Нека темава биде за означување на светските денови за ХХ работи. Ваше размислување за тој ден и ставови,коментари и слично... Мислам дека ова е досега најглупавото нешто што сум го прочитала: Светски ден на прегратките....зарем и такв ден постои Според мене претеризам,се и сешто добива свој ден. превземено:
Спојлер 20 ноември - Светски ден на детето 1-ви декември - Светски ден за борба против сидата 14 ноември - Светски ден на дијабетесот 21 мај - Светски ден на книгата 8 март - Светски ден на жената 29 септември - Светски ден на срцето 10 oктомври - Светски ден на храната 6 jули - Светски ден на бакнежот 22 aприл - Светски ден на екологијата и планетата Земја 8 aприл - Светски ден на Ромите 5 октомври - Светски ден на учителот 5 октомври - Светски ден и на насмевката 6 мај - Светски ден на хармониката 4 oктомври - Светски ден на заштита на животните 22 марти - Светски ден на водата 20 јуни - Светски ден на бегалците 21 септември - Светски ден на мирот 1 април - Светски ден на шегата Како што можете и да видите, ова се само дел од они светски денови на кои можев да се сетам или да ги најдам. Мислам дека за некој нешта е важно да се определи некој ден и да се обележува денот, но за некои работи па и нема потреба. Сепак луѓево некогаш и претеруваат. Исто така најнов светски ден за кој дознав е Денот на таткото на 14 септември
Денес е светскиот ден на Франкофонијата, или како и да се пишуваше. Имавме по франце некоја презентација за денес. Ме мрзи сега да кажувам а и не сум баш при време, прогуглајте, сигурно ќе најдете
Не знам каква врска има темава со Политика и настани (кои врти-сучи во поткатегоријава 90% пак се поврзани со политика). Многу посоодветна би била категоријата Слободно време.
https://en.wikipedia.org/wiki/Internati ... y_of_Peace 21 Септември, светскиот ден на мирот... Да си знаете
Денеска е Светски ден на борбата против пушењето, ја отупеа на радио - и да нејќеш ќе запаметиш, се изнаслушав мал милион емисии. Значи, 31-ви мај, Светски ден на борбата против пушењето.
Светски ден на не носење градници. Денес е светски ден на не носење градници, дали го испочитувавте овој ден?