1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Своеволна еутаназија

Дискусија во 'Психологија' започната од Amellie13, 18 мај 2018.

?

Дали ја поддржувате своеволната еутаназија?

  1. Да

    41 глас(а)
    60,3%
  2. Не

    16 глас(а)
    23,5%
  3. Не знам, немам став за тоа

    11 глас(а)
    16,2%
  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Еутаназија (грч. εὐθανασία; "добра смрт": εὖ, eu; "добра" – θάνατος, thanatos; "смрт") е убиство од милосрдие или сомилост. Овозможување на лесна и безболна смрт на неизлечиво болните кои страдаат од неподносливи болки. Повеќето правни системи тоа го изедначуваат со убиство иако во некои одобрено е лекарското право да не го продолжи животот на пациентот или да даде лекови кои гои ублажуваат болките дури и кога истите го скратуваат животот. Во светот има се поголем број здруженија кои се залагаат за легализација на еутаназијата. Еутаназијата може да биде:

    1. самоволна еутаназија
    каде лицето кое ја посакува само одлучува дека неговиот живот е недостоен и бара да се прекини
    2. несамоволна еутаназија каде лицето врз кое се врши истата не е во состојба да одлучи дали сака или не

    3. еутаназија против нечија воља каде желбата на лицето не игра никаква улога при одлучувањето, во која спаѓа и детската еутаназија

    Покрај тоа, се дели на
    1. пасивна еутаназија каде се прекинува давањето на лекови кои го одржуваат пациентот во живот
    2.активна еутаназија каде се врши вбризгување на смртоносни супстанции

    Треба да се прави разлика помеѓу еутаназија и потпомогнато самоубиство.

    Еутаназија претставува чин на прекинување на нечиј живот од страна на лекар, а потпомогнато самоубиство е кога лекарот е само во улога на доставувач на лекот со кој лицето само се усмртува.

    Оваа тема покренува многу јавни контроверзии околу моралните, етичките и правните прашања.

    Засега, еутаназијата е легална во :Холандија, Канада,Колумбија, Белгија и Луксембург. Заговорниците на легализација на еутаназијата обично наоѓаат оправдување за својот став во постоењето на терминални болни лица, го нагласуваат ублажување на страдањето и зачувување на личниот интегритет, самоопределувањето и личната автономија.
    Противниците заступуваат став дека денес во ерата на современа медицина постојат бројни начини на ублажување на болките со лекови, анестетици, хируршки методи итн.

    Еутаназијата датира уште од античко време и била практикувана и поддржана од Платон, Сократ, Сенека. Противник на истата бил Хипократ, докторот од чие име е изведена Хипократовата заклетва : "не би препишал смртоносна дрога за да задоволам некого ниту пак би дал совет кој може да причини смрт на пациент".

    Ставот од религиска гледна точка е дефинитивно јасен и неприфатлив е каков било начин на насилно завршување на животот.

    За крај, јас сум против еутаназија во која јас би била активен учесник по било кој основ, сеедно дали би одлучувала за себе или за некој друг.
     
    На Rama, cresa-jagoda и Selest им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Од каде знаат дека еутанзијата е безболна? Да не зборува некој со мртвите? Никој со сигурност не може да каже колку боли смртта, можеби повеќе од болката која го натерала пациентот да побара да го убијат.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.862
    Допаѓања:
    133.211
    Пол:
    Женски
    Подржувам еутаназија, кога веќе нема лек, нема излез... Има луѓе со години пред смертта живеат во вегатативна состојба, и само живеат. Значи никакво движење, никаква функција, само товар на семејството.
    Mногу разумна ствар, од човек додека е при свест да си потпише изјава дека се согласува во случај да се најде во одредена состојба слободно да биде еутанизиран.
     
    На DAngel, theowndemon, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Знаат што-колку боли, не се грижи за тоа.
     
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    За мене еутаназијата е хуман чин и давам големо ДА. Како човечки суштества премногу ја величаме смртта, иако тоа е неизбежно нешто за сите нас,порано или покасно таа е крајната дестинација.
    Секој е сопственик на својот живот и треба да има право на личен избор.. Не го гледам ова како самоубиство како што спомнаа претходно, еутаназијата се врши врз луѓе со неизлечиви болести и истата како што знам треба да биде потпишана од 3 доктори. Подобро мирно заминување отколку агонија која може да трае и со месеци и пак да резултира со истото- смрт. Како и да е..многу болна тема, да не се најде човек во таа ситуација..
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Кој може да знае што колку боли? Со што се мери тоа? :wasntme: ''Знаат'' Кој е тој што знае? Пишувате глупости само колку да пишете нешто без да размислите дека никаква логика нема.
     
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    @Vitaly сретнав еден случај каде болна жена со месеци ги молела блиските да биде еутанизирана, замисли со месеци да живее во толкавни маки и болки што буквално ги молела за да умре, а тие не сакале. Дали според тебе тоа е живот? Дали е тоа фер кон неа? Сепак таа умрела без да биде еутанизирана, после месеци во тешки маки. Зошто да не може да бидат скратени маките и да умре достоинствено?
     
    На SV1911, ane.bella, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да молиш друг да ти ги скрати маките тоа е веќе убиство според мене. Ако толки му се умира на некој животот може и сам да го одземе а не да ги моли блиските за да биде еутанзиран тоест убиен на некој начин. Чуда се случуваат така да во таква состојба човек не е свесен. Знам по мене кога ми вадеа скршен нокт без анастезија, посакав да умрам од што имав преголемми болки, еве сега тоа помина и несакам да умрам. Во таква неразумна состојба најчесто посакуваат смрт пациентите.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Според духовните објави секоја нелагода и болест има пред сè своја духовна причина. Доколку иситите правовремено не се спознаат и расчистат (преку работење врз себе, простување и молење за прошка) таа негативна причина преку навидум серии случајности се одразува и врз физичкото тело.

    Душата тендира да го предаде своето оптоварување врз телото во кое се наоѓа. Луѓето имаат слобода на избор, меѓутоа доколку предвремено се прекине животниот пат преку тнр. еутаназија или самоубиство, тогаш тоа ништо не ѝ помага на душата, напротив. Таа го зема со себе остатокот од негативните причини кои довеле до таа болест и со истите ќе мора да страда во отадестраните подрачја, бидејќи таму нема тело врз кое може тоа да го предаде товарот за на тој начин да си олесни, ниту пак има лекарства кои болките би можеле да ги ублажат како што е тоа можно додека душата престојува во физичко тело.
    Доколку душата не успее да се ослободи од своите товари ниту во отадестраните светови, тогаш таа тој „багаж„ го зема со себе во евентуална следна инкарнација, и тогаш можеби уште од најрана возраст телото ќе има некаков проблем.

    Слично е и при трансплантацијата на органи од „мртовци„ но и при вештачкото одржување во живот по секоја цена, иако телото повеќе самостојно не е способно да функционира а човекот е во кома. Тогаш душата е такаречи заробена, таа е спречена да се одвои благоремено од телото и да го продолжи својот животен пат кон отадестраното. Додека трае таквата состојба, таа предизвикува големи страдања за душата.

    И во двата случаја оние кои тоа го извршуваат или подржуваат преку разни световни закони ја оптоваруваат својата душа. што пак долгорочно може да доведе до страдања од различен вид.

    Повеќе на оваа тема може да се прочита во Христовата објава за денешницата:
    „Причина и настанување на сите болести - што човек сее, тоа ќе жнее„.
     
    Последна измена: 20 мај 2018
    На ♡BuBaLe♡ и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Како христијанин ја подржувам своеволната еутаназија само во случаи на безнадежно терминални болести, во периодите кога пациентот вегитира или живее во неподносливи болки. Ако некој живеел 40 години и е во терминална фаза на рак, со метастази низ цело тело, не може ни да спие од болки, му кажуваат дека нема да издржи повеќе 3-4 дена. Зошто да се мачи? Ако е верник, која е разликата дали денес ќе го напушти своето тело или после 3-4 дена? Зошто грчевито да се држи за овој неподнослив живот, кога зад смртта го чека олеснување и подобар живот?

    Етичката дилема е околу самоубиството. Но ваквото самоубиство никаде не е осудено во Библијата. Пардон, ниедно самоубиство не е осудено во Библијата, иако има 5-6 примери за самоубиство. Најпознато е самоубиството на царот Саул. Саул беше во заседа, знаеше дека непријателите ќе го фатат, измачуваат, изругаат и убијат. И затоа трезвено си размисли: Зошто тие да го измачуваат и убијат, кога тој може да си го направи тоа по кратка постапка. Прво побара од неговиот помошник да го направи тоа, но тој не сакаше и затоа Саул самиот си го одзема животот. Неговото самоубиство не беше од омраза кон животот, или како бунт против Бог, туку едноставно си одлучи помалку болна и подостоинствена смрт.

    Еден мој пријател што го запознав на Онкологија (додека се лечев од рак, пред 10 години) беше во терминална фаза и неподносливи болки. Човекот молеше за посилни аналгетици бидејќи не можеше да збори од физички болки и ментална агонија заради немањето излез од тунелот. Јас одев на Онкологија да барам од докторката посилни аналгетици, а таа ми викаше дека нема. Се уште не можам да си простам што не можев барем на црно да му најдам морфиум и да му ги олеснам маките пред смртта. Страшно беше тоа, за него и неговото семејство.

    Друг случај знам за еден дечко кој исто беше болен од рак и им кажал на родителите ако дојди до терминална фаза, да не го уклучуваат на апарати за дишење. И се случи тоа, го уклучија на апарати, со вештачки индуцирана кома (ок барем болки не осеќаше). И така си седеше 2 недели, иако докторите им кажаа дека тоа е крајот. Тоа беше психички и дополнителен финансиски терен на семејството.

    @Sesil дури и да има пациентот потпишано изјава за еутаназија при здрав разум, не знам тоа кај нас законски како може да се изведе и кој е тој што ќе дојде да ја стави инекцијата доколку пациентот не може да го стори тоа сам.
    Во многу држави во Америка постои закон за асистирано самоубиство кое е резервирано за терминално болни луѓе и исклучиво мора да се изврши во медицински установи.
     
    На SV1911, Amellie13, Ivan4e04 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Наука Витали, знам дека ти е слаба страна. :D
     
    На Tan4ence, SV1911, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Тоа кога тебе ти ваделе скршен нокт, и покрај огромните болки, не е ни животозагрозувачка ситуација. Кога станува збор за еутаназија, се мисли на луѓе со неподносливи болки предизвикани од неизлечива болест во терминална фаза, за кои нема надеж и се знае дека по одредено време ќе починат од таа болест.

    Многу тешка тема за размислување е за секого, но од емотивен аспект. А скроз сум против религиозните осуди и за извршено самоубиство, камоли па за ова. Тоа е тој недостаток на емпатија што не ѝ личи на ниедна црква и на ниеден верник.
     
    На Tan4ence, SV1911, ane.bella и 6 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Со оглед на тоа што менструалните грчеви се екстремно болни, а да не ни зборуваме за породувањето, според Витали, да била легална еутаназијата до сега сите жени ќе биле мртви :rofl:
    Скршен нокт бе :D
     
    На theowndemon, Tan4ence, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    И кога помислиш поголема глупост од @Vitaly нема да прочиташ, умее да изненади секоја нареден пат.
    Добро дали ти сериозно спореди вадење на нокт со на пример канцер агонија?!?!
     
    На Tan4ence, SV1911, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Знам дека не е животнозагрозувачка ситуација ама секој не издржува исто. Може срцев удар да ме стегне во тојмомент нели? Без разлика за каква болест се работи, во сатква состојба се што сака човек е само да му поминат болките па најчесто мисли дека со смрт ќе се спаси, неразумно нели.
    Ти како атеист не осудувај никого што се самоубил но на црквата неможе да и замеруваш што таа е против самоубиства, тоа е нејзино учење и сакаш ти следиго сакаш не. Црквата не е кроена по твоја мера па како што си замислила така да биде.
    Да бидејќи тоа е најголемата болка кој досега сум ја осетил и тогаш сум посакал за прв пат да умрам тоа ми беше поентата а не дека непостои поголема болка.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мислев на Денешниве трудници со закажан термин за пораѓање, со избор дали сакаш нормално или царски, сакаш спинални или...итн...
    На таа споредба мислев...абе, види сега, детето поголема болка од скршен нокт нема видено, затоа така си мисли..
    (а тек јас абортус на живо):(
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Искрено, не знам како се мери. Ако знаев, може на Кембриџ ќе работев. Ама знам дека мерат некако.
     
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано некаде, одамна а не е битно каде, за едно девојче, чиј татко е на смртна постела.
    Таткото е тешко болен, нема лек, трпел јаки болки и ја молел ќерка си да му дозволи да потпише согласност за еутаназија.
    Девојчето никако не се согласила и низ солзи го молела таткото да не потпишува такво нешто, на што он ја прашува дека несносни се болките и до кога ќе треба да трпи и да се мачи!?
    Со тешко срце ќерката му одговорила дека ќе мора да издржи додека не умре. После некое време откако починал таткото, девојчето го сонува како и се заблагодарува што не дозволила да се изврши еутаназијата и осетила олеснување на душата.

    Сфатете како сакате, но интересно е ова...јес да е вруќа тема за дискусија, не може човек Бог да изигрува, но лекарства барем има, нека чука срце додека му е пишано.
     
    На daylight, Rama, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Прочитав негде, не знам каде, и се сонило на некоја... кој ти е муабетов @baba Rada ? што е следно? хороскопи, бајачи и гатачи да прашуваме за темава?
     
    На SV1911, Lella, Sanjichka007 и 7 други им се допаѓа ова.