Значи ние што сакаме малку од малку да бидеме обезбедени и ние и нашите деца гледаме низ призмата на парите??? Не сум знаела. Пари требаат бре луѓе, и за арно и за лошо! Материјалист ли сум што го кажувам гласно ова?Или реалист кој на форум не кажува едно, а во животот бара и сака друго како многу други овде?
Tie sto sakaat da bidat malku obezbedeni i samite a i decata, normalo ke se potrudat da si obezbedat da ne da se prepukuvaat so partnerot okolu toa sto e na negovo a sto na nejzino ime. I koj kolku treba od nekade da nasledi. Site kopneat po pari i stanuvaat alcni poradi toa ima mn problemi kako vo brak taka i vo sevkupniot zivot. Inaku sekoj posakuva nesto da im obezbedi na decata, no sepak ke se povtoram ne site se trudat toa sami da go napravat tuku se rckaat koj od kade ke nasledel.
@Emy867 neznam zosto konretno ti se pronajde vo komentarov. Bese nasocen kon toa deka ne sekogas toa sto e moe a sto tvoe e bitno vo brakot. Pobitno e da se ima pocit razbiranje i ljubov. Bidejki bez niv se e zaludno i koj sto nasledil i koj imot na cie ime i se. Se nadevam deka me razbiras. Imaj ubav den
Сите така почнуваат, со љубов, почит, разбирање....ама кај некои едниот ќе се швркне со паметот после година, десет...
Абе тоа е јасно дека е на прво место. Ама животот е толку непредвидлив, а луѓето во денешно така малку повеќе шашави, па преку ноќ отсакуваат и засакуваат, така да, јас немам против ако некој одлучил да се обезбеди правно со документ за не дај Боже. Тоа пак на крајот ќе биде на детето/децата кои се заеднички. А не жената со куферот и децата во рака и кај мајка , па од пензиите на старите ќе живуркаат, а другата страна ќе си го лади.
За сите што викаат дека тоа е само документ и не е битно ако има љубов и разбирање, нека се навратат неколку страници назад и нека ја прочитаат приказната за пријателка на мајка ми, најдобра пријателка, од прв ред гледав што се случува и не е се така црно и бело како што изгледа...и нејзиниот сопруг ја сакаше највеќе на цел свет и беа среќни 30 год, ама се дозна дека имал дете со друга и дека е со неа повеќе од 10 год...па како заврши сета таа поделба и расправањето околу финансии ја чинеше здравјето, забите, косата и нервите ќе сфатите дека и тоа како менува нешто тој лист хартија.
Морам да прокоментирам за муабетот што се одвивал пред скоро време за спратовите што ги граделе родителите, демек причина за децата да ги врзеле за себе, снаите да им правеле кафе и ручек кога тие не ќе можат веќе, па да им чистеле, да им биле ''должни'' со еден збор и да не завршат во дом. Па и за внуците, сакале да покажат колку знаат, да бидат пак мајки и татковци... Гледам дека многу го делат ова мислење. Мене тоа ми е жално искрено. 90% од сите овде сме веќе и остварени како родители, толку ли ви е тешко да замислите дека и вашите родители ве сакаат исто колку и вие вашите деца? Сите на свој начин размислувале како да обезбедат за своите деца, ако не ви чини не земајте, отселете се, посетувајте ги еднаш годишно, никој не може тоа да ви го забрани ако така чувствувате. Но дека е во ред, не е. Обезбедете си сами а не да пребирате што да ви се даде, зошто било спрат а не било стан, па дури и некаде прочитав они да си оделе а да оставеле куќата на децата, демек требало на време да мислат како да им се манат од животот на децата. Стварно??? Толку ли ви е тешко да им помагате на старите кои со толкава љубов ве изгледале, деца ви изгледале, ви готвеле ви пустеле ви помагале, тешко ви е едно кафе да им сварите, тешко ви е уште една-две порции да додадете во тенџерето за нив? Не ве разбирам, мене ми е задоволство да им помагам колку можам, задоволство ми е да ги гледам како му се радуваат на син ми, да им го оставам на спиење на дружење, како и да е, да ги гледам среќни, па и да им ги слушам прикаските за тоа како не растеле нас и како им навираат сеќавањата за тоа ние кога сме биле мали колку сега што е син ми. Ви пречи да ви кажат што мислат, мене не ми пречи и да ми сугерираат кога мислат дека знаат подобро, не дека ќе ги послушам ако не ми по мерак, ама што треба, да не им дозволам да кажат они како мислат, не мислат за лошо сигурно, па нека кажат де, нема да ве изедат. На старите луѓе светот им се стеснува, пријателите им се намалуваат, им останувате вие и вашите деца, самотијата е многу тешка, а толку е лесно да развеселиш стар човек, малку внимание, почит и чувството дека не е неважно што тие мислат е доволно за да бидат среќни, толку ли е тешко да им останете деца на старите родители и да им станете пријатели во староста.
Јас не знам зошто воопшто тука се дискутира. Многу убаво кажа @RedRevolution Крај краева има психолози/ семејни советници и сл. Што е толку срамно да се посетат? Кога еден ден ќе ги снема тие што ви пречеле, не плачете по нив. Никому не му цветаат рози.
Не си погодила на некои лоши луѓе затоа така зборуваш што нема погодувачка што и да им правиш џабе ќе е
@RedRevolution Никој не рече дека не сака да си ги посетува родителите или дека нема да ги посетува и да се грижи за нив, никој не рече дека им е тешко да им зготви јадење или да им зачисти од време на време, јас уште одам кај мајка ми да и зачистам, мајка ми уште оди кај баба ми. Проблемот не е тоа, проблемот е што родителите на жената никаде не се спомнуваат, зошто кога жената може да си ги остави родителите сами дома, да е проблем да се отселат и од кај сопругот и неговите родители да ги остават сами дома. Зошто се очекува верувај, има свекрави кои очекуваат дека дошла снаата дома и дека треба да ги чува и гледа и дека тие треба да се пензионираат од грижење за домот. Снаата не е дојдена за тоа, ако веќе снаата мора да живее кај нив и ако има посебен спрат зошто да не сфатат дека тие веќе се посебна фамилија, дека си имаат свои обврски, сакаат да си створат сопствена рутина и сопствен начин на живот. Зошто се наметнуваат? Ние кај бабите и дедовците одиме секоја недела на ручек, ама тие живеат сами и иако често очекуваат да одиме почесто знаат дека не можеме толку често како што тие замислиле и го почитуваат тоа. Не гледате реално на проблемите што некои жени ги имаат тука искрено, може не се толку страшни искрено ама ако ним и пречат зошто да не се пожалат. Пример најпрост ќе дадам, јас живеев на посебен спрат во куќа со свекор и свекрва, што сами си го средивме и не се осеќав како дома, од најпрости работи ќе дадам сега еден пример и некому ќе му звучи банален ама сакам да доловам поента. Сакав да внесам едно куче дома додека беше болно, иако свекрва ми сака кучиња и веќе имаме две таа постојано се дереше да го изнесам надвор, влегуваше од врата од работа дирекнто кај мене на спрат и ако кучето беше таму таа викаше да излезе. Кој е проблемов тука, има повеќе проблеми. Прво ако веќе е мој дом јас не треба да осеќам страв дека правам нешто погрешно и дека таа ќе си дојде и треба да го кријам кучето како тинајџерка што крие дечко од татко и. Треба да е тоа мој дом и јас да осеќам слобода да правам што сакам, да не барам дозвола за нешто што треба да е мое. Друго таа не треба да влегува директно од работа кај мене на спрат без да тропне и притоа да става правила што треба, а што не. Се осеќав како сеуште да живеев со моите и да немам слободна, а муабетот беше да се осамостојам нели да градам своја фамилија и дом. Колку и да пробував да правам муабет и да докажам дека сме возрасни и дека можеме сами, таа упорно се понашаше како деца со нас и тоа ужасно ми пречи, сеуште очекува извештај за се, треба да кажуваме кои ни се планови што правиме следно итн. Значи ова реално може е глупост ама мене ми пречеше и јас не се осеќав пријатно ради тоа. Не знам што е толку тешко родителите да сфатат дека децата растат и еден ден ќе се одвојат од нив, не можат цел живот да им бидат дома и да се понашаат како деца, оти не се деца возрасни се.
Знам дека има секакви луѓе, те разбирам, и ти си во право, има такви на кои ништо не им е погодено, има и лоши луѓе, ама затоа тука се синовите и ќерките да прават баланс во односите, сепак тие се производ на тие ''лоши'' луѓе, ги носат нивните гени и го презентираат воспитанието добиено токму од нив. Ако не ви се допаѓаат нивните особини, многу веројатно е дека и голем дел од особините на партнерот не ви се допаѓаат, а партнерот сами го бираме. Доколку партнерот не превзема ништо во врска со лошите односи меѓу родителите и својот/својата избраник/избраничка, значи сте направиле погрешен избор. Ама тука проблемот е во твојот сопруг, не знае ли тој да пресече и да рече ''ова е моја сопруга а ова е сега нејзин дом колку што е и мој, ќе прави овде како сака, што сака и колку сака, ако сака и ако ние се сложиме и родителите ќе си ги земе а не па едно куче''. Проблемот не е во родителите, туку во нивните деца кои не знаат да направат баланс и да поразговараат со нив, да покажат дека станале возрасни луѓе.
Точно АМА во самиот карактер / живот 2 и 2 не се секогаш 4... животот не може да е планиран, карактерот на луѓето не останува вечно ко математиката 2 и 2 4. Тука лежи суштината.
Не си во право затоа што тој разговараше со нив за ова, разговарав и јас ама не се разбираат, тоа си е карактер и они секогаш тоа ќе го гледаат како нивна куќа, а снаите како гости, синовите како деца, а не треба да е така, тука лежи проблемот. Тие треба да се свесни без некој да им го каже ова, како моите се свесни и за ништо не се мешаат, а тие не се? Не е се така црно и бело, не е ни така лесно, се тувкаш како да постапиш, па да не навредиш некој, па да не ги навредиш нив, па маж ти да не се осеќа на средина оти сепак му се мајка и татко...има еден куп страни. Се тоа ќе биде едноставно ако родителите едноставно сфатат дека децата кога се омажат или оженат или општо иселат или се одделат веќе се возрасни и не се деца и не треба да се понашаат со нив како такви.
Епа добро, штом не чинат старите, секогаш има опција ''се селиме на друго место'', а ако не може да си дозволи парот тогаш нека проба да најде заеднички јазик па и малку да потрпи нешто, што па се должни стари луѓе да менуваат начин на живот, простор и навики стари со децении зошто на снајка не и одговарало?
A зошто снаата е должна на си ги менува своите само оти мора да живее во туѓа куќа? Едноставно нека разберат дека за да има соживот кога веќе мора да живеат заедно треба да има компромис од двете страни, а не да и се качуваат на глава на снаата.
Како и да вртиш фали потегот на твојот сопруг, ако тој не може да се разбере со нив, значи дека меѓу нив има проблем, во тој случај одете си на друго место и смешкајте си се кога ќе си идете на гости, супер ќе ви бидат односите. И разберете дека не можете туку така да им менувате навики на стари луѓе, и вие еден ден ќе остарете, ќе видите дека не е баш така.
@RedRevolution преубаво кажано. А најтрагично е што поголемиот дел од тие што го тврдат тоа се немажени. Значи не е дека ги знаат карактериве на луѓево па да проценат, туку се суди предвреме.
Ама јас не ни пробав да им ги менувам навиките јас сакав само да си ги терам моите во мој простор, зошто беше толку тешко да сфатат дека спратот сега е наш и дека не треба да се мешаат и после кажаното и после дискусија и се тоа...пишував јас во темава за проблемите мои, не се толку страшни секако сега се преселив ама зборам општо за ваквите проблеми. А плус кои навики и ги менува снаата, дали имале навика некој да чисти место нив и да им вари кафе секој ден и да им спрема ручек??? Дали имале навика да кажуваат некому што и какко треба да прави?