Светски заговор за намалување на популацијата

Discussion in 'Политика и настани' started by slatkichKa123, Jul 25, 2011.

  1. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Joined:
    Aug 13, 2011
    Messages:
    206
    Likes Received:
    123
    Не верувам во тие теории дека планот бил популацијата да се намали за повеќе од 50 проценти . Но , како што беше напишано погоре , мора некако да се одржува на одреден процент , популацијата постојано расте , ќе се јави пренаселеност , што би правеле во тој случај ? Да се работеше за заговор од толкави размери , не е исхраната којзнае колку ефективен начин .
     
  2. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2012
    Messages:
    829
    Likes Received:
    577
    Gender:
    Female
    само нашата влада прави заговор за зголемување на население :lol:

    шала на страна, има многу вистина во ова видео, јасно е дека сите нови болести кои се појавија последните неколку години се произведени во лабаратории, а лекови за истите се кријат по фиоки наместо да се произведат.
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    4,311
    Не верувам во оваа теорија бидејќи ми се чини дека на светските владетели им одговара да има што повеќе луѓе бидејќи така полесно можат да бираат од потрошната роба наречена „човек„. Дали за трансплантација на органи, дали за ефтина работна сила, дали за генерирање на кризи кои ќе донесат уште поголеми профити...
     
    mimiiiii likes this.
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2011
    Messages:
    537
    Likes Received:
    630
    Светски заговор за намалување на популацијата можеби не,ама големите фармацефтски компании не се откажуваат од својот профит по цена на милиони човечки животи.Дали сепак има лек за ракот?
    http://www.napauza.mk/%D0%B2%D0%B8%D1%8 ... D0%B8.html
     
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Joined:
    Dec 7, 2011
    Messages:
    3,716
    Likes Received:
    9,454
    Gender:
    Female
    Не светски заговор,туку поточно амерички заговор за да се уништи популацијата,се они се најдобри ,најпаметни,ах колку ги мразам :@ .
    Со тие нивни Илуминати ќе го уништат светот,служејќи и на Сатаната :(
     
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2012
    Messages:
    782
    Likes Received:
    468
    ^
    Јас па мислев само во Америка постојат луѓе што веруваат во вакви работи. Абе.. вратете се во реалниот свет.
     
  7. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Joined:
    Aug 24, 2012
    Messages:
    67
    Likes Received:
    44
    За ова не сум запознаен, ама мислам дека ние самите си ја намалуваме популацијата со тоа што имаме секоја година се повеќе и повеќе абортуси, во просек по 8,5 на ден што значи секој ден по 1,5 Смилковско езеро ни се случува нас секој ден. Мислам дека треба да се отвори посебна тема за нашето само уништување и штетноста од абортусот. Ние веќе не можеме да зборуваме за наталитет на населението затоа што секоја година сме се помалку и помалку, морталитет има кај нас се помалку мајките се решаваат да раѓаат. Па за да не се оддалечам од темата многу ќе побарам посоодветна тема за ова или ќе отвпрам нова тема позз.
     
  8. selma...selma

    selma...selma Активен член

    Joined:
    Dec 22, 2012
    Messages:
    53
    Likes Received:
    22
    Да бе заради заговорот за намалување на населението во светот, за десет години или малку повеќе од 6 милијарди, моментално во светот сатистички живеат 7 милијарди (плус и луѓето од третиот свет, кои статистички никаде не се запишуваат)...Заради отровната храна просечниот животен век на луѓето е пораснат баш во тие земји, каде имаат изобилство на отруена храна :rofl:
    По се изгледа на тој големиот брат/новиот светски поредок им е промашена инвестиција, никаго ние луѓето не разбираме дека е потребно да се намали наталитетот и да се зголеми морталитетот...
    Додека поврзано со различните токсични материи во храната, особено во САД, е познат поради нивната фаст фоод храна со големо присуство на хормони, особено во месото, за голема потрошувачка, која воопшто секаде јавно се оценува како НЕЗДРАВА.
    Ние во РМ сме заштитени, сеуште јадеме струмички патлиџани, танушевски компири или галичко сирење, кое не е подложно на хормонско производство...па не е се толку бедно во оваа наша држава :rofl:
     
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2012
    Messages:
    2,360
    Likes Received:
    1,252
    Gender:
    Female
    Се вели дека е заговор меѓу илуминатите и масоните да преживее само Ариевската раса. Затоа има толку болести, елементарни непогоди
    Иначе, можат елементарните непогоди да се контролираат со ХААРП што пушта некакво зрачење во јоносферата
    ....
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    Ова за хранава не сум го читала до сега...но бев свесна дека дефинитивно вакво нешто се случува. Почнувајќи од гриповите, апчињата и слично... :x
     
  11. Lemony

    Lemony Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2013
    Messages:
    47
    Likes Received:
    66
    Се повеќе се актуализира прашањето за опасностите од имунизацијата...страв да те фати што се` не се дознава за составот(жива, формалдехит, други тешки метали, како и некој материи од животинско потекло) на сите вакцини генерално. :( Тоа би значело непрекината работа на фармацевтската индустрија а со тоа и намалувањето на популацијата.
     
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Моето видување е дека оние кои сакаат да ја намалат светската популација, ја таргетираат популацијата после 40 година а особено после 50тата. Се смета дека продуктивноста после 50 години старост е дури 70 % помала од 30 годишен човек.
     
  13. expert

    expert Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    402
    Likes Received:
    267
    А зошто баш таа возрасна група КОНСТАНТНО и ИНТЕНЗИВНО расте?
    Зошто наместо да се намалува животниот век, како што би било логично ако би имало некој ваков заговор, гледаме дека се зголемува и животниот век и популацијата?
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Интересен феномен ми се овие теории на заговор...на било која тема.
    Отсекогаш побудувале кај мене многу сомнежи, но никако индиферентност. :)

    Но секогаш се сведувале на две работи: прашања и резерва при примање на информации.

    Баш размислував синоќа на оваа тема, поточно на моментот како фармацевтската индустрија и медицината се уиграни во намерата да ја намалат светската популација. Па се појавуваат некои добронамерници од целиот свет кои советуваат да се откажеме од апчињата, да се препуштиме единствено на природата како наша храна и лек.

    Точен е и не ме потресува толку фактот што продавањето лекови е повеќе сведено на бизнис отколку на грижа за здравјето на луѓето. Отсекогаш сум била свесна за тоа дека во рекламите се дозволени 80% лага а 20% вистина (карикирам со процентиве) и дека кога е бизнис во прашање, секогаш секој барем по малку не` лаже.

    Мене ми е чудно и сомнително што сум забележала многу нападни походи против класичната медицина како еден од адутите за намалување на светската популација. Штетни се тие апарати за скенирање, снимање, зрачење, лековите и тн. Точно е и сум увидела дека кога човек е болен не може да прима алтернативна со класична терапија заедно бидејќи едното го инхибира дејството на другото. Имаат различни начини на дејствување, но не верувам дека едните се ангели а другите ѓаволи.

    Но, да не беа достигнувањата во таа медицина, мислам дека луѓето се`уште ќе умираа од болести кои се од денешен аспект смешни во споредба со паниката и последиците кои ги имале тогаш. Некој ќе рече дека како што се развива класичната медицина, така сме поболни. Јас мислам дека отсекогаш сме биле повеќе или помалку болни. Верувам дека и нашите прадедовци пателе од слични состојби, само што не знаеле за тоа, како што викале тогаш „се разболела/умрела од офтика/од жал за детето/од љубов“. 80% од новооткриениве и новоидентификуваните болести и те како се поттикнати од континуирана состојба на стрес и непријатни чувства.

    Колку и да носи штетни работи класичната медицина, факт е дека и многу помогнала. Мене лично како многу мала ми го спасила животот. Само што мислам дека поголемата свесност за нашето здравје (болест) прави да мислиме дека сме поболни од порано.

    Мене пак, посомнителна ми е борбата се` повеќе луѓе да ја игнорираат класичната медицина. И тоа можеби е еден од начините да се намали популацијата. Од каде да знаеме дека волците не се скриени во јагнешка кожа и ги манипулираат со информации луѓето кои можеби навистина сакаат да помогнат?
     
    mimiiiii and psychic like this.
  15. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Joined:
    Oct 7, 2013
    Messages:
    1,013
    Likes Received:
    2,270
    Gender:
    Female
    Значи да искоментирам на темава во врска со пронаоѓањето на Лек за Ракот во Русија којшто сеуште демек не функционира а сето тоа е намерно така кажано од причина што доколку излезе тој лек во јавноста сите други лекарства наменети за негово лекување(кои ги има во оогромен број и чинат многу) ќе пропаднат што многу нормално не им оди во прилог на Фирмите и поради тоа е спречено негово појавување, но во Русија имаат почнато со користење увидено е дека има некаков добар резултат.... И целата вина на таквото Криење е поради САД ;) и така во нивна корист ќе си умираат луѓето за да не осиромаштеат :devil: