Се убивте од извртување муабети. Не знам кај беше напишано дека е прифатливо да се пуши како турчин или па пред деца. Само што ги направивте родителите пушачи чудовишта што не им е гајле за децата.
Па не знаеме ние за кај ги купила мајкава цигарите и за кој. Не знаеме дали во парк ќе оди да ги пуши, дома или пак за друг ги купувала. Јас еве пример не сум пушач, ама за маж ми купувам цигари. Јас имав ситуација каде ми бараше детето чоколадно јајце, а тој период не смееше да јаде млечни производи. Толку ме изнамоли на каса, што на човек до нас му падна жал и извади пари да му дава. Испаднав и јас ко мајкава во нечии очи. Пазарев нешто друго, а малиот 3г имаше и не разбираше сеуште зошто не смее да јаде тоа.
A на детето во кој случај би му купиле цигари ако побара? Ете чоколадо и сокче може понекогаш, некогаш не. Цигари ваљда никогаш. Wonder why
Хмм.. значи ако ви треба да речеме сапун и го купите, а одбиете да му купите чоколадо, за греота детето а??? Многу се мешате у туѓи животи. Исто ви е ова ко со муабетот ајде кога свадба, ајде кога дете, ајде кога второ. Исто!!! Има мал милион причини поради кои мајката можеби го одбила детето. На пример алергија или некој друг здравствен проблем. Можеби и не јаде такво, ама дете, ќе види па ќе побара. Себично е да јадеш храна, да пиеш вода, а дете да ти побара и да кажеш е неможе, мое е... Не верувам дека има родител колку сака нека биде страствен пушач кој што ќе одбие да му купи на своето дете здрава намирница. Макар ги дал и последните пари Мало било детево па кога сме шетале сме и купувале цел цеден сок само за неа иако знаевме дека нема цел да го испие. Ама во наредната продавница сум си купила цигари, бре себичлук не му купи на детето смоки, немајка!!! Од друга страна пароли како тоа мајката треба да се цени себе си, и да не се откажува од себе кога ќе стане мајка. Ама ако татко беше во целава ситуација ќе беше, па машко бе, шо сакаш, толку знаат. И тука ќе се завршеше целиот муабет. Како да е најнормална работа на свет.
E ај сега муабетов... шо има врска... цигари дали би купиле на децата хахахах. Ти би купила сет ножеви на тодлер.... ваљда никогаш. wonder why. Би купила вино за роденден на дете, ваљда никогаш, wonder why. Би купила кондоми за детенце ако побара? Не? Wonder why! Би купила апчиња за притисок на дете ако побара? Демек возрасниве не смеат да си купат ништо што не би купиле за дете?
Не. Ама ете чим чоколадото е пострашно од цигари (оти сите за чоколадото се фатија, никој за цигарите) зашто може чоколадо? Сериозно прашувам. Ако е штетно за дете цигари, и шеќер е штетно. Спомнаа дијабет, интолеранции ова она. Шлог никој. Значи ваљда е полошо чоколадото, шузнам.
Ептен ја мешаш темава, каша попара напрај, и мислам дека мислењата би ти биле посоодветни во оваа тема: https://forum.femina.mk/threads/Цигари-Дали-пушите-или-сте-против.7767/ Mислам, убаво е што не си пушач и што имаш цврст став на таа тема, супер е тоа, и ти ги почитувам ставовите, ама пиши на соодветна тема, оти нема смисла тука. Сосема друга е поентата на темава.
Ама ние вака од тука не знаеме која е границата на еден родител па да коментираме. Кај знаеш еве ти на пример која е границата на моето дете, па во маркет да расудиш дали е моето однесување кон детето правилно или неправилно? Може вака на прв поглед од страна изгледа себично да си купам цигари а детето плаче за чоколади, ама позадината е дека изело 10 чоколади таа ден. И сега ?
Uporno se promasuva poentata na temava, znaci zaboravete gi drugite lugje sto slucajno ve videle kako na ignor deteto go stavate tie ne se bitni u slucajov, nemojte da ziveete za drugi lugje sto zborat, biten e odnosot roditel dete i faktot deka navistina postojat takvi sebicni roditeli. A za komentari po marketi mislam deka site se slozni deka na necelosni prikazni ne moze sud da se dade.
Дека постојат себични родители постојат. Лично имам видено и слушнато; кажи им да не ми го пијат сокот тој, убав ми е мене (баба за внуци) мајка со тодлерче кое сакаше палачинка оти она јадеше му вели татково; дај и од твојата, мене нема да ми стигне ова Редовна е на нокти ама за детето адаптирано и било скапо, нека пие кравјо од 3 месеци Е не бива така Купи за дете прво, намири го што му треба (храна,облека) па после мисли си и за тебе што ти треба (не велам да се запоставиме ако сме станале мајки, ама се знае кој е приоритет да се намири прво) Ми идеше да ја треснам со тањирот ете иако нејќам да се мешам во туѓи животи, ама за дете бре? Гаќи неам купено простете, ама детево ќе има се што му треба Е за едно киндер јајце и неможеш да знаеш ситуација, ќерка ми пример само си праи залихи со јајциња а не ги јаде, ама редовно бара, и нормално ја имам одбиено да и купам тоа неколку пати Ако побара друго, знам нема дома, ќе и купам, макар ја немала за цигари Ама од една работа дека можеш дома да знаеш како им е и дали се себични, не можеш
И сега? Читај пред да реплицираш на некој, јас коментирам општо на тема себични родители. По маркет ниту ме интересира кој што купува нит зошто. Прочитај ми го претходниот пост.
Е како општо да се одреди себичен родител? Еве мене не ми е јасно. Од тоа што го гледам попатно не можам да одлучам дали е или не. Вака треба дома да сум му на некој да знам.
Темата се вика ,,себични родители". Во воведот е токму и тоа напишано, според корпата во маркет може да се процени кој е себичен, а кој не. Тогаш едно со друго не соодвествува. Подобро да гласеше ,,бирање порок пред желбите на децата". А вака нормално е да има лавина реакции за насловот. Може некој му купува 20 чоколади на ден на детето, за да компензира за своето отсуство како родител. Наравоучение, mind your own business.
Дали јас сум себичен родител ако некогаш сакам сама да изедам некое чоколадце пример или испијам сок сама, без децава да вртат околу мене? Притоа има секако и за нив ама ете сакам некогаш сама без да поделам?
Наравоучение од темава дека побитни се другите луѓе што ќе кажат од тоа колку стварно сте несебични кон децата.
Пишав неколку страни поназад... ме фаќа криза понекогаш, се кријам и си јадам цело пакетче гумени бонбони my own little secret
Јас темава и дефинирањето на себични родители не ја сфаќам дека станува збор за ситници, како на пример да си каснеш нешто благце само ти. Туку за големи работи, како на пример место да вложиш во дополнително образување со на пример јазик, или во интерес или хоби на детето, ти тие пари да ги трошиш на цигари, а си ограничен со пари.
Не е се до парите. Може не смее да јаде чоколадо детето, како моево дете на пример. Секогаш се гледа во својот нос бтв. Цигари немам пушено никогаш ама ги разбирам пушачите. Иако чоколадото и цигарите можеби и немаат никаква врска. Ако забранат влез на деца во маркети ќе почнат да постојат совршени родители во маркети.
Не можеме да судиме пред да ја знаеме реалната ситуација. Можеби детето дома има еден тон чоколада, можеби не смее да јади чоколадо. Мислам дете ко дете се што ќе види ќе посака, не значи дека родителот треба да ја купи цела продавница. Од каде знаеме зошто не се купило чоколадото. Не ми е убаво да судам и да кажам ете си купил цигари, а на дете не му купи чоколадо, бреј себилен родител. Факт е дека постојат себични родители кои своето задоволство го ставаат пред децата, факт е дека има и деца кои и покрај се што имаат ќе се трескаат од земја во маркет. Така да нема што повеќе да коментирам на темава кога не им ја знам ситуацијата ниту причината за постапката