Го има некој користено шампонов дали има ефект или да не си ги фрлам за џабе парите. Леле ми иде да ја откорнам главава од чешање ...
Немам користено, ама ја имам кремата од истата фирма пред некоја година - тогаш функционираше, ама кратко. Фафбај се со кна, миј се со јаболков оцет, нека ти препишат белосалик течност, ако можеш земи џин џира со цинк пиритион, 550 денари, пак е многу, ама сега за сега тоа ми е чарето. А се мијам со на здраве шампонот со кинин против првут, евтин беше.
Јас го користам веке една година и кај мене има ефект. Го користам по потреба не стално. За помали воспаленија со едно миење ми поминува првутот. Кога имам повеке го користам 2 пати неделно
За шампон, Vichy против првут на база на селенов дисуфид. И многу ми помогна исклучиво тој го користам 5 години, а сега многу често имам црвенило околу носот и за тоа не знам за кој крем да се одлучам, до сега користев Еуцерин атопи контрол лосион( licochalcone A i ceramide) сега скоро и да не помага.
https://zegin.com.mk/mk/vichy-dercos-shampon-protiv-prvut-za-normalna-do-masna-kosa-390-ml баш ваков имам, го има во зегин во поснабдените аптеки, но сега кога го барав на нивната страна најдов уште еден од истата фирма што е специјално наменет за тоа.(многу е сличен на лик, зелено пакување) Јас не сум го испробал, но може да го пробам во иднина: https://zegin.com.mk/mk/vichy-dercos-psolution-shampon-za-skalp-sklon-kon-psorijaza-200-ml
Некоја крема или лосион за Себореа? На некој што нешто стварно му има помогнато? Станува збор за лице,најмногу на челото и кај веѓите.
Ми помогна многу, да. Мачкав навечер, плус наутро во деновите кога не планирав да се шминкам. Кај мене беше најизразено на челото, одма под линијата на косата, во веѓите и зад ушите пак во близина на косата.
Баш мислев да спомнам ама ми избегала мислата кога постнав. За коса го користев исто шампонот Blue cap. Мало бело шишенце е, и самиот шампон е бел. Од прво миење можеби нема некоја голема разлика, ама второто е веќе друга приказна. Мало е ама прилично долго трае, навистина сум задоволна.
Jas go probav kaj mene imase sprotiven efekt uste povekje me napolni so prvut. Nikako da najdam shampon za prvutov. Izgubiv nadez vekje. Go koristam uriage ama nema efekt na pocetokot mi pomagase sega ne.
Се воспостави дека имам себореа на главата. Отприлика за колку време ви помогнале тие шампоните за себореа?
Со себореја нема ниту што колку помага ниту кога ниту дали воопшто помага. Може да ти се исчисти преку ноќ, може цела недела ќе треба за малку резултат. Маласезијата се навикнува на сите производи што ги ставаш, така што хипотетички секогаш кога почнуваш нов производ со активна супстанца, би требало да има резултат за брзо време. Секако, хипотетички. Многу варира од личност до личност.
Видов дека нема лек. Го имам на задниот дел од главата, само таму. Ме чеша ненормално. Го имам со години, некогаш поминува па пак се враќа. А ова како сега не ми се случило, повеќе од година време го имам и плус пред две недели ми се појави првут низ цела глава. Косата ми опаѓа ненормално. Имам и автоимуно заболување. Сакав да прашам, дали ако го имаш само на главата, е себореа или може да е псоријаза.
Може да е дерматит, може и двете, еден доктор ми рече дека ако е псоријаза треба да го имаш и на други делови од телото често (лактови, на пример). Пробај белосалик течноста, на рецепт е, има и крема ама за коса течноста мене многу ми помага, иако содржи кортико што сакам да одбегнувам, ама ете мора да се користи. Никој шампон веќе не ми помага мене (џабе стои кетоконазолот и други, губат потентност на ист човек кога подолго ги употребува), ми помагаат или кортикостероиди, или секојдневно миење (од што мислам уште толку ми паѓа). Пробај и јаболков оцет (apple cider, не знам колку е ист со нашиот јаболков, но наводно помага).