Своеволна еутаназија

Дискусија во 'Психологија' започната од Amellie13, 18 мај 2018.

?

Дали ја поддржувате своеволната еутаназија?

  1. Да

    52 глас(а)
    55,9%
  2. Не

    25 глас(а)
    26,9%
  3. Не знам, немам став за тоа

    16 глас(а)
    17,2%
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.410
    Пишував повеќе за ова на стр. 2 од темава.

    Секој го бира својот животен пат, но бегството од душевната болка не е возможно со еутаназија ниту со самоубиство. Човечкото тело за бесмртната душа е еден вид браник, ублажувач (бафер) таа му предава на телото дел од својот товар и на тој начин си олеснува. При тоа на телото може да му се помогне со медикаменти, но и на душата преку музика, прошетка во природа, разговори (вклучително и психотерапија). Без физичко тело тие видови на помош веќе не се возможни во така лесна форма.

    Доколку предвремено намерно се раскине врската помеѓу телото и душата, на пр. преку еутаназија, тогаш душата ги зема со себе сите проблеми кои ја тиштеле, со единствена разлика што таа веќе нема можност истите да ги реши во краткотијата на овоземните години. Таквите души кога ќе увидат што сториле (колкава шанса си упропастиле) настојуваат да се вратат - реинкарнираат, но тоа обично не е можно така брзо а и да успеат, тие повторно ќе мораат да поминат низ истите или слични животни ситуации од кои се обиделе да избегаат преку еутаназијата или самоубиството.

    Од тие причини еутаназијата кај луѓето не е никакво решение.
     
    На TwistedSister и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.048
    Допаѓања:
    185.001
    Пол:
    Женски
    Земајќи во предвид дека 2018 сум пишала ова, да се апдејтирам. Уште сум на ист став. Сметам дека еутаназија треба да биди опција, но строго регулирана.

    Шо мислам под строго регулирана е дур сме при здрава свест да носиме одредени одлуки. Пример уште сега да пишам на нотар дека при х или у ситуации би сакала еутаназија или уште пред одредена ситуација да прогресира, но таа прогресија е неизбежна или високо возможна; исто при ситуации каде смртта е неизбежна, но болките се неподносливи сметам дека мора да е опција за да се дај достојна смрт.

    Не сметам дека при секоја ситуација треба да е опција. Пример ова ми е нејасно:
    Самата депресија често иди со ризик за суицид. Зошто тогаш третираме, ама овде одобриле? Прашав и прочитав. Третмани кои не функционирале и проблеми од рано детство и ужасен квалитет на живот. Во текстот опиша како е надежна на почеток од нов третман за уште пострашно да се разочара и себе-повредува повеќе. Исто така рече дека процесот траел нешто над 3 години и имало многу вклучени во евалуацијата. Уште сум збунета ама 20 години тука имаат еутаназија и многу строги регулативи околу неа па сакам да вервам дека знат шо прат иако не разбирам:
    Screenshot_2024-05-26-08-10-24-926_com.android.chrome-edit.jpg
    Па сега ме интересира да разбарам какви регулативи имаат особено околу проблеми со ментално здравје.
     
    На eliesaab и exceptional им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Неприфатливо ми е и мене. И воопшто еутаназијата е исклучително себичен чин, бидејќи секогаш останува некој, кој ќе се прашува дали била правилна таа одлука.
    Луѓето понекогаш многу тешко се справуваат и со природната смрт на близок, еутаназијата уште поголем немир и страв би вовела.
    Од религиска гледна точка, еутаназијата е духовна незрелост и апсолутен недостаток на вера.
     
    На exceptional, eliesaab и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.009
    Нејќам да ти ги рушам идеалите, ама ...прат пари. :cash:
    :x
     
    На NoirSerpentine, eliesaab и Gosh им се допаѓа ова.
  5. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    2.781
    Пол:
    Женски
    „Не“ и се заснова исклучиво на долгогодишно следење на секакви политики и постоење на луѓе кои прегазуваат преку живи луѓе само за да исполнат (неретко и некоја многу проста и едноставна) цел.
    Знаејќи колку едноставно може да се дојде до одредени документи, не го одобрувам ова. Ќе пишев дека се мислам дали и во терминални услови одговорот би бил „можеби“, ама пак ми текна на тие што ги пишав погоре дека се способни да направат сѐ за да си ги остварат целите па заради нив одговорот е пак „не“. Ништо не ги спречува да лажираат документи.

    Ми текна и на conservatorship (не знам дали има соодветен превод на ова па во продолжение го ставам значењето)
    Под вакво неретко се ставаат постари лица. Тие лица секако немаат право на збор. Кога ќе им се овозможи на нивните „старатели“ (повторно, не знам дали има соодветен израз), тогаш многу лесно може да се злоупотреби.
    Ова секако важи за тие земји каде што го има ова.
    Во други пак, многу лесно може да се дојде до одредени документи. Ќе ги подмачкаат со одредена сума или ќе им ветат одреден имот од лицето и ќе дојдат до документот.

    А дека постојат секакви поединци: сетете се на онкологија и дека и доктори беа вмешани во тој скандал. И сетете се и на судството и дека никој не одговараше за тоа. Не дека сме некој пример ама навистина постојат вакви појави дури и во најразвиените земји (само, можеби во не толку голем обем).

    Колку изнемоштени лица би биле искористени од таквите кои единствена разлика е што можат слободно да се движат..

    Зошто...можеби е регулирано ама секогаш има дупки низ кои можат да се протнат, колку и да е „регулирано“.
     
    На Gosh и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  6. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20260327_203746.jpg
    Не знам колку е ова исправно..
    Не можам ни да замислам како и било но дали во вода паѓаат сите когнитивни бихевиорални терапии и сеанси за трауматични настани и единствено решение за траумите е еутаназија?
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.552
    Допаѓања:
    69.457
    Пол:
    Женски
    Не е дека само трауми имала на крајот. Што е со живеењето во болки и парализирана? Плус траумите на сето тоа, ужас.
    Веројатно сите што правеле проценка, секакви стручни лица, знаат подобро од сите рандом одвратни коментари што ги прочитав (не се однесува за цитираново).
    Нека почива во мир.
     
    На eliesaab, violetblue, pinklipstick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.552
    Допаѓања:
    69.457
    Пол:
    Женски
    Ако прочиташ подобро имала одобрена еутаназија која семејството ја оспорило во 2024, чекала до сега да се реши судскиот спор, значи и на суд отишло, не било поднела денес, утредента е решено. И суд решавал, медицински лица решавале, ништо не било туку така и ради реда.
     
    На Vikktorr, eliesaab, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.637
    Пол:
    Машки
    Не се зачудив премногу дека сум коментирал на темава., иако искрено сум заборавил... И сега повторно ја гледам во отворени теми. Очигледно, често разглобувам аргументи поврзани со евтаназија. Сѐ уште сум на истиот став. Само што сега би додал „И би ги донирал органите.“ За христијански закоп не станува збор. Некој ќе троши пари за моето гробно место, или ќе се сеќава на мене на тој начин. Зошто? Веќе имаме доволни носители на меморија. Сум направил тоа што сум направил, сум ги имал тие и тие релации, тие и тие постапки.. Дури ни кремирање не ми изгледа практично. Премногу организација за драма, па тоа расфрлање на пепел или чување во урна. Будалаштини...

    Но, морам да признам, не би сакал јас да сум тој што ќе одлучува за некој друг кој рационално и аргументирано, има основи да е евтаназиран, уште помалку близок. За себеси имам помал проблем, и би дал конкретни насоки, кога, како, во кои услови.

    Има една сцена од Soylent Green, сега заборавен, одличен антиконзумеристички сај-фај од 70-ти, кој е апсолутно близок до нашево време, профетски дури.

    Одиш во под-от, ти пуштаат сцени од природа, избираш музиката, како последни сеќавања.
    За мене би биле Голдберг варијациите, во изведба на Гулд. Снимка од 1981, побавната верзија. :) Чисто, практично, искористливо и естетски.

    п.с. се пишува еВтаназија, а не еУтаназија.
     
    Последна измена: 22 април 2026
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.397
    Допаѓања:
    279.293
    Со тоа што кремирањето е потполно бесмислено, нашето тело и' е потребно на природата, стануваме ѓубриво, нели :)

    Поддржувам евтаназија, а уште повеќе поддржувам донирање на органи, дури да е возможно би си го донирала телото (тоа што не може да се донира) на мед. институт и слично да може да учат на мене.

    Сите пронајдоци (медицински... итн) во даден момент имале потреба од кадавери, така што, кога ќе "завршат" со мене, земјата може да има корист од остатоците.
     
    На eliesaab и JasBee11 им се допаѓа ова.
  11. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.637
    Пол:
    Машки
    Се согласувам, Сега има некакви промени кај нас. Колку што разбрав, наскоро ќе можеш да одиш кај матичен и да се пријавиш како донор.

    За кремирањето. Традиционално, во Индија, за едно тело се трошат неверојатни 400-600 кг дрва и трае со часови, ако не се лажам. Сега се оди со природен гас, и струја и е многу еколошки, кај одредени современи крематориуми. Можеби, евентуално прво да ми ги селектираат органите и тоа што е потребно па тек тогаш ваккво кремирање. Но, пак останува „церемонијата“ што ја сметам за непотребен театар. :) Инаку, поради монопол (религиски и финансиски) во Македонија нема крематориум. Имало идеи. Најблискиот е во Белград и има луѓе што го носат телото до таму. Чини околу 3000 евра ако некој е заинтересиран.
     
    На JasBee11 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.397
    Допаѓања:
    279.293
    Па тоа сакам да кажам, покорисен е трупот за почвата, отколку пепелта кај и да ја растурат или чуваат.
     
    На eliesaab и JasBee11 им се допаѓа ова.
  13. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.637
    Пол:
    Машки
    Да, имаш право.... Откако ги донираш органите, притоа има етички кодекс како тоа се прави, изгледа како класична операција, практично телото останува исто однадвор. Твоето прашање е „Што со тоа тело?“... АКо исклучам кремирање и христијански погреб, што потоа? Се расчитав за (green / natural burial), но еве, треба да размислам, веќе ако одиме во сите детали. Премногу се фокусирав на сцената за Soylent Green. Но, нема да правам спојлери што се случува со телото, ако некој сака да го гледа филмот... Човек треба да биде прецизен и практичен во реалноста, да. Фала ! :)
     
    На JasBee11 и CameliaMiller им се допаѓа ова.