1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Своеволна еутаназија

Дискусија во 'Психологија' започната од Amellie13, 18 мај 2018.

?

Дали ја поддржувате своеволната еутаназија?

  1. Да

    41 глас(а)
    60,3%
  2. Не

    16 глас(а)
    23,5%
  3. Не знам, немам став за тоа

    11 глас(а)
    16,2%
  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    А јас не знам што толку го тупите за религија, ко да некој во таа состојба ќе му е гајле што пишува во некоја си книга.
    Верувајте во што сакате, ама гледајте малце и надвор од тој кафез, и не мешајте религија во секоја каша. Аман...
     
    На kikkki, Amellie13, Sesil и 3 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Имам забележано дека во секоја тема се меша религија...
    А никој не пишува ниту ве прашува за религија, самите си го потенцирате тоа.

    Во врска со темата мојот став е дека не знам како што изреагирала кога би била во таква Не дај Боже ситуација и не знам дали би постапила така за друг некој да донесам одлука.
    Но кога веќе некои стасале до 70 години од животот преживувајќи се и сешто сосема ми е нејасно зошто би се одлучиле на таков чекор. Секој има право да избира да живее и да умре како сака.

    Но, ако се вратиме наназад во времето на војните и почетоците на еутаназијата каде со сила била применувана тогаш би сфатиле дека отсекогаш се водело дека друг на друг му суди. Никогаш самиот не си пресудува.
    Исто така во филмот Me before you e прикажана своеволната еутаназија на главниот машки лик кој донесува одлука дека не сака да живее сакат по несреќата која ја доживува. Можеби за таквата одлука во таквите ситуации постои и некое влијателно присуство од страна, но кога ќе го видам оној човек што нема ни раце ни нозе а пишува една книга кој доживува размер на светско ниво и има и жена и дете ( му го заборавив името ) тогаш сметам дека и тој можел да одлучи да превземе таков чекор но се одлучил на живот и без раце и без нозе и не бил посреќен како што е сега.

    Во Не дај Боже тешки болести или кома на пример од која нема никакви шанси тогаш би можела да ја подржам еутаназијата.
    Но секој човек во себе носи голема желба за живот, така ако гледам дека често се употребува оваа практика во медицината тогаш зад тоа мора да стои некој кој профитира од тоа.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И те како зависи од мотивот. Фарисеите и закониците биле тие што легалистички се држеле до буквата на законот, занемарувајќи ја неговата суштина. Но добро знаеш дека фарисеите и закониците се единствените кои Исус ги укорувал и тоа најмногу баш заради ова.

    Фарисеите велеле: 4тата Божја заповед е да не работиш во Сабота, а бидејќи и лекувањето е работа, значи не смееш ни да лекуваш во Сабота и го обвинувале Исус бидејќи лекувал во Сабота. Законот велел дека во Сабота не смееш да пренесуваш товар (во смисла трговија, дрва, да не се селиш тогаш), а фарисеите му замериле и на излекуваниот инвалид да си ја носи постелнината во Сабота (ев. Јован 5:10).

    Друг пример од Библијата е блудницата Рааб која со лага ги спасила Израелците кои дошле во нејзината куќа. Ги сокрила внатре, а му рекла на Ерихонскиот цар дека тие си заминале. (Исус Навин, 2 глава) Дали таа излажала? Според буквата на Законот - да, и фарисеите сигурно би ја осудиле за таа лага. Но во суштината на нејзиното дело е љубовта, а мотивот и бил да ги спаси двајцата Израелци. И за ова дури и е пофалена во Новиот завет (Јаков 2:25)

    За самоубиството веќе ти кажав неколку примери кои не се осудени во Библијата.

    Муабетот ми е дека мотивите на делата и суштината на Законот се поважни отколку буквата на Законот. Ни под разно не е исто некој да убие друг со цел да му ги земе парите, или пак некој што е неподносливи болки или психичка агонија одлучил да го убрза процесот на смртта во својата терминална болест. Првиот во себе има омраза, гнев, себичност, срце полно со зло, а вториот не го прави тоа заради омраза, нељубов, себичност, не сака да направи никому зло, ниту на себе си не сака да си направи зло, туку баш напротив - сака да си направи добро.

    Немаше да има реакции ако пишеше „јас како верник на православната црква“ не одобрувам, во спротивно може некои кои што не те познаваат да бидат заведени и да си помислат дека христијанството забранува еутаназија или дека христијанството е тоа што вели дека самоубиството е „најголем и непростлив грев“ - што нема врска како што видовме.
    Затоа јас како верник - христијанин реагирав посочив дека тоа не е учење на Библијата.

    п.с. Се извинувам на вас кои не ве интересира христијанското гледиште за еутаназијата, но тоа е, не има и христијани на форумов, ќе мора да не трпите :D a бидејќи ова за нас е етичка дилема која директно задира во верските гледишта, мораме и верска дискусија да направиме.
     
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не дај Боже да се најдам во ваква ситуација да решам за мене или за некој близок,но,познавајќи се себеси,и со овој ум,не би можела да потпишам за еутанзија,колку и да изгледа тешко и агонично....секој е со своето,тоа е.
     
    На SummerGirl и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Баш така, на страдалникот баш му е гајле што група попови у некој си век таму се договориле меѓу себе еутаназијата да ја означат како грев. И баш му е гајле дали поп ќе му пее над гробот или не.
    Има богати луѓе што плаќаат и три попа да им пеат на погреб, небаре тоа ќе му даде некаква предност на грешникот пред оној што ниту еден поп не му пеел над гробот.

    На верниците кои изгубиле некоја личност и поп не им пеел на гроб ќе им ја посочам Исусовата приказна за богатиот човек и сиромавиот Лазар. (ев. Лука 16:19-23, Библијата)
    Лазар бил богат човек. Веројатно имал големо семејство и многу слуги што работеле на неговиот имот. Кога умрел, Библијата експлицитно пишува дека „го погребаа“. Веројатно погребот бил голем и го водел еден или повеќе свештеници. Како што е обичај, веројатно свештеникот кажал и многу добри и пофални зборови за него. Сигурно и гробницата била раскошна и облеана со многу цвеќиња. Но што вели Исус? Дека тој човек завршил во пеколот! Ни името негово не било вредно да се спомне во приказната.

    Од друга страна, за сиромавиот Лазар не пишува експлицитно ни дека го погребале. Штом човекот лежел пред вратата на богатиот Лазар целиот во чирови, сигурно немал или бил отфрлен од семејство и немал кој да го лечи или да го прибере дома да лежи и барем на раат да си умре. Единствени пријатели му биле кучињата кои доаѓале и му ги лижеле раните. А кога умрел, за него не пишува дека „го погребале“ како за богатиот човек. Веројатно само го закопале негде за да не мириса неговото тело. Лазар не го „пеел“ свештеник и сигурно немал убава гробница. Но што вели Исус за него? Дека тој човек завршил во Авраамовото крило т.е. во рајот.

    Наровучение: Воопшто не е битно дали, каде и каков погреб ќе ти организираат, ни дали поп ќе те пее или не. За христијаните не е битно ни дали некој поп или било кој ќе каже добри зборови за нив, или пак ќе ја осуди нивната смрт. За христијаните е битно само што вели Исус за тоа како они живееле.
     
    Последна измена од модератор: 21 мај 2018
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.124
    Ми текува баба ми кога падна болна неподвижна у кревет, па на два три пати ја имав начекано како се обидуваше да си ја исече артеријата на бутовите...

    Го знаете она ,, Не жали што почина, се спаси,, ?
     
    На kikkki, SummerGirl, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Овој пример е повеќе за психијатар отколку еутаназија :(
     
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.124
    Не е, жената од здрава права за еден ден падна парализирана цела, освен едната рака малце и со месеци ништо не се промени, него стана полошо, оти беше цел ден у кревет...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    И да можеше ќе и ги скратеше маките нели?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Или несоменено тоа била неговата душа која се јавила да ја изрази на тој начин благодарноста? Тоа не можеме ние да го знаеме со сигурност. Ние (веројатно) не сме ги познавале тие личности ниту имаме увид во нејзината психа за да знаеме дали совеста ја измачувала, или тоа било нешто друго.
    Никому да не се случи да дознае!

    Но претпоставката може да оди и во обратна насока. Луѓето соочени со реалноста на крајот на овоземниот живот, реагираат на различни начини.

    Познавам лице кое поради одредена болест беше во страшна агонија повеќе денови, а средствата против болка не помагаа. Па сепак не посакуваше да умре! За среќа болеста не беше од терминален карактер, по соодветните третмани и нега сега таа особа е жива и здрава.
    --
    @Bitter-Sweet би било добро да го наведуваш и изворот на цитираното кое го спомна во спојлерот. Ти подоцна додуша кажа дека тоа е од Црквата (претпоставувам православната) но добро е да го посочиш изворот (статијата, книгата, веб-сајтот и тн.).
    --
    Досега воглавно слушнавме езотерични, христијански и атеистички гледишта на темава. Што велат во врска со еутаназијата на пр. исламот, хиндуизмот и тн.?
     
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    А да не се меша религија повеќе во темава? Нормално е да се спомне и таа некаде, ама па не може 95% од мислењата да се за религија. Да требаше за тоа да се дискутира темата ќе се викаше „Своеволната еутаназија од религиско гледиште“ и сместена ќе беше во темите за религија, ама не е. Не сум модератор да кажувам што како е и како треба да биде, ама навистина се тргна во погрешна насока со дискусиите.
     
    На Briar Rose, Lella, КикиМаус и 7 други им се допаѓа ова.
  12. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    17.687
    Ќе се надоврзам на горниот коментар па ќе кажам дека очекувам и во тема за депилација да се спомне Христијанството (пошто други религии и не знам дали може да се спомнат |()

    Иначе сум подржувач на своеволна еутаназија. Секој има апсолутно право да одлучува за сопствениот живот и не гледам зошто некому би пречело тоа.
    Доколку би се нашла во слепа уличка без излез која секојдневно ќе ме носи до раб на лудило, би потпишала без размислување.

    П.с. Верници кои во даден момент на неподносливи болки од неизлечива болест помислуваат на своеволна еутаназија, не верувам дека им е гајле дали поп ќе ги пее или не.
     
    Последна измена: 22 мај 2018
    На kikkki, Amellie13, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Мн е подруго кога човек ги има на своја кожа доживеано работите...
    Подржувам еутаназија , и кога човекот е здрав и кога не е ...
    Зошто ?
    Избор !!!
    Нивни живот нивно право ...
    Но животот знае да биде мн суров спрема некои ....