Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Кога му кажав дека завршив пред време, тие веќе заминале, во тие 10 мин, затоа се нервирам, не чекала ни секунда.
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Значи не знаела ни она дека порано ќе завршиш и со намера си сама да го шеташ детето.
    За инат не го зела туку не знаела што планираш.
     
    На CameliaMiller, queen007, AngelOfArh и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    Даничап, свекрвата забранила нејзините да доаѓаат, а не пак за детето. Од таква жена што може да се очекува?
     
    На Anyshka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.962
    Пол:
    Женски
    Јас на таква жена не би и дала да чува дете, на пример :^) Или... кога го причувува арна е, а инаку не чини? :?:
     
    На Offspring, CameliaMiller, Animali и 7 други им се допаѓа ова.
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Епа во моментот кога забранила свекрвата, требало снаава да си земе детето, мажот и парталите во рака и пријатно.
    Уствари чекај, кај е мажот во целата ситуација? Што правел мажот кога на снаава и ги бркале родителите? Што прави мажот кога гледа дека жена му секој ден е во нервози од свекрвава? Статиста ли е, не разбирам стварно.
    Има терсене свекрви, не викам не, ама ако имаш подршка од мажот, тоа и не е некаков проблем. Во конкретниот случај на членкава (ги разлистав и другите проблеми што ги споделувала со свекрвата), најголема вина има мажот! И проблемот треба да си го реши со сопругот, не со свекрвата.
     
    На Harper, WildMk, Sexybaby86 и 20 други им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.777
    Допаѓања:
    145.291
    Ако толку ви сметаат свекрвите оти им ги доверувате децата? Јас во ваква ситуација не би. Со жени кои претходно сте замерени се ви смета. Што и да прави таа со детето пак нема да чини.
    Проблемот ми се чини многу подлабок, а вие се замерувате за детето.

    И ние кога го оставаме кај свекрвата или моите кога е топло обавезно го шетаат некаде. Детево чим го виде татко ми го асоцира на брм брм и чека да се шеткаат. Кај свекрва ми во маало има повеќе деца на нејзини пријателки па обавезно го носи некаде да си игра. Кога ќе одиме ќе ни каже како течел денот.
    Е знаат и двете баби да му тутнат чоколатце или кроасанка. Ама ако не се лутам и за тоа.Иако јас не давам често. Сепак го даваат како ужинка, а не оброк. За главните оброци и двете ме консултираат.
    Сакам да кажам им имам поверение на двете, па затоа и им го доверувам. Во друг случај би се снаоѓале сами со мм.

    Не би да си правам нервози од ситници и да си го нарушувам мирот на бракот.

    Тука се што може да се прочита е дека вие со свекрвите , а и они со вас се помашате ко сопернички над сопругот и детето. А сопругот или никаде го нема или е стои на страната на мама.
    Е тука е проблемот.
     
    На *Dariceto*, Dust, Sexybaby86 и 25 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.496
    Пол:
    Женски
    Како во нашиот случај.
    Да не беше маж ми каков што е до сега ќе бев разведена.
    Ама имам нормален маж и целосна подршка па брзо се решија проблемите со свекрвата. Да беше синче на мама ја ќе бев кај мама и тато. Се мажиме за маж, а не за бебе на мама. Ако е бебе нека си седи со неа и нека си го дои уште. Се знае што е маж.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, irena.1 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    Па не знам зошто и го дава. Јас не би го дала, па да знам да умирам. Мојата се обиде истото да го направи, иако во посебна куќа живееме, демек она е свекрва и само она е важна, другата баба не треба да се меша. Епа нече мочи. Затоа малата не ја ни оставам кај неа јер сметам дека ме повредила со зборовите.
     
    На Anyshka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    И мојата била Главна баба,мајкМи таа другата8)
    :worried:
    Ама пак затоа толку и ја има чувано,ниеднаш.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Black girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    И после ќе кажуваат снаите се лоши, не ги носат внуците, а они што кажале не е важно. 8)
     
    На Anyshka, gjoker4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.496
    Пол:
    Женски
    Свекор ми викаше тие се главните баба и дедо и кај нив ќе сме оделе што почесто, а кај моите понекогаш. Па ете испадна ни кај едните ни кај другите да одиме.
     
    На Anyshka и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    16.921
    Пол:
    Женски
    @FlowerPower и јас имам таква психопатка во куќа.Кога се роди малиот мисли ќе му изиграва мајка.Мене тек породена ме тера на свој спрат да чистам она демек ќе го чувала,а се беше чисто.Љубоморна зошто моите дошле на гости зошто му донеле многу подароци и торта,мајка ми ќе го земе во раце она оп го зема.Потоа еден ден земала јас бев до спална да му земам алишта она земала му го скубала од папокот што зараснува кога почна крв леле како се каравме.Викам со кое право ти мое бебе чепаш,мм одма дојде се караа.Демек само она ќе го бањала аха како да не.Потоа почна да прави проблем во дворот моите кога ќе дојдеа и веќе моите не сакаат да доаѓаат,јас често одам кај моите.Ние имаме свој спрат ама во ист двор сме,ама џабе кога човек не е раат.Е сега она има тотална забрана за малиот од првиот месец кога направи веќе го нема видено ниту пипнато.Може да пука и цркава толку и е.Не и давам пардон за ништо.Она е за лечење во Бардовци на се личи ама на мајка и нормална жена не личи!Дури еднаш ми се качи горе на спрат да се тепа мм и другар му и свекор ми како мачка ја влечеа да се тргне и полиција и викнав.Со мене само може преку полиција и суд да комуницира.И ние сме во план скроз од куќата да си одиме со некој ни со добро ни никако не се живее.
     
    На Anyshka, WildMk, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    Малава не сака кај никој,ни кај мајка ми,ама кај главнава баба пак воопшто.
    Многу имам да пишувам ама не си губам време.
    Многу ме навредила,доверба немам воопшто,затоа и дете не и оставам,ни тоа несака и крај на приказната.
     
    На Anyshka, Sexybaby86, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.676
    Пол:
    Женски
    А што е проблем да јават дека одат некаде?
    10 секунди работа,кои многу значат,тоа е информирање,а не недоверба.
    Па кога одам некаде и ке ме нема повеќе од 1 час и на деца и на мм кажувам.
    И ти не си знаела каде се 1,5 час,а можела да ти јави.
    А да биле 3 часа ?!
     
    На Harper, Sexybaby86, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    I zvonese mm, nemase tel so nea
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Примерите што ги пишаа @forumce и @FlowerPower воопшто не се ситуации за замерување.
    Сржта на вашите проблеми верувам е многу подлабока и затоа вакви ситници ве нервираат, ама нормално не можете се да ни доловите овде, па затоа нам ни изгледа дека преувеличувате.
    Разгледувајќи ги ситуациите засебно нема ништо лошо во постапката ниту на едната, ниту на другата свекрва. Излегле, ги прошетале децата... има ли нешто поубаво од тоа да си го изнесе бабата/дедото своето внуче на шетање? Дружбата на децата со бабите и дедовците е од непроценливо значење за нивниот раст и развој, како и за тоа во какви личности ќе израснат потоа.
    Ние живееме на село, свекорот секој ден од сабајле кога ќе слезе синко долу право го зема да го прошета низ природа, јас сум дома, ама не ми се јавуваат да ми кажат ние отидовме, или да ме прашаат дали може, едноставно го зема и ќе го прошета пола час/час, по ридовите. Дете се враќа со жар црвени образи, истрчано, исполнето.... некогаш паднало, се изгребало, некогаш се изводенило, се помочало.... никогаш не сум нашла замерка за тоа.
    Им се карам за секоја постапка која мислам дена не е во ред, за јадење ако му даваат нешто што сметам дека не треба, за некој лош збор ако го научат (пример, го слушнал од нив зборот циган, е за тоа им се испокарав убаво, а и на мм му реков да им одржи лекција), им се карав кога како мал нон стоп трчеа по него и го придржуваа да не падне, наместо да го остават детето само да истражува....
    Ама не земам ништо при срце, оти знам дека не се тие работи од инат, туку ете толку размислуваат, а и тие не се лутат, некогаш ќе прифатат од прва, за некои работи мораш неколку пати да им повториш.... така е со стари луѓе.
    Синко го учам да им искажува љубов, колку и да сум лута на нив нему му велам да ги гушка, да ги бакнува, да им кажува колку ги сака! (јас сум обратна, многу сум крута и не знам да искажам љубов, но не сакам и децата мои да се такви). Сабајле едно станување излегува на тераса и си ги вика бабичка и дедичко да им каже добро утро! Навечер не можат да си легнат од него, нон стоп се симнува кај нив да ги види. :)
     
    На *Dariceto*, Dust, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    @Lolipop23
    Во нормални услови ова совршено звучи8)
    Во семејство кое функционура...ама кога баба вика на бебе дојди кај мама,и неа тоа нормално и е,мене не ми е.
    И ред др.муабети.
     
    На Anyshka, Harper, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    Ili koga ti se siti svekrvata oti si imala prekin na bremenost poradi anomalija. Sum placela I den I nokj. I ne, ne zasluzuva takva zena da bide sakana od moeto dete I da go cuva.
     
    На Anyshka, ZAHRA, S.kiki и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Точно, затоа и реков дека зад сево ова сигурно постојат многу посериозни причини, ситуациите сами по себе воопшто не се за лутење.
     
    На elena.mak, Sexybaby86, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Добро е што не ви замеруваат...
    Јас да сум свекрва и да слушнам таков коментар за едно обично шетање на своето внуче, би и го предала на снашката, па нека се снаоѓа како знае и умее, нека плаќа жена, нека даде отказ, нека си зима одмор, неплатен одмор...
    Секогаш гледаме на негативната страна кога се работи за свекрви, никогаш на позитивната, зошто? Зошто е свекрва.
    Ќерка ми 3 месеци не идеше во градинка, заради непримена вакцина. Цело време додека бев на работа ја чуваше свркрвата.
    И да направи грешка, вреди да здивам и да ги заборавам тие месеци? Знаете кое е чувството кога го оставаш детето и не мислиш дали јадело или спиело, оти знаеш дека е подмирено со сето тоа и на работа работиш опуштено..... и сето тоа ќе го фрлам зошто не ми се јавила свектвата зошто ја шетала малата или слична таква глупост?
    Мислите нема пропусти свекрва ми кон мене, мислите се е идеално? Мислите не сум имала кавги и проблеми? Можеби и јас сум и згрешила, но за доброто на сите мора да се балансира.
    А да е мајката, а не е свекрвата, тогаш се и е дозволено, оти е баба, а свекрвата мора да е под "режим" зошто е свекрва.
    Нашите родители секогаш се идеални, никогаш не сте се замериле со нив? Ама продолжувате зошто ви се родители, а тука на ср се фаќа кусур зошто се родители на мажот.
    Снашки, за танго потребни се двајца, така и за кавга со свекрва потребни се двајца.
    Одма се факате мажот требал да ја поддржува жената, да треба, но и кога не е во право?
    Зошто да бира измеѓу сопруга и мајка, кога се две различни субјекти во семејството!
    Мажот нема право да смета дека сопругата не е во право, или пoд дифолт мора да верува дека е во право зошто е снаа, а свекрвата не е во право зошто е свекрва.
    Не е во ред навистина!
     
    На Dust, CameliaMiller, m.i.g и 17 други им се допаѓа ова.