Светски ден на не носење градници. Нема потреба од чудење, нема ништо смешно во тоа, иницијативата е за подршка на сите кои имаат рак на градите. Katty Perry, во подршка на сите кои се борат со рак на градите, no bra, no make-up, no worries.
Светски ден на не носење градници. Па да ми кажеше насабајле па да имав шанса да практикувам, вака отишол возот веќе.
Знам дека речиси помина денов,ама вреди да се каже дека денес е СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. Многу малку се посветува внимание на оваа тематика,а многу фама се крева дека македонците се крајно совесни по ова прашање. Епа не се. Од лично искуство кажувам дека по ова прашање нема ништо победно од едно невоспитано македонче. Колку и да си навикнат,погледите и подбуцнувањата секогаш ќе болат.А најмногу боли тоа што бегаат од лицата со хендикеп како од чума.
Според мене, ваквите „светски денови“ се само уште еден вид на дискриминација. Кога тие луѓе би биле прифатени во општеството, не би имало потреба од вакви работи. Тогаш едноставно би функционирале. А точно е дека секој плука на кого може. Па и македноците...
Не се согласувам со ова.Ваквите денови се потребни и треба да постојат за да се крене свесноста кај луѓето.Ако нема вакви нешта тоа ти е исто како и туркање на проблемите под тепих. И каква дискриминација се деновите посветени на рак на дојка,детето,на жената и сл.? Како ќе знае младината што е хумано,што е добро,а што не? Ако се разговара за тоа,ако има денови посветени на тоа.Нормално дека само со еден ден не се завршува цела работа,ама треба да се почне од нешто. Искрено ако не се вакви работи и медиуми и светски организации,тешко дека децата ќе научат нешто од постарите дома.Зборувам за баби,дедовци и дел од родителите.Најголеми нервози и трауми имам точно од нив.
борба против аутизмот а на форумов гледам и заборавена е оваа тема! Центрите во МК не се доволни. Дискриминацијата кон овие лица постои и е болна а на и истите не им се обезбедува соодветна и еднаква инклузија како дел од терапијата за помош. Најпрво што можеме да направиме е да не ги дискриминираме и да ги прифатиме подеднакво и така ќе им помогнеме.
Срган Керим донираше 1000 еу...Се прекрши...Во Систина даде огромна сума, точно не ми текнува колку..Секако во Систина е умилкувањето на братучедот...Овде нема тоа, па може и со бедни пари да се помине...Е дур постојат вакви бедни ситуации во МК како вчерашната со господинот Керим, никогаш нема да аможе да се подигне социјалата во нашата земја...
Навистина си во право.Во целост! Политички маркетинг пред избори.Срамота! Цела година децана дискриминирани, па сега пред избори ленти, топли зборови, прегратки и дрн дрн глупости!
Денес е светски ден на танцот: http://www.youtube.com/watch?v=L0tqf_rxiDA http://www.cda-acd.ca/en/programs-servi ... ssage-2014