1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Себеси се барам, тебе те бранам

Дискусија во 'Врски' започната од Unique__, 15 јануари 2019.

  1. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Верувам дека барем секој по неколку пати се нашол во ваква ситуација.

    Партнерот прави грешки, вие го оправдувате пред другите но себе си се губите во сета таа ситуација и не размислувате разумно иако длабоко во себе знаете дека не е во ред нештото што го прави.
    Молчите и го оправдувате само заради мир у кучи, мир во врска и да не настанат конфликти.

    Се извинувам доколку е дупла темата.
     
    На Alisa22, SV1911, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова се должи на потребата да бидеме во право и секогаш да го браниме нашиот избор, нашето разбирање, нашиот начин на живот, нашето дело, нашата оставина.
    Всушност, повеќе би рекла влегуваме во конфликт со пратнерот за нештото кое ни пречи, а го оправдуваме пред светот, нешто како кога родителот го кара своето дете на само, а го брани пред остатокот од светот.
    Ние, реално нема зошто некому да му ги објаснуваме и оправдуваме постапките на нашиот партнер, било пред родител, било пред пријатели или пред кого и да било, освен ако истите не се насочени против нив.
    Освен тоа, не секој пат се согласуваме со замерките на другите во однос на постапките на нашиот партнер, односно нам не ни пречат до таа мера до која другите сметаат дека треба.
    А за мир во куќа, молкот е вусшност најголема закана. Тишината е најразорниот глас во тој дом, со тенденција да сруши ѕидови кога ќе стигне до точка на вриење.
     
    На kikkki, theowndemon, kolovoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Прочитав еднаш дека жените биле идеалисти. Не го гледале партнерот како тоа што е, туку како тоа што може да биде. Затоа често запаѓале во вакви емотивни замки, кај што секогаш оправдуваш некого поради нешто што го направил затоа што знаеш дека можело и подобро.
    Посебно чест случај е кај интелигентни и разумни личности кои знаат да проценат ситуација и да учат од сопствените грешки. Тогаш, ако партнерот направи глупост, размислувањето е дека "нема да се повтори, сигурно сфатил дека не е добро", и очекуваш дека таа личност ќе реагира исто како што би реагирала и ти. Ќе сфати дека не треба да ја повтори грешката.
    Е, за жал, многуте мамини синчиња не се научени уште ни газот да си го избришаат како што треба, а не да не ги прават истите грешки постојано, оти мама е тука, ќе се грижи за нив. Па така, се наоѓаш во ситуација кај што седиш и чекаш тој да сфати дека не е во ред неговото еднесување, а тој, толку му крепи, секој пат ветува дека нема пак и си продолжува на старо.
    Е сега, фино би било и ти да се вратиш на тоа, да го сфатиш твоето чекање и попустливост како грешка. Па попушти еднаш, попушти 2 пати, да му ја удриш клоцата на крај и да си го земеш како лекција за следен пат, да научиш дека не треба времето во животот да си го трошиш на едуцирање и изведување на прав пат на мамини синчиња, па да ги оставаш да одат по ѓаволите, а ти да си најдеш некој што знае да се грижи за самиот себе си.
     
    На SV1911, kikkki, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.229
    Пол:
    Машки
    Мене ми се има случено. Патував често за да се гледаме пошто сметав дека е сериозна врска и многу похрешно ја проточлував и секогаш се залажував себе си.


    Најпрвин дома ги убедував дека не ми е само авантура. Сите обврски што ги имав ги заподтавив и ме поддржаа дома, иако ми зборуваа спротивно.


    Нејсе, патував секогаш мислејќи дека на некој начин и олеснувам со тоа шѕо може да учи и да не губи време, и друга причина шѕо само ми текна дека можеби е до финансиите. Работев за да имам повеќе пари. После некое време почна да ми дофрла со тоа што намесѕо да учи губела време со мене, а јас сум ток што патува.


    Инаку од ист град сме и таа студира во друг град.
     
    На buba4e89, rolulika, Unique__ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Да се изјаснам на темава.

    Честопати во врските, секогаш за некоја грешка сум го оправдувала партнерот и притоа сум ја барала вината во себе бидејќи сум мислела дека доколку се извинам, пуф проблемот ќе исчезне а си правев со тоа полошо.
    Со тоа му дозволував на партнерот буквално да ми се качи на глава, да манипулира со мене, бидејќи е свесен дека доколку погреши јас ќе го оправдувам пред сите само за да не ми ја полнат главата, ќе му покажам разбирање и нешто слично.
    Колку повеќе така правиш толку полошо за врската.
     
    На theowndemon и WildMk им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Мене ми се има случено.
    Се укривував себе си дека недоволно сум обрнувала внимание на работи кои сум дозволила странично да ми делуваат во бракот.
    И не само тоа, туку и кога цел народ ми се обраќаше , јас упорно го оправдував.
    И да...колку повеќе толерираш и замижуваш, толку полош станува партнерот.
    Како да те ислушува до каде ти е границата на толеранција.
     
    На SV1911, kikkki, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    И мене ми се има случено.
    Што знам, ваљда кога премногу сакаш некого го идеализираш до сто една и назад и не му ги гледаш маните, т.е ги гледаш ама другачие ги перцепираш, како мали несовршености кои ги прифаќаш како својствени за личноста. Затоа и она важи дека заљубен човек е слеп човек.
    Секој треба да си држи до своите граници и никако да не се изгубиш себеси во обидите да угодиш, да нема кавги, да бидеш 'попаметниот ' кој попушта. Еднаш, двапати, трипати и после стануваш предмет на подјеб, особа која голта се и која не знае да каже крај. Али кажав, едвај.
    И благодарна сум што имав едно такво искуство, пошто стварно научив доста околу механизмите на една врска и созреав емотивно.
     
    На SV1911, tirkenbal, buba4e89 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Да си жива и здрава за ова.
    Ама и границата на толеранција има крај
     
    На kikkki и referentka им се допаѓа ова.
  9. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ако тој е емотивно зрел ќе сфати дека си му дала прилика да згреши и да научи од грешката.
    Човечно е да дадеш шанса да се поправат нештата но ако тој не разбира што правиш и сметаш дека врската не оди на подобро со тек на време ќе ви се разделат патиштата.
    Се е искуство плус, но битно е да извлечеш поука и созрееш преку тоа стекнато искуство, а не да се полниш со негативна енергија и повредена и скршена од раскинување после сите да ги имаш за подјеб, да ги малтретираш, да им се ситиш, па да си наоѓаш слични такви и да правите табор и замарате и досаѓате наоколу.
    Тоа е најлошото нешто што може да му се случи на секој по раскин, да стане ист како партнерот кој го малтретирал така во пропадната врска:!:
     
    На Unique__ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Можеби јас немам никакво искуство со љубовни врски за да зборувам за себе, меѓутоа оваа честа појава ми е јасна и предвидлива, и всушност, можам да ја објаснам од психолошки аспект, како и последиците од истата;

    Имено, кај некои лица, самиот тек на околностите во нивните животи ќе ги доведат да лажат. Сепак, лажењето претставува само уште еден комплексен аспект на човековата природа.

    Она што мене ми е интересно, е фактот што самиот човеков мозок е способен да се адаптира на одредена лага само ако таа е кажана доволно број пати.

    Сигурна сум дека сте слушнале за изреката "Колку пати треба да ја повториш лагата за таа да се претвори во вистина".

    Освен што луѓето лажат за другите лица, тие исто така почнуваат да лажат и за себе. Односно, луѓето понекогаш се лажат себеси или ги оправдуваат своите лагите насочени кон други лица без притоа да се свесни за тоа.

    Бидејќи "ги интернализираат" лагите или полувистините за лицата за кои имаат развиено силни чувства, повторувајќи ги премногу пати додека самите не се убедат, психолошки, дека истите претставуваат вистина.

    Има моменти каде човекот, соочувајќи се со ситуации кои ја прикажуваат реалноста, ќе се почувствува разочаран и понекогаш и самиот, во својата потсвест, знае дека самиот се залажува. Но целта и стремежот се посилни, и човекот успева повторно да се увери во лагата која ја создал.
     
    На Alisa22, kikkki и BoneMachine им се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.278
    Пол:
    Женски
    Да прашам што би помислиле ако убав дечко кој не е тип на дечко на девојката на која и се пушта но да речеме почнуваат врска и уште од почетокот тој се нуди да и најде работа,бара скапи подароци од неа ,и накрај и вели дека не смеело ништо да и се каже.Инаку тој сака озбилна врка и брак ,но девојката помислува дека тој сака брак за пари,дека не ја цени очигледно .И карактерот му е да речеме самобендисан ,и таа девојка го остава но дали е во право таа девојка дека тој е само опортунист?
     
    Последна измена: 3 февруари 2019