1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сезонски промени во расположение (Seasonal Affective Disorder - SAD)

Дискусија во 'Психологија' започната од theowndemon, 3 октомври 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    SAD е вид на депресија која се јавува со временските промени. Почнува во исто време секоја година и преќинува во исто време секоја година. Најчесто започнува со есента и трае за време на зимските месеци, но има и исклучителни случаеви каде почнува на пролет и трае во летните месеци. Како што сезоните се менуваат, така и луѓето треба да го прилагодат внатрешниот часовник на таа нова промена. SAD е многу чест кај луѓе кои живеат најдалеку од екваторот, каде што деновите се најкратки во зимските периоди.

    Генерални симптоми:
    • Чувство на тага, скоро секој ден,
    • немање интерес за ништо, па дури и работи кои сме сакале да ги правеме,
    • ниска енергија,
    • пороблеми со спиење,
    • промени во апетит,
    • раздразливост,
    • потешкотии со концентрирање,
    • чувство на вина,
    • чувство на неприпадност,
    • безнадежност,
    • чести мисли за смрт и суицид.
    Како што споменавме, има летна и зимска SAD. И тука може да се јават некои плус симптоми и разлики меѓу двете.

    Есенско- зимски симптоми:
    • Премногу спиење,
    • промени во апетит, најчесто зголемени,
    • зголемување на телесна тежина,
    • умор,
    • ниска енергија
    Пролетно- летни симтпоми:
    • Инсомнија,
    • намален апетит,
    • намалување на телесна тежина,
    • иритантност,
    • анксиозност.
    Причини поради кои се појавува SAD:
    Тоа што специфично се случува за да се појави SAD е сеуште непознато. Но, има одредени фактори кои може да играат улога за појавување:
    • Веќе го споменавме ова, но, една од причините поради кои се појавува SAD е неурамнотеженост на внатрешен часовник. Намалени денови и сончева изложеност може да стави симптоми кои одсликуваат зимскиот SAD, додека од друга страна зголемените сончеви зраци и зголемени денови даваат чувство на престимулација и носат до депресија, односно го отсликуваат летниот SAD.
    • Друга можна причина се нивоата на серотонин. Намалување на серотонин носи до депресија. Серотонинот се намалува од недоволна сончева светлина и намалени денови, што е карактеристично во зимските месеци.
    • Следна причина, која може да влијае на појавата на SAD, е нивоата на мелатонин. Спиењето влијае на расположението, но исто така и нивото на мелатонин кое го имаме. Некогаш, и регулација на мелатонин може да е проблем кој може да донеси до депресија и лошо расположение.
    На ЛИНКОТ има повеќе детали, а до среда планирам да ја проширам темата.

    Како и да е, ја отворам темата за луѓе со ваков проблем.

    Дали имате SAD?
    Дали се соменвате дека имате SAD?
    Доколку имате SAD, дали се јавува на зима или на лето?
    Како се справувате со него? Сами или со стручна помош?
     
    На BossGirl123, Dream-Girl, senjorita-v и 8 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Јас немам дијагноза SAD, барем не официјална. Се сомневав и зато бев на невролог за некоја причина, ок, причината е и зошто имам главоболки па зато прво скокнав таму место на друго место. Невролог ме нарече „метеопат“ ( меѓудругото) и ми даде антианксиолитик на лето, и да се вратам за антидепресив на зима ама немам ВЕЌЕ мотивација да се вратам, а рана есен е. Па сега се думам да одам и на психијатар со се наодот од невролог, онака да видам како „ќе си поминам“ за зимава да ја поминам полесно, наместо потешко како до сега. :D

    Еве и јас да одговорам прашањата од моја преспектива.
     
    На senjorita-v, WildMk и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека имам SAD. Мислам дека за таква дијагноза е потребно повеќе од sunny weather makes me happy.
    Инаку мислев дека ме афектира, ама сфатив дека кај мене не е баш до времето.
    Генерално кога е ладно, врне, облачно е некако луѓето се позатворени. Поудобно се осеќаат дома на такво време. Се осеќа некоја апатија кај луѓето и ми влијае психички. Ама не е баш дека времето само по себе ми влијае. Не знам дали тоа има смисла. :D

    Се пронаоѓам во 3-4 од симптомите, ама пак, не знам дали тоа е доволно.
    Мислам дека кај нас нивото на грижа за менталното здравје е на завидно ниво, дури и кај дел од професионалците на тоа поле. Затоа мислам дека има доста луѓе кај нас кои патат од SAD, ама веројатноста е дека не знаат, ниту некогаш би дознале.
     
    На Snowflake97 и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Ако имаш цело време депресија нема да имаш временска.

    mila-stauffer-whatever.gif
     
    На BossGirl123, Dashing:), Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Јас поима немав дека постој вакво нешто, ама сега барем дознав зошто секоја сезона есен/зима јас сум безволна, буквално чувство како да не ми се живее.
    Не знам дали се коси со досада ова, бидејќи овој период сме повеќе затворени дома, бар до сега вака си го објаснував чувствово.
     
    На Lavender4, cresa-jagoda, Kimberly11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    :D :D

    Али сепак можи сезонски да ујача симптоми зато е пишано како ризик фактор. :D
     
    На senjorita-v и edna_malecka им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Освен што многу ми се спие зимно време неам друг симптом. Посебно кога надвор е мрачно, врне и е ладно. А пролет најубаво се чувствувам
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам зимската форма, особено најлошата нејзина карактеристика брзото накачување кг. Замор, тешко будење насабајле и најмногу што ми пречи доцна заспивањето и будењето низ ноќта и сабајле сум ужасно тешка за расонување. Последниве години како еден начин за справување ми е кога ќе почне променливото време кај нас гледам да заминам кај што уште трае летото и има повеќе сончеви денови за да серотонинот не ми се намалува поради недоволна сончева светлина и намалени денови, што е карактеристично во зимските месеци кај нас. Исто така гледам попладне да прошетам во природа, да се заморам убаво попладнето ноќта да легнам навреме или ако пак легнам подоцна бар од уморот помирно да спијам и да не се будам често низ ноќта. Порано приквечер вежбав по дома ама видов ми прави немир па ми смета на спиењето, затоа сега попладне гледам да прошетам. Ако не отидам на редовната прошетка, го зимам кученцево и шетаме наоколу подогло од вообичаеното. Друго гледам да не грицкам навечер ме оптеретува и ми смета, и ептен ако не заспивам земам додатоци на база на валеријана, порано и мелатонин земав ми помагаше. Сега најголема помош ми е редовна попладневна прошетка и доволно заморување и има ефекти.
     
    На senjorita-v и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.636
    Пол:
    Женски
    Јас се сомневам дека го имам зимското SAD. Ги имам скоро сите симптоми што се пишани овде освен покачувањето на тежина, во зима за чудо поздраво се исхранувам (најверојатно оти сум дома повеќето и имам време да подготвувам поздрави оброци).

    Колку повеќе се скратуваат деновите толку повеќе ми идат до израз овие симптоми. Го мразам ладното, мразам кога надвор природата изгледа мртва, нема зеленило, нема сонце (дури и да има рано заоѓа), повеќето е тмурно и студено и многу саати ноќ.

    Да можам би живеела што е можно поблиску до екваторот каде овие промени се сѐ помалку изразени.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Сезонски промени во расположение имам понекогаш, при првите промени на сезоните, потоа се прилагодувам. Најчесто имам промена во однос на тоа колку сум активна (повеќе преку топлите, а помалку преку ладните периоди) ама не ги имам останатите симптоми кои се опишани. Инаку секој ден си ги осеќам падовите и успоните во енергијата. На самрак обавезно ме фаќа криза и ми се приспива, ама не преспивам, тоа зошто мелатонинот природно се лачи кога се стемнува и се качува кога се разденува.
     
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Па не би рекла дека е баш депресија ама промени во расположението и во нивото на енергија секако чувствувам. Делумно од студот, делумно од тоа што рано се стемнува. Не еднаш сум рекла дека сакам да е вечно лето, тоа за мене би било идеално :lol: Ама затоа што тоа не е можно кај нас барем, мора да си најдам начини да се справувам со ситуацијата, додека ја чекам пролетта. Останувам физички активна и во текот на денот пешачам многу, си ги забранувам попладневните дремки за да спијам подобро навечер, јадам нормално, работам за да не мислам на глупости и за да не си го расипувам расположението дополнително мислејќи на глупости. Тоа е тоа накратко. Само што почна есента, едвај чекам да заврши, и таа и зимата.:?:
     
    На Аргентина *, GymGirl❤, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    166.086
    Немав појма дека постои вакво нешто, ама имав појма дека наводно постоело едноставно решение за истото:D. Сајд ефекти, скоро па никакви.
    Пробајте, кажете.
    https://www.verywellmind.com/what-is-light-therapy-and-is-it-right-for-you-5097392
     
    На senjorita-v и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    650
    Пол:
    Женски
    И онака сум цело време во депресија ради финансиски проблеми но зимава мислам дека ќе ме утепа. Уште сега сум загрижена а надеж за подобрување не гледам :worried:
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    8.257
    Пол:
    Женски
    Во државава ретки се тие што немаат финансиски проблеми. Малку позитива, стрес и нервоза ништо добро не носат. :sun::hug:
     
    На GymGirl❤ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    8.838
    Пол:
    Женски
    Според горе наведено јас си имам симптоми и знам кога ми почнуваат.
    Есента имам кога се менува времето, ми трае неколку дена додека се стабилизирам.
    Крај на јануари ме држи околу две недели.
    Ама затоа па на лето ми е најлошо и најмногу тешко, тогаш губам апетит и слабеам, ептен ништо не ми е погодено, се сум скиселена.Ме нервира кога се разбудам цела залепена од жешко, кога снемува воздух од топло ми се ствара анксиозност и само чекам да помине лето, е до толку ми е никакво на лето.
    Ни одмор, ни шлапкање во вода ми значи, кога ми е жешко, ме маваат паники без везе :envy:
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Што повеќе време да се поминува на сонце (кога го има). Дури и во есенскиве денови, кога не е толку силно. Сепак мене ми прави огромна разлика, и во енергија и во расположение.
    Друго, дури и кога сум слободна и ми иде цел ден да го поминам дома од кауч пред компјутер па на кревет, јас ако треба и со сила излегувам надвор. Колку поактивен е човек, толку повеќе енергија има.
     
    На senjorita-v и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    И јас тој прелаз Март/Април и Септември/Октомври го осеќам, неколку недели додека се навикнам си давам.Кај мене е овој летниот повеќе поготово околу Мај тој период сум наопаку.Што спомна @prominent прошетки во природа,со можност дневни,сонце,вежбање,нутриенти/суплементи за да се олесни колку толку хемијата на мозокот. Мене исто ми помага кога не ми е до ништо дневна рутина/буквално запишано на ливче се што треба/можам тој ден.Одвреме навреме некои денови и дозволувам да ме дотепа шта је ту је знам што е и ќе помине па наново со нови сили и енергии.
    Друго секое доба си има и свои предности и барам joy in the little things.Сега иде cozy-рање :D битно да се најде нешто и колку толку да се искористи на крај краева што и да е ќе помине.
    Сега + и што моменталнава состојба мава на психа баш поради тоа уште повеќе грижа за себе.
     
    Последна измена: 7 октомври 2021
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Немам промена во расположението во зависност од сезоната, константно сум под некој стрес и анксиозност така што преминот од една во друга сезона воопшто не го ни чувствувам. Ми годи есен, додека пак во лето ми е по напнато поради жештините, не можам да се фокусирам на ништо, а навечер имам немир воопшто не можам да спијам поради топлите летни вечери. Штом спаднат температурите јас сум подобро.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    42.783
    Пол:
    Женски
    И јас се сомневам на зимска САД.
    Се пронајдов во сите симптоми, само не ми се до толку изразени за воопшто да се посомневам на нешто, мислев најнормално е и дека сите така се чувствуваат. :tmi:
    • Премногу спиење
    • промени во апетит, најчесто зголемени
    • зголемување на телесна тежина
    • умор
    • ниска енергија
    Дефинитивно чувствувам дека ми треба повеќе сон, за разлика од летните денови.
    Што се однесува до храната и килограмите и тоа е точно, уживам во топли оброци, торти, палачинки...И секако имам некое кило плус зимно време.:?:

    Нешто што би додала, можеби е тотално неповрзано и сум само метеопат, но имам ужасни мигрени на почеток на есента.:worried:
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    #besties :D
    Не знам дали е поврзано, ама прај смисла да е. И јас сум со главоболки од есен се до средина пролет и при секоја временска промена шо излегва од константното. Зато и неврологот, кај шо спомнав дека бев, кој ме нарече "метеопат", со тензични, stress and weather induced главоболки. Меѓу другото. :D
     
    На Luminary и Biljarkata им се допаѓа ова.