Затоа што не ни побарала мојата сопруга од мене, а никој нема тоа да го прави за да вас ви докажува. Што ќе смени во мојот живот што ќе биде препишано на нејзино име. Секако сетоа што е на мое и нејзино име ќе дојде во рацете на нашата ќерка. Зар е толку тешко да се свати дека има партнери кои си веруваат еден на друг и не им е битно некој имот на чие име ќе биде? И мојата сопруга има дел од куќата на татко и, треба одредено реновирање и јас сум тој кој инсистира да го средиме нејзиниот дел од кужата да може без проблем и таму да се живее. И не мислам дека ќе ми бидат залудно фрлени пари затоа што нејзиното име стои на имотниот лист , туку како инвестиција која нас ќе ни користи и еден ден секако ќе биде на нашето дете
Ама не мора она да бара. Викаш сам ќе и дадеш, не ти менува ништо, веруваш... Оти не кога е се тоа така?
За жал, кај многу жените вложуваат,спратот не е препишан, старите обично чекаат да препишат пред да умрат или усно кажуваат кое на кого ќе биде, па откако ќе отидат почнуваат расправии меѓу сестри/браќа. Во врска со дел на сестра, мислам дека треба да и се даде. Ако нема доволно спратови за да и се даде на сестрата, глупаво би било да се упикува сестрата и да бара соба, која реално неизводливо е да ја користи, ама барем да се собере некоја сума пари и да и се даде во замена за делот кој треба да и припадне. А доколку куќата е на 3+ спрата, не гледам причина зошто не би и се дал еден спрат. Баш затоа и жените ќутат и трпат, не се решаваат да се разведат, зошто немаат каде да одат, кај мажот ( иако заедно сте вложувале) се е негово, на негово име, а кај мајките немате дел па не можете да се вратите ( а ако отидете да седите заедно со родителите ќе и пречите на снаата, нели сте отишле да и узурпирате нешто кое реално сега и припаѓа на неа. Така настануваат сите проблеми. Кога би се прашувала јас најубаво е секој да си е посебно. Ако се во куќа, секој спрат да си е со посебен влез ( иако и тука приватноста не е загарантирана) . А најдобро би било секој во посебна куќа/ стан.
Очигледно дека не разбираш , така? Ако јас денес отидам да и префрлам се на сопругата, со тоа сигурно нема да ја задоволам неа бидејќи не го бара тоа и не и е важно. Ќе бидеш задоволна ти и некои други кои би рекле алал да му е бре го направи тоа и плус ќе бидеме олеснети со некое евро кое ќе го платиме како данок на промет. Во овие 16 години како сме заедно си го живееме животот за нас а не да ги задоволуваме другите или да им докажуваме нешто на другите. Ме интересира, мажот ти има проблем се да ти препише на твое име? Ако го направи тоа ќе ти докаже нешто што досега не си била сигурна во него?Батали друг, трети , пети што ќе каже на темава, вие лично немате таква доверба меѓусебна? Ти е страв дека ќе се раведеш и дека ќе останиш без ништо?
Епа кажи си дека не и препишуваш и готово. Едноставно е и сосема ок. Оти ќе дадам, ќе потпишам ќе ќе ќе. А уствари не ми(и) треба, не мора, не сака... За секое “ќе” има едно капаче “не”. Мажот ми нема проблем.
@Sunlightwoman Доколку постои можност да се живее одделно секогаш бирајте ја оваа можност. Ниту тоа што ти со твој пари ке реновираш ни тоа дека ке си сама на спратот ти гарантира приватност. Доколку имаш можност поживеј со нив 5-6 месеци па ке ти станат јасни многу работи и сама ке одлучиш дали да реновираш на спратот или не. Година ипол откако сум дојдена свекрва ми е веке друга личност, се смени сто на сто. Е сега не велам дека сите свекрви се исти, некој супер живеат и се разбираат. Плус јас што го имам и проблемот со деверот, спремавме цел спрат а тој на готово средено си зазема соба. Долу на спрстот има две соби слободни ама тој тука со нас демек привремено додека да соберат свекор ми и свекрва ми пари за да му опремат доле собата. Еве од сабајле жива се јадам два пати по него чистам шолја. Пред неколку дена бевме излезени со сопругот и детето и се вракаме дома и влегуваам во купатело и има што да видам и го викам маж ми да чисти, а јас како што бев изнервирана слегувам доле и гледам седат доле свекор ми свњкрва ми и тој и јас му викам добро на што личи не ли ти е срам јас секој ден да чистам по тебе дојдена сум за брат ти не по тебе чистачка да изигравам а тој испафкан едвај гледа ми вика па пуштив вода, му викаѓ абе ти си пуштил вода ама мочката по шолјата озгоре и по плочките си стои и ништо си зботував така уште две три минути ни свекорот ни свекрва ми збор не кажаа и си излегов. Значи тој е син јас сум снаа и според нив морам да си трпам.
Ами ако од сето кажано заклучокот ти е дека јас не сакам , тогаш да во право си. Нит добивам нит губам нешто со тоа што ти ќе веруваш или не веруваш во кажаното.
Не е за верување или не. Целосно е неважно. Едноставно човек може да се поштеди од целиот тој муабет за што се ќе направи кога на крајот следува едно но и ништо од тоа уствари нема да направи.
Никаде не споменав имотни листови и препишување делови. Кажав дека се плашам да вложам, не бидејќи не е мое, туку бидејќи може да имаме проблеми и тоа ќе ни бидат изгубени пари ако после тоа треба да заминеме од таму, кои во случајов многу ни требаат. Секој сака за себе да обезбеди подобри услови за живот, дали тоа го прави материјалист? Бог да чува. НЕ МУ БАРАМ НЕГО да ми го реши проблемот, туку заедно како пар да си овозможиме тоа што ни треба. Како што можеш да заприметиш не се интересирам за куќи и спратови, туку по радо би се заглавила во кредит за да имам свое. Ако си ти материјалист, не значи дека сите се.
Прво треба да бидеш начисто какви проблеми би биле тоа за да ги елеминираш од старт. Што е тоа што треба во моментов да се исполни за ти и твојот сопруг без страв да си го уредите спратот? Секако никој со сила не може да ве натера да инвестирате во спратот, ќе си ставите на кантар што добивате-губите ако инвестирате во нешто скроз ново а што во спратот и тогаш одлучете кое ќе ви биде помало зло. Ако инвестирате во нешто ново прашање е дали родителите на сопругот ќе имаат со што да ви помогнат. Тој спрат кај нив ќе остане така заробен бидејќи ако вие не сакате да инвестирате таму уште потешко е да веруваш дека некој трет ќе сака да се пикне таму и да инвестира
Не можам да елиминирам проблеми кои не настанале. Како да знам какви проблеми може да искрснат? Знам само дека 90% од паровите кои живеат во заедница имаат проблеми и по тоа се водам. Не можам пред време да знам и тоа е тоа што ме измачува. Може супер да биде ама може и да не биде. Таа е дилемата. Инаку оставени сме сами на себе, затоа се плашиме од подигање кредити. Се работи за големи кредити кои ќе се исплаќаат со години, а помош немаме. Спратот ќе остане така, ама тоа не ме загрижува. Ќе си го имаат, нека си го користат, ако не сме таму не ме интересира. Ви благодарам на сите што одвоивте време за мојот проблем.
Не можам да му ставам зборови во уста, ама тој као да сака да каже еве , убаво и разумно одбрал сопатник за патријархален живот, каде како мажот ке замисли, така ке се одвиваат работите. Разводите биле 5 посто. Разводите во мк се сигурно над 5 , а во западен свет и до 50 проценти од сите склучени бракови завршуваат со развод. Не оти ние во мк подобро одбираме, туку како што кажа некој оти жената најчесто нема каде, нема работа или што ке речат комшии. Среќен брак не е среќен само ради љубов што има,таа е неопходна , но не доволна. Лаже тој што вели ' ол ви нид из лав". @Milan93 не не прави калкулантки тоа што сакаме со нозе на земја да живееме. Твојата жена можеби се сложува со свекрвата и не само што не сака свое име на имптен лист туку можда сака и со свекрва да живее и мама да ја вика и се по ред. Можеби не сака. Јас не знам. Ама не сме сите исти и некои не се сложуваат со стари,сакаат мир и сакаат сигурност , за која се спремни да работат, не само да му ја земат куќата на некој готовански. На трети и тоа им е ок. На четврти нешто друго. Твоето е правилно ЗА ТЕБЕ и ТЕБЕ те прави среќен. За мене можда не , за другите тука можда не.
Се зависи какви луѓе се истите свекор/свекрва/девер/јатрва/золва со кои треба да живеете во иста куќа. Има луѓе кои си живеат свој живот, си имаат свои обврски, планови, желби, цели во животот и се стремат кон тоа. Но, има и такви кои им се очите само кајдругите, кои сакаат да се главни организатори на сите случувања, кои сакаат се да знаат, кои не се исполнети со својот живот па сакаат да се мешаат во туѓ. Зависи каква категорија на луѓе се родителите на мажот. Колку и да сте оделени со влезови, имате ист двор, постојано ќе биде следено кој доаѓа, кога доаѓа, колку често, колку време седи.... Исто и вие каде одите,што правите... Да си посебно свекрва ти може да ти дојде еднаш во денот, вака може да се прошета и 3,4 пати. Нели ќе мораш да и отвориш бидејќи ќе знае дали си дома или не. И ако ги вложиш парите во спратот, сепак тој спрат ќе биде даден на мажот ти, а куќата е правена од свекор и свекрва, често може да си дозволи да те потсети дека си " во нејзина куќа" иако ви дала само голи ѕидови. Од друга страна, кога би купиле сопствен стан,макар и гарсоњера ќе си имаш свое. Ама навистина ќе се чувствуваш како дома, а не како гостинка. Бидејќи знаеш дека е лично твое, со ваши пари, па така никој нема да може да ти се меша и да ти преправа. Твој дом, твои правила. Приватноста е загарантирана 100%. Е дури тогаш можеш да се чувствуваш слободно, да примиш гости кога ти сакаш, да правиш што сакаш. Никогаш не може да се спореди да си имаш нешто навистина ваше, или да отидеш во туѓо. Колку и да вложуваш, никогаш нема да се чувствуваш дека е твое лично. И да, треба да се мисли и на материјална сигурност. Сите се земаат од љубов, а потоа неславно завршуваат. Мажот е секогаш обезбеден, а жената најчесто завршува без ништо, дека мажот ќе ви го препушти станот/куќата и ќе оди да живее под кирија, а ќе ве остави вие и децата да живеете таму, ми личи на инсерт од некоја серија.
Секој треба да си обезбеди ако има услови за тоа, ама ти имаш пишано дека немате услови. Ич не си материјалист. Еве имаш пишано дека ве следува посебен спрат и тоа најгоре и пак од партнерот бараш да живеете посебно и не знаеш дали прифатиш да живееш таму. Не знам еве некои ни спрат немаат, па не прават вакви проблеми. Јас проста вие така повеќе во тек со модата.
Јас пишав дека немаме којзнае какви примања, а не дека немаме услови воопшто. Смешна си искрено. Дали воопшто знаеш што значи зборот материјалист? Дефинитивно не сум материјалист ако сакам сама да си обезбедам место на живеење, наместо да земам од некој на готово цел спрат. Малку ги измеша брзините, ама се случува. Не направив никакви проблеми, само размислувам за иднината. Ти и таквите како тебе што гледате само да грабнете нешто на готово, сте истите тие кои кукате по темите. И ќе те замолам да не ме цитираш веќе, бидејќи нема да ти го пружам задоволството да се спуштам на твое ниво и да се објаснувам што значи зборот материјалист и кој е всушност материјалистот тука. Биди поздравена.
Не знам кој е смешен. Еве ти си, бараш да живеете посебно, некоја што не е од материјална корист нема да бара. Поздрав
Кога гладот ќе затропа на врата, љубовта ќе излета низ прозор. Кога ќе заспиваш и ќе се будиш со помислата од каде да најдеш пари за најосновното, не знам дали ќе ти биде дојдено до љубов. Јас знам кога кај мене дома беа најголемите кавги - кога мајка ми остана без работа, а јас уште бев студент. Кај тебе не знам како било, ама во едно сум сигурна - за една љубов да опстане кога ќе дојдат обврски како одржување/стекнување дом и деца кои носат дополнителни трошоци, освен почит и разбирање, си требаат и финансии. Ако може поинаку, кажи како, па на сите да ни олесни и да не се туфкаме со работа, плата и сл.
Иако постовите ми беа во друг контекст пишувани ќе ти одговорам како ние функционираме а верувам дека и повеќето истотака фунционираат и не мислам дека јас сум нешто посебен, или дека сум имал среќа што сум во брак кој има разбирање, почит, љубов. Низ животот имало периоди и кога имало и кога немало доволно пари ама не сум сметал дека со кавга ќе сум го решел проблемот на немаштијата туку напротив со разбирање, почитување и саможртва. Сум останал без татко на 10 годишна возраст, бевме 3 деца сите во фаза на школување и свесни дека нема пари за никакви луксузирања. Тоа што во моментов со сопругата имаме сосема солидни примања не значи дека во минатото сне немале периоди кога ни мањкале пари. Што требаше да правиме:да бидеме на пиче мамино, да се караме, викаме? Ами љубовта се покажува кога ќе дојдат тешки моменти а не кога се е наредено? Јас само си кажувам лично мое искуство, сме поминале низ тешки моменти и сме останале заедно без никакви црно на бело документи. Кој сака нека си потпишуваат предбрачни договори за секој случај, ако така мислат дека ќе имаат поубав и посигурен брак нека си тераат така.
Не бара од никој, сака сами да си обезбедат. Што и се запна на жената, убаво си пиша. Дали сношти поубаво спиеше дека нарече некој материјалист без потреба? Ти се исполни животот? Или треба лексикон да ти купиме да научиш што е материјалист?
Mislam deka se malku tie sto te razbiraat o sto ne gledaat za se niz prizmata na parite. Ama mn ubavo si se izjasni