1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светски ден на:

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 21 јануари 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    СПАНКОВЦИ, СРЕЌЕН ПРАЗНИК: ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА СПИЕЊЕТО!
    На сите оние кои сакаат да минуваат повеќе време во царството на соништата, им посакуваме среќен Меѓународен ден на спиењето. Оние пак кои ги пропуштаат благодетите на квалитетниот сон можеме да ги потсетиме на тоа колку всушност грешат и губат.


    Ако ова утро не ви се стануваше од кревет за да ги извршите вашите редовни обврски, без разлика дали се работи за училишни, работни или семејни, знајте дека барем денес сте имале и доволно добар изговор. Денес со слоганот "Лесно дишење, мирен сон, здраво тело", на целата планета се одбележува Меѓународниот ден на спиењето.

    Овој празник започнал да се одбележува од 2008-мата година, а се слави секој прв петок пред официјално да започне пролетта, односно викенд до два пред да ги поместиме стрелките на часовникот за еден час нанапред. Иако може да ви се чини дека е бесмислено да се промовира токму излежувањето во кревет, поентата на овој ден е да се привлече вниманието за важноста на квалитетниот сон, но и да се укаже на сите компликации од недостигот на сон.
    Ако се знае дека дури секоја петта личност на овој свет спие колку што би требало да спие, тогаш ви е јасен и овогодинешниот слоган – "Цврстиот сон донесува изобилство од здравје и среќа". Овој необичен ден се одбележува за да се укаже на важноста на спиењето од аспект на медицината, образованието, друштвениот живот и безбедното возење.

    Всушност, според мислењето на стручњаците поспаноста и несоницата претставуваат глобална епидемија која му се заканува на здравјето и квалитетот на животот.

    Сонот е важен фактор за човечката благосостојба, а има и директно влијание на менталното, физичкото и емоционалното здравје како кај возрасните, така и кај децата. Сонот е и потреба и привилегија, која патем е често загрозена поради навиките на современиот живот.

    Лесно дишење

    Дишењето под нормални околности секако се одвива по автоматизам, без разлика дали сме будни или пак сме во цврст сон. Меѓутоа, ако некој се буни поради вашето прегласно 'рчење, често во текот на ноќта се будите со чувство дека се гушите или можеби вашиот партнер забележал дека во сон делува како да престанувате да дишете, време е да се загрижите. Можеби имате спиечка апнеа?

    Спиечката апнеа станува сериозен проблем кога квалитетот на вашиот сон станува сериозно нарушен. Важно е да знаете дека во текот на тие прекини на дишењето доаѓа до намален проток на кислорот низ вашето тело, а вашето срце поради тоа претрпува огромен терет.

    Ако е токму ваков случајот кај вас, без да чекате побарајте лекарска помош. Спиечката апнеа лесно може да се дијагностицира. Што се однесува до лечењето, тоа најчесто подразбира едноставни совети како што е поинаква диета, повеќе физичка акивност и прилагодување на дозите од лекови кои инаку ги пиете. Кај потешките случаеви, можен е и оперативен зафат.
    Мирен сон

    Квалитетниот сон претставува камен темелник за сеопшто здравје, а секој пропуштен час од осумчасовната доза спиење влијае врз следниот ден. Три клучни фактори за добар сон се:

    Времетраење – Должината на сонот би требало да е доволна за следниот ден да се чувствувате одморени и способни да ги извршите сите ваши обврски.

    Континуитет – Процесот на самото спиење би требало да мине во мир, без будења во меѓуфазите на сонот.

    Длабочина – За спиењето да ја изврши и својата лековита функција, неопходно е да биде доволно длабоко и цврсто.

    Ако не ви успева добро да се наспиете, последиците можат да се одразат врз сите сегменти од вашиот живот, од нерасонетост, пореметување на вниманието во текот на денот, намалена концентрација, полоша продуктивност на работното место или во училиштето, па дури доведува и до невнимание и во сообраќајот.
    Здраво тело

    За да имате мирен сон, важно е и да сте здрави. Луѓето кои се болни по правило имаат и лош сон. Ублажувањето на симптомите на болеста и избегнувањето на лошите навики придонесуваат за подобар квалитет на сонот.

    Токму затоа, наместо да се трудите за секоја ноќ да спиете колку што е можно помалку, прифатете дека за вашето здравје и среќа, добриот и квалитетен сон е подеднакво важен како што е тоа исхраната и физичката активност.

    Бидете свесни за тоа дека квалитетот на вашиот сон може директно да се одрази на бистрината на вашиот ум, емоционалната рамнотежа, продуктивноста, виталноста и креативноста. Не постои ниту една друга активност која може да ви донесе толку многу благодети, а од вас да бара навистина минимален напор.

    Токму затоа, уживајте во сонот и наспијте се како човек!
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Денес е 25 септември и тоа е светски ден на фармацевтите.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.