И за мене е ептен глупаво но она во него гледа некаква утеха.. И син ми имаше ваква коса, тој така правеше..
pa nisto strasno za mene vikaat deka sum cela kopija na tetka mi. Toa ne e navreda bas naprotiv. Zivot so svekrva kategoricno NE !!!
Ами едно е да речат дека личиш на некој од фамилијата а сосема друго дека си сакана само поради тоа што личиш на тој некој. Ретки се тие баби и дедовци кои не си ги сакаат внуците особено ако се тоа внуци од единци.
Сериозна си? Треба партнерите да се избираат по тоа дали имаат свој дом или не? Што се не ќе прочитам....
Зошто би се тргнале на страна кога веќе имате цел спрат за вас, и онака веќе велиш немате кој знае колкави примања. Ако сакаш приватност лесно е, кажи си уште на почеток што сакаш и што ти одговара и клучот на врата и толку. Пробај види како ќе ти биде тука, ако веќе почнат да досадуваат да прават проблеми тогаш тргни се на страна.
Не знам многу сум во дилема бидејќи во тој спрат треба да се вложат пари, а не знам како ќе биде. Многу луѓе сме во една куќа, се што ќе се вложи ќе остане таму, не може ни да се продаде ако во иднина има проблеми. Знам дека и тоа е нешто, затоа и размислувам, но не сакам секој чекор да ми се прати, да се коментира, итн... И еве многу членки велат дека и така ќе има проблеми.
Ако тргнеш од тоа дека ќе вложиш неповратни пари и џабе ќе бидат, ич не вложувај. Разговарај отворено со сите. Сложена одлука е, не е лесно, вие најдобро си знаете. И во стан и куќа посебно да вложуваш треба да ти е мерак. И сигурно се многу повеќе пари да се одделите отколку да реновирате. Но се зависи од вашите животни навики. Не само твоите, туку и нивните.
@Sunlightwoman мораш убаво да си размислиш и пред се да сте единствени во одлуката со маж ти. Зашто мажите се коркачи. И да решите да не вложувате во куќата туку да си одите од таму, тој може да попушти на муабети на неговите родители. Ако цврсто решите, ама и тој да е сигурен во одлуката, тогаш најдобро е да си одите со време, додека не настанале непријатни ситуации.
Јас сум ти пример дека така и може да се функционира. Само сме два спрата нема брат маж ми. Кога се земавме тие се симнаа доле, а ние вложивме многу во спратот се изреновиравме башка дворот ние го средувавме до бекатон до огради, зеленило се ние бидејќи нашиве живеат само од една пензија и реално немаат да вложат, а ние сакаме да ни биде убаво и средено. И плус ова кога го правевме не ни беше препишано, а маж ми има сестра мажена. Искрено мене ми беше страв ама му верував на маж ми дека интерен договор имале дека се ќе биде негово. Така и бидна иако јас бев скептик. Ама се зависи од односите од старите какви се има навистина терсен луѓе. Треба да си ги процените види како ќе се понашаат на почеток живеј барем 5-6 месеци со нив на спратот божем штедите за правење измери им го паметот. Ние така бевме додека бевме верени поживеавме малце заедно. Ние си имаме клучеви од спратовите и си се симнувам ако ми треба нешто (ако снемам горе да не одам до дуќан), свекрвата ако не сме дома викенд, ако сме на одмор или негде сме штукнале ќе се качи да собере алишта од тел да не горат, ако заврне, а често се случува и да ми пушти правосмукалка односно нешто да ми зачисти да испегла, ако минат ѓубреџиите кесата со ѓубре да ја земе, да спушти/крене ролетни. Нормално ми се јавува да ми каже, а мене ми одговара никогаш не сум пререкла за ништо. Ќе се јави за едно, а во меѓувреме ќе приметам уште нешто фатила зачистила ама ете не ми смета ние имаме потполна доверба меѓусебно. Само може би сменила од почетокот да барам прво да се препише па да инвестирам сепак ризик е не знаеш односите со тек на време како ќе бидат и што ќе им светне во главата, стари се ќе им се суши мозокот и може многу лесно некој да ги сврти во погрешен правец Вложете во посебен влез за утре да можете да продадете дел.
А сам не си способен да стекнеш свое па мора да бараш некој што има услови и можности за свој дом? @Sunlightwoman убаво е што размислуваш пред воопшто да вложите во средување на спратот. Како ќе биде, никој не може да ти каже. Јас сметам дека пред се, зависи од луѓето, каков карактер се, и како ќе ви оди во меѓусебната комуникација. Убав совет ти даде некој погоре, ако сте во можност, поживејте малку заедно, види каков ќе биде односот меѓу сите вас, дали вреди да се вложува во спратот или е подобро да сте сами настрана. Најарно е на почеток сите искрено да разговарате без многу лицемерие, и да си кажете што и како очекувате едните од другите.
Кој погрешен правец, да дадат нешто на својата ќерка мажена? Па уште си се плашела, а не се плашиш СЕ ако е кај маж ти. Ваљда и внуци си имаат...
А зошто да дадат нешто што јас сум инвестирала? Ако сакале да дадат ќе дале пред да го одврземе ние ќесето, а не од мој џеб кај сестра му да оди! Нека инвестира и она, нека трча по болници со старите и нека земе тогаш. Среќа што е нормална и реална женава се тргна настрана си има она свој имот од маж и нејзини стари за гледање.
Се сложувам со членката од погоре, малце дрско го напиша мислењето ама поентата е дека ако некоја ептен си сака приватност, самото идење во куќа со 100 души и уште толкав генерациски јаз, е налудничаво. Проблеми ќе посредат, тоа е неизбежно, и после ќе биде ама не можам, ми сметаат ова она, а ние ќе и речеме, па пред да заминеш во таа куќа, зарем не знаеше кои се условите и кој се живее таму. Во случајов знае и има и зошто има недоумици уште сега. Според мене, боље на време да се најде решение, отколку да се стапи во брак па тогаш, под притисок, да бараат идеална средина. Рече дека спратот секако ќе се реновира, тоа подразбира финансиски издатоци, за нешто што пак нема да е лично твое. Таа куќа додека се живи старите, ќе ја гледаат како нивна и тоа е факт. Тргнете парите од реновирањето на страна, штедете во меѓувреме, старите ако ве помогнат и земете еден кредит со кој ќе купите стан, кој ќе знаеш дека е лично твој. Мир и приватност во секое време. Ова е само мое гледиште, како јас би постапила, со оглед на тоа дека ептен ми значи приватност и време за себе, отука и коментирам.
Дрскост е ако мои пари што сум инвестирала сакам да си останат кај мене, а не е дрскост ако од тој -мој колач дале на друг што не плукнал во дворот, а не па друго нешто? Да испаднеше така па да пишувам во темава и да се жалам сите ќе скокнавте да ме жалите, тешите и да велите дека сум глупа што сум постапила така и сум градела на нептепишано. А сега кога се испадна во ред и како што сакам дрска сум била бре Повеќе сакате кога кукаат тука, ако на некоја и е се под контрола животот одма нешто ви пречи
^ Да, дрска си Самите постови безобразно звучат. Ќе спречиш некого ,,од колачот,, да даде на ќерката?! Не ги гледала старите, не плукнала во дворот.... Таа ќерка која си имала стари за гледање, можеби и биле скратени 100 работи додека мајка и и татко и го граделе спратот во кој ти ,,инвестираш,,
Од тебе зрачи не дрскост, туку лакомост. Замисли некој за твоја сестра да збори вака како ти што збориш за неговата. Овде има членки кои не добиле ништо а братот се, прашај ги нив. Јас не сум во нив, да ти скратам ситењето. Ама мислам дека не е фер едното дете без ич. Ич, ич. Дури и без 1 квадрат онака за чест, а камоли спрат. Вие си знајте контролните
Жал ми е немаме исти гледишта Мене љубовта,слогата,и разбирањето ми се на прво место тебе дали има кука дали ек живееш сама или не значи ти коа запознаваш дечко прво речи му имотен лист да изваде после види бива ил не бива да ти биде дечко
Извинете, морам да додадам . Стари биле , им се сушел мозокот, ке им се свртел паметот. ВРВ на безобразие, биди среќна што не те читаат. Ем ќерка им ја вреѓаш , ем нив. Важно таа ти чистела и ти средувала, а ти си земаш шеќер и ти се трга од патот. Комедија. Дај им да прочитаат ако си во право! Или маж ти и сестра му да прочитаат.