И реков вчера. Ми рече добро веќе не ја носам никаде со мене и ми заклопи. Маж ми вика јас на лош начин сум кажала. Зошто па јас секогаш да внимавам што да кажам а тие не? Цел ли живот треба да им се плашам и да пазам што како да речам, да не згрешам за да не се налутат? Година и пол мир немам од нив. Осеќам како да живеам за нив, како да немам вистинска фамилија со маж ми и детето и се се врте околу нив. Секогаш јас да ќутам, јас да не преречам, се они да не се налутат, а на крај јас плачам и се нервирам поради нив
Мораш да сфатиш дека ти дозволуваш да се изнервираш. Најлесно е да се нервираш и караш. Јас би ти предложила да пробаш не да преќутуваш, туку малку подипломатски да кажеш тоа што имаш.
Не знам јас дипломатски и со тактика да им кажувам како они што прават. Директна сум. Не сум лицемерна како неа
Чим зависиш од неа ќе ја спуштиш топката малку и ќе пробаш да се прилагодиш на нејзиниот начин на чување.Или ако е тоа невозможно тогаш нема да и ја оставаш малата да ја чува.Јас детево сум го оставала само на татко ми и тоа на прсти се бројат колку пати.Сигурно и он некогаш погрешил не приметил дека е какан или несакал да му јаде,блузата му ја става во тренерки го облекува повеќе од мене ама сепак знам дека детето е на сигурно и дека тие два три саати ќе го чува.
Извини вака, ама за мене директното кажување без пардон е безобразност. Баба ми викаше што ќе го кажеш лајно, кажи го бајно, има начин да се каже со убаво и со лошо, ти си одбрала вториот начин. Убаво ти кажаа, си кажала јасно и гласно? Јас не сакам да се шета детето ако јас не знам, крај, не мора да се одврекнуваш. Кога поише луѓе приметуваат дека нешто не е во ред со кажаното значи не е до тебе. И да, не мора ти да премолчуваш, да трпиш, да внимаваш, ама сепак се повозрасни и треба да се повнимава малце, немаат исти сфаќања како нас. Јас исто би се налутила, период е на вируси, не сакам да се носи дете по јавни места, кажано е и крај, нит на жената што го чува нит на баба, ни па на нас родителите, не ни текнало да носиме дете некаде. Пробај да го кажеш два пати со арно, ако нема ефект третиот пат ќе покачиш тон, ама не мора да се караш.
Не зависам од неа. Има и друг кој да ми го чува детето неколку саати. И нема јас што да се прилагодувам на нејзиниот начин, туку она на мојот, зашто тоа е мое дете, а не нејзино.
ИСТО леле потполно исто.. Мојата некои работи намерно ги прави иако и е кажано дека не треба. Воопшто немам доверба...
Јас немам деца меѓутоа мислам дека би се налутила и јас. Не би ми било сеедно да не знам каде ми е детето. А ако и се слоши на жената или нешто му се случи на детето не дај боже,а ти си седиш на работа и си мислиш дома си е? Друго е да знаеш дали е дома или надвор, па ако помине подолго време и не се вратат да знаеш да се јавиш ,да провериш.
@forumce Од причини слични на твоите,и многу други,малата ниту еднаш не сум и ја оставила на свеки. Куќа до куќа сме,исти двор. Со се неа се работам,кај што одам ја носам,без неа 2-3пати сум излегла од што морам,мм ја чувал. На раб.ќе се вратам кога ќе почне во градинка. Многу ме потсетуваш на мене.
Значи јас не се скарав. Ја прашав со убаво . И кажав нареден пат да ми каже. А она си го изврте муабетот како што и одговара на неа. И кажав како така тука седеш а не кажуваш дека си ја носила во град со тебе. Ниту еднаш се немам скарано, оти трпам, а они како сакат си прават Инаку не се они стари и со старомодни сфаќања.
Епа не знам јас, сама си рече дека не знаеш да кажеш дипломатски туку директно. Јас да сум би и рекла Баба.... (како и да се обраќаш) те молам не го носи бебе по дуќани деновиве, вируси се, има грип, има морбили, да не напраиме некоја беља, шеткајте надвор ама не по дуќани. Крај на муабетот.
И мојата скришно ја однесе малата во комшиите,јас само што влегов на минутка дома неа ја снема од двор со малата. Се врати со малат пиштеше премираше. Тоа и беше прво и последно. Жива се јади оти малата не сака со неа никаде.
Па подобро дирекно да и кажам отколку во завиена форма. Најмногу што мразам е некој од околу да ми кажува, меѓу редови. И затоа јас не сум таква. Кажа и нареден пат да ми каже кога ќе ја носе . На кој друг начин требаше да и кажам не знам. И не е проблемот што ја одвела, туку што не ми кажа
Ама сосема е во ред да ти е криво, ако некој трет не ти го почитува мислењето, било тоа баба или дадилка, не е во ред. Ако мама рекла црно е црно е, нема тука дилеми. Јас мислам дека проблем имате бидејќи работите ги решавате сами, кажете им на мажите кажи и на мајка ти, да не ја увредам јас. Со мајка му он решава проблеми, со мајка ми јас решавам, крај на муабетот. Ако е нешто озбилно нормално, ако е вообичаена работа јас решавам. Пак ќе речам, не знам како си и одговорила, али сигурно чим маж ти ти пререкол дека си одговорила лошо и она се налутила не било баш секојдневен муабет. Можеш и директно да кажеш ама да е кажано со фин тон.
А што мислиш дека го почитува кажаното од син и? До сега се он и кажува, ама ништо не се менува. Епа доста ми е веќе. Или ќе го почитува кажаното или нема ни да ја чува повеќе
Јас би се налутила што не ме прашала дали да ја носи. И јас сум за директно да се каже. Ако кажеш одоколу ќе сфати ама пак по свое ќе си тера. Ако кажеш директно ќе го дигне носот. За директниот начин сум.
А што те кошта да кажеш еднаш бар со убаво? Да имам алиби следен пат да речам дека минатиот пат не ме послуша сега озбилно ќе те замолам, не го носи без да ми кажеш или бар кажи ми веднаш не ми криј.
Па до сега се е со убаво кажано, ама нема ефект. Секогаш на убав начин им е кажано, ама пак си терат и не слушат. Испадна за наше дете не смееме да повишеме тон оти одма се лутат господата