Ама тоа на време се решава мила моја. Нема потреба од нервози и стресови и губење здравје и живци. Ќе дојде ден ќе се сфати дека поминале годините во небитно и непотребни нервози место да се ужива во секој ден. Синко сега во април ќе полни 2г. ( ете на фб не знаеш ) никогаш до сега не сум дозволила да ми се помеша било кој во однос на детето. Ако побарам совет и мислење океј. Ако не, секој од нашите си знае дека несмее да си дозволи да коментира зашто знае како реагирам. Без разлика мои или негови. Реагирам бурно, остро за тоа што знам дека сум во право. Прашувам ако ми треба мислење или предлог. Но, пред све тоа е со сопругот взаемно. За роденден на мое дете одлучувам само јас и мојот сопруг. Ние го створивме и ние сме му родители. Како ќе се поставите и колку ќе дозволите толку и околината ќе тера. Еве со оглед на епидемијава, па ова дете болно, друго виросано, друго невакцинирано итн. и си размислував како ќе славиме роденден! Во ресторан е невозможно ( така првиот го славевме ) ама сеа дете нема шанса поеќе од пола час да доседи, ќе збесне и налет! Игротека хммм... епидемијава не зезна па и не разбира дете дека му е роденден ем деца дали 2-3 ќе дојдат и? Со @Lady*Bug ( морав да те тагнам нема љутиш ) го праевме муабетот шо ќе праат они ( 3дена се разлика децава ). Па си викаме ќе сиго славиме сами тројца најубав ден поминат Па ете јас си решив сама со себе така како мрдната па му кажав на мажулево мое што сум решила. Се согласи т.е вика како сакаш така ќе праиме ( фино мажуленце си имам искрено ). Па ете решив неколку дена ќе киднеме за Берово или Белград. Ако испадне да не идеме тука во Ск ќе ни е исто топ. Сами ние тројца цел ден на располагање и дете ќе е мислам пре пресреќно така да го помине денот. До ЗОО, Парк, ручече негде, пак шеткање, шопинг, вечера и дома ние тројца со тортето и верувам дека најсреќен ден ќе му е на синко . Еве пред некој ден им кажав на моите што сум одлучила. И он на неговите им кажа и тоа е тоа! Никој нит спомна нешто нит искоментира. Како сме одлучиле така. А, на тој шо не му чини или би помислил ама како, ама зашто, ама како не славите и дрн дрн ! Јасно и гласно : Да, ќе славиме ние тројца не дека не славиме, славиме ние фамилијарно и најубав ден ќе му направиме незаборавен! Дете е најсреќно кога е со мама и тато и кога се мама и тато среќни! Сакав да ти доловам момент на моето лично мислење и размислување! Јас ако решам дека ќе биде вака и така ќе биде! Јас и само јас и сопругот решаваме! Ние го направивме, јас го родив, ние го подигаме, ние се тресеме над него, ние го мислиме, и на нас срце повеќе не боли за ова дете од било кој! Е сеа кај нас е малку подруга ситуацијата па може и затоа е ќутенката од страна и мажево ме подржува за све. Јас 7ивф поминав, биохемиски, спонтани, операции, па здраствени проблеми од хормоните итн да не идам оф топик. Пораѓај супер, ама грешка на доктори дете не се знаеше дали ќе преживее. Така да од сето тоа поминато колку и ружно да звучи ( реалноста е таа и ден денес го зезам мажуле за тоа ) он само си “ таквааше “ во чашчето, некое апче ако се напиеше! А, јас еееееее јас еден тон инекции, анестезии, операции и курташаци и здравје сјебав само за да останам трудна и да го родам! Така да ЈАС што ќе кажам тоа ќе е! Може и затоа не се осудува никој од страна да се меша и коментира! Многу лошо и бурно реагирам кога станува збор за синко и за мене и мажево!!!
Реално и убаво пишано и во претходниот пост.Јас колку се трудев секогаш добро со свекрвата и попуштав,ајде и помагав.Но,таа е лоша сака само по нејзино,како она ќе каже да се меша во нашиот брак и за бебето.Се разбира ние тоа не го дозволивме со мм,дека сами сме го средиле спратот,пола пари за куќа сме дале.Не може она да му изиграва и мајка и жена.Јас имав голема почитт и преќутував,но тука веќе се прелеа чашата кога се породив само лошо да ми прави.Јас кога бев бремена и покажувам од бебето слика од ултра звук.Она на мене ми вика ааа како што ми е другиот внук од помалиот син такво дете нема да се роди,ниту да има.Лудеше зошто одам на контроли редовни во бременост,за се.Дури и патронажната сестра ми ја избрка.Таква е злобна влегуваш во двор ете ја она седи на прозор да види што носиш,дали ти доаѓа некој на гости да го избрка.Другарка ми дојде на гости и ја испраќам она отворила врата од нејзиниот спрат,ја гледа лошо другарката мислиш ќе ја нападне.Пет пати и бравата ја менуваме кога не сме дома ни влегува на спрат,колку работи само ми фалат,дали е нормално да наоѓам некои си амајлии измачкани со нешто испишувани,крв мачкана позади гарнитура на ѕид,мачката моја ја заврзала за дрво со врвка како да е куче.Има свекрва до свекрва и снаа до снаа.На мојава 100 години да си и добар само ќе гледа да те уништи и само лошо да прави.
Како да бидеме способни со мојата плата од 12.000 и на маж ми од 17.000 ? Ние со кредит од 4.000 не можеме крајот да си го најдеме, а не па станбен кредит. Требаше на време да мислеме, кога имавме пари од свадбата и од странство, ама ние овде ги вложивме, овде одбравме да бидеме.
И мене баба ми ме порасна откако се роди сестра ми. @forumce ако немам доверба во некој не оставам дете да ми чува па сакала била тоа свекрва ми, мајка ми или дадилката. @FlowerPower твоето е недоразбирање со маж ти и ете за тие 10минути го земала и зашетала детето свекрва ти, која погрешила што не понела со себе мобилен. Сепак ако им се случело нешто па им притребало итно помош. Но ете го прошетала детето и биди благодарана за тоа. Убаво @danichap пишала дека вика фала за се нешто што и се нашла свекрвата. Свекрвите не ви се должни да ви ги причувуваат децата ни вие сте должни по нивни газ да одите и како свекрва ви каже да се чува детето така да правите. Вие сте мајки вие одлучувате за вашите деца. Ама кога зависите од помошта на свекрвата за деца чување ќе се прилагодите колку можете за добро на дечињата.
Те разбирам, не го напишав тоа како критика туку како реалност на некој. Некој ке проба да смени ситуација, некој нема. Ете си пробала во странство. Секој одлучува за СВОИТЕ постапки.Поентата ми беше, ако е веќе така, ке се нервираш до крај со нив такви? Не вреди. Замисли уште 10 -20 години нервози. Уживај во тоа што го имаш, а здравјето и мирот се најважни. Не давај да те вадат од колосек.
Немате вие никаков проблем со свекрвите туку со мажите. На време не се оделиле од мами и сеа проблем - епа проблем. Отварајте 4 очи на време со каков маж си имате работа. Со човек со кој сум на ратна нога присуството ми пречи... затоа и ви пречи дека го зела детето. Да бевте во сосем нормални односи немаше ни да ви пречи и без разлика дали заминала или не со телефон ќе знаевте кај е. Нема сигурно радиус на движење од 10тици километри
Форумче па вие сте богати. Ние живеевме со 18 000 денари плата. 6 000 денари кредит. 12 000 денари кирија + сметки. Живеевме од кредитот од банка. Така ќе теравме додека не тргнеше дете во градинка и јас на работа. Тогаш би земала минимум 12 000 еве да речеме ама 18 000 ќе земав и ќе имавме доволно. Вие сте супер со тие примања. Среќата ги следи храбрите. Моите не гледаа три деца со една плата од 12 000. Никогаш не е доцна за нов избор. Здравје, мир и хармонија пред се. Ние избравме кредит за да се чувствуваме сигурно. А вие имате доволно за почеток. Како пишаа мебелот има нозе. Се ќе пренесете во дом во кој ќе владее љубов и слога, подалеку од она што ве нервира. Еднаш се живее. Нервозата е најголема болест. Не мора станбен кредит. Прво под кирија додека да се наредат коцките. А кај што има љубов и слога има се, се редат коцките. Кај вас може да се најде стан за 100- 150 евра.
Како го кажувате ова "под кирија", за се нешто советувате кирија.. И јас сум имала ситуации каде ми се фаќал патот, ама јас работев сама на себе и се доведов до тој левел да ништо живо не допира до мене. Си го живеам животот за себе , за глупости си направив бариера и воопшто не ме допираат, под кирија ни на сон. Најважно е како ке се постави човек, јас се поставив вака кон сите, тоа што имам да го кажам го кажувам и не се замарам. Јас не би имала мир ако немам финансиска сигурност. Ваму ќе ги тргнеш од глава нив, но се тресеш дали ќе ти стигнат пари, дали ќе ја платиш киријата, дало ќе го платиш кредитот, сметки, дали ќе имаш доволно за децата, бидејќи разговараме за македонски плати. И кој мир го гледате тука? Не збориме за неизбежни ситуации, да речеме физичко, психичко насилство, гужва, немање никаков комодитет, да имаш работа со растроени и.т.н, ама од спрат кај што сум вложила да одам под кирија, малку потешко. @gjoker4e јас не би можела така.... Со 18 000 плата, кредит, кирија, сметки.... Но секој си има свои причини и гледишта во животот.
Па многу јасно дека мажите се највиновни. Нема ни лоши снаи ни свекрви, туку лоши синови/мажи. Да тие продолжуваат да живеат како да се сами, а жените наместо и тие да уживаат они се замараат со тоа што прави свекрвата. Не трпат многу и веднаш избувнуваат и претеруваат за некои работи. Се имаат закачено за нешто и се им смета. Искрено ми е гајле каде сака нека го носи, само да е среќно и задоволно. Па ако имам нешто планирано, а детето го начекам надвор како си игра и е среќно, па тоа планираното ако ќе се одложи за покасно или за следен ден. Таткото не се замара, па јас да се карам. Младоста ќе ви помине во нервози за небитни работи кои се едноставни, а ги правите комплицирани. Во врска со она дека не може да се живее со во куќа на 3 спрата, да ви кажам дека моите се во куќа поделена на пола, па никогаш моите се немаат скарани со мојот чичко и стрина. 30 години живеат и како роднини, комшии, другари и ќуќни пријатели. Ние братучедите се каравме, тепавме како помали, а тие никогаш не се замерија ни за нас ни за ништо.
Подолго време гледам дека оваа тема е многу активна со многу мислења и споделени ситуации на конфликти меѓу свекрви и снаии, конфликти со сопрузи и сл. Некои се навистина сериозни, некои се џабе потрошени нерви. Од искуство лично сакам да споделам нешто. Живеевме со баба и дедо (свекор и свекрва), баба ми никогаш не била многу добра жена и ниту синот нејзин (татко ми), ниту снаата , ниту нејзиниот сопруг (дедо ми) не можеа да се справат со неа. Моите никогаш не успеаа да се одделат и да почнат да живеат самостојно. Сите тие нервози донесоа тешки болести и двајцата си умреа до нивни 45 години оставајки две малолетни деца сираци . Баба ми уште е жива и живее сама. Што сакам да кажам? Не го губете животот во нервози и секирации. Ако можете решете ги работите, ако не , дајте се од себе да се тргнете на страна. Верувајте дека знам што зборувам. Не вреди ниедна нервоза заради свекрва, ако имате деца за гледање.
Девојки нова сум на форумов и се зачленив бидејќи ми треба ваше искрено мислење. Неодамна се верив и дојде на ред со вереникот да одлучиме каде ќе живееме. Тој има куќа во која на првиот спрат седат неговата мајка, татко и дедо, на вториот спрат неговиот брат со девојката која повремено доаѓа(од друг град е), додека на третиот спрат треба да бидеме ние. Во голема дилема сум, нашите примања не се којзнае какви за стан под кирија или кредит, а спратот е направен каде ќе треба мало реновирање. Јас сум личност која многу сака приватност, не сакам мешање на други луѓе, затоа и не знам дали да прифатам да живеам таму. Вереникот тврди дека ќе имаме приватност, дека ќе постави граници, но не знам колку тоа ќе биде така. Сакам да слушнам што повеќе ваши мислења, поготово од оние кое живеат на ваков начин во иста куќа а различен спрат. Благодарам.
Се е фино на почетокот, у сечиј случај, па ветувања се ќе биде ок, а маските отпосле почнуваат да паѓаат. Прелистај ги страните уназад во кои се пишува за проблеми поради генерациски јаз меѓу членовите кои живеат во иста куќа. Демек оделени спратови, а врска нема, поблиску до нив одколку секогаш. Твоја е одлуката, не може никој од тука да ти кажеме што да направиш, само даваме наше мислење согласно кој како би постапил. Се најдобро.
Ако имате избор подобро не. Ако веќе мора да живеете таму, границите кои треба да се постават да бидат јасно поставени од прв ден, или од првиот момент кога ќе се јави потреба. Јас не живеам во заедница, и мислев дека јасно имам разграничено "во моја куќа мои правила". Ама кога една недела по свадба отидовме на одмор, свекрвата била да исчисти. Муабетот беше да сме си дошле дома на средено. Никој не побара такво нешто, ама имала клуч и си дошла. Не се сомневам дека било со добра намера, ама нема зошто некој да ми се мота дома кога јас не сум таму. На најдобар начин објаснив дека способна сум сама да средам и не ми пречи сама да си чистам, ако имам потреба од помош ќе побарам. Имам пишувано и претходно во темава, сега ни кафе не си вари сама кога ќе дојде. Зборот ми се почитува. За други работи кога ќе се повторат повеќе пати, секој пат сум се построга во разговорот. Ако треба нешто трет пат да кажам да не се прави, ако треба и ќе се скарам. Подобро она да се жали од мене отколку јас од неа. Едноставно мора да биде по мое во мојот дом. И најбитно мажот ме поддржува. Ова е само пример да знаеш дека општ муабет "ќе има граници" најчесто не е доволен. Биди конкретна и разговарај со вереникот во детали. Да не биде отпосле не мислев јас вака. Доволно примери има во темава како се смениле работите откако се вселила снаата.
Ако сакаш голема приватност требало да си бараш некој што има услови и можности за свој дом, а не отпосле да се размислува за тоа.
Јас живеам така повеќе од 15 год. Веќе пишував тука. Живеам во хармонија и со свекрвата и со девер,јатрва,културни луѓе,на свекрва ми прв збор и е извини кога ќе се качи горе. Сите сме на посебни спратови. Имаме и приватност и комодитет,и никаков проблем. Ако на твојот сопруг и останатите им е јасно дека тоа е веќе ваш спрат ,а не хотел промаја ,проблеми нема да имаш.
Тие што не се ситуирани не треба живеат така? Само тие со сопствено место треба! Во кој свет живееш? Овој овде се вика Македонија, каде 80%од младите немаат никаков избор и можности. Маж ми не е ситуиран никако т. Е неговите се ама не му даваат ништо, и што требаше јас да го оставам и да му речам извини не те земам немаш пари, куќа и сл. Видовме не видовме, сами ке создаваме. Куќите што ги имаат старите гроб ќе си ги земаат?
Јас живеам со свекрва ми, само со неа бидејки маж ми само мајка има. Куќата е на маж ми, ја има наследено како единствен внук и така јас немав некој избор.. морав да прифатам да живеам со неа под еден услов- да си имам свое купатило и гардеробер. Така и си бидна.Пред свадба маж ми се реновираше и ни напраи наш посебен дел во куќата. Со свекрва ми во почетокот имавме една поголема караница и никогаш повеќе бидејки мм стана на моја страна и со денови не збореа и од тогаш веќе не и текнало да ми пререче дека се плаши да не го изгуби и мм кој засега е лудо врзан за мене и син ни. Уште кога се роди син ми она навистина многу ми се најде од тогаш она и ручек дома прави и чисти,моја обврска е само мојот дел во куќата да го средам . Засега сум задоволна од неа но знам дека е тоа така дека маж ми е на моја страна, дури и сама вика дека тој да може и звездите ке ми ги симне Со син ми е премногуу врзана дали дека ја подсеќа на починатиот нејзин син незнам како и да е само мир и слога да има во куќава .