За темава ме испирира раеченицава : Можете ли да си замислите како би изгледал светот без мажи? Свет без злосторства и со многу среќни, дебели жени. Како според вас би изгледал светот без мажи ?
Како би изгледал ден без мажи а не свет без мажи пошо глупаво ми е упоште да е предмет на дискусија ко да се дискутира за свет без воздух ? ! Да е некое време без мажи што знам најверојатно неподносливо . Поголемиот дел од нашиот род се зависни од машкиот род и тоа поприлично многу ... Нешто као наркоман без дрога . Нека си постојат бе не ми сметаат ако сакам да ги нема покрај мене ќе ги нема
Свет без мажи - мутав свет. Океј, ние секогаш се бориме за рамноправност, феминизам и ред други работи. Но! Мислам дека не би ни сакале ни можеле без нив. Ќе се испоскубеме и ќе се испокараме! Сега малце поозбилно. Сигурна сум дека би се снашле на економско поле, дури би ги подобриле односите меѓу народите (жените). Но, јас би сакала да се чувствувам сакано, да имам вистински маж покрај мене.
Свет без мажи = на совршен свет Ке си седеме по цел ден на фемина среќно и безгрижно до крајот на животот
Не не не Неможе и не замислувам! Ама ај оти темата е таква,да замислам и кога замислувам пак не бива без нив Шала на страна,колку и да ги мразиме некогаш,колку и да не нервираат со некои навики-Не бива ни со нив но и БЕЗ НИВ Ни ние жените не сме совршени,ама без мажи не би биле целосни!Барем јас
Одамна не гледам хорор филмови, баш бидејќи најстравотните сцени ми се отсликуваат во соништата. Злосторствата нема да исчезнат ако однема мажиња на светов... поопасно ми се чини ако каде и да одиш се саде жени гледаш. Кога и да е тепачка ќе бидне, чисто онака, ради премногу мир во светот Нек си има и доволен број м’штинки на светов во секакви форми, по сечиј вкус...
Уф, тогаш би бил крај за мене...За секс не се секирам толку, ќе маструбирам, ќе се снајдам некако Ама за се друго останато да ми се само жени околу мене-ќе полудам...
Светот без мажи би бил многу поубаво место за живеење, би бил исполнет со љубов без убиства без војни итн.
Нема дооолги разговори за фудбал и дерење на секој гол. Нема да му се мислам дали е погодено јадењето, ќе си го направам како што јас знам и сакам, како и да е, нека си има мажи.