1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Своеволна еутаназија

Дискусија во 'Психологија' започната од Amellie13, 18 мај 2018.

?

Дали ја поддржувате своеволната еутаназија?

  1. Да

    41 глас(а)
    60,3%
  2. Не

    16 глас(а)
    23,5%
  3. Не знам, немам став за тоа

    11 глас(а)
    16,2%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Па, почнавме со оваа мисла од тебе:
    Е сега, не знам, дали самоубиството е убиство, како што прво велиш, или па е хула на Светиот дух, како што после пишуваш?

    Уклучи мозочето, размисли уште малце, одлучи се, па пиши. ;)
     
    На Priroden, КикиМаус, EvAngelos и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сепак ти прв спомна, а не јас. ;)

    Самоубиството е и убиство и хула на Светиот Дух. Океј е сега? :) Ако ти во тоа не веруваш, не мораш. Атеист ќе ми продава пуканки. :D
     
    Последна измена: 21 мај 2018
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Аха, океј. :)

    А кажи ми, дали сите луѓе кои го опцуле Бога или го спомнале неговото име у некоја пцовка се екскомуницирани од Црквата, погребани на нехристијански гробишта и не им е направено опело? Пошто нели, и тоа е хула на Светиот дух.

    Не? Ова што горе го набројав важи само за самоубијците? Аха, добро. :D

    Верувај си и ти во што сакаш, само не ме убедувај дека истото е логично, здраворазумско или па дека го има у Библијата. :)
     
    На Priroden, Lella, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Од каде јас би знаела кој го направил тој грев па да очекувам да биде екскомунициран? Тој грев на никого не му е познат освен на Бог. А од друга страна, што би барал па да оди во Црква некој кога се нашол во ситуација да го пцуе Бог? :^) Таквите немаат ништо заедничко со црквата, примеров ти нема смисла. :D Додека, самоубиството кога ќе се изврши, тоа е веќе познато на сите.
    Ок, верувај си и ти во што сакаш, само не убедувај дека е така како што ти веруваш, само затоа што во Библијата не ти било специјално, разбирливо и читко напишано и објаснето, а всушност се подразбира. :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Не мешам ни религија нит баби ни жаби. Поддржувам асистирано самоубиство. Не можеме да се ставаме во кожа на луѓе кои би помислиле на тоа да си го направат, али сигурно не им се врти во глава дали поп ќе ги пее или Бог ќе ги прати кај нечистиот. Погледнете го видеово, некои луѓе е грев да ги гледаш кај што се мачат.
     
    На КикиМаус, Tan4ence и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    1. Самоубиството нема допирна точка со хулата на Светиот Дух за која зборува Исус. Таму Исус го обвинуваат дека преку ѓаволот ги истерува демоните и всушност Светиот Дух го поистоветуваат со ѓаволот и на тој начин го хулат. Каква врска има оваа навреда на Светиот Дух со самоубиството или со тоа што некој сака да изврши еутаназија и да си ги скрати маките свои?

    2. Каде тоа во Библијата пишува дека самоубиството е „најголем“ и „непростлив“ грев? Како што кажав, самоубиството никаде не е ни експлицитно осудено во Библијата, а камо ли па да е „најголем непростлив грев“. И ако е најголем грев, тогаш нели требаше самоубијците да бидат први на листата на грешници кои ги наброја во еден од претходните коментари:

    Како што гледаш, самоубијците не се на првото место овде. Oh wait, па нив и воопшто ги нема во оваа листа :) Ниту во некоја друга листа на грешници. Како тоа на Бог му се испуштило да го спомне најголемиот и непростлив грев во низата гревови и грешници? Да не би случајно Римокатоличката црква го измислила ова? :^)
     
    На Briar Rose и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Овие работи за кои прашуваш, веќе ги напишав поназад.

    Патем, еден дел сите ми го игнориравте.

    Еве ти си христијанин и велиш дека оправдуваш еутаназија. Како можеш да оправдуваш некој да убие ког Бог дал заповед Не убивај?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Убаво те праша Бендер, ако Бог дал заповед „не убивај“, тогаш зошто убиваш комарец?
    Своеволната еутаназија на терминално болниот кој поминува низ неиздржливи болки не е убиство, туку само убрзување на процесот на смртта кој веќе е започнат и речиси е при крај. Зошто грчевито да се држи за овој неподнослив живот, кога зад смртта го чека олеснување и подобар живот? Тоа не е убиство. Кога човек убива друг човек, тоа го прави од омраза, од нељубов, со грешни цели, грешни мотиви.
    Од друга страна, кога друг човек вели: ве молам исклучете ме од машиниве не можам веќе... тој/таа не мрази никого, не се мрази ниту себе, нема тука нељубов, грешни цели и мотиви. Во срцето на оние кои вршат еутаназија најчесто има врисок кој вели: Господе не можам веќе, прости ми и прими ја мојата душа...

    Кога само 1 минута би им била во кожата на ваквите, гарантирам дека ќе го промениш твојот став на темава. Ама не дај Боже за такво нешто.
     
    На КикиМаус, Lella, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Не видов вакво прашање. Благодарам што го повтори. Во самата Библија познато ни е дека заповедано било да не се убива, но заповедано било и да се принесуваат животни како жртви. Така да... види спојлер. :)

    Кој и да е мотивот, сепак е кршење на божјата заповед. Баш пред некој ден читав текст кој се однесуваше на болестите, од религиска гледна точка, и никаде во текстот не наидов на тоа дека е оправдано да се скратат маките предвреме. Бог дава и Бог зема, човекот со тоа треба да се помири. Тоа е мојот став, уште во првиот коментар пишав дека јас не би пристапила кон еутаназија, не пишав дека сите мора да се согласат со мене, така да, ни со тебе не можат да се согласат сите.

    Еве објаснување за дискусијава што се отвори а е тотално оф топик...

    570. Што се забранува со шестата заповед?

    Со шестата заповед се забранува убиството,

    или земањето на животот на ближниот, на каков

    било начин.

    571. Дали секое убиство е законопрестап-

    ление?

    Не секое одземање на живот е законопрес-

    тапно убиство. Не е беззаконо убиство кога се

    одзема живот по должност, односно: 1) кога

    престапник е казнет со смрт согласно на прав-

    дата; 2) кога во војна се убива непријател во од-

    брана на татковината.

    572. Како да се однесуваме кон ненамер-

    ното убиство?

    За неволното убиство, односно кога се

    убива случајно, без намера, треба да го мислиме

    следново. Неволниот убиец не може да се смета

    за невин, доколку не се исползувал со сите пре-

    дострожности кои можеле да го спасат од таа

    несреќа (да се избегне тоа несреќно убиство), во

    секој случај тој има потреба од чистење на совес-

    та, според устројството на Црквата.

    573. Што уште се подразбира под зако-

    нопрестапно убиство?

    Освен непосредното законопрестапно уби-

    ство, кое се извршува со какво и да било оружје,

    за законопрестапни можат да се сметаат и след-

    ниве случаи: 1) кога судијата осудува човек за

    чија невиност е свесен; 2) кога некој скрива или

    ослободува убиец, па со самото тоа му дава мож-

    ност за извршување на нови убиства; 3) кога не-

    кој може да спаси ближен од смртта, но не го

    спасува, како, на пример, ако богат допушта си-

    ромашните да умираат од глад; 4) кога некој ги

    истоштува своите потчинети со претерана работа и

    со жестоки казни, па со самото тоа го забрзува часот

    на нивната смрт; 5) кога некој со невоздржание или

    со други пороци го скратува својот сопствен живот.

    574. Зошто самоубиството е тежок грев?

    Самоубиство е најголемо убиство. Оти ако

    е спротивно на природата да се убие друг, нам

    подобен човек, тогаш уште попротивречно е да се

    убиеме самите себе. Нашиот живот не ни припаѓа

    како сопственост нам, туку на Бога, Кој ни го

    подарил животот.

    575. Зошто се тежок грев дуелите?

    Доколку разрешувањето на одделните спо-

    рови е дело на државната власт (односно правните

    органи - судот), но наместо тоа учесникот во дво-

    бојот своеволно се решава на двобој, дело, во кое

    очигледна смрт му се заканува и нему и на негови-

    от соперник, тогаш во дуелите се содржат три

    ужасни престапи: бунт против државата, убиство

    и самоубиство.

    576. Што е тоа духовно убиство?

    Освен телесното убиство постои и духовно

    убиство. Родум од духовното убиство е соблазната

    - кога некој го воведува својот ближен во неверие

    или го вовлекува во беззаконие и со самото тоа

    неговата душа ја подвргнува на духовна смрт.

    Спасителот вели: кој соблазни едно од овие мали, за

    него е подобро да му се обеси воденички камен на вра-

    тот и да потоне во морска длабочина (Мт. 18, 6).

    577. Што уште можеме да именуваме како

    убиство?

    Постојат уште суптилни облици на убиство.

    Имено, кон тој грев во одреден степен се однесу-

    ваат сите дела и зборови кои се направени и

    изговорени против љубовта и кои неправедно

    го нарушуваат спокојството и безбедноста на

    ближниот, и, на крај, тука припаѓа и внатрешната

    омраза против ближниот, макар што таа не се

    открива. Секој што го мрази својот брат е човеко-

    убиец (1 Јн. 3, 15).

    578. Како треба да постапуваме за да ја

    исполниме шестата заповед?

    Кога се забранува да се нанесува штета врз

    животот на ближниот, со самото тоа се заповеда,

    доколку е можно, да се заштитува неговиот живот

    и благосостојба.

    579. Во врска со тоа треба да го правиме

    следново: 1) да им помагаме на сиромавите; 2) да

    им служиме на болните; 3) да ги утешуваме оние

    што се во тага; 4) да ја олеснуваме положбата на

    оние што доживуваат несреќи; 5) со сите да се од-

    несуваме кротко, со љубов и поука; 6) да се поми-

    риме со оние што ни се гневат; 7) да ги просту-

    ваме навредите и делата и да им правиме добри

    дела на непријателите.
     
    Последна измена: 21 мај 2018
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Значи, според @Bitter-Sweet – еден просечен човек кој во лето убива комарец, личност со тешки психички проблеми (депресија) која не гледа веќе излез и се самоубива, пациент кој во огромни болки полека умира од болест во терминална фаза и се одлучува на еутаназија (заедно со блиските кои би му го исполниле тоа барање), и психопат кој влегува во американско училиште и решета куп деца/терорист - бомбаш самоубиец кој одземајќи си го животот убива и стотици невини луѓе... сите овие се во иста ситуација и носат исто голем грев? Добро ли разбрав? :?:
    Многу добра логика, нема што...

    Го прочитав патем спојлерот, оттаму ми е и заклучокот :)
     
    Последна измена: 21 мај 2018
    На Priroden, КикиМаус, DAngel и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Прочитај спојлер, special snowlake. :) Убаво е објаснето.
     
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Гајле му е на некој што умира од болка дали е грев и дали поп ќе дојде да го отпее :devil:
     
    На Priroden, КикиМаус, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Мислам дека секој има право да одлучи сам за себе дали сака да го продолжи животот или не. Луѓето кои што дошле до ваква состојба сигурно не сонувале дека еден ден ќе завршат така, затоа сметам дека е многу ниско да се осудуваат зошто посегнале по вакво решение на своите проблеми.
     
    На Sanjichka007, Someonespecial, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Офф во која насока отиде темава(facepalm)
    Не може да се споредуваат, т.е да се исти самоубиство и еутаназија, очигледно вие не сте виделе како изгледа пациент во краен стадиум од рак како изгледа...Смртта е туку речи веќе настапена и се брои во часови или денови, зашто на тие лица да не им се овозможи скратување на маките бар во тие моменти кога ништо друго не преостанува...
    А оние од КАРИЛ што ги исклучуваат од апарати, и тоа ли е убиство?
     
    На EvAngelos, КикиМаус, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Спојлерот е објаснување од страна на Црквата.

    Јас стварно не знам што толку ми се нафрливте кога убаво пишав уште на почеток. Пишав дека јас како верник не одобрувам, што не значи дека сите треба верници да бидат и да се согласуваат со тој став. Пишав дека сите имаме слободна волја и секој го прави тоа што мисли дека е најдобро за него. Пишав дека јас лично не би ја избрала таа опција и секого би советувала да не тргне по тој пат но на крајот секој си постапува според својата замисла. На крајот испадна дека осудувам и дека сум ги фатила за гуша затоа што сакале да се убијат или да убијат. На крајот дури дојде работата да ми се постави прашањето ,,сите овие се во иста ситуација и носат исто голем грев?" Во иста ситуација не се затоа што сите имаат различни мотиви, но сите ја прекршиле истата заповед и се виновни пред Бог. Освен тие со комарците. :D Повеќе од ова не би навлегувала, не е моја работа да кажувам за Божјиот суд и да мерам гревови.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Аман остајте не нас атеистите да си избереме како и кога ќе умреме другите носете си ги стегите на религијата.

    И не мора секаде на религијата да се повикувате, многу работи не ни постоеле кога се создавала таа религија. Да беше тема на муабет што вели религијата темата не ќе беше во оваа категорија.
     
    На КикиМаус, DAngel, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Оставени сте. :) Затоа и пишав пред малку, да нема забуни.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Абе, па не може да не се вмеша религијата и каде што не и е местото, кога најголем дел од верниците се повикуваат на зборовите на свештениците како од нивна уста Бог лично да се обраќа.
    А само да ја видат другата страна на тие долгобрадести чичиња, онаа погрдата, која не дозволуваат секој да ја види, онаа кога на најстроги празници се преждеруваат јагниња, кога се пуштаат на девојки, кога ги интересира само ценовникот итн., не знам дали со исти очи би ги гледале и толку слепо би им верувале.
    Затоа, нека стои верата настрана. Греота е по сите верници да се плука, и по самата вера, само зошто некои не разграничуваат одредени работи.


    Во прва година факултет, по предметот Етика, баш имав семинарска на тема Еутаназија од морално-етички аспект. Сега разбарав да видам дали можеби ја чувам, ама изгледа сум ја избришала. Нејсе.
    Го најдов учебникот, од кој цитирам делови од темата Еутаназија:
    Во Кривичниот законик на Р. Македонија, во член 124, постои убиство од благородни побуди и е наведено дека „тој којшто друг ќе го лиши од животот од благородни побуди ќе лежи во затвор од 6 месеци до 5 години“. Според тоа, нашиот Кривичен законик се определил ова дело да го третира исто како што го третираат сите заклетви кои се однесуваат на лекарите.
    Нашата (лекарска) етика ни вели да се бориме за животот, според тоа, да му помагаме на пациентот, да му ги скратиме маките и да му го продолжиме животот, а не лекарот да биде убиец на пациентот.
    Од етички аспект, сите заклетви зборуваат дека треба да му се помага на пациентот да му се продолжи животот, а не да се учествува во убивање на пациентите.
    Сепак, ова е многу грубо кажано, и различни земји имаат многу различни гледишта - додека Франција смета дека треба да се третира како убиство, Швајцарија вели дека казната треба да е поблага бидејќи е направено од сочувство, додека Норвешка пак смета дека не треба да биде казниво.
    Јас би рекла, доколку етички треба да му ги скратиме маките, а сепак не можеме да му го продолжиме животот на пациентот, зошто сепак да не му олесниме, кога веќе нема друг излез?


    Моралот и етиката за секоја индивидуа претставуваат нешто различно, и затоа секој има различно гледиште на оваа тешка тема, но, оној кој навистина доаѓа во ситуација ова да го решава - да не си му во кожата.
    Верувајте, сѐ и сешто се имам изнагледано по клиника. Секакви тажни и болни судбини. И затоа сум на мислење дека секој треба да реши за себе, и ако нема друг излез, ако болката е неподнослива а блискиот крај е неминовен, да може да одбере сам за себе, да се поштеди од маките и страдањата. Зошто животот се мери во квалитетот, а не во квантитетот, и живот во постојана болка и на апарати - не е живот.

    П.С.: ама што знам пак јас, верник а со ваков став...
     
    На КикиМаус, Bender Rodriguez, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  19. kuklickata1

    kuklickata1 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    докторите кои вршат еутаназија се убијци а пациентите самоубијци зошто не сакаат да живеат на тој начин се откажуваат од бога ние ниту бираме дали да се родиме или не, ниту имаме право да си го одземеме нашиот живот, нашиот живот е дар од бога кој треба да го живееме без разлика каков и да бил. зошто бог пострадал за нас? за да не спаси така и ние треба да истрпиме до крај колку и да ни се гледа мачно тоа е за наше спасение животот не завршува тука туку продолжува
     
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали истите проповеди ќе ги вртевте да бевте во агонија на смртна постела. Ви ја однела во неповрат религијата и емпатијата и допирот со реалноста.
     
    На Briar Rose, КикиМаус, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.