Може нејасно се изразив па не сте ме сватиле јас си искажувам мое мислење и како јас мислам оти е правилно Од друга страна па тоа не значи дека е така правилно сето зависе и од ситуација до ситуација пр додека моите правеа кука 26 години ја градеа јас и брат ми трпевме за се и за летовање зимовање и се со ред И сеа ја да не сакам дел од таа кука не ми е сватливо пошто детството ми го зема и си сакав дел и си добил Ама тоа е моја ситуација и мое мислење
види у твојава ситуација може па на сестрата на маж ти и дале пари за да се среди кај маж и па ете она не сака од куката оти реално си земала дел има многу ако у животот не е се црно или бело
И опремиле една соба само таа што и следува од родителите за свадбата. Мислам дека се тргна повеќе бидејќи има и повеќе од нас, толку ќе кажам.
Во ова твое мислење се сумирани сите проблеми што на 1000 страни се изнапишани тука. Се додека сите имоти во општествово се препишуваат на име само на синовите, ќе има жени кои што не се чувствуваат дома, немаат никакво право во домот во кој што живеат, ќе се рчкаат со свекрви кои патем и тие немаат легално право најчесто. Згора на тоа, разводот ќе зависи дали мама и тато ќе ги приберат бидејќи колку и да учествувале тие во финансиите на тој дом сепак нема да имаат право ни на денар од него. Моќта на жената е во парите кои ги има (наследува, заработува). Инаку не сметам дека золвата на членката погоре е унаказена. Не мора од скеој имот и двајцата да добијат половина, но е битно и двајцата да добијат отприлика иста вредност на нешто: пример нејзе и дават кеш, а на синот стара куќа и обврска, или пак различни имоти или наследства и најважно е тоа што родителите имаат право да одлучат што како. Мене ми е глупаво кога една куќа ја оставаат двајца да ја делат, и после тоа редовно има еден куп кавги помеѓу браќа и сестри. едно што ми влезе во очи е дека на ќерката и дале работи, и и платиле за образование, па тоа треба да е нешто као наследство. Тоа не е наследство.
Имаш поента. При развод( кој и на најразумните и најзаљубените некогаш им се случува), иди докажи ама јас вака , јас така. Чист рачун, дуга љубав.
Ако го стекнале (правеле)во брак, има право и жената. А ако е подарен имот, при развод може да остане без ништо.
Да, ама тука се мисли повеќе за тие што живеат во заедница, најчесто кај мажот дома или го наследуваат тој дел. Што значи жената добива нула од вложеното, освен доколку немаат потпишано договор.
Ви благодарам на сите за советите. Вереникот сака таму да живееме, ама е отворен и за други опции, само не сакам утре низ нос тоа да ми го вади ако заглавиме финансиски бидејќи јас притискам за одделување. Спратовите се делени, од истиот влез се влегува долу ама нагоре се скали и има врати за во секој спрат. Сепак ќе треба реновирање и тоа повеќе ме измачува. Да беше средено ќе отидев и ќе пробав, но вака да вложиме сума на пари, ако има проблеми, ќе ги изгубиме. Не би можеле да продадеме спрат во таа куќа. И што во иднина? Во куќа со еден куп луѓе. 3 генерации. Размислувам од сега бидејќи знам дека после назад нема. Знам дека ве има и вас кои супер си живеете, ама навистина незнам како ќе биде. Не сакам и тоа малку што го имам да го вложам таму за на крај да пропадне. Подобро да си земеме еднособен стан на кредит. Некој ми предложи да живеам со нив неколку месеци за да видам какви се. Тоа не иди во предвид за мене. Јас кај него во тоалет не влегувам од непријатно, не пак да живеам таму со нив и плус со дедо му, стар човек е. Е тоа е, не сум учена со многу луѓе, од секоаш сум имала своја соба и не можам да функционирам во гужва. Сепак благодарам, ќе размислам, ама мислам најдобро е на страна. Треба да се распрашам за кредити и се тоа, да видеме дали воопшто можеме да си дозволиме. @Kataklinkers Не одбрав момче базирајќи се на неговите финансии, туку на неговата љубов и почит кон мене, неговите амбиции итн. Не сум материјалист, благодарам за совет. Се надевам дека ти нема да ја направиш мојата грешка туку ќе најдеш некој кој куќа ќе ти препише, а притоа ќе се изневерувате на секој чекор, бидејќи нели, ќе го земеш за материјалното а не од љубов.
Се зависи од вас, како ќе се договорите уште од старт. Џабе не рекле договор куќа гради и за се има решение. Еве проблемите на некои можеш да ги земеш како пример на што да внимавате кога ќе се договарате. Еве јас да сум на твое место и да ме мачат овие прашања би барал уште одма да се знае дека сум им благодарен на тоа што го изградиле ама да се знае дека ќе вложувате и уште одма да се препише на синот( тоа е поевтината варијанта бидејќи не се плаќа данок ), или пак да барате да си го откупите спратот и така ќе ве кошта малку поскапо ама знаеш дека и твоето име ќе биде на имотниот лист. Ако сакаат синот да им биде блиску до нив ќе се согласат и ќе си биде во ред, можно е да ги повреди тоа што немате доверба во нив па барате оваков договор, можно е и да не прифатат воопшто(ако се некои тврд инает и карактер) тогаш си размислувате на потполна ваша инвестиција каде не очекувајте помош од нив и не очекувајте дел од куќата кој ви бил понуден. Малку ми е несватливо ( можеби поради годините кои ги имам) се земате а правите некои рачуни што би било ако се оставите, каде бре во брак со такви мисли? Како да е најбитно во бракот парите па сега кога ќе се разведувате ќе ви биде важно со колку пари ќе излезете од бракот. Во вое 16 години во брак се што сме правеле и вложувале никогаш не ни било важно кој е носител на имотот, па чекај да се обезбеди другиот. Едноставно си уживаме во бракот и мислата ни е како да ни биде убаво во бракот и ако некогаш се разведувам поради било каква причина сигурно најмногу ќе ме боли што ќе го изгубам семејството а не дали колата ќе остани кај сопругата бидејќи е на нејзино име или дека ете јас сум вложил пари и во реновирање на дел од куќата која таа го добила како наследство.
На се треба да се мисли. Материјалната сигурност не е за потценување, најбитна е. Колку има од љубов што се земале, не било битно каде ќе се живее, туку заедно биле - демек најбитно. И во најголемиот дел случаи, жената завршува на улица. Без ништо свое. Куќата на мажот е на мажот, а во родната куќа не ја примаат назад. @Sunlightwoman Паметно размислуваш. Јес да помислата на кредит е језива, ама има многу луѓе кои успеале. Штом и партнерот дава зелено светло, ќе успеете. Бар ќе знаеш имаш свое место лично и мир.
Не спорам дека сите се земаат од љубов и дека некои се разведуваат, прашањето е колкав е тој процент. Јас кога кажувам статистика тоа е обично статистика од мое окружување и не сакам муабети од трета или пета рака дека таму ете некоја се оставила и останала без ништо и дома не ја примаат. Еве лично прашање од твое искуство: од твои роднини, пријатели, комшии колкав е процентот на тие што се оставиле?50%,40%,5%? Во мое опкружување тоа не е ни 5%, и сега треба секој да се замара дека може да биде во тие 5% а не во оние 95% кои си останале заедно и кај нив нема во речникот мое, твое туку наше и иднина на нашето дете. Или еве најдиректно би те прашал тебе, работиш цел живот за да му овозможиш на твоето дете(деца) што подобар живот и да имаат што да наследат од тебе. Што е тоа што би те разлутило за да помислиш дека иако твоето дете додатно би инвестирало во она што е створено од тебе ќе го оставиш без ништо? Зошто мислиш дека кога си снаа , свекорот и свекрвата би му одзеле нешто што го граделе за синот( а со самото тоа и за снаата и внуците бидејки тоа е една целина) а кога ќе бидеш ти свекрва би реагирала поинаку.
Најискрено, огромна бројка на разведени, уште поголема бројка на луѓе што знам што се во брак, а се несреќни, и ради сплет на околности остануваат во бракот. Познавам многу мал број на среќни брачни парови, за жал. Никој не и рече да гледа од туѓите дворови, не ми извртувај зборови. Муабетот ми беше, и даље стојам на тоа, дека материјална безбедност е најважна. Никогаш не знаеш што може да се случи. Све се менува, па така и луѓето. Прелистај ја темава и проблемите со кои се соочуваат жените. Ја изневерил, мора да ќути нема кај да оди. Ја тепа - седи јер пак нема кај да оди. Ја брка од неговата куќа - пак нема кај да оди. Вие мажите сте во сигурна зона, претежно жената иде во куќата на мажот., на туѓ терен. Пожелна е во куќата додека е се ок, кога ќе почнат проблеми да се појавуваат, она станува гостинка во таа куќа, така и бива третирана. Ако имам деца, ќе се осигурам да го имаат најдоброто од се и да имаат нешто свое, да не зависат од мене. Ја промашуваш поентата. Никој не вели дека синот би го оставиле без ништо, туку девојката т.е снашката. Ете ти цела тема, 997 страници, читај и ќе видиш дека секој втор проблем е тој. Зависни се од мажот со самото тоа што во негова куќа живеат, негова сопственост и отука поголемиот дел се немоќни. Све е до парите, све.
Се додека размислувате овака ќе имате потреба од предбрачни договори, од имотни листови на ваше име и уште неземени ќе размислувате на развод. Нас што не ни се парите на прво место туку среќата во фамилијата, почитувањето, љубовта ќе си ги живееме моментите на радост без да мислиме на лошо. А ако некогаш дојде и таков момент, е тогаш ќе му ја мислам
Бре, колку дирљиво. Одлично штом ти се има погодено, ама погледни околу себе, дека има луѓе кои не живеат во такви идеални услови. И не можеш да кривиш никој заради тоа што едноставно е претпазлив. Ти и многу други. Зошто толку ве плаши помислата на еднаквост, поготова материјална ? Дали дека можеби нема да бидете доминантни, нема да ги влечете конците, нема кој да биде зависен од вас. Размисли и најди си го одговорот.
Па како не си, а сега му бараш да го реши проблемот и да имаш поголема приватност. Нели ако не беше до материјалното ќе си ќутеше и седеше во она што го има.
А каде виде дека ме плаши еднаквоста. За мене не е проблем да препишам се што е на мое име да биде на мојата сопруга. Едноставно си го знаеш партнерот и не се замараш со прашања кои мислиш дека се минорни. Можеби за некој се многу битни ама за мене не се. Реков можеби е до годините , па и познаниците ни се приближни години па исто размислуваат. Јас например познавам човек кој се остави со жената и има 3 деца со неа, спрат од кужа(120М2) беше на негово име ама тој си замина од куќата а сопругата со децата си остана да живее во неа и ден денес е таму. Подоцна тој ја префрли на децата, а со новата жена си има дете и си живее под кирија.
@Milan93 кога стварно не е проблем што не составите брачен договор. Нека биде се на најзино име. Не мора пред склучување на брак, и покасно, во цутот на љубовта, може да се состави документчето.