Се надевам дека темата не е дупла. Разгледав низ темите имаше за еутаназија во смисла кога треба да решиме за живот на болен човек дали да се прекине или не. Но што е со своеволната еутаназија? Кога човекот сака да си го прекине животот од различни причини? Сретнав едно видео на Фејсбук за 104 годишен научник од Австралија што не сакал да живее повеќе, што истото ме мотивира да ја отворам оваа тема. Бидејќи еутаназијата не е легална таму како и во многу земји, тој морал да отпатува во Швајцарија каде тоа е легално. Баш тоа и го направил и си го прекинал животот своеволно. Исто така ова е застапено во филмот Me before you каде еден од главните ликови е тешко парализиран и не може повеќе да се опорави. Како човек кој обожавал да патува и да го живее животот во целост тој се решава на овој чекор и патува во Швајцарија каде го еутанизираат по негова желба. Приврзаниците велат дека секој треба да одлучи кога да го прекине својот живот, особено ако е во тешки маки. Противниците, најмногу од религиски аспект се против бидејќи само Бог требало да одлучи кога треба да заминеме на „оној свет“ и дека е грев и исто со самоубиство. Кој е вашиот став за ова? Мојот став е дека секој треба да си одлучи за себе ако е во било какви маки од кои реално нема никаков излез, како што е со горенаведените примери. Подобро еднаш да се умре отколку секој ден.
Не ми се допаѓа идејата за еутаназија, мислам дека јасно од која причина. Како верник, се согласувам со ставот дека ние не сме тие што избрале да бидат родени и не сме тие што бираат кога и како да умрат, на нас е само да избереме како ќе живееме. Но во секој случај, сите имаме слободна волја и секој го прави тоа што мисли дека е најдобро за него. Јас лично не би ја избрала таа опција и секого би советувала да не тргне по тој пат но на крајот секој си постапува според својата замисла и си носи одговорност и последици за тоа.
Додека не се најдеме во таква ситуација , не дај Боже, можеме само личен став да кажеме. Но во ситуација на тешки маки, и болести, би реагирале различно од она што го мислиме. Затоа се што ќе кажеме сега е според мене, шпекулација. При такви болки и маки, некој човек добива дополнителна сила да се бори за живот, некој сака да престанат маките, па би одбрал смрт. Дали сум да е легална своеволната евтаназија? Не знам, искрено!!! Докторите се борат до последно за животот на личноста. Што ако и покрај тие маки, човек би имал макар и најмала шанса за опоравување? Во тој период на мака, не размислуваш тревзвено, сакаш само болката да ја снема. Од друга страна пак, да живееш во болка со недели или месеци, е страшно. Многу тешка и длабока тема. Ама ете јас не можам да земам став некако.
Еутаназијата можи да биди злоупотребена, гледам како можи тоа да биди исполнето, ама сепак сметам дека секој треба да можи да одбери при тешка здраствена ситуација дали сака да живее една година во неподносливи болки или сака едноставно да почини пред ситуацијата да се влоши повеќе. На моменти мислам дека јас и би одбрала своеволна еутаназија за себе доколку нема надеж за ситуацијата, и состојбата станува неподнослива. Ама се ова е „што ако“, и се можи да биди многу поинаку во реална ситуација.
Темата е навистина тешка и можеме само став да имаме бидејќи само тие што искусиле на своја кожа знаат како е да се чувствуваш толку беспомошно. Без разлика дали е некој за или против му посакувам никогаш да не осети да се соочи со таква реалност.
Читав пред некое време дека е у план у 2018-та во Холандија да се отвори клиника за своеволна еутаназија. Еден од предусловите беше кандидатите да имаат поише од 70 години. Немам ништо против еутаназијата и искрено, ич не ја сметам за нешто посебно контроверзна - секој човек има право да одбере како ќе го живее сопствениот живот. А ако некој не сака да живее повеќе, тогаш треба да има право и да го заврши животот кога ќе реши, на достоинствен начин. У секој случај, легалната еутаназија ми е многу подобра варијанта од онаа на црно или пак, од самоубиство.
Единствено нешто што прави да не сум сто посто сигурна е тоа дека човек кога е во огромна болка не може да биде потполно присебен и да донесе разумна одлука која вистински ја сака. Меѓутоа да, со својот живот секој има право да прави што сака и мислам дека од тој аспект секогаш ќе поддржувам еутаназија.
Не значи дека ако е болен од терминална болест дека разумот му е поматен. Сте виделе човек кој е терминално болен како изгледа и како размислува? Јас сум видела. Блиски луѓе. Разумот им е тука, но квалитетот на живот им е никаков.
Језива тема, морници ми проаѓаат од самата помисла на смрт а камоли пак да треба(не дај Боже) сама своевољно да потпишам моја еутаназија.. Но..ајде да размислам вака ако би била неизлечиво болна, кога би имала тешки неподносливи болки кои ниту еден лек нема да може да ми ги смири, кога и психата ќе ми биде нарушена, кога и лекарот кој би требал да ја изврши таа еутаназија или просто кажано да ми помогне во моето самоубиство, значи ако него не го гризе совеста после тоа, мирно спие...епа можно е да потпишам изјава.... Колку што знам, своеволната пишана изјава за лишување од мојот живот важи еден месец...можно е да се предомислам неколку пати уфффф...грозно...јас не сум сепак за тоа....човек нека си умре кога му е пишано
јас изгледа сум заостаната. Ако некој да ми објасни како изгледа таа еутаназија? Мене ако не ми се живее или имам маки полесно би ми било да се отрујам да исечам вени или ќе се фрлам од високо одколку да правам трошок да одам некаде каде што може да ми направат нешто за да умрам.
Трошок поголем, болка поголема за семејството, срамот и стравот идр...ако извршиш самоубиство....и поп нема да ти пее.
Па во еутаназијата ти даваш само твоја воља, даваш написмено дека одобруваш друг да ти го прекине животот, значи не е самоубиство.
Може да ти дадат преголема доза апчиња за спиење што го прекинува работењето на респираторниот систем и по малку време пациентот умира. Втор случај, даваат инјекција од локален анестетик, потоа уште една со која пациентот паѓа во кома, и за крај даваат инјекција која ги парализира сите органи и пациентот умира безболно за кратко време.
е да. Нема да боли. Така на пораѓал едвај ме вратија во живот кога анестезиологот рече дека дала слаб аестетик ама поголема доза.