртоазно на 100 станари,може да најде заеднички јазик со најблиски со кои ќе ги дели влезот и степениците.
     
    На AngIv, Red_Strawberry, pianogirl и 12 други им се допаѓа ова.