1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свештеници од Пенсилванија сексуално злоупотребиле над илјада деца

Дискусија во 'Политика и настани' започната од kravce, 17 август 2018.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Од над 300 осомничени сторители, само двајца се обвинети за кривично дело

    Повеќе од 300 католички свештеници од сојузната држава Пенсилванија, се обвинети дека во период од над 70 години, сексуално злоупотребиле над 1.000 деца.

    Некои од наводните жртви, заедно со главниот правобранител на Пенсилванија Џош Шапиро, присуствуваа на брифингот за новинарите, на кој се дискутираше извештајот на големата порота каде се вели дека црковните лидери ја прикривале злоупотребата на момчиња и девојчиња во шест епархии во Пенсилванија.

    „Црковните службеници рутински и намерно ја опишувале злоупотребата како игра, борење и несоодветен контакт, иако тоа не било случај. Станува збор за сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи и силување на деца извршено од возрасни мажи, свештеници“, рече Шапиро.

    Од над 300 свештеници наведени во извештајот, само двајца се обвинети за кривично дело. Останатите или се мртви или истекол рокот за можност за покренување на кривично обвинение.

    Ватикан се` уште не го коментира извештајот, но Питсбургската епархија побара прошка.
    https://mk.voanews.com/a/pennsylvania-abusive-priests/4529458.html

    Се прашувам колку случаи има што се кријат, кои никогаш нема да излезат на виделина, и се прашувам и дали има и кај нас вакви злоставувања, но истите остануваат прикриени. Ужасно е колку деца во светот се злоставувани на секој можен начин, и тоа често од луѓе во кои треба да имаат доверба.
     
    На Rama, Independent Girl, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.243
    Штета што на луѓе на кои слепо им се верува, кои се сметаат за луѓе пратени од Господ да служат на Земјата баш тие се најголемите насилници:(


    Незнам колку се сеќавате на сличен скандал со Владиката Качавенда.

    Згрозена сум.
    Па и 300 свештеници:puke:
     
    На celineparis, Jane.Birkin, ane.bella и 5 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    :puke: Гадост во невидени размери

    Којзнае уште колку Качавенди има на ова Балканско тло, кои блудничат над мали невини деца , знаејќи дека се заштитен вид, под лулката на најкримогената институција на целиот свет - црквата.
     
    На mira.mira, kravce и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Треба веќе да се сфати дека свештениците не се ништо повисоко од нас, не се пратени од никаде и не заслужуваат почит само поради таа професија. Тоа се едноставно обични луѓе од секаков профил кои се пронашле во таа индоктринација како професија од која ќе заработуваат (огромни) пари, се запишале на теологија и го завршиле тој факултет - ништо повеќе.
    Алармантно е што веќе ваквите одвратни случаи стануваат повеќе од исклучок - на секој чекор има вакви вести за свештени лица низ светот од сите деноминации.
    Ништо добро веќе не очекувам од оваа категорија и можам само да се згрозам, но не и да се изненадам.
    Монструми... одвратно и жално за децата :( :puke:
     
    На celineparis, WildMk, Jane.Birkin и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Да се обесат сите тие 300 свештеници,не само двајца да одговараат....
    Згрозена сум,одсекогаш се слушаа вакви гадости за од страна на католички свештеници,а уште повеќе се згрозив за оној Качавенда,не го бранам ич поради тоа што е православен,нека плати и тој најстрога казна тука на земјата и после нека гори во пеколот...
    Ѓубре невидено,се згрозив кога прочитав колку деца силувал и како некое од нив се разнесло со бомба поради траумите....
     
    На DAngel, celineparis, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  6. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Немам коментар....се згрозив :puke: Скриени под називот „духовни водачи“ (демек блиску до Бога,морални,етични-како да не :|),си злоупотребуваат деца и ја користат положбата.Ајде што трупаат тони богатство,ама децава што ги упропастуваат.Се почесто тие случаи се забележуваат кај католиците,иако и православните не се исклучок (е сега дали кај нас се помалку,или тоа е табу тема,не знам...го имаше оној Качавенда :puke:).Трагично е што само двајца се обвинети...а другите застарени.Најмалку што може државата да направи за жртвите е да им исплати оштета.Јавниот обвинител треба да инсистира да се покрене истрага и да се расветлат ваквите случаи.Посторги закони и контроли за „свештенициве“.За педофилија треба смртна казна,посебно за педофилија од ваков вид.Ова е монструозно,жртви има секојдневно.
     
    На Indiegurl, Someonespecial, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Вакви работи се случуваат кога се потиснува сексуалниот нагон. Некаде ќе избие... обично, кај што не треба. Додатен проблем е што католичката црква, од петни жили се обидува да ги прикрие ваквите случаи... со децении. Има многу пишувано за ова, колку само случаи се решени зад затворени врати со договори за оштета на жртвите ехеее...

    Тие деца, вечно ќе бидат осакатени, едно поради тоа што го преживеале, додатно заради тоа што не се соочиле со своите напаѓачи, трето затоа што многу од нив не смеат да зборуваат за траумата, поради фактот што нивните родители потпишале договори за дискреција. Ужасно поигрување со религија, правен систем и животите на жртвите.
     
  8. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Spotlight, филм според вистински вакви настани кои запрепастуваат. Од кога се практикува оваа гадост никој не знае.
     
    На Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.