1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    81.990
    Пол:
    Женски
    Форумче е во право.
    Бабата го чувала детето но треба да и каже на мајката каде оди,а не да молчи и да крие.

    Мојата свекрва и двете ми ги чувала кога не сме биле дома,но не и било проблем да дигне телефон и да каже дека ќе излегуваат.
    Не е тешко да се дигне телефон и да се каже.
    Јас кај свекрвата од форумче гледам пасивна агресија во тоа што она се лути на забелешката од форумче.
    Со пасивен агресор тешко ќе се справиш.
    Мој предлог нареден пат ,остави ја намерно да ја чува и кажи "сакам да ме информираш доколку излегувате за да немаме недоразбирања како минатиот пат."
    По реакцијата ќе видиш кај си,не се нервирај.
     
    На Harper, 1209, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Не сум помирена и никојпат нема да и простам, нејзе конкретно, немозам да објаснам колку доминантна и наметлива личност е. Нашето живеење овде го гледам како привремен престој, сега кога и мм неколку пати веќе рече дека му се бега од тука уште повеќе сум на тој став. Свекор ми и не го обвинувам толку колку нејзе, пренапорна е, заради нејзе е скаран со брат му, сестра му ретко доаѓа, моите не доаѓаат, само нејзините сестри и браќа. И да, привремено сум овде, привремено сум овде, повторувам секој ден, како мантра....

    Исто.
     
    Последна измена од модератор: 22 март 2019
    На Milobebence и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    151.774
    јас за едно те кривам
    за ова пишаното погоре
    и имам едно прашање за тебе
    КАКО ОСТАВАШ НА НЕКОЈ ДА ТИ ПАЗЕ ДЕТЕ КОГА НЕМАШ ДОВЕРБА ВО ТОЈ ЧОВЕК??????
     
    На Black girl, candy.cane, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    Дај Боже што побрзо да ви се исполни желбата. Ама уште не можам да соџвакам како тоа твоите не идат кај тебе. Нека дојдат. Што ќе им направи? Што ќе ви направи?
     
    На Black girl, Herrera, FlowerPower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Крпен живот ти се вика тоа.

    Ама па и свекрвите стварно не ги разбирам дали им е толку досадно во животов па удри по снаа удри по дете удри по внуче се меле секојдневно 24/7 врз децава наместо да фатат да си одат по ексурзии да прават нешто за нивна возраст да се забавуваат да им мине време еве на пример да се дружат да се собираат ако веќе.се во пензија
    Вака работава е седи дома и само мели како грамафон чиниш некој надница и плаќа за збрки

    Јас у мк повеќе од 2 недели не можам. Не можам да слушам 24 /7 грамафони
    Чиниш тука си чувам дете таму а отидам не вака не онака чиниш детево незгрижено е као јас живеам овде градам живот овде без нив и ќе отидам и баш од нив ќе чекам прикаски за стари жени
    Апсурд.

    Наместо да си речат чекај овие 100 год без нас се фунционираат која сум па јас да им солам памет за 10 дена
    Ко јас еве ги чекам тие 10 дена за да научам од неа оти до пред тоа живеев на чкрги..

    Абе досадно им е.
     
    На Anyshka, WildMk, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Ништо нема да направи. Мислеше ќе молат, да биде таа над нив и да дозволи. Нема да дозволам никој така да ги понижи, па јас реков нема тоа зад
    Ништо најверојатно. Но чекаше молење и нема да дозволам никој да ги понижува така. Јас реков не. Во тие моменти мислев дека е правилно, и мислам дека правилно одлучим. Ете и ја куќата. Кријат од сите дека моите не доаѓаат, тежината нека е кај нив. Јас отворено си кажувам, немам грижа на совест.
     
    На Anyshka и Milobebence им се допаѓа ова.
  7. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Дали би се налутиле на следново: Јас работам до доцна попладне ретко тоа е пред 17ч, немам одредено работно време, кога ќе завршам си одам, било да е 16 и 45 или 17 и 20 на пример. Денес завршив порано од било кога беше 16 и 20. Мм го зема малиот во 16 од градинка, дури стигнат дома 16 и 10. Денес планирав зошто порано завршив да си го земам детето и да го прошетам. Знаејќи ја психово дома, и каков убав ден беше, кога завршив му пишав на мм да не оди малиот никаде, дека доаѓам за 10 мин. Госпоѓата веќе го однела на шетање, од кола од градинка, дирекс на точак, не го ни внесла дома, не го пресоблекла, ниту му дала ужинка. Се врати во 17 и 20. На мм му кажав дека не е во ред ова, не ми рече ништо не се спротистави. Нејзе еднаш лани летото кога се вратив на работа и кажав отворено дека кога ќе дојдам дома сакам дома да го најдам детето, рано ми заспива и само 2 сати го гледам. Се навреди мн. Ме иритира како тоа зема дете, без да праша дали имаме некакви планови. Пр утре мм планира кафе со другари и малиот. А кога го враќаше од шетањето му кажуваше како утре нема да шетале времето ќе било лошо. Значи не ни помислува дека ние како родители може сакаме да сме со него. Што да правам? Иде лето морам патот сега да и го покажам. Да одам преку мм, со оглед на тоа што минатиот пат кога и реков таа тресна врата, а мм ми рече џабе сум се скарала? Што би направиле вие? Несакам таа да го шета детето а јас дома да ги чекам како денес, па после ми беше жал и јас да го шетам, да го тормозам, веќе го имаше цел град свртенно. Хелп.
    П. С не носеше телефон со неа.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Ако не ти одговара нека не ги го чува плати си жена и дај и распоред што како и готово. ;)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    151.774
    А шо е крива свекрвата тука?
    Си му пишала порака на маж ти да биде дома детето идиш за десет минути
    и шо направи маж ти ???? И ГО ДАДЕЛ ОДМА
    требало да и рече нека си иде жена ми ке испаѓаме а не он да не му паднат раците за 10мин ако го поврте и го тупил и после свеки е крива не не и неее мажот ти е крив
     
    На Harper, WildMk, Luna91 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    И погоре не можев точно да видам кој е проблемот со свекрва ти. Искрено, ти и твојот споруг и го давате детето и очекувате дека таа ќе седе дома и ќе ви служи како дадилка. Епа и плаќате за тоа? Ако не, тогаш тоа е само услуга што ви прави и исто така не гледам проблем во тоа што го изнесува детето надвор на прошетка, баш е убаво тоа. бабите често го гледат тоа чување дете и како причина да излезат од дома без да чувствуваат социјален притисок. Ти имаш друг проблем со неа, и сега и секоја нејзина постапка ја преанализираш.
     
    На Dust, Lolipop23, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Мм ми пиша дека веќе заминале, значи во тие 10 мин од кога дојдоја дома, додека му пишав веќе го зела и изнела надвор.
     
  12. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Не го чува таа оди во градинка. Тој еден час од завршување на градинката дури да дојдам е проблемот.

    Имам со неа 101 проблем.
     
    Последна измена од модератор: 23 март 2019
  13. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Епа ако имаш 101 проблем со неа или почни еден по еден да ги решаваш или крајно искарај се,кажи и дека не сакаш да го земат детето,дека не сакаш воопшто да го чуват и се шо ти лежит на срце и готово. Ако скокнит маж ти речи му да не се мешат меѓу тебе и неа и фала чао!!
     
    На Offspring, Dust, FlowerPower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Мајка ми беше 3 месеци кај мене. Пред тоа има доаѓано,на месец,два,две недели. Каков е тој брак кај што во моја куќа не смее моето семејство да ми дојде?
    Што се однесува до чувањето имам многу да кажам на темата. Како што реков мајка ми беше тука првите три месеци ми помагаше. Бебуш само немирен,ден ноќ плачеше. Свекрва ми доаѓаше и таа да го види секој втор трет ден. Иако живеат неколку улици подалеку и вратата во секое време и е отворена. Откако си замина мајка ми се случи два пати да морам да и го оставам,кога имав контроли на лекар. И во двата случаи ќе и напишам порака да прашам што прави ми праќа слика од детето голо. Горе само боди,доле голо. Во период февруати-март. Под изговор-децата уживаат така,најмногу голи сакаат. Алоооо!!! Колку и да е топло дома,толку мало бебе во уште "зимно" време барем овде кај нас да се распиштолува. И имам кажано да не го остава така голо. Ама џабе. Ѕидов ќе разбереше до сега. Чим ќе дојде кај нас го зима и прво чорапи му соблекува,па после без да праша дали има потреба и кога сум го сменила,зема го пресоблекува. Е затоа нема веќе детето кај нив. Ќе си го носам со мене или маж ми слободно ќе зима,ама не и го оставам да го мислам како негде голо лежи. Простаклук невиден. Ај да не и е кажано,ама кажано и пак. Како намерно да прави. И ставање на стомак. Чим ќе го фати одма на стомак. Го гледам,тоа мислиш се гуши. И јас ќе го земам ќе го превтрам,ам џабе. Чим ќе дојде тоа е редот,чорапите,пелената па на стомак. Е затоа сега гледање само во мое присуство.
    Така да,ако не сте задоволни или нешто ви пречи едноставно снаоѓајте се како знаете и не им ги оставајте.
     
    На Anyshka, anggell, ZAHRA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    @FlowerPower пред некој ден свекрва ми ги зеде децата од градинка. Требаше мм, се задржал на термин, ја замолил.
    Гледам саатов мине пола час од затварањето на градинката, нејзе ја нема. Дојде после 1.5 час.
    Била со двете деца, сама, на сладолед. Времето убаво, 20 степени, спонтано одлучила да отидат и сладолед да ги почасти.

    Кога се вратија деца пресреќни, одма кажаа. Јас само и реков браво како се снашла сама со двете.
    Во случајов ти си му кажала на мажот ти, он требало да внимава и да се потруди твојата молба да биде исполнета, односно детето дома да си го вртка.

    Ако мојава сама реши да смени пелена или да пресоблече/нарани/думка дете јас и викам фала.
     
    На EuHenIa, ArmaniCode, Dust и 17 други им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    Каква е таа модерна свекрва со точак?
    Штом твоите родители не идат во куќата на сопствената ќерка, ти и свекрвата веќе сте доживотни непријатели и се ќе ти пречи. Сакала да искористи додека не си ти дома. Мене би ми пречело што не знам дали е земено детето од градинка со чист памперс и може да седело какано цело време.

    Леле кај нас обратно беше. Јас го чував голо цела зима така без памперс без ништо од доле за да е мирно. Свекрва ми го облекуваше викаше ќе настинело ама ниту еднаш не настина, не се разболи, само така беше мирно и уживаше, преткаше со ноџињата. Можеби јас сум грешела ама бебето беше мирно и се смееше и не настина.

    Не ти беше страв да не е некое какано па да седи така? Јас само заради тоа би се налутила бидејќи некогаш може и од градинка какани да ги вратат.
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Воопшто не ми беше.
    Она што јас го правам го прави и мм и она. Кога ги земаме од градинка а во план сме да продолжиме некаде на шетање сами ги внесуваме во просторијата за менување пелени и сами менуваме доколку е потребно, односно проверуваме “стање”.
     
    На Dust, CameliaMiller, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    @FlowerPower не е тоа некаков проблем ама отворено со неа. Или преку маж ти. Свекрва ми откако и се развикав на почетокот буквално за се ме прашува. Дали да му смени пелена (иако глеа дека му е утоп пр) , дали да спие, да јаде, се!
    Па нека прашува. Зашо да се лутам ако ми иде контра план . Како шо ѕи пишуваат погоре, ако ти чини, ако не - градинка. Може немаш пари за градинка. Може ти е мало детето па рано е. Ако се нафатила она да го чува и не значи дека како ќе у текне ќе си прави. И нормално е да сакаш да го шеташ. И ја сум до 5 на работа и дур се вратам ако не го прошетам малце, ќе заспие и толку од гледањето. Па фала многу ама јас сакам да си го шетам, кажи и не го шетај и крај
     
    На Anyshka, gjoker4e, FlowerPower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Ако се имате замерено со свекрвите, ќе ви смета се што прави она во поглед на детето. И по ваши правила да го чува пак ќе најдете мана, зашто реално имате друг проблем со неа. Нетрпеливост е тоа. Затоа во вакви случаи најдобро е подалеку. Ако сте во заедница, оделете се. Знам дека не е едноставно и дека многу сметаат дека парите за кирија се фрлени пари, баш напротив, со тие пари ќе си купите мир. Штета е младоста и најубавите години да си ги уништите замарајќи се со свекрви. Наместо уживање со сопругот и детето, да се замарате со тоа дали свекрвата накриво му го ставила памперсот на детето.
    И клучно е да имате подршка и разбирање со сопругот. Ако сопругот ве подржува бегајте што подалеку. Поретко да си идеме, помили да си бидеме.

    За жал читајќи ја темава, добив впечаток дека не се толку проблем свекрвите, туку мажите. Си се укотвил мажот у куќата на мама и тато и не е ни свесен дека веќе створил семејство. Он си живее живот ко претходно. Ако треба да го причува детето ќе го тупне на мама, ако треба да исцепи дрва ќе го викне тато. Маж што не сака да превземе одговорности и обврски во врска со своето семејство, неосамостален и зависен од мама и тато, е тоа е веќе страшно. Таков нема да може да натераш до двор да се мрдне, не па под кирија да оди. Со таков, или превоспитување, или оставање или помирување со ситуацијата. Трето нема.
     
    На Anyshka, NEA, Harper и 33 други им се допаѓа ова.
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Јас не би се налутила во случајот со @forumce .
    Кога ја оставам малата на чување кај свекрвата никогаш не се замарам ако биле некаде, а не ми кажала.
    Штом сум ја оставила, имам полна доверба во неа и нема што да ми дава објаснувања за секој нејзин чекор, ако немам доверба или ќе дадам отказ или ќе го испрчам новчаникот и ќе платам жена.
    Баба и е, нормално дека ке и верувам. Со мене и маж ми, може да има триста закачки, ама ќерка ми е нејзина внука, која баба свесно би нанела било каква штета на своето внуче, освен ако е некоја психопатка.
    Мислам дека некогаш и снаиве претеруваат, зошто, од една страна арно им е кога им ги чуваат децата, слатки им се паричките што ги заштедуваат од жена за чување деца, а од друга страна се лутат зошто не биле прашани ако детето го шетала со неа по бутици...
    Да и рече "не можам да го чувам детето имам работа, треба да прошетам по бутици" ќе рече " ете ја, себична за нејзини хирови не сака да го чува внучето", да и се јавува за се да ја прашува ќе рече " досадна е, за се нешто ми звони", да не и се јавува " зошто не ми се јавила", на крај не се излегува....
    Стварно не разбирам....
    И кај што нема проблеми, тука ги бараат, не си даваат мир на душата, еден ден без банални работи да си го поминат....
     
    На ArmaniCode, Dust, CameliaMiller и 24 други им се допаѓа ова.