Кога се свекрвите вопрашање ќе кажам една за мене интересна случка што ми случи на почетокот кога се омажив. Е дојде ред да спростирам алишта на балкон. Се мачев едно пола саат, иако не ми беше првпат да го работам тоа, ама сакав да бидат алиштата подредени по ред, по големина, па мои гаќи, па од мм ми, од свекрва ми, да не се измешани, знаете онака ас домаќински да се покажам дека знам да спростирам алишта. На првиот ред ги наредив блузите со кратки ракави, а јас ги спростирам така што ги префрлам на половина и штипките им ги ставам во делот под мишките, од едноставна практична причина кога се суви се познава трагата што ја остава штипката и тешко се пегла. А знам дека мм тоа не го сака. И по едно пола саат потење бидејќи беше лето, се шетам низ двор кога гледам сите блузи преспрострени, т.е. наместени фатени со штипките за долниот дел. Искрено само се изнасмеав, и сега еве пак ми иде да се смеам, не ја прашав свекрва ми зошто го направи тоа, секако ќе се исушеа блузите, а да се докажувам со неа, да губам време како е попрактично немав желба со тоа да се замарам, си ја знам жената си е тврдоглава, а и јас сум, па немаше да се разбериме, а и банално ми беше да се расправам за тоа. Оттогаш нејзините работи ги спростирав како што сакаше таа, а моите по мое, без да и речам збор, ниту пак таа нешто ми рече. И ден денеска сме во добри односи, сме имале само мали несогласувања, побрзо ќе речам различни мислења околу нештата, кои сме ги решавале со разговор, најчесто по мое
^^И јас поминав низ ова чудо пред 4-5год. (кога се вративме дома кај мм), со таа разлика што ние отсекогаш посебно сме си ги переле алиштата, јас ги перев нашите (мои, на мм и ќерка ми), а свеки нивните. Еднаш се случи додека бев на викенд кај моите, доаѓам дома и гледам свеки пуштила машина со наши алишта, тие се исушиле и ми ги ставила здиплени во соба....јас ваква Боже Господе, женава не е со сите (колку и да и` била добра намерата, може сакала услуга да ми направи), јас се најдов затекната и навредена затоа што ми рошкала низ корпата со нечисти алишта и побогу ми ги фаќала гаќите . И` се заблагодарив на "услугата" и културно и` реков дека во иднина сакам сама да си перам и да не ми чепка другпат. Потоа следеше проблемот со пружањето алишта...јас ќе ги пружам алиштата по мој терк (да не ми се познаваат штипки), таа ќе ми ги препружи по нејзино....така неколку пати и секој пат и` кажував од кои причини така си ги пружам алиштата, ама женава упорно ми тераше инает . И еден ден ми пукна филмот (мм нормално беше запознаен со се`, веќе имам пишано дека бев голема тужи баба ) и откако испра машината, ја викнав и на цел глас реков- еве ти ги алиштава, пружи ги.... и онака ќе ги препруживаш, па да не се мачиме и двете за џабе (а надвор 40 степени.) Само вака направи , мм и` се прсна од смеење и и` рече-ако ти е, кога се правиш многу паметна, ако ти е. И таа тука почна да се правда како сакала само да ме научи правилно да пружам алишта за да не ни се смееле комшиите. Просто останав со отворена уста дека една урбана жена може да се замара со вакви малограѓански работи. Битно веќе не ми ги пипна алиштата. Најтрагично и најиронично е што за неполна недела золва ми доле во двор си пружаше некои нејзини работи...и девојчево си пружа како си знае, ама не по терк на свеки...и женава (свеки) седејќи се обидува да и` објасни како треба да бидат пружени...девојчево бледо ја гледа и на крај свеки стана таа да ги пружи. Случајно се затекнавме и јас и мм пиевме кафе, јас почнав да се смеам, а таа и ми вика-што се смееш, многу е смешно ...ништо не реков, ама затоа мм како што си знае во негов стил ја заплеска- ееееј стара, стара, ништо не си ја научила ќерка ти, утре ќе се мажи, ќе Ви се смеат сите и свекрва и` и комшиите, срам да ти е. Излезе работата - со свој камен по глава. Тркалото се врти. Сега кога ќе се сетам за што сум се нервирала ми иде да си ја акнам главава од ѕид...тешка глупачка сум била штом сум се нервирала за вакви банални работи, ама тоа е , тазе снаа, млада и зелена, малку повеќе самоуверена и тврдоглава, да не ми го повреди некој случајно егото... е сега да ми е овој памет...игнор, игнор и само игнор
Читам за макиве со свекрвиве, па ај и јас нешто да пишам. Ние сме си арни релативно, ко пријателки нешто ќе му дојде. Ама денеска ја претеравме во блискоста... Ми доаѓа денес и ми бара костим за капење ќе одела на викенд. Ја одвраќам, и велам нема да и се фатат, а таа запнала. Ај и дадов едни, убави се на Пенти, ама малку ко да ми се големки, па нека ги проба. Си викам само горниот дел ќе го проба, или врз веш. Кога таа искача од соба, ги облекла на голо. Ај што и стоеа смешно, па мали, па со таа прашумата меѓу нозе, па се шета пред мене. А јас па уште јадам...Нит да се смеам, јадењето мислам ми се врати. Отиде да се соблекува, си викам ќе ги стави за перење. Кога таа ги вратила во фиока кај што ми стојат чистите купаќи. Ја сочекав да си отиде, ги извадив ги ставив во ќеса, па ќе чекам негде да отиде да преперам тоа се. Абе бог да чува Може следно гаќи ќе си мењаме..
Хахахаха, ме изнасмеа со купаќиве. Си требало отворено да и речеш: ќе ги ставаш на таквата, па после јас да ги носам? Дури и да ги испериш самото чувство ти е поинакво, гадливо...Барем мене би ми било. Такви работи не се позајмуваат. Попрво пари ќе и дадам: Оди, купи си. Отколку мои да и дадам.
ме изнасмеа со ова за купаците мојата усте поарна е како девојка бев многу слаба и кога останав бремена (не смеев да станувам) и и реков на мајка ми да ми купи гаци поголеми, кога утредента свеки доагдја со полна кеса ми ги дава да ми се најдат, кога погледнав носени некои дури и крпени беа и и велам ама овие носени се таа вели па сто има врска ГИ ИСПРАВ сега ми е смесно ама тогас
Peppermint ме потсети на една ваква слуЧка со мојата ахах еднаш незнам дали беше за на свадба се спремавме и оваа мојата ми побара хеланки јас останав ваква и реков е од каде ке ти бидат бре жено двапати си подебела од мене не не дај они се шират и реков ајде штом толку сакаш еве земи кои сакаш,ги избра најновите не ги имав ни еднаш носено само ги пробав,ама ајде ги зеде отиде ги облеЧе и излегува како ми стојат вели јас ваква вели ама не не мажот ми нема да ми даде да ги носам а нема врска гајле го е него она само така зборува ајде и текна не не не ги носам ги свитка и ми ги донесе јас веднаш трЧам во перална ги ставив нема шанси така да ги облеЧам,плус така раширени ке пропаднам во нив не ги ни облеков потоа ни еднаш заради тоа што си останаа така раширени и ги фрлив ..!!! позз4е
Јаоооооо А бе какви не работи имало. ПА јАс до пред да се омажам секој пат кога ќе се сретневме со свекрвами ме гледаше така намуртено демек шо бараш ти со син ми???Ама јас ко јас во една прилика во еден разговор велам вака:ами нема врска тоа што му си мајка на Менде ако еден ден јас и тој се земиме и ако зивееме под ист покрив јас не толерирам никакви случајности така да и велам или јас ке летам низ тараса или ти Само малку ми се насмевна кисело и повторно ми се испули онака како што и претходно ме гледаше.После 1 година даде Бог се зедовме и сеуште живееме под исти покрив спиеме соба до соба и ми е супер.Не се пресирам ме знае која сум и каква сум и јас ја знаам која е каква е нема шо да се правам пред неа едно зад грб друго.Додека бев бремена најмногу ја нервираше што спиев до 2 иако не ми велеше ништо!Ја сум релакс во тоа ако сака да пери нека пери ако сака да чисти по куќа нека чисти,ако сака да ја чува внуката нека ја чува ама беш ништо не ми преставува проблем.Кога ќе може таа работи низ дома кога ќе можам јас,ако можам пуштам машина перам алишта од сите не ми е ништо проблем.А и маж м е таков и ми вели што дека сме заедно дебе како што ти чини ѕтака прај,ако гледаш дека ти почнува да ти фучи нешто земи го детето и излезиси остаја нека и помини.И јас тоа си го практикувам али во однос на тоа дека имам 23 год.ме поучила за некои работи за готвење,за перење,за нешто што стварно не сум го праела порано а сега морам.Имаме компромис помеѓу нас и сега за сега сме добри па понатаму ке видиме ај поздр.
Леле тогаш веројатно јас сум единствената што може да каже дека направила баш спротивно јас и зедов хулахопки на свекрва ми И не ми изгледаше толку страшно туку практично тогаш Бевме за божиќ кај неа и тогаш баш бев тазе снаа и ќе ни доаѓаа гости да ме видат нели,па свекрва ми да се пофали за снаата итн. И јас си имав земено хулахопки за мојот фустан ама баш кога ги облеков ми се скинаа (иначе не живееме во ист град со свекрва ми) па фино и лепо и побарав да ми даде. Ми донесе жената три паковања (неотворени нормално не сум па дотолку) јас си одбрав едни и си ги зедов како мои. И баш супер беа, свеки купува само квалитетни работи Сега ми е срам искрено, ваква сум како снаа каква ли ќе бидам како свекрва
Баш така е Лолита. И јас се нервирав а сега ми е некако сеедно.Незнам дали тоа го прави за помош или зошто така сака. За алиштата и ден денес ги препружа.Ако ги ставам со штипка,ми ги става на закачалка.Ако се напред на жица ги става позади.Па преместува штипки.Ако накиснам алишта,зема ги пере и ги закачува! Не дава да готвам,да мијам садови,за да не и го запушам мијалникот ,единствено варам кафе Сега бевме на одмор дома една недела,и она пошто на работа,си велев ај јас сигурно ќе готвам,ама она навечер готвеше ,бре ама жена .Чим си сака да си работи нека си работи. Единствено,за што планирам да и речам или мм ќе го пуштам е што приметувам дека кога се враќаме од Ск.ни ги предиплува шкафовите.Купила и нови прекривачи и перници,постелнини и ни наместила.Јас се изнервирав и све тоа тргнав и на дојде демек а каде се новите,не ли ви се свиѓаат? И реков стави ги кај вас,мене не ми се свиѓаат.Сега гледам ги здиплила и кај нас во соба ги пикнала Како и да е,за кратко време ќе се разделиме со свеки нека се порадува уште малку
Вие барем се карате со вашите.Јас никогаш не сум се скарала или разменила лош збор.Мојата буквално во ништо НЕ СЕ МЕША.Ама буквално.Јас не знам што значи да се оди кај свекрва на ручек,Одам јас ама секогаш јас да си направам ручекот.Одгледувам 3 куќи што се вика.Помагам и на мајка ми и мојата и нејзината. Е сега мајка ми ме вика кога навистина нешто не може.Инаку си ја држи куќата цакум-пакум.А свекрва ми,ако и ги измиеш садовите,ќе бидат миени,ако ја испереш и тоа,ако исчистиш исто.Таа во НИШТО НЕ СЕ МЕША таа не сака да ми погреши. А си мислам дека тактички ме игра,како што на неа и одговара.Затоа бидете среќни и што некој има да ви ги рашири алиштата
Оооо,па ти стварно имаш проблем со свекрва ти,каква жена ќе е тоа ,готви,пере,постила,срам да и е. Дај да ги смениме свекрвите барем на месец дена ,па ќе имаш можност и да готвиш и да переш,постилаш,редиш,диплиш итд. Уживај бе златна,нема да ти побегне обврската околу перење и готвење.Другпат кажи и фала на свеки ,камо мене некој така да ми помага по дома......ехеехее,.......
ее ајде де жени никако не им се погодува. никој да не ме свати погрешно ве молам ама бе луѓе зошто таа опсесија дека вие треба да миете да работите да пеглате итн. кога свекрвата сака нека и биде мислам зошто кај одите на работа па и да се оптоварувате за тоа зошто ви купила нови покривачи и ви ги наместила. извини маца немам лоша намера никаква ама некако неблагодарно звучи да кога ќе си отидеш кај нив од скопје да ти е се наместено цакуп пакум чисто и да ти прече тоа. можеби проблемот е во мене јас сум премногу либерте за такви работи ее кешки да може секој ден да ми пегла и да ми мести нови прекривачи ќе ја оставам со задоволство. али се е до карактер сепак млади сте уживајте наместо да правиш ручек маж ти под рака и на шетња со пријателите.
Факт е дека тие што се во заедница имааат проблеми. Колку и да е се совршено, две жени во една кујна не ги бидува. Мене односот со свекрвата ми е коректен, се гледаме еднаш неделно, општи муабети и секој на своја страна.
Па тоа и сакам да кажам.Кога веќе условите налагаат да се живее во заедница,а свеки сака да готви,пуштете ја да готви-тоа ли ќе се секирате.За нервоза е кога вие одите на работа,мало дете,жештини и доаѓаш дома-сите гледаат во тебе и те прашуваат што ќе јадеме?Шпански,турски серии по цел де,кафе средби со комшивки,мрчење дека имало премалку сол(па нека си додаде ако е малку)во јадењето......Се имам тоа на своја кожа осетено. Затоа ,без нервоза,додека ви готви-добро е,ама кога ќе почне од вас да се чека ,е туку веќе...само Господ златен.
Еве една смешка со мојата бивша свекрва. Ми даде цело кесенце со стари, мали прслуци, да си одберам ако ми биле точни. Биле од времето кога била млада и биле многу квалитетни. Не морам да потенцирам дека не ги зедов. Свашта.
Ауууу, вие не сте виделе свекрва бе девојки, баба ми после цели 30 години повторно живее со мајка ми и татко ми и си умислила дека сега се треба да биде по нејзино. Не смее никаде да мрдне, а она кај некоја комшивка оваа ја задржува, кај ќе идела сеа, млади биле комшивките не биле спроти неа, абе глупости. Дедо ми пак почнал и да ја кара, коа ќе им идам коа ќе ги подберам, има да се покајат што воопшто им текнало да се преселат, ма ќе им го кренам ја притисокот на старчиштана.
Е да бе,а ако готво селски манџи во мрснотии и црвени пипери или запршки да пливаат,а јас сакам на мој начин да се хранам?...
Селски манџи????Па од тие „селски манџи“израснал твојот маж,зарем ,не? Во таков случај,секој за себе,ако околу едно јадење не можете да се договорите ,дали ќе јадете селски манџи или морски плодови,незнам за друго како ќе терате....
Искрено кај нас културата е на многу ниско ниво. Без разлика дали станува збор за снаа или за свекрва. Чист пример многу пати возејќи се во автобус или седејќи во парк на клупа, слушам муабети како снаата не чини, како не го чува правилно детето, или пак како свекрвата е крива за се, им прави проблеми во бракот и слично. А едно не ми е јасно соговорникот е тој што најкмалку може да помогне, башка муабетот го слушаат уште најмалку 5 непознати луѓе, катастрофа. Според мене треба да има компромис обострано. Ако снаата му чини на синот, свекрво ти тогаш биди најсреќна, односно снао таа му е мајка, прифати ја таква каква што е балансирај, и терај со го животчето со оној, со кого си решила да го поминеш.