Претерувам ли што се лутам за некои работи околу детето? Вчера свекрвата ја чуваше малата оти маж ми повеќе се задржал на работа и ја одвела во град да шета по бутици со неа, да си купила некој фустан. Кога си дојдов седевме заедно и не кажа. Маж ми ми рече кога си дошол од работа видел дека немало никој дома и се јавил на мајка му да праша дека се и му кажала дека е излезена со малата по бутици. Јас и се јавив да ја прашам зошто не ми кажа дека ја носила малата во град, почна да се правда и да вика дека мислила дека јас знам. Само и кажав нареден пат да ме известе кога ја носе во град, а не да молчи. Ми одговори дека веќе нема да ја носила со неа никаде и ми затвори. Во право ли сум што треба да знам дека ми е детето? Таа си го изврте муабетот како што и одговара на неа и одозгоре се луте . За се и траам ама не може веќе да си прават што и текне . Додека малата не беше родена мајката беше најбитна, сега бабата стана. Пред некој ден на гости бевме заедно, јас стоеше до малата, имаше едно куче кое се доближи до малата и свекрвата одма трча да ја тргне оти се плаше од кучето. А јас стојам до неа. За се они трчат околу неа дури и кога јас сум тука. Дури и луѓето почнаа да реагираат и да зборат оставите го детето, има кој да оде по него. Не знам јас ли претерувам или они?
Мене би ми било сеедно... ама тебе ти пречи и штом е тоа така треба да кажеш и да се смени малку односот. Во однос на првата ситуација. Некогаш, за викенд ја земаат едната на неколку часа. Однапред никогаш не прашувам дали ќе ја шетаат, дали ќе ја бањаат или ќе играат дома со неа. Спонтано како ќе одлучат така. Кога ќе си дојдат ќе прашам и ќе кажат. Ако заборавам да прашам може нема ни да кажат ни за мене не е страшно. Здраво, право, среќно детето... му годело важно. Во однос на ситуации како кучево дали мајка дали свекрва исто би реагирале, па не замерувам. Ако, нека си зборат, мене барем не ми пречи.
Ама ти знаеш дека детето ти е со нив. А јас знам дека детето е дома/било дома, а не е. Фер е да каже. Ама она го кажува само тоа што на неа и одговара. Не е еднаш зборено ниту два пати. За се се мешаат и прават како што на нив им одговара. Не знам веќе на кој јазик да се разберам со нив. Пред нас едно зборе, зад грб друго ни праве. Епа и на тебе некој да ти праве лице и работи зад грб за твоето дете нема да ти е сеедно
@forumce еден исти збор е и за лошо и за арно, зависи тоналитетот. Веројатно си го кажала оштро, па затоа така изреагирала. Понекогаш во љутина и сами не сме свесни како реагираме.
Во ситуацијава мажот ти требало да ти каже дека е со нив а не со него. Како што кажав, ако им го давам на чување им давам и слобода во смисол да ја прошетаат до некоја фарма, дуќанче или слично. Дали дома, дали кај нив ќе седат со неа или надвор ќе ја шетаат мене ми е сеедно. Само да е облечена соодветно за временски услови, а тоа го прават. Се случувало и дома да ги оставам а јас со другото дете да заминам на термин. Кога сме се вратиле не биле дома, а не носи ниту мобилен. Не сум кренала паника. Ја изнела, ја шета, трпение и ќе се вратат. Дете пресреќно кога се враќале оти го шетала. Мислам вие си имате и други проблеми па чашата едноставно прелева...
Јас со маж ми не се ни слушнав додека бев на работа. Он беше до 7 ипол на работа и кога се вратил ги немало. Вечерта јас си дојдов, седевме заедно со нив и не кажа ништо .кога си отидеа тогаш маж ми ми кажа. Иначе да ова беше капката. Преку глава ми е од нејзиното лицемерие веќе. Пред нас едно зборе, зад грб друго праве. На малата и дава телефон да гледа слики и не знам ти што, а зборува пред нас како е штетен телефонот за мали деца, дека децата биле разлигавени од родителите, а уствари она ја разлигавува и и дозволува секакви глупости. Лицемерие до бескрај. А пред народот само лизна мазна се праве, као она не се мешала у ништо .
Те сфаќам... сите други недоразбирања и проблеми испливуваат на површина при поблизок однос или кога се има внуче. Потруди се да тргнеш на страна нејзиното понашање како свекрва и размисли дали е добра баба и дали детето е пред се сигурно и среќно со неа. Идеални не сме ни ние, ниту нашите родители па некогаш да се потрудиме да не замеруваме на ситници. Доколку е жената на место, и не ти пречи да има голем улога во растењето на детето дај и слобода. Доколку тоа ти ствара некој немир и притисок, не сакаш таква близина, разговарај со сопругот и он нека стави граници.
Јас комплетно те разбирам. Кога сум на работа додека го чува свекрва ми, сакам да знам дали се шетаат некаде и каде одат. Она е таква личност да нема многу осет и секаде сака да го носи детето,ама особено во овие денови на епидемии и сл. строго и имам забрането да го шета, може само по половина час на отворено.. Е сега тоа што она си го тегне наоколу и луѓе што ги среќаваат ми кажуваат (а јас не знам) е огромен проблем за мене затоа што немам 100% доверба во нејзините одлуки, и затоа што мисли дека ОНА знае најдобро за МОЕТО дете, а не јас. Инаку, и моето го има носено во ваикики да си купува чизми, од тогаш имам кажано по продавници да не го носи, а дали ме има послушано сеуште не знам. И немам мир кога детето е со неа, затоа за кратко време ќе тргне во градинка...
Во право си. Ти треба да знаеш и да бидеш информирана и пред да одат да ти каже каква намера има. Замисли, се случи нешто, барем да знаеш каде се. Друго, еве се вратиш порано дома, не ги затекнеш, ќе се загрижиш. Ти си мајка и секако треба да знаеш, треба да бидеш известена за позначајните работи за тој период,како јадење, спиење, па и ова, а таа нема што да се лути на твоето укажување и да тера некаков детски инает. Ако веќе си имате востановена шема на активности кои ги практикуваат и ти ги дозволуваш секако дека не треба за се поединечно да те известува, но ако има некаква отстапка, во ред е да ти каже.
Некогаш само ме известува дали јадела или не, дали какала,спала и што правила. Не кажува дека ја носе и шета, а знам дека не е прв пат да не каже дека некаде ја носе со неа низ град. Она кога е со малата добива некоја сила и мене не ме ни ферма и не ме слуша што и кажувам. Како само она да е најбитна. Вчера кога си дојдов детето пискаше, викаше, бегаше од мене, не даваше да и се доближам. Никогаш не е била таква со мене. По цел ден сум била со неа и никогаш не е таква била. Јас како мајка имам право да знам кај ми е детето. Тоа не е дете што зборува па да ми каже дека било. Затоа сметам дека она треба да ме известе
Затоа реков дека ти си знаеш што ти пречи и кои услови треба да бидат исполнети. За иста ситуација сите реагираме различно, не сме исти, а и свекрвите и односите помеѓу нас не се исти. Седнете, разговарајте, објаснете. Ако не можеш ти да се разбереш тогаш мажот ти. А ако нема разбирачка со жената едноставно не и го оставај детето на бејбиситинг. Со сила не можеш да ја смениш. Еден треба да се прилагоди, ти или она. Третото е градинка и да нема бејбиситинг.
Како што пишав, не еднаш не два пати, туку сто пати им е кажано за некои работи. И пак по старо. Јас да се прилагодам за мое дете не доаѓа у обзир. Детето веќе си оди во градинка. Ама јас кога сум втора она е скоро цело време со неа, или кај нас или кај нив. А јас кога сум дома ретко доаѓа.
@forumce vo pravo si da se lutis. Jas kjerka mi ne ja ostavam kaj svekrva mi na cuvanje, ama se slucuvalo koga ke ja sretneme, da I nudi blago nedoruckuvana I sum I kazala koga ne e jadena blago ne, a taa uporno nudi I I se razvikav ednas. Zatoa ako se mesa mnogu, ne I ja ostavaj.
Не претеруваш, истото ми смета сеуште и мене, мразам да незнам кај ми е детето. И мислам дека треба да праша било кој што го чува, дали да го носи или не некаде. Мојата не се разбира и после скоро 2 год, мм дури сега ја заприметува дека таа си се мисли мајка.....
Највеќе ми пречи нејзиното лицемерие и правење лизна мазна пред нас. Затоа и имам немир кога малата е со неа
Епа кажи и' дека не ти смета да ја шета, само нека ти каже дека ќе одат некаде. Си и' рекла? Со арно?