Со оглед дека ова трае со години и ќе трае уште многу , би отворил нова тема за Северна Кореа и проблемите кој се случуваат на секој 2-3 год Како што знаете , актуелната вест која кружи веќе цела недела на интернетот е заканата на Северна Кореа дека ќе изврши нуклеарен напад на Јужна Кореа и Сад. (текст копиран од рандом македонски портал.) "Ситуацијата на корејскиот полуостров е се потензична откако портпарол на Генералштабот на армијата на Северна Кореја соопшти дека е дадено зелено светло за напад врз САД. Властите од Северна Кореја сметаа дека оваа нивна акција е реакција на заканите од САД и за тоа и формално ќе ја информираат Владата во Вашингтон, стои во соопштение на Пјонгјанг беше објавено на сервисот на англиски јазик на севернокорејската новинска агенција КЦНА. Раководството во Пјонгјанг веќе им се закани на САД со превентивен нуклеарен напад и соопшти дека се наоѓа во воена состојба со Јужна Кореја. -Разузнавачките служби на САД и Јужна Кореја имаат информации за предислоцирање на ракета со среден дострел на брегот на Јапонско Море, изјавија владини извори во Сеул. САД потоа во регионот испратија воени бродови и авиони невидливи за радари, а вчера беше соопштено дека на островото Гуам во Пацификот во наредните недели ќе стационираат систем за противракетна одбрана. Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел изјави дека дел од последните гестови на Северна Кореја претставуваат “реална и јасна опасност“. Тој истакана дека доколку Северна Кореја реши да нападне, нејзини мети се Гуам, Хаваи, па дури западниот бред на САД. Воени експерти се сомневаат дека Северна Кореја располага со технички средства за напад врз територијата на САД. Но, според експертите, можен е севернокорејски напад со ракети со среден дострел врз американските трупи во Јужна Кореја или воените бази во Јапонија. Освен тоа, Пјонгјанг со своите ракети може да достигне цели во цела Јужна Кореја. Севернокорејските ракети од типот „Мусудан“ имаат достреел од над 3.000 километри, што и овозможува на Северна Кореја да достигне цели на територијата на Јужна Кореја и на Јапонија. Не е исклучено тие да можат да достигнат и до тихоокеанскиот остров Гуам, кој е под контрола на САД." http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... asVF96eD2o Дотолку војната започне , шансите за победа на С.Кореа се минимални , скоро 0 , но проблемот е ако загубата е неизбежна Кореа ќе ги искористи сите нуклеарки , нема да наштетат на Американците али доволно е да ги испратат сите на Јапонија и Јужна Кореа што би значело пред се еколошка катастрофа , радиацијата би се проширила низ целиот свет...... Друга веројатност е дека Корејскиот полуостров ќе стане една нива за садење компири кога ќе се испукаат со нуклеарките Северна Кореа во пешадија и тенкови спрема Јужна е 2:1 но Јужна имаат понова технологија со оглед дека се снабдувани со оружје од Америка а С.Кореа се претежно старо од времето на Сталин Истотака Кина е сојузник со С. Кореја што би значело потенцијално влегување во војна против Американците со оглед дека се сојузници со Ј Кореја и би ја бранеле. споделете ги вашите мислења во врска со оваа ситуација еве слики преземени од друг портал .
па мислам дека американците попрво ќе го ликвидираат овој во црниот капут,отколку да дозволат билокаква загуба,па макар и еколошка катастрофа,е сега ова со кина не го знаев тоа ја менува ситацијата, но ние сме предалеку од сето тоа...
Јас мислам дека Кинезите не се луди да влезат во војна против америка, затоа што не им е во прилог и интерес. Мене Северно Корејците ми се смешни, особено тоа прасето - лидер, може додека да трепнат да бидат збришани од историјата и географијата, а не велам и дека не би предизвикале огромна штета. Може намерно се закануваат за да добијат помош во храна, затоа што сета економија им е пренасочена кон армијата и буквално луѓето немаат леб да јадат, па се закануваат за да добијат помош и да замолчат, се до наредниот пат.
Не му ја сфаќам поентата на детево, искрено се надевав бидејќи е едуциран во Европа дека ќе почне да ја реформира политичката и економската ситуација но за жал сум згрешила. И како што вика мојата другарка од Ј. Кореја сите знаат дека војната меѓу двете земји е во привремен прекин но не и официјално завршена така да Ј. Кореја нема да ги дочека изненадена.
Не се Американците никакви жртви тука, ним им одговара постојано да има некакви воени дејствија или најава за такви, за пласман на оружјето, за повторно да нарасне цената на нафтата, па да се пушти во штампа нов прилив на доларчиња, си имаат тие причини за вакви военостимулирачки кампањи. Токму затоа и сега ,,анализираат реална опасност,, нивните експерти, нема да има војна секако, ама да биде светот на готовс и во постојан страв од истата за нив е полн погодок. Ако нема доволно вакви вжештени глави како овој дибеков, кој изгледа му се смачило да игра Бетлфилд на лаптоп, ќе ги создадат сами.
сакам мислење од некој што ја читал библијата.опишана е таму кинеската коњаница -пишува бројот е 2000 коњаници.и според тоа америка треба да изгуби во оваа војна.пророштвото се остварува,јас мислам!
И јас сакам американците да изгубат, но грешка си HERMOSA,ако има војна американците ќе победат. Но добро е што нема да има војна затоа што е паметен северно кореецов, знае и он самиот дека ќе ја изгуби војната ако ја започне. Тој сака само да се покаже силен пред народот во Северна Кореја ништо повеќе од тоа. Читав за Kim Jong un се школувал во Швајцарија прикриен како син на Северно корејски дипломат и не е смотан туку така да влезе во војна и да изгуби се. Ако влезе во војна со АМЕРИВЕ ке биде убиен црно му се пишува на чоекот
Какви Американци бре, цел свет ќе изгуби ако почнат да акаат со нуклеарките! Баш нива за компири да. Не е нормален овој. Ма никој не е нормален. Колку само себично стана човештвото. И да го ликвидираат ќе се најде некоја друга будала како него...Какво и образование да има тој самиот ако не знае да размислува правилно џабе му е.
Добрата страна овде е што се најде некој да ги заплаши и Американците бидејќи во Иран, Ирак, Авганистан и други земји почнаа да се понашаат како Америка Господ да е. Мислам дека целото ова е заплашување, белки не е до толку брлив кореецот.
убаво си рече Ајнштајн - За трета светска војна не знам, ама четвртата со камења и копја ќе ја водиме. Нуклеарките се опасни,а и сето биолошко оружје ( и тајно и јавно оружје), само се надевам дека блефираат, може Трета светска војна да стане
Епа сега кога има прилично добра шанса Кореа да стане нива за компири ако продолжи да се рчка со Сад , можеме повторно да ја отвориме темава. Мислите дека ќе има војна и ќе гледаме бришење на една држава од мапата или само се све кучиња кои лаат а не касаат? Чичко Трамп изгледа прилино озбилен со тие заканите...
Видеово го имам изгледано пред неколку месеци, сега пак го видов на фб од една другарка споделено, па ми текна на темава. Никој не заслужува да живее под овие услови и тоа во 21 век. Цел народ brainwashed уште од најмали само со еден ТВ канал на кој се величи диктаторот, без интернет, без уметност, без љубов и најмногу од сè без слобода. И сè тоа заради едно ѓубре од човек, пореметен психопат... Ужасно!
Ким Џонг е повеќе на дедо му, не на татко му. Во времето на дедо му се што се случи беше само лоша војна со Америка. Истото Америка го правеше тука на Југословенските простори бранејќи го Косово и Албанците бидејќи има некков интерест. Во времето на татко му Кореја беше по либерална за уметност, филмови, музика и слично, но имаше сиромаштија. Во времето на овој лидер сега државата доживува поголем прогрес. Не велам дека Кореја е сјајна држава, но немојте да се потпирате и на Американската пропаганда. Ако Кореја дозволи Америка да навлезе внатре, Ким Џонг тоа го знае и од Русија и Југославија и многу други држави... луѓето ќе станат носталгични исто како кај нас за бивша Југославија. Ким Џонг е исто по либерален со народот. За разлика од татко му до кој што немаше никаков пристап. Башка легализирана ганџа имаат, единствена држава каде што марихуаната е 110% легална. И на главата да си ја засадиш нема лежење
И тој Ким , ке ја пукам , ке ја пукам Америка и ништоо. А и со што ке пукаше ? Со опрема стара од времето на Сталин ?
Кореја е дефанзивна држава. Нема да пука никого додека не се најде во опасност. Оружјето не е битно. Америка нема да нападне за да има пресметки со оружја, минаа тие времиња. Воздушни сили, подморници се во прашање сега. А С.Кореја тоа го има.
Да додадам уште нешто. Секоја информација што ја дознаваме за Северна Кореја и Америка и нивниот конфликт е од медијата. А се што пренесува медијата малку го манипулира и му додава финеси само за да влијае на населението и да шири страв. До војна очигледно не доаѓа, а тие надигаат, така да безполезно е да се замараме повеќе. Исто е скапа кожичката и на кореецот и на американецот никој несака да умре ☻